Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Тоа што пред 20 години беше незамисливо, денес станува реалност со новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција Реченици и зборови изговорени на македонски јазик во транскрибирана форма, пренесени со мали и големи букви и интерпункциски знаци овозможува „Буки“ – новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција. Тоа што пред 20 години беше незамисливо, денес станува реалност. Алатката ќе им ја олесни работата на ...
Во Europe House во Скопје денеска во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата „Да ù дадеме шанса на инклузијата!“. Ќе бидат изложени најдобрите дела од наградниот стрип-конкурс на истоимената тема што ја организираше Стрип центарот на Македонија од Велес. Ова е и завршен дел од циклусот од пет изложби, како дел од грантот Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На ...
Со изложбата „Hello Deadline, my old friend, I’ve come to talk with you again“ на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 18.30 часот ќе почне 14. издание на Националниот „Поетски слем Македонија“. На поетскиот натпревар пријавени се 24 автори од повеќе градови. Тие утре (11 октпмври) во 18 часот ќе продефилираат низ центарот на Прилеп и ќе рецитираат поезија на повеќе локации. ...
Мојата книга не ја напишав јас Туку таа ме напиша мене И се распадна во честички воздух. Михаил Ренџов, „Книга” Секој што пишува или чита поезија, порано или подоцна, чувствува дека писмото се проникнува со животот на творецот. Но, ретко кој поет може со таква сигурност да каже дека таа ме напиша мене, како што е случајот со творештвото на Михаил Ренџов (1936-2024). Станува збор за огромен поетски опус: и по бројот на поетски првообјави и по ...
Македонската публика ќе може да го чуе прекрасниот глас на Бисера Велетанлиќ која ќе настапи заедно со Васил Хаџиманов бенд. Велетанлиќ е една од ретките пејачки од овие простори што ги спојува џезот и шлагерите во прекрасни мелодии и изведби. Влезниците ќе бидат во продажба од денес наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.500 денари. Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на ВИП ...
Во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул утревечер во 19 часот концерт ќе одржи реномираниот хор „Менада“ од Тетово. Настапот е дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, по повод макеоднскиот државен празник „11 Октомври“. Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл. ...
The Walk („Одење пеш“) свечено ќе отвора два престижни светски филмски фестивала, фестивалот во Токио, Јапонија, како и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Светската турнеја на најновиот документарен филм на Тамара Котевска: The Walk продолжува во пет светски мегалополиси: покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот. Отворањето ...
Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл и сè друго што сработија учесниците на фестивалот, вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје ќе биде спуштена завесата на 12. „Џифони Македонија“. На последниот ден ќе гледаат по уште еден игран филм, а на крај ќе гласаат и за најдобрите играни, кратки, анимирани и ученички филмови во секоја од трите категории. Вечерва исто така ќе бидат соопштени и имињата на најактивните ученици ...
На 88-годишна возраст, денеска почина значајниот поет и преведувач Михаил Ренџов. Роден на 25 август 1936 година во Штип, Ренџов завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Беше член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Михаил Ренџов бил прв уредник на ...
Наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ќе се одржат вечерва во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во ...
„Скопско“ и „Амфора“ го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови“. Акцијата, која се одвиваше од 1 до 4 октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото. Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно 3856 метри мрежа, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот ...
Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, од 16 до 20 октомври во Скопје ќе се одржи 9. издание на Филмскиот фестивал „Киненова“. Фестивалот ќе биде отворен со долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. – И да бидам актуелен, доследен на експозето, да го надоградам и проширам истото па да кажам: Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите ...
Нова дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, „Буки“ ќе биде промовирана утре во 14 часот во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со цел да се следат модерните текови за негување и употреба на македонскиот јазик, УКИМ креираше дигитален модел, базиран на вештачка интелигенција, за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик. Моделот е ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во саботата ја имаше својата светска премиера на 57. „Ситџес фантастик филм фестивал”, еден од најголемите жанровски фестивали во светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, воглавно со најмладата публика која енергично ја дочека македонската ...
Сакал да биде филмски режисер, но се вљубил во театарот и таму во изминатите две децении покажува што знае. Филмот остана негова пасија и многу често е инспирација за нови претстави или провејува низ претставите. Синиша Евтимов ги создал можеби најгледаните претстави во македонскиот театар во изминатата деценија. Во моментов е преокупиран со работата врз претставата „12“ чија премиера треба да биде во ноември, а играат 12 реномирани актери од ...
Екипата на Народниот театар од Битола за време на своето гостување во Полска, вчера беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил. Во пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Претставата „Хамлет – денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, беше одиграна синоќа на Интернационалниот фестивал, ...
Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје. Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите. Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови ...
Работилница за сценска костимографија во текот на октомври и ноември ќе се одржи во КСП „Центар Јадро“ во Скопје, под менторство на костимографката Марија Папучевска. Оваа работилница има за цел да овозможи сеопфатен вовед во светот на сценските костуми поврзувајќи го историското значење и искуството со практични вештини и креативно дизајнерско размислување. Костимографијата е уметничка дисциплина во применетата уметност која има за цел ...
Ретроспективна изложба на авторот Златко Трајковски-Хинки ќе биде отворена утревечер во „Мала станица“ во Скопје. Тој е еден од најзначајните уметници кој почна да работи во првата половина на 80-тите години од минатиот век. Тој период е пресвртница во размислувањата за уметноста и за тоа како таа во иднина би изгледала во Македонија, период кога се работи на постмодернизмот и новите медиуми. Тој е еден од предводниците во македонската современа ...
Ова е најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години, а нашето чудо од дете, Дамјан Давков, е најуспешниот натпреварувач во тридецениското постоење на ЈБМО Околу 70.000 евра се потребни за Македонија да може да ја организира 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) која треба да се одржи во јуни, идната година. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) до крајот на месецов треба да се изјасни дали ќе успее да го ...
Претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант, Франција, го освои Гран прито на 3. Интернационален фестивал на детски театар „Игор Маџиров“, што заврши синоќа. Жирито беше во состав Рената Карола Гатика од Хрватска, претседател, Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, членови. -Претставата е неверојатно патување што нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку ...
Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите. Може да се создаде системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје, но потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на ...
Математичкото списание „Нумерус“ и оваа година ја продолжува долгогодишната традиција на објавување содржини наменети за самостојно користење на учениците од основното образование, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и за во додатната настава по математика. Излегува четири пати во текот на една учебна година – во октомври, декември, февруари и во април. Од Уредувачкиот одбор на „Нумерус“ при Сојузот на ...
Националниот џез оркестар задутре (8 октомври) во 20 часот, во Македонскиот народен театар во Скопје ќе одржи концерт. Тие ќе настапат со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез-таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари. – Водејќи се од ...
„Розов пикник“ ќе се одржи денеска во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка. Говор ќе одржат министерот за здравство, Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска. Планирани се бројни активности – пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма. Целта на настанот не е само да обедини, туку и да даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и ...
Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија ќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата, која ја носи „ЈEС Продукција“ од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ. Нивната изведба ветува вечер полна со смеа и забава. Претставата зборува за четири жени што се наоѓаат ...
Скопје по 20. пат вечерва ќе живее со културата и уметноста во рамките на манифестацијата „Бела ноќ 2024“. На повеќе ликации во градот ќе можете да уживате во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. „Бела ноќ“ ќе почне со волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на француската трупа „Кидам“ во 20 часот пред Музејот на град Скопје. Финалето на претставата е ...
Во „Лабораториум“ во Скопје денеска во 20 часот ќе гостува Зденко Башиќ, еден од најуспешните и најпознатите современи хрватски илустратори. Тој ќе ја претстави својата книга „Северозападниот ветер“. Разговорот со авторот ќе го водат Мерсиха Исмајлоска и Владимир Јанковски, кој ја преведе книгата на македонски. Настанот го организира „Артконект“ како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ и од Министерството за култура и туризам. Разговорот ...
Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи. Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да ...
Научната работа бара многу трпение, време и знаење, но сите тие напори се наградуваат со значајни резултати. Мојата посветеност ми донесе позиција како млад истражувач во меѓународен Институт за природни катастрофи во Белград, нови проекти и започнување докторски студии. Важно е да ги следат новите технологии, да се отворат кон мултидисциплинарен пристап и да останат љубопитни – вели Алексова. Последниве месеци работам на истражување на ...