Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ е темата на 3. Годишна меѓународна научна конференција на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во чест на Светскиот ден на науката за мир и развој. Меѓународниот програмски комитет на Конференцијата го сочинуваат 35 научници од различни земји одсветот, што дополнително го потврдува и зацврстува нејзиниот меѓународен карактер. Конференцијата ќе се одржи во Битола на 15 и 16 ...
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот концерт ќе на пијано ќе одржат Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски. Тие ќе изведат дела од Григ, Јанкоски, Леон, Коларовски и други. Татјана Џорлева дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стела Слејанска-Стојаноска, каде ја одбранила и докторската дисертација по пијано интерпретација. Научноистражувачката дејност на докторатот ја работела ...
Подолги години факултетот нема добиено нови вработувања. Во моментот, просекот по наставник е повеќе од 40 активни студенти. Оптоварувањето на нашиот наставен кадар е можеби и најголемо во државата – вели проф. д-р Ѓорги Груевски, декан на ФДТМЕ при УКИМ Нашите студенти во моментот лесно доаѓаат до работа по струката и голем дел апсолутно остануваат да работат по струка. Побарувачката на квалитетен и}orgi Greuvskiнженерски кадар е константно во ...
Во Културниот центар „Лабораториум“ вечерва во 20 часот ќе се одржи поетски концерт на Тихомир Јанчовски. Воедно ќе биде промовирана и неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“, претставена низ поетско читање и музичка изведба. Посетителите нема да плаќаат влезници; наместо тоа, секој што ќе присуствува ќе добие примерок од поетската збирка „Граматика на љубовта“. Така ќе можат да ја доживеат уметноста на Јанчовски и да добијат ...
Не можете така лесно да влезете во светот на Тим Бартон. Него го гледате на сет многу малку. Треба да бидете многу брз за да го стигнете. Но, кога ќе му кажете идеја, ќе ви каже, да размислам, дојди утре. Тој е во негов свет и вие само се обидувате да го следите, не можете да влезете – вели Бруно Делбонел, лауреат на наградата „Златна камера 300“ на неговиот мастер-клас што се одржа вчера во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Се бараше ...
Триатлонката Даниела Атанасовска ја заврши Ironman триатлон во полна дистанца во Емилија Ромања, Италија. Таа стана трета Македонка во историјата на оваа трка на издржливост што ја завршила. Со поминати 3,8 км во пливање, 180 км со велосипед и 42 км трчање, таа ја докажа својата железна волја и успеа да го оствари својот сон на кој напорно работеше. Леана Таќи беше првата жена од Македонија која го оствари овој подвиг во 2015 година, а во 2019 ...
Секогаш сакам да преснимам кадри. Се разбира, тоа никогаш не е возможно. Искуството е единственото нешто што останува кога работите на филм, искуство што го применувате во понатамошната работа, рече на вчерашната прес-конференција Михал Димек, кинематографер на филмот „Девојката со иглата“ кој беше прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот е копродукција помеѓу Данска, Полска и Шведска. Тој низ црно-бела визура ја наслика драматичната ...
„Девојката со иглата“, најновото остварување на режисерот Магнус фон Хорн, е филм кој длабоко го освојува гледачот со својата вешта игра со камерата и беспрекорната визуелна композиција. Заснован на вистинска приказна од Данска во раните години по Првата светска војна, филмот ги истражува мрачните агли на човечката природа и општествените табуа, додека ги вовлекува гледачите во атмосфера полна со мистерија и неизвесност. Фотографијата на овој ...
Во Музејот на македонската борба во Скопје утре во 18 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Од А до Ω: Раното христијанство во Македонија“ од проф. д-р Ирена Теодора-Весевска. Трудот е резултат на долгогодишно истражување и нуди нови сознанија за раното христијанство и културната историја на Македонија. Промотори на книгата се професорите д-р Елизабета Димитрова и д-р Марјан Јованов. Настанот е отворен за јавноста, за сите љубители на ...
Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“. Со настанот се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, отворена на почтокот на месецов. Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања ...
Големите кинематограферски имиња, Данте Спиноти, Џон Сил и Кристијан Бергер денес споделија дел од своите животни и професионални тајни, во рамките на „ИМАГО мастер час со мајсторите“, на „Браќа Манаки“ во Битола. Aвстралискиот кинематографер Џон Сил, добитник на многубројни награди и признанија, вклучувајќи ја и БАФТА наградата, кажа дека започнал да учи во Австралија, во шеесетите години на минатиот век. Џон Сил – Не знаев што правам тогаш. ...
Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, беше промовиран завчера во Витешката дворана на Крижанке, Љубљана, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење. Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови ...
Се трудам да создадам моја лична патека. Одбивав понуди да работам во Соединетите Aмерикански Држави, а правев филмови во Казахстан, вели Дилевска На 12 години се вљубив во филмот. Учев од професори за кои камерата беше света и беше голема привилегија да се учи од нив. Благодарение на неа, можеме да го запреме времето и да направиме нешто извонредно, рече на вчерашниот мастер-клас полската кинематограферка Јоланта Дилевска што се одржа во ...
Во „Партенопе“, Паоло Сорентино ни нуди длабоко рефлективна и метафорична приказна за судбината на жената која го носи името на својот роден град, но не пронаоѓа мир во неговите прегратки. Ова е филм кој говори за убавината како благослов и проклетство, за меланхолијата на Неапол, и за психолошките состојби кои ги предизвикува животот во еден толку суров, но истовремено магичен свет. Филмот го следи патот на Партенопе од нејзиното раѓање во ...
Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје вечерва во 19.30 часпт ќе биде отворена изложбата „Монумент за неродените“ од Иван Аџиевски. Ова е негова четврта самостојна изложба и преставува концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да ѝ покаже критицизам на реалната опшествена состојба како причина за миграција на младите од државата. Тој ќе се претстави со фотографии ...
За мене сето ова е неверојатно, не сум замислувал никогаш вакво нешто пред се затоа што јас сум кинематографер и мислам дека не сум готов со она што го работам. Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Бруно Делбонел, добитник на „Златна камера 300“, на денешната прес-конференција, прва во рамките на 45. ИФФК „Браќа Манаки“. Со присутните тој сподели искуство кое го имал со кинематограферот Ласло Ковач во Палм ...
Кога Симеон ме повика, реков, оо, па јас сè уште не сум се пензионирал. Им се восхитувам на досегашните добитници на ова признание, како Свен Никвист, Ед Лакман, Виторио Стораро, Питер Бижу, Џон Сил… тоа се луѓе од кои многу сум научил и многу им должам. Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене, рече Делбонел. Гости на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола годинанава се мајстори на филмската фотографија кои заедно ...
Керамика, метални и наоди од камен, бронзен накит открија археолозите на археолошкиот локалитет Врбник во Струга во рамките на годинашните подводни истражувања. Тие беа во рамките на истражувачкиот проект „Подводни археолошки и интердисциплинарни (дендрохронолошки и радиокарбон) истражувања на локалитетот Врбник“ како континуитет на кампањите во изминатите две години. – Со истражувањата на нов простор северно од постоечката мрежа, беше откриен ...
„Навистина се ретки публикациите и изданијата за историјата на Балканските простори за времето на османлиската доминација“, рече академик Драги Ѓоргиев, османлист на промоцијата на 4. издание на стручното музејско списание „Славишки зборник“ на Градскиот музеј во Крива Паланка што се одржа во градската општина. Изданието е посветено на Кривопаланечкиот Регион (Славиште) во времето на доминација на Османската империја од 15 до 19 век. – Овој ...
Околу 40 научници, физичари од земјава и од светот учествуваа на 15. Конференција на Друштвото на физичарите на Република Македонија која денеска завршува во Охрид. Четиридневната конференција беше можност научниците да ги претстават своите трудови од различни области на физиката. Меѓу нив беа и талентираните млади физичари, олимпијците кои во посделсните години постигнуваат одлични резултатити, годинава ги остварија најдобрите резултати на ...
„Движи се за здравје“ е манифестацијата што утре Детскиот културен центар „Карпош“ ќе ја реализира во рамките на Европската недела на мобилност. Од 10 часот на Фонтана „Лотус“ ќе се одржи спортски спектакл со децата од градинките од Град Скопје. Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст. ...
Огромно количество садова керамикa извадија археолозите на истражувања на езерската наколна населба Мрдаја во Дојран. Истражувањата почнаа пред десет дена, а ги организира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица. – Поради високото ниво на езерото, се истражува просторот на брегот, оддалечен триесетина метри јужно од позициите истражувани од 2012 до 2014 година. Просторот кој се истражува е со димензии 10 на 5 метри, а ...
Манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта, покрај Охридското Езеро, го одбележува денешниот ден, 21 септември или Мала Богородица, како свој празник. Манастирскиот комплекс Калишта е познат и по иконата на Пресвета Богородица, или кај народот позната како Црна Богородица. Таа се чува во новата црква Рождество на Пресвета Богородица. Оваа икона е многу ретка, бидејќи Богородица и малиот Исус се насликани со ...
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето јубилејно 45. издание. Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот за кој се зборуваше во Кан, „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино. Кинематографер е Дариа Д’ Антонио, која исто така е во Битола, да го промовира својот филм. Филмот е во официјалната селекција ...
Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади ќе се одржи на 25 септември (19.30) во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар од Скопје. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките Midnight Blues (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ ...
Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје во 1947 година. Наградата за клиничко медицинско истражување им припадна на Мојсов, Хабенер и Кнудсен за нивната работа на GLP-1, хормонот што влијае на намалување дебелината Професорката Светлана Мојсов е една од тројцата добитници на престижната награда „Ласкер“ што се доделува за напредок во медицината и истражувањето на јавното здравје, објави завчера „Њујорк ...
Третото издание на изложбата „Просторни реадаптации“ че се одржи вечерва од 20 до 23 часот на скопската плажа на кејот на Вардар. Во изминатите две години група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираа отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла. – Повеќе автори ќе ги претстават и иновативно ќе ги реадаптираат ...
Јас сум многу оптимист за Француското интернационално училиште во Скопје, затоа што овде видов една многу добра динамика на функционирање, помеѓу раководството на училиштето, педагошкиот кадар, родителите и децата. Има убав дух. Како семејство – вели Лик Шател (Luc Chatel), поранешен министер за образование на Франција и основач на образовната групација „Одисеја“ Поранешниот министер за образование на Франција, Лик Шател (Luc Chatel) деновиве е ...
Во издание на Институтот за македонска литература неодамна беше објавена книгата „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се ...
Со златни медали од меѓународниот натпревар Black sea fish festival, рибен фестивал и гастрономски натпревар кој се одржа од 13 до 15 септември во туристичкиот ресорт „Мамаиа“, близу градот Костанца, Романија, се вратија ученици од секторот Угостителство и туризам од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. Елена Тасевска и Сара Андонова под менторство на професорката Марина Калкова освоија златни медали, а Тасевскап беше прогласена и за севкупен ...