Филозофскиот факултет во Скопје објави повик за учество на втората летна школа „Европско и балканско културно наследство“ што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Скопје. Школата ја организираат Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофскиот факултет во Белград. Учесниците на Летната школа се студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет во Скопје и Белград од сите студиски програми. Заинтересираните кандидати можат ...

„Новинарството соочено со еколошка криза“ е насловот на кампањата со која УНЕСКО го одбележува 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Оваа година денот е посветен на важноста на новинарството и слободата на говор, во контекст на глобалната еколошка криза што ја живееме. Ви споделуваме серија постери во продукција на УНЕСКО, кои сугерираат дека во светот, како и кај нас, многу стории треба да се раскажат. – Новинарите не смеат да ги ...

Драмски театар од Скопје ќе востанови награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години. Текстот ќе биде избиран по пат на јавен конкурс. -Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмскиот театар за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски ...

Големо задоволство и чест ми е што ќе настапам на ова издание на фестивалот, бидејќи „Литера“ како фестивал зад себе има маестрални изложби на великани од областа на илустрацијата како Димитар Кондовски, Младен Туниќ… Да немаме силни доживувања и силни мечти нема да имаме порив да се изразиме, вели ликовната уметница Наташа Андонова која е авторка на плакатот на 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ...

Со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија почна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје. Активностите ги споревдува австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, со која на почетокот на годината Министерството за образование и ...

Средношколци од Гостивар изложуваат свои дела на хуманитарната изложба „Цут арт“, поставена во Центарот за култура АСНОМ. Настанот е во организација на Црвениот Крст Гостивар во рамките на Програмата – Промоција на хумани вредности и во соработка со техничкото училиште. – Средствата одат за подобрување на нашето општество или се доделуваат на социјално загрозени семејства. Дел од средствата од хуманитарните настани кои ги организираме, се ...

Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ ќе учествува на 25. издание на програмата “Producers on the move”, што се одржува во рамките на Филмскиот фестивал во Кан (14 – 25 мај 2024 година), а го организира престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion. 20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 ...

Во рамките на проектот „Урбана агенда“ во кафе-барот „Порта џез“ во Битола е отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски. Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување помеѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени на фестивалот „Крај Вардарот џез“. Во својот најнов фотографски опус, реномираниот режисер и фотограф Глигор Кондовски ...

Ретроспектива на филмовите на Столе Попов, годинашен добитник на наградата „Златен објектив“, но и други македонски филмови ќе бидат во фокусот на програмата на Кинотеката за месецов. Кон крајот на месецот, ќе му биде врачена наградата на режисерот, сценарист, продуцент и автор, кој со својот наградуван филмски опус, остава силен печат во нашата култура. На големото платно во киносалата повторно ќе може да се видат клучните остварувања со ...

Народниот театар од Битола ќе учествува на престижниоре фестивал Стериино позорје со претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во година кога театарот од Битола одбележува 80 години постоење (основан а 14 ноеври 1944), ќе му се врати на овој фестивал, по повеќе од три децении пауза. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите ...

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска. Таа се претставува со серија на дела од циклусот „Моменти нив ремето“. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. – Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата ...

Со 25 медали се вратија танчерите на Dancers United од Скопје од Светското првенство во латино танци што се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април. Дури седум златни медали освоија учесниците во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни. Десет сребрени медали и осум бронзени ги впиша ова студио кое повеќе од 10 години го развива танцот на повисоко ниво во земјава. Нашите танчери се претставија во најдобро светло. Со ...

Премиерата на операта „Трубадур “ од Верди, со која на 9. мај во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери е веќе распродадена, објави денеска генералниот директор Васко Ристов. Се уште има влезници за репризата на 11 мај, нагласи тој. „Трубадур“ е во режија на Иван Поповски е опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“. Сценографијата е на Миодраг Табачки, костимите на Марија Пупучевска, а ...

Македонската стриминг платформа Cinesquare за најмладите корисници воведува ново возбудливо искуство – Kidsquare за деца во возраст од 6 до 12 години. Повеќе филмови за најмладата публика, дел синхронизирани на македонски и албански јазик ќе може да се гледаат на платформата со соодветни игри и квизови прилагодени за најмладите корисници. Kidsquare користи гејмификација за да го направи искуството на платформата поактивно, како играње игри или ...

На живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија, режисерот Андреј Волкашин го снима својот дебитански долгометражен игран филм со сегашен наслов „Слатката горчина на зрелите калинки”, соопштија од продукцијата „Веда филм“ од Скопје. Филмот е меѓународна копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и „Еуримаж“. Филмот ќе се снима до крајот на месецов. – Филмот ја следи приказната на Дора, која се ...

Министерството за култура ги објави конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Со „22 Ноември“, пак, се оддава признание на ...

Сè уште немам постојано работно место, но не се откажувам, ќе продолжам да се борам, вели Лилјана Долгоска од Скопје, наставничка по англиски јазик За просветниот работник секој почеток е несигурен и предизвикувачки, без оглед на работниот стаж. Сè уште немам постојано работно место, но не се откажувам, ќе продолжам да се борам, вели Лилјана Долгоска од Скопје, наставничка по англиски јазик. Таа веќе шест години создава нови и нови почетоци. ...

Два сребрени, два бронзени медала и две пофалници освоија македонските средношколци на 41. Балканска математичка олимпијада што се одржа во Варна, Бугарија. Сребрен медал псвоија Дамјан Давков и Леонид Тодороски, со бронзен медал се закитија Алексиј Тасиќ и Јан Стојановски, а пофалници добија Никола Цветаноски и Емилија Николовска. На годинашното издание на престижниот меѓународен собир на млади математички умови учествуваа вкупно 138 ...

Петтоодделенецот Алексеј Белевски од Битола ја доби првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари што се одржа во Њујорк. Ученик на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски при Државното музичко училиште во Битола, Алексеј во силна конкуренција на учесници од 16 држави се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Карнеги хол во Њујорк. – Честитки за големиот успех на ...

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата ...

Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси. ‒ Продолжуваме со поддршката за младите поети, за тие што можеби веќе се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, ја објавиле својата прва стихозбирка или настапиле на некое поетско читање, но и за тие што можеби и не направиле ништо од сето тоа ...

Танчери од студиото за танц „Бах“ од Струга, најдоброто од Рисима Рисмкин, кореографија на Андријана Данчевска ќе биде дел од програмата на јубилејната претстава на фестивалот Танц фест Скопје, вечерва во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. На почетокот ќе биде прочитана и македонската порака за танц од примабалерината Александра Мијалкова. Фестивалот годинава се реализира под мотото „Сирово: од движење до виртуозност ...

Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев , а кореографијата – Ирена Лозинска. Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – го поставува ова прашање претставата. Улогите ги толкуваат: Зиба ...

И оваа година Today It’s All About Jazz почнува со работилница за наjмладите „Џез за деца“ наменета за деца од 3 години па нагоре По осми пат во Скопје ќе се слави за Април – Меѓународниот ден на џезот. До лани манифестацијата ја организираше Здружението на џез музичари и слободни уметници кое на почетокот на годинава се трансформира во Национален џез оркестар. Целодневниот музички собир и годинава се организира во паркот „Ибни Пајко“ позади ...

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал „Жилиен Дибик“ што се одржува во градот Дибик, во американската држава Ајова. Станува збор за фестивал на независниот филм на кој учествуваат стотици филмови од цел свет. Признат како еден од 25-те најкул филмски фестивали во светот и оеден од топ 50-те филмски фестивали од „Мувимејкер магазин“. Фестивалот е меѓу ...

Во Mакедонскиот културно-информативен центар во Тирана, е отворена изложба на сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“. Манева се претставува заедно со уметниците Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ-Додиг од Белград. Манева се претстави со шест нови дела. Како што информираат од КИЦ -Тирана, изложбата која беше отворена во прекрасна атмосфера, тиранската љубопитна публика, дел од дипломатскиот свет и останатите гости, сликите ...

Со силни аплаузи и честитки беше дочекано првото печатено издание на кривопаланечките староградски песни приредено од Филип Додевски, кое беше промовирано пред преполната сала во Центарот за култура од Крива Паланка. Книгата содржи вкупно 17 автентични песни со текст и нотен запис, како и фотографии кои се трајно сведоштво за историјата и растежот на КУД „8-ми Октомври“ и КУЗ „Распеани паланчани“, кои веќе 50 децении ја негуваат и чуваат ...

Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година. Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Покрај „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. ...

Денес се одбележува 29 Април – Меѓународен ден на танцот. Авторка на македонската порака е примабалерината Александра Мијалкова. Ви ја пренесуваме нејзината порака во целост: Со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето ...

Денес не е доволно библиотеката само да нуди книги, туку треба да нуди и содржини што ќе ги донесат читателите и во библиотека и до книгата. Посебен предизвик е читателите да ги донесеме до современите македонски писатели и обратно. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е одговор на сето тоа – вели Снежана Стојчевска, директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје Македонската асоцијација на издавачи ја прогласи ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
6.17
27%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
41%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 31ᴼ
1.54
41%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
34%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.8
33%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
2.06
44%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
10.73
40%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
26%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
40%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
41%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
44%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75