Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и за сите други плати за 100 евра. Од ССМ велат дека револтот расте, откако пратениците го игнорирале нивното барање за намалување на платите за 80% на функционерите, со цел да се намали базата за пресметка на просечната и минималната плата. „Сметаме дека по утрешната ...

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по ...

Предложените измени на Законот за високо образование се катастрофални и наместо унапредување на квалитетот се воведува владина контрола врз универзитетите, образовен тоталитаризам, дискриминација, партизација и се урива автономијата на универзитетите. Ова беше оценката на претседателот на СДСМ Венко Филипче на владините предложени измени на законот за високо образование, за кој рече дека ниту со амандманска интервенција не би можело да се ...

Од рано утринава, жителите на Форинo се обидуваат да ја испумпаат водата од нивните куќи. Поплавите кои вчера го зафатија гостиварскиот регион предизвикаа големи штети во ова село. „Ова е една од куќите во селото Форино. По поплавите од минатата ноќ, жителите се обидуваат со пумпи да ја испумпаат водата од подрумите и куќите. Ситуацијата е сериозна, а штетите во селото се значителни.“, вели новинарот на ТВ21, Сенат Зилбехари. Жителите велат ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот. На средбата беше констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со ...

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за ...

Сојуз на синдикатите на Македонија утре од 11 часот ќе ги блокира влезовите на Владата, во рамки на барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра. Од ССМ велат дека блокадата е поради недоговор со Владата и работодавачите за раст на платите и поради тоа што не бил прифатен предлогот за субвенционирање на придонесите. Според претседателот Слободан Трендафилов, вредноста на ...

Поплавите што се случија вчера во Чајлане, главниот проблем беше овој поток кој се излеа од своето корито и како последица на тоа водата навлезе во куќите на жителите. „Ова е дворот на една куќа во Чајлане. Од вчера се обидуваме да го исчистиме со пумпа, но сè уште изгледа вака. Тука е сопственикот на куќата кој ќе ни каже повеќе за ова. Можете ли да ни кажете какви штети се предизвикани?“ „Штетите се големи, водата влезе внатре. Делот тука е ...

Од ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги информираат граѓаните дека поради поплавите и можноста за привремена промена на квалитетот на водата во водоводната мрежа, како превентивна мерка во овој период се препорачува да се избегнува директно конзумирање на водата од водоводот за пиење. „Напоменуваме дека оваа препорака е превентивна и не значи дека постојат потврдени податоци дека водата е неисправна, туку е мерка на претпазливост со цел заштита на ...

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка е делот од селото што гравитира кон реката Вардар. Според проценката, куќите во овој дел се изградени на помалку од еден метар од коритото на реката, чиј водостој е на критично ниво и на одредени места веќе е излеан. Дополнително, поради зголемениот водостој се излеани и каналите што минуваат низ селото, што ...

Кремљ денес „силно ги отфрли“ обвинувањата од пет европски земји дека Русија го убила опозицискиот лидер Алексеј Навални пред две години користејќи токсин од отровна јужноамериканска жаба. Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија, почина на 16 февруари 2024 година во затворска колонија во рускиот Арктички круг. Во понеделник се навршуваат две години од неговата смрт во Русија и низ целиот свет. Рускиот ...

Уште едно лице со важна функција си заминува од партијата АA на Таравари. Организацискиот секретар Гадаф Узаири соопшти дека неговиот пат со Алијансата за Албанците завршува. Заминувањето од партијата Узаири го објави преку статус на Фејсбук. „Посебна благодарност упатувам до мојот пријател и другар, Арбен Таравари. Иако често не сме биле согласни околу одредени одлуки, меѓусебната доверба и почит никогаш не се разнишале. Мојот пат во ...

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со поплавите на територијата на државата до 13:30 часот. Тетово и Полошки регион Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта. Во Тетово: Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина ...

Најмалку 59 лица загинаа во циклонот Гезани на Мадагаскар минатата недела, а 15 се водат како исчезнати, соопшти денес Канцеларијата за управување со катастрофи. Во соопштението се наведува дека 804 лица се повредени во циклонот, објави Ројтерс. Се нагласува дека 16.428 лица биле раселени поради циклонот, додека 423.986 лица ги почувствувале последиците од природната катастрофа. Циклонот Гезани го погоди Мадагаскар само 10 дена откако ...

На 15.02.2026 во 22:20 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(35) од Скопје. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал со уште едно лице, кај него е пронајден и одземен пиштол. Тој се сомничи дека на 15.02.2026 во 22:00 часот во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево, по претходно ...

На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“, управувано од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од с.Ливада, струшко, кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на ...

На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, ...

На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ...

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над ...

Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за ...

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ нашата државата. Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди. Покрај ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека пилот фазата на националниот систем за е-Фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање. До овој момент, за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 компании активно го користат системот и имаат ...

Украинскиот претседател „директно се вклучи“ во изборната кампања во Унгарија „напаѓајќи“ ја нејзината влада, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук во понеделник. Унгарците излегуваат на гласање на 12 април на парламентарни избори, на кои Орбан, премиер на земјата од 2010 година, се бори за петти мандат како лидер на Унгарија. Анкетите покажуваат дека тој би можел да биде блокиран од опозициската партија Тиса, предводена од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69%во однос на одлуката од 9.2.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за ...

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, Министерство за транспорт информира дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение. Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија ...

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со ...

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за КК Крива Паланка, продолжувајќи ја својата континуирана заложба за развој и унапредување на македонскиот спорт. Како модерна и општествено одговорна компанија, вложуваме во спортски проекти кои создаваат вредности – тимски дух, посветеност и победничка енергија. Поддршката за КК Крива Паланка е поддршка за младите, за спортскиот начин на живот и за заедништвото кое го гради спортот низ ...

Поради лавина, возот излетал од шините во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале. Полицијата првично соопшти дека во несреќата се повредени неколку лица, јавуваат швајцарските медиуми. Според соопштението, спасувачката акција е сè уште во тек. Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници , објави швајцарскиот јавен сервис РТС. Несреќата се случила околу 7 часот утрово во ...

Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи 38. седница, на која единствена точка на дневен ред е давање мислење до Владата за кандидатите за нов државен јавен обвинител. Согласно законските рокови, Советот во рок од 15 дена треба да достави позитивно или негативно мислење за пријавените, по што Владата ќе предложи еден од кандидатите што добил позитивна оценка до Собранието. Според информации од дел од пријавените, во трката се актуелната ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
48%
1007
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
5.14
47%
1006
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
59%
1004
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.14
62%
1008
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1005
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
7.2
49%
1004
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
52%
1008
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1006
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
67%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Паладиум

47550.95

Иридиум

253540.09

Злато

151413.64

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.64

Цинк

0.00

Калај

55.99

Платина

68577.54

Кобалт

45.39

Бакар

13.22

Сребро

2812.48