Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Kонцертнатa промоција на новата поетска книга на Пијан Славеј, „Јазик за двајца“, ќе се случи утревечер во 20 часот во „Цреша бар“ во Скопје. Ќе настапат „Пијан славеј“. „Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат преведени на јазикот на музиката или ќе останат само на хартија, тоа се песни ‒ жив копнеж и страст, љубовна сила што раѓа и убива светови, мерак што не згаснува, ...
Ви го споделуваме во целост обраќањето на режисерот Слободан Унковски, во знак на почит кон актерката Снежана Стамеска, доајенка на Драмскиот театар Со Снешка не се сеќавам дека сме се дружеле надвор од пробите, но во процесот на развој на драмската материја имавме огромно и квалитетно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото. Таа умееше да го одигра недофатливото: енергија, опасност или среќа што доаѓаат од некаде, а само ...
На прашањето: Што го прави еден актер, вистински актер? – Снежана Стамеска ќе одговори: Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многучудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат – потсети денеска на ...
Многу ученици се борат со анксиозност, депресија и други предизвици за кои ретко се зборува отворено, алармираат училишните психолози. Недостигот од едукација и поддршка во училиштата често ги оставa младите без простор за споделување на проблемите и барање помош. Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, што ја спроведува граѓанската организација „Младите можат“, не само што ја адресира оваа потреба, туку и поттикнува активен дијалог меѓу ...
– „Носталгична љубов 2” се два и пол исцрпувачки, но неверојатни и среќни денови во големиот Гула студион во Малме, Шведска. Јас, шест вистински инструменти (нема електроника) и големиот звучен инженер Дејвид Карлсон. Сè снимено за два и пол дена! Кларинет, пијано, акустична гитара, акустичен бас, перкусии, малку глас, и вистински морски бранови што ги снимив покрај Јадранското Море на моето омилено место во Хрватска. И јас ги снимив сите ...
Третиот концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика Skupi KamerFest насловен „Австриски класици во дуо“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во камерната сала на Филхармонијата во Скопје. Ќе настапат двајцата музичари Клеменс Бок (виолина) и Кристина Шејхер (пијано), и двајцата од Австрија. Тие ќе изведат композиции од: Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже, Дворжак. Влезот е слободен. Фестивалот го организира Здружението за ...
Во организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, денеска во 11 часот во училиштето „Владо Кантарџиев“ ќе се одржи промоција на новата книга на Киро Донев – романот за деца „Дневникот од штрковото гнездо“. Промотор ќе биде Ацо Ѓоргиев, кој е и автор на поговорот на книгата. Романот е илустриран со цртежи на Славица Купенкова. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес и утре е домаќин на дводневен Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите COLOURS, EUTOPIA и YUFE. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка ќе се одржат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Меѓу нив посебно место имаат актуелностите за универзитетските сојузи, ...
Универзитетскиот професор Бенјамин Лангер за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик е добитник на годинешната интернационална награда „Драги“. Идејата беше поттикната од фактот дека годинава се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот, како и 44 години од објавувањето на неговиот најпознат роман, кој во бравурозно изработен превод на германски јазик го објави престижната издавачка куќа „Гуголц“ од Берлин, се ...
Книгата „Тајни” од Јордан Коцевски во издание на „Антолог“ ќе биде промовирана вечерва во 19:19 часот во Салон – Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Делото ќе го промовира Душко Крстевски. Со напрегнатата атмосфера, динамичните дијалози и неочекуваните пресврти, „Тајни” е трилер што ќе ви ги скине нервите и ќе ве заведе во светот полн со скриени опасности и интригантни мистерии. Приказна за вистинското, несебично ...
Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на фестивалот. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми поврзани со промените, глобално, но и локално. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува ...
Со претставата „Чудесна терапија“ вечерва во 20 часот во големата сала на Тетовскиот театр, ќе гостува Драмскиот театар од Скопје ќе гостува на 9. Меѓународен театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. „Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев. Улогите ги играат актерите: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња ...
Центарот за германски јазик „Илиеви“ во Битола веќе четврт век претставува симбол на посветеност, образование и културна размена. Основан од мајката, проф д-р Валентина Илиева, со визија за германскиот јазик да стане прозорец кон светот, денес Центарот прерасна во една од најугледните образовни институции во регионот. Она што го прави оваа приказна уште поспецијална е менаџирањето кое денес го презема нејзината ќерка, Симона Монавчева, која го ...
Во македонската амбасада во Париз, во петок (13 септември) во 18 часот ќе биде отворена самостојната излошба на визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски. Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Дијалог“ во кој врши истражување во сликарството паралелно со цртежот, а Саздовски со проектот „Движење“ во кој ќе ги презентира актуелните истражувања во скулптурата. Двајцата автори ги создадоа своите дела ...
Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во продукција на Театарот за деца и младинци од Скопје ќе учествува на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“. Претставата е во режија на Јане Спасиќ, а улогите ги толкуваат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Maтеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. На програмата на ...
Учесници од над 40 земји ќе дојдат во Битола за да бидат дел од трката „Трчај бе“. Тоа само покажува колку е популарен настанот. Горди сме што трката „Трчај бе“ ја зајакнува позицијата на Битола како центар за спорт и култура. Ги повикуваме сите што сè уште не се пријавиле да го направат тоа денес и да ни се придружат во славењето на трчањето во Битола и она што првите кинематографери браќата Манаки го направиле и за нашиот град и за светот – ...
Гости на 12. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и нашите автори Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон ...
Проектот „На работ“ вечерва во 20 часот ќе биде претставен во Чифте амамот во Старата скопска чаршија Необезбеден градежен работник чекори на греда на објект во изградба, додека трае митингот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје пред шест години. Оваа блиц-сцена е појдовна точка за мултимедијалниот уметник Гоце Наневски и музичарот Дориан Јовановиќ да почнат да работат на ...
Археолошкиот музеј на Македонија денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на каталог за изложбата „Херојското доба на Хистрите“. Со тоа воедно ќе биде затворена изложбата чија авторка е проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур од Универзитетот на Приморска, Копер, Словенија. Изложбата ја претстави приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се ...
Пет години откако го доби „Златниот лав“ за животно остварување за филм во Венеција во 2019 година, Педро Алмодовар доби уште една статуетка годинава, за филмот „Соседната соба“ (The Room Next Door). Наградата му беше врачена завчеравечер на затворањето на 81.издание. Алмодовар веќе собра стоечки аплаузи уште на светската премиера на филмот во рамките на фестивалот, каде заедно со актерките Тилда Свинтон и Џилиен Мур го промовираше. Свинтон ...
Македонската квиз асоцијација го организира првото Државно квиз првенство на Македонија на 15 септември (во 11 часот), во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Првенството е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. -Ги покануваме заинтересираните да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да го споделите ...
Во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Изложбата содржи 35 панели поделени во два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век. Застапени се грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи ...
Со дваесетина нови цртежи, уметницата Мирјана Крстева Массетти вечерва во Ниш ќе се претстави на изложба. Темата на изложбата не е јазикот на љубовта, туку љубовта како јазик. – Соработката со Културниот центар во Ниш почива на лични, професионални контакти. Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија во рамките на чествувањето на 8 Септември, Денот на независноста и токму со мојата изложба да се отвори овој настан – вели Крстева ...
Буњуел и Дали со филмот истражуваат теми како сексуалноста, потсвеста и репресијата, користејќи ја визуелната уметност како средство за изразување на длабоко вкоренетите човечки стравови и желби Со култниот филм „Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата, утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе почне 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на ...
Крводарителкска акција ќе се одржи утре од 9 до 15 часот во просториите на „Црвен крст“ во Радовиш. – Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот – порачувата од „Црвен крст“. Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Жените можат да даруваат крв на секои четири месеци, додека мажите на секои три. Дарувањето ...
По повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Македонија, Камерниот оркестар на Битола во Виена ќе се претстави со проектот „Македонски евергрини и повеќе“. Концертот ќе се одржи вечерва во 19 часот во просториите на црквата „Св. Ана“. Ќе настапат Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар позната на публиката по нејзините енергични настапи и Ристо Самарџиев. Диригент е Владимир Димовски. ...
На 79-годишна возраст денеска во Скопје почина големата актерка Снежана Стамеска. Посмртните останки ќе бидат изложени утре (9 септември) од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот. Драмски театар Скопје дополнително ќе ја објави информацијата за денот на одржување на комеморацијата во чест на големата актерка Снежана Стамеска. Беше родена на 1 јануари 1946 година во Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар ...
Концертот го нагласи битот и суштественоста на нашиот оркестар, кој достоинствено и крајно виртуозно ја продолжува традицијата на светските биг бенд оркестри Пациото на битолскиот Музеј пред неколку дена се преоблече во светска џез сцена како домаќин на концертот на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски-Шпато насловен „А Letter to Ray“ (Писмо до Реј). Битолската публика не ја криеше својата еуфорија, а неретки беа коментарите дека ...
„Ајде да летаме“ на мултимедијалната група PMG, песната „Заветна“ во изведба на Бојана Скендеровски, прогресивното техно насловено „Лорандит“ синоќа беа на диџеј листата на хуманоидниот робот диџеј промоворан во Охрид по повод Денот на независноста на Македонија. Името му е „Алшар“ според ридникот каде е откриен минералот лорандит, а го произведе Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“. Роботот изгледа и има димензии како човек, а со помош ...
Филмот „Партенопa“ на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години, ќе го отвори 45. „Браќа Манаки“ на 21 септември во Битола. Со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори фестивалот. На 45. издание, по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни ...