Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни). Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири ...
Во последната деценија, градежната индустрија се наоѓа под притисок на две паралелни сили, потребата за поголема одржливост и барањето за материјали со поголема издржливост, помала тежина и подолг животен век. Во овој контекст, графенот, материјал дебел само еден атом, сè почесто се издвојува како потенцијална технолошка револуција. Иако сè уште не е масовно применет во класичното градежништво, научните истражувања и пилот-проектите ...
По oтворањето на изложбата и уметничка средба со Христина Ивановска и Јане Чаловски, филмот МАКЕДОНИУМ : Драматургија на незавршеното ќе биде прикажан во наредните недели во Францускиот институт во Скопје. Филмот, во продукција на Press to Exit Project Space, е во режија на Теона Стругар Митевска, и е базиран на сценарио на Христина Иваноска и визуелна обработка на Јане Чаловски. Филмот ги открива механизмите кои ѝ го оспориле на Искра ...
Во рамките на акцијата „Мисли на македонски, читај домашно“, во книжарницата на „Матица македонска“ се одржа инспиративна средба на близу осумдесет ученици со Стојан Тарапуза, еден од најомилените македонски автори за деца и еден од ексклузивните автори на „Матица македонска“. Средбата ја потврди основната порака на акцијата: македонската книга треба да биде жива средба меѓу авторот и читателот, меѓу јазикот и детската љубопитност, меѓу ...
Во срцето на јужна Австралија, каде што бескрајната пустина на опалскиот регион се протега под немилосрдно сонце и температури што често надминуваат 45°C, се наоѓа еден од најнеобичните градови во светот, Кообер Педи. На прв поглед, пејзажот изгледа напуштен, речиси лунарен. Но вистинскиот живот тука не е на површината, туку под земја. Кообер Педи е познат како „подземниот град на светот“, каде голем дел од населението живее, работи и се ...
Добитникот на Оскар, режисерот Стив Меквин („Дванаесет години ропство“) и ко-сценаристката и популарна авторка Џилијан Флин („Исчезнати“) се создавачите на овој брз, современ трилер за криминал, страст и корупција. „Вдовици“ е приказна за четири жени кои немаат ништо заедничко освен долговите на нивните починати, криминални сопрузи. Сместен во современо Чикаго, во време на големи политички превирања, тензијата расте кога Вероника ...
Во идно општество, патувањето низ времето постои, но тоа е достапно само за оние кои имаат средства да платат за тоа на црниот пазар. Кога толпата сака да елиминира некого, ја испраќа целта во минатото, каде платен убиец познат како Лупер чека да ја заврши работата. Џо (Џозеф Гордон-Левит) е еден таков најмен пиштолџија, и тој добро ја врши својата работа - до денот кога неговите шефови ќе решат да ја „затворат јамката“ и да го вратат идното ...
Политичкиот трилер на актерот, режисер и сценарист Џорџ Клуни веќе ја освои заслужената награда на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот е настанат според претставата „Фарагут север“ на Бо Вилимон. Стефан Мејерс е вундеркинд, мајстор на својот занает. Тој работи како портпарол во претседателската кампања на гувернерот Мајк Морис, кој се бори во Охајо за претседателска номинација на Демократската странка. Кога соперничкиот портпарол ќе му ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните ...
Во рамките на 9. „Фестивал на полското цвеќе“ кој на Златибор ( Р. Србија) го организираше Библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ“, директорката на тамошната библиотека Нена Ѓениќ и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска потпишаа протокол за соработка на полето на хортикултурните библиотеки и туризмот меѓу Златибор и Охрид. Фестивалот на полското цвеќе е бренд на Библиотека од Златибор кој не само во својата средина туку и во ...
Во просториите на Македонски културно-информативен центар во Софија, синоќа се одржа промоцијата на третата поетска книга „За малите нешта“ од Катја Андреева, настан организиран по повод Светскиот ден на културната различност. На почетокот на вечерта, директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, ги поздрави присутните и истакна дека токму преку културата, литературата и уметноста се создава простор за меѓусебно ...
На 17 јуни, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот свет на Франц Ксавер Крец – автор кој со својата хиперреалистична драматургија прецизно ги детектира општествените пукнатини на современиот човек. Иако драмата тематски се поврзува со Орвеловата „1984“, дејството не е сместено во минатото, туку во ...
По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите ...
Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од ...
Во динамично секојдневие исполнето со обврски, движење и постојан ритам, навиките што ги создаваме за себе стануваат важен дел од начинот на кој функционираме и се чувствуваме. Токму затоа, преку новиот серијал „Се хидрираме со Rosa“, отвораме разговори со спортисти кои, покрај професионалниот ангажман, носат и свои лични рутини, интереси и животен баланс надвор од спортските терени. Низ опуштени и искрени разговори, серијалот допира теми ...
Христијан Настевски-Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“, која е најава за концертот на Мекиќ и Јованов, што ќе се одржи на 6 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Трап пејачот ќе биде меѓу гостите на концертот. Автори на песната се Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, а режисер на видеоспотот е Гордан Божиновски. „После нашиот концерт, Пајак ќе промоцира нов албум, на кој со него и ...
Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...
Вечер (вторник, 26 мај), со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „Раскажани стихови“, со поднаслов „Историја за една љубов“, која неодамна ја објави „Македоника литера“. Промотор на книгата ќе биде Ранко Младеноски. Збирката „Раскажани стихови – историја за една љубов“ е љубовна лирика со изразена наративна линија. Поднасловот ...
Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на ...
Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и ...
Седум филма ќе бидат прикажани во официјалната селекција на краткометражни филмови што вечерва во 18 часот ќе бидат прикажани во Младинскиот културен центар во Скопје, во рамките на 16. Филозофски филмски фестивал. Публиката ќе може да ги види: „Али“ од Аднан Ал Раџив, „Можеби во март“ од Микел Бјорн Келерт, „Мршојадци“ од Дијан Вејс, „О“ од Рунар Рунарсон, „Семејна недела“ од Херардо дел Разо, „Бели денови“ од Невена Десивојевиќ и „Сино ...
Во поговорот кон книгаата Лидија Капушевска Дракулевска пишува дека „стварносната поезија“ или своевидниот „урбан реализам“ се иманентни за целокупната поезија на Ристо Лазаров. Неговиот приказ на емпириската стварност е критички интониран: светот боледува од тектонски нарушувања, царува сеопшта катаклизма, демократијата станува форма без содржина, а глобализацијата, корупцијата и метастази најавуваат песимистички исход. Оттука и ...
Утре, вторник, 26.5.2026 со почеток во 18:30ч. во спортската сала на ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје, ќе биде промовирана збирката „Водопад меѓу две раце“ -песни и писма напишани од членовите на училишниот клуб „Млади библиотекари“ под менторство на Дијана Петкова, а во издание на ПНВ Публикации. Збирката ќе ја промовира проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска, стихови ќе читаат актерката Христина Цветаноска и учесниците во проектот, а ...
Во рамките на своето јубилејно 25. издание, реномираниот музички фестивал ОФФест, кој годинава ќе се одржи од 3 до 6 јуни, на македонската публика ќе ѝ претстави уште еден врвен уметнички потфат. Покрај силниот акцент на африканските звуци кои ја бојат овогодинешната колоритна програма со музичари од 12 земји, вториот фестивалски ден е резервиран за автентичниот скандинавски мелос. На 4 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 20:00 ...
Новиот термин за одложениот концерт на Ален Исламовиќ во Битола, кој требаше да се одржи на 16 мај во Центар за култура – Битола е 10 Јули 2026 (петок). А новата локација е Хераклеја. Два месеци подоцна од првично најавеното публиката ќе има можност во живо да ги слушне безвременските хитови „Đurđevdan“, „Motori“, „Lipe cvatu“, „Napile se ulice“ и песни кои со години ги пеат генерации. Сите веќе купени билети остануваат важечки за новиот ...
Претставата „Кокошка“ на Театар Вортекс ја доби наградата за најдобра претстава на Театарскиот фестивал во Приштина, а актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска што ја толкува главната улога, ја доби наградата за најдобра актерка. Наградите беа врачени синоќа. „Кокошка’’ на независниот театар се игра на малата сцена на Театар Комедија. Оваа претстава се занимава со потребата за слобода, за копнежот и страста да се сака и да се сонува, дури и ...
На големата сцена на Театар „Комедија“ на 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток во 20 часот, ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина ...
„Метаверзум“ е насловот на најновата стихозбирка на поетот Ристо Лазаров што ја објави книгоиздателството Три. И ова книга е создадена во веќе вообичаениот формат на овој автор: седум циклуси со по седум песни плус една воведна песна. Во случајов, тоа е песната Скалите на Потемкин во Одеса. Во поговорот кон книгата Лидија Капушевска Дракулевска пишува дека „стварносната поезија“ или своевидниот „урбан реализам“ се иманентни за целокупната ...
Овој значаен настан е плод на партнерството помеѓу Факултетот за образовни науки при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, редакцијата „Детска радост“ на „Просветно дело“ и клучните здруженија на просветни работници од Скопје, Куманово и Штип. На настанот учетвуваа и наставници и професори од целиот регион. Целиот овој серијал на советувања започна на иницијатива на уредничката во „Просветно дело“, Ксенија ...
Над 5.800 артефакти кои биле пронајдени за време на капиталните истражувања на Калето во Скопје ќе бидат дел од поставката во Музејот на праисторијата и Музејот на отоманското наследство. Во 2011 почнаа да се градат три музеи – за праисторија, за османлиски и за средновековен период, но на нив не се работеше до пред 2 години. Калето во моментов е уредено и чисто, но не нуди никаква содржина за бројните домашни и странски посетители. ...