
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Утрешниот детски книжевен клуб со Ана Голејшка-Џикова во Europe House Скопје е посветен на другарството, нашата слобода и слободата што им ја даваме на другите. Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 12 до 16 години, а за учество е задолжителот да се пријавите на линкот. – Низ прекрасно напишаниот роман „Магла“ на Марта Палацези, ќе се запознаеме со Клеј, момче кое живее како валкан бандит, но кога ќе дојде циркусот во градот, тој има ...
Камерниот ансамбл „Алтус“ вечерва во 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт во рамките на „Денови на македонската музика“. Диригент е Паскал Галоа, а солистички ќе настапат сопраните Гонца Богоромова-Краповски и Милена Дамњановиќ. Покрај нив во ансамблот членуваат: Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело, Антоние Весковски – ударни ...
Чест е да се биде национален претставник на можеби најзначајната и најстарата светска манифестација од областа на визуелните/ликовните уметности. Но, исто така е и многу одговорна задача, вели за Умно.мк уметницата Славица Јанешлиева во пресрет на отворањето на Македонскиот павилјон на 60. Венециското биенале на уметност. Изложбата „Помеѓу надеж и страв“ (Inter spem et metum/Between hope and fear) ќе биде официјално отворена утре во 18 часот во ...
„Приказна се чита“ е мотото на 32. Саем на книга што ќе биде отворен утре во 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Од петок саемот ќе биде отворен од 10 часот, а ќе трае до 24 април. Новини во однос на поставеноста на штандовите, нови програми најавија организаторите Скопски саем и Македонската асоцијација на издавачи. Влезот чини 100 денари, за учениците 50 денари, а ќе има и билет за три влеза кој ќе изнесува 250 денари. Од нив, 15 ...
Бронзен медал освои средношколката Миша Веселински на Европската женска математичка олимпијада што деновиве се одржа во Цхалтубо, Грузија. Ова е подобар вкупен резултат како тимски пласман за нашата репрезентација во однос на минатата година, извести водачот на нашиот тим, Анета Брндаревска-Гацовска. Освен Веселински, Македонија на овој важен натпревар ја претставија и: Емилија Николовска, Нина Ламева и Сара Тошевска, а заменик-водач беше ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола вчера го промовира првиот број на „Нови хоризонти“ – списание за студентски истражувања. Исто така беше промовиран и Зборникот на трудови од Студентската универзитетска конференција На промоцијата, главниот и одговорен уредник на научното списание „Нови хоризонти“, проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ од име на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и раководството на УКЛО го изрази ...
Отворен ден на Qinshift Academy ќе се одржи утре од 17.30 часот. Заинтересираните ќе може да дознаат повеќе за програмата, активностите и праксата во рамките на академијата. – Ќе имате можност да разговарате со нашите ментори, асистенти и поранешни студенти од академијата, а ќе можете да прашате се’ што ве мачи во врска со кариера како програмер. Ќе има одлична дружба, интересни прашања и по некој подарок – велат организаторите. Сите ...
Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и ...
Со книжен фонд од околу 8000 книги – лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература, библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката вчера беше официјално отворена за своите читатели. Првите посетители беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои ...
Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им верува ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ од Скопје е еден од 50-те финалисти на фестивалот New European Bauhaus Project, каде што се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се одржува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. „Лабораториум“ беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски објект ...
Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“ и на нејзините автори Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. Судијата Владимир Мартиновски беше исправен пред тешка одлука: Дали оваа книга со самиот свој наслов претставува убиство на разумот и логиката и со тоа заслужува тешка казна и тргнување од продажба, како што бараше јавниот обвинител Венко Андоновски? Дали да им верува ...
За реализацијата на своето шесто издание, Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува повик за волонтери. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар. – Доколку имате волја и сакате да се дружите, ве покануваме да се приклучите на нашиот тим од 20 волонтери, на возраст од 16 до 30 години. Волонтирањето не само што ќе ви донесе неверојатно искуство, туку ќе ви пружи и непроценлива ...
Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе ѝ биде врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година на Јована Матевска-Атанасова за нејзиниот роман „Риба во(н) мрежа“. Наградата се доделува за најдобар необјавен роман, а на свеченоста ќе се обрати жирито во состав: Николина Андова-Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и ...
Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. „Сага” е возбудливо патување низ ритамот на ...
Средношколците Марио Ванчоски, Петар Мирчевски, Иван Костевски и Јусуф Луш ја претставуваат Македонија на 58. Менделеева олимпијада по хемија која од 21 до 26 април ќе се одржува во Шенџен, Кина. Учениците ги предводи менторот проф. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Тие го организираат нашето претставување и ги подготвуваат ...
Театарот мора да има за цел да го обедини општеството и да ги нагласи основните вредности. Претставите со универзални теми ќе обединат различни сегменти од општеството и ќе ги зајакнат социјалните врски. Треба да се нагласи потребата да се раскажат приказните надвор од нашата земја. Не се само актерите тие што театарот го прават театар. Ова е тимска работа. Треба да се охрабри соработката меѓу режисерите, драматурзите, костимографите и другите ...
Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша“ на претстојниот Саем на книга во Скопје. Романот е во издание на издавачката куќа „Сакам книги“. Фини која работела како новинарка на Би-би-си, ќе се сретне со македонските читатели во петок (19 април) во 16 часот, во салата „Борис Трајковски“, ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира романот „Добра и лоша“. Алиса ...
Претставата „Мачката Елеонора“ по монодрамата на Карен Јес, во продукција на „Тииит“ ќе биде изведена вечерва и утревечер во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Перформансот е со авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки се: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска. Настапуваат: Моника Ангелевска, Грација ...
По повод Светскиот ден на уметноста вечерва во 19 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложба на дела на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006). Изложбата ја организираат Асоцијацијата за култура ИКОН и МКЦ, а ќе биде отворена до 25 април. – Длабоката наклонетост на Денис Боуен кон Македонија е очигледна во наследството што тој го остави преку неговата обемна работа во земјата. Неговата љубов кон Македонија, ...
Си беше еднаш… Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ на 11 април, со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата „Си беше еднаш“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи ...
Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска ќе се одржи вечерва во 19.30 часпт во „Јавна соба“ во Скопје. Книгата е издание на ТРИ, а ќе ја промовира Ивор Мицковски. – Настанот ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, чувствата, спомените и размислувањата на авторката. Имате целосно право да бидете нетрпеливи да навлезете во книгата со која ќе се чувствувате како да сте пред ...
За три години, околу 700 илјади корисници, 13 илјади фејсбук-следбеници, објавени скоро 8.000 содржини – теми, интервјуа, коментари, вести и информации. Сите авторски, потпишани, прочешлани пред да бидат објавени. Просечно време на читаност – 52 секунди. Деманти – нула! Умно.мк денеска полни три години. Тие се незначителни во однос на нашето дваесет и кусур годишно присуство во новинарството, особено на полето на културата, но за нас значат ...
Три предавања во рамките на Студентската уметничка пролет ќе се реализираат денеска на три различни факултети при УКИМ. Во 14 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет, предавање за Музикотерапија ќе одржи Јулијана Деспотоска. Еден час подоцна, во галеријата на Факултетот за ликовна уметност, предавање ќе одржи проф. д-р Мира Беќар. Нејзина тема ќе биде: „Музичките жанрови и општествените класи“. Во 17 часот во концертната сала на ...
Промоцијата на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска неделава се одржа во „Јавна соба“ во Скопје Кога ја земав в раце „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ се почувствував како Амели Пулен, која во еден јавен тоалет наоѓа мала кутија со сите спомени на едно момче. Во оваа книга ги најдов сите спомени на Ана што ги собира сиве овие години. Од 1991 со распаѓањето на Југославија, ништо не ù значеше толку како ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, по текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Ова е праизведба на „Поблиску“ во прилепскиот театар. – Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни пара – вели режисерот Петрески. Во претствата играат: ...
Со концертот „Кооперација сешн“ во селото Смилево, националнаta установа „Денови на Смилевскиот конгрес“ неофицијално почна да ја одбележува истоимената централна манифестација која ќе се одржи идниот месец. Директорот на установата, Владимир Деловски, вели дека називот на концертот е поттикнат од значењето на постојаната соработка на уметниците и културните работници преку која се оддава почит на традицијата и на македонската историја. – ...
Со „Концерт за три света“ вечерва во 21 часот „Јавна соба“ во Скопје Мики Јовановски-Џафер одбележи 50 години музичка кариера. На концертот се најавени многу гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-тите госини до денес. Мики Јовановски-Џафер е македонски рок музичар, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот ...
Во паркот зад Младинскиот културен центар во Скопје, односно на тревникот каде се наоѓа споменикот „Бомба“ утре во 14 часот ќе се одржи собир во организација „Сите за МКЦ“. Ова е третиот неделен собир овој месец, во знак на поддршка на културните храмови во Скопје град кои непрекинато се соочуваат со универзална негрижа. Настанот има богата програма: две дискусии, поетско читање и концерт. Првата дискусија ќе биде со Мартина Штериова, млада ...
Точно на пладне утре во 12 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич со кустосот Бојана Јанева, која ќе ги прошета посетителите низ двете новоотворени изложби. Како придружен настан ќе биде на матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Ќе можат да се посетат изложбите „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“ на кураторите Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец, како и ...