Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска почнува првиот дел од перформативната програма на Викендот на гордоста Скопје 2026, во рамки на овогодишната тематска поставка „Анархични тела: согласност да не се биде едно”. Преку две исклучителни меѓународни продукции, овогодишната програма ги отвора прашањата за телесноста како простор на субверзија, историска меморија, трансгресија и отпор кон нормативните режими на сексуалноста, идентитетот и општествената дисциплина. На 4 ...
По африканскиот прв ден, јубилејниот 25. Офф-фест музички се сели во Европа. Двата концерта од вториот ден се во Националната опера и балет. Од 20 часот настапуваат норвешките музичари Нилс Екланд (хардангер фидл, виолина, виола) и Сигбјерн Апеланд (хармониум, пијано). Музиката не Екланд (фото) се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација, а во Скопје ќе настапи соло или во дует ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума, вечерва ќе ја има светската премиера на Фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот е во Меѓународната конкуренција за награди и ќе има три проекции на фестивалот. Македонската премиера се најавува за септември. Трајбека е од најзначајните филмски фестивали во Северна Америка и меѓународно значаен. Актерот Роберт де Ниро е еден од основачите на фестивалот, лансиран во 2002 за да помогне ...
Денес ќе се одржи промоција на книгата „Краток вовед во толкувањето“ од д-р Наталија Орлиќ во издание на „Фуснота“ што ќе биде промовирана на 4.6.2026 г. со почеток во 12ч. во Библиотеката за македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Разговорот со авторката за книгата ќе го води уредничката Драгана Евтимова, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а книгата е ...
Промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“, уредена од Амалија Стојсављевиќ, ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во 18:30 часот, а ќе биде проследена со камерна изложба со избор на дела од текстил и вез на Христина Иваноска, Зорица Зафировска и Дарко Алексовски, која ќе биде отворена до 9 јуни. Промоцијата во Скопје е замислена како разговор помеѓу уредничката на публикацијата, српската кураторка ...
Кафе-книжарницата „Илика“ ја започнува својата тримесечна програма наречена „Книжевно лето со Илика“. На 5 јуни организира книжевен кружок посветен на книгата „Борбите и трансформациите на една жена“ од Едуар Луј. Овој роман отвора прашања за идентитетот, класата и женското искуство преку неговата книга „Борбите и трансформациите на една жена“. Станува збор за впечатлива книга која преку искуството на жената како мајка, ги опишува и ...
Ансамблот на НУ Народен театар Битола отпатува за романскиот град Трговиште каде ќе учествува на фестивалот „Бабелфаст“. Битолските актери ќе ја изведат претставата „Ричард трети“ од Вилијам Шекспир во режија на Мартин Мирчевски. Во Романија гостуваат актерите Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски Post ...
По кариера долга седум децении, во текот на која сними повеќе од 70 филмови, Клинт Иствуд се повлече од филмската индустрија. Четирикратниот оскаровец, актер и режисер, кој на 31 мај наполни 95 години, се прослави во 1960-тите со телевизиската серија Rawhide, а потоа со улогата во „шпагети-вестерн“ трилогијата на Серџо Леоне, позната како „доларската трилогија“, во која се наоѓа и култниот филм „Добриот, лошиот и грдиот“. Иствуд стана еден ...
Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот. „Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата. ...
Во време кога градовите стануваат сè погусти, температурите сè повисоки, а зелените површини сè поретки, архитектите и урбанистите се соочуваат со едно клучно прашање односно дали покривот мора да остане само техничка завршница на објектот или може да стане нов простор за живот? Токму тука започнува приказната за зелените покриви, архитектонско решение кое во последните две децении се претвори од авангардна идеја во сериозен елемент на ...
Во галеријата на Етномузејот во Македонскиот комплекс – Нерези e поставена самостојната изложба на доц. м-р Марија Рашковиќ, насловена „Светлосни фрагменти“, проект поддржан од Музејот на Македонија. Изложбата одбележува десет години активно и континуирано творештво на авторката, чие уметничко изразување е силно инспирирано од богатото македонско народно творештво и традиција. Според Виолета Калиќ, историчар на уметност, ангажманот на ...
Организатор е Стем-арт креативна работилница – Скопје. Изложбата опфаќа серија маски, скулптури и композиции изработени од реупотребени индустриски и природни материјали, кои преку уметничка обработка добиваат нова форма и ново значење. Наместо да завршат како отпад, старите материјали се претвораат во уникатни уметнички дела што отвораат прашања за креативноста, одржливоста и односот на современиот човек кон животната средина. Темелковски ...
Млад човек (Robert Duvall) во 1940-тите создава семејство во Алабама. Неговата сопруга (Tippi Hedren) го напушта и се сели во Англија. Таму запознава и се мажи за Англичанец (John Hurt), со кого останува да живее многу години. Кога сопругата умира, нејзината последна желба е да биде вратена во Алабама и таму да биде погребана, иако мажот не ја видел речиси триесет години. Во тој момент се среќаваат двете семејства – нејзиното прво семејство ...
Во напнатиот трилер „Ќерката на кралот на мочуриштата“, жена со тајно минато ќе се осмели да се осмели во дивината што ја оставила зад себе за да се соочи со најопасниот човек што некогаш го запознала: нејзиниот татко. Во филмот, навидум обичниот живот на Хелена (Дејзи Ридли) крие темна и опасна вистина: нејзиниот отуѓен татко е озлогласениот крал на мочуриштата (Бен Менделсон), човекот што ја држел неа и нејзината мајка во заробеништво во ...
Американецот Максвел Смарт (Стив Карел) работи во владина агенција за шпионажа. Кога седиштето на агенцијата е нападнато, шефот одлучува да го назначи Смарт за шпион и му го доделува партнер – секси агентката 99 (Ен Хатавеј). Двоецот тргнува да се бори против своите напаѓачи поминувајќи низ разни опасни ситуации. На крајот ќе биде компромитиран нивниот идентитет, и може да бидат посочени како жртви, додека на другата страна нивните напаѓачи ...
Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини. Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти. По официјалниот дел од ...
Книжевниот клуб Утопија беше домаќин на необична книжевна вечер посветена на „Синхроницитети“, мултимедијалната игра за креативно пишување на визуелниот уметник, дизајнер и илустратор Марко Трпески. Настанот, модериран од професорката по македонски јазик и литература, критичар и есеист Симона Петровска, ги спои литературата, визуелната уметност и играта во едно интерактивно искуство во кое присутните не беа само публика, туку и активни ...
Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, 9. јуни, ќе се одржи третото издание на „Детски Прличеви беседи“. Ќе учествуваат најмладите љубители на литературата, творештвото и убавиот збор. – Преку детскиот глас ќе оживеат мислите, делата и духот на големиот Григор Прличев, а младите учесници ќе испратат порака дека љубовта кон мајчиниот јазик и литературата продолжува да живее и во новите генерации, порачуваат организаторите. ...
Ново издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар „Карпош“. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, „фестивалот ...
На 5 јуни, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. Поповски и ...
Сто години по смртта на Антони Гауди, официјално е потврдено дека планинското одморалиште Xalet del Catllaràs во каталонските Пиринеи е негово дело. Веројатно сите сте слушнале за Саграда Фамилија во Барселона, а ако не сте, тогаш сигурно сте слушнале за црквата во Шпанија што се гради со векови и сè уште не е целосно завршена. Иако со години се најавува дека изградбата е при самиот крај, тој крај никако да пристигне. Најновите информации ...
Со два концерти на африкански состави, вечерва во 20 часот ќе започне 25. издание на Оффест. Гитари Баро е составот што ќе ја отвори вечерва во Националната опера и балет. Настапуваат: Lassana Diabate, на балафон, Gaossou Kouyate на гитар и Mamadou Koussoube на гитара. Guitari Baro (во превод „Гитарски разговори“) е инструментално трио што плени со својата виртуозност и енергија. Овој уникатен ансамбл обединува тројца врвни гриот музичари од ...
Оваа година, по повод роденденот на Урбан ФМ радио и крајот на учебната година, Скопје ќе биде домаќин на второто издание на Урбан Фест – единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија. Фестивалот ќе се одржи на 9 и 10 јуни во Градскиот парк – Вембли, каде што на едно место ќе се обедини заедницата која 365 дена пулсира на фреквенцијата на Урбан ФМ, со цел заеднички да ја прослави македонската музика во живо. Урбан Фест 2026 носи ...
Холивудската легенда Mишел Фајфер уште еднаш докажа дека безвременската елеганција никогаш не излегува од мода. На годинешното издание на Gotham Television Awards во Њујорк, актерката воодушеви во префинета креација на Chanel во нежна боја на слонова коска. За свечената пригода, Фајфер, 67, избра фустан без ракави, украсен со богати флорални детали во горниот дел, додека плисираното здолниште му даде дополнителна леснотија и романтичност на ...
По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар на 5 јуни ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска. Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за ...
Денеска, 3 јуни – среда во рамките на проектот „Четврта годишна средба на роднокрајни автори“ кој е дел од програмата за работа на установата а финансиран од страна на Министерството за култура и туризам, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ги промовира третиот Алманах „По стапките на Прличев“ и Видео проектот со пет родонокрајни автори. Алманахот е плод на врската на Библиотеката со поетите и писателите од Охрид и околината, па дури до ...
Африка е во фокусот на јубилејното, 25. издание на Офф-фест, што се отвора вечерва (3 јуни) и ќе трае до 6 јуни. Првите три вечери се во Националната опера и балет, а последната во Младинскиот културен центар. На програмата се музичари од Мали, Гвинеја, Јужна Африка, Норвешка, Шпанија, Италија, Бенин, Конго, Мозамбик и Танзанија, а од Македонија ќе настапи дуото „Добрила и Дориан“. Годинашниот фестивал се отвора во 20 часот со триото „Гитари ...
Филмот „Сите го викаат Реџо“ во режија на Ибер Деари е избран да учествува на Македонската филмска панорама, која ќе се одржи од 5 до 14 јуни 2026 година во Пекинг, пишува Portalb.mk. Настанот е организиран во соработка со културни и кинематографски институции на Кина и Македонија, додека проекциите ќе се одржат во Долби киното Пекинг, едно од најпрестижните кина во кинеската престолнина. Во рамките на панорамата ќе бидат претставени некои од ...
Во рамките на акцијата „Мисли на македонски, читај домашно“, во книжарницата на „Матица македонска“ се одржа инспиративна средба на близу осумдесет ученици со Стојан Тарапуза, еден од најомилените македонски автори за деца и еден од ексклузивните автори на „Матица македонска“. Средбата ја потврди основната порака на акцијата: македонската книга треба да биде жива средба меѓу авторот и читателот, меѓу јазикот и детската љубопитност, меѓу ...
Анимираните херои од „Авантурите на Финик 2“ повторно се враќаат на големото платно. Дистрибутерската куќа MCF MKD најавува дека синхронизираната анимација „Авантурите на Финик 2“ ќе започне да се прикажува во кината низ земјава од 11 јуни 2026 година. По успешниот прв дел, новото продолжение носи уште повеќе хумор, акција и возбудливи авантури. Во центарот на приказната повторно е палавиот домашен дух Финик, кој овојпат ненамерно буди древна ...