Сојузот на синдикатите на Македонија протестираше пред Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра. Претседателот Слободан Трендафилов изјави дека на седница во Владата ова треба сериозно да се дискутира. „Денес ѝ испраќаме порака на Владата на денешната седница многу сериозно да разговара за барањето на работниците за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на ...

На седница одржана на 17 февруари 2026 година, Софија Спасова Медарска е избрана за заменик-претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата. Изборот е дел од законската шестмесечна ротација меѓу членовите, а не нов мандат. Заменик-претседателот ја претставува Комисијата кога претседателот е спречен, а во случај на престанок на функцијата ја презема улогата до избор на нов претседател. Функцијата носи зголемена јавна видливост и ...

Арбен Фетаи во Клик Плус информираше дека по распишувањето на локалните избори немало партиски активности, но разговорите за унифицирање на коалицијата ВЛЕН биле интензивни од ноември. Тој нагласи дека една од опциите што се разгледува е избор на претседател со ротација. Според Фетаи, изработени се неколку документи кои ги утврдуваат принципите и патот кон унифицирање на ВЛЕН. „Како што гледате, во овој правец јас кажав дека засега, од ...

Селото Стримница во Општина Желино е поплавено, откако реката Вардар, која минува низ средината на селото, се излеа од коритото. Освен тоа, дел од селото остана и без електрична енергија. Жителот на Стримница, Бујамин Рустеми, вели дека ова е четврти пат како водата ги поплавува нивните домови. Ги повикува институциите да преземат конкретни мерки, односно да го исчистат коритото на реката Вардар за да не се повтори истото. „На некои водата им ...

Општина Кисела Вода со изненадување ги прими обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на здружението „Стоп за Усје“ и сака најостро да ги демантира сите изречени клевети. „Како институција која отсекогаш негува отворен однос со граѓанскиот сектор, сметаме дека е крајно некоректно да се користи јавниот простор за пласирање дезинформации. Ова е особено недолично ако се земе предвид дека градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ...

Иницијативата „Стоп за Усје“ ја обвинува Општина Кисела Вода дека ги кријат податоците од мерната станица за воздух која е поставена во дворот на цементарницата Усје, спречувајќи ја транспарентноста за податоците загадувањето на воздухот. Иницијативата бара станицата да функционира со цел капацитет, да се интегрира во јавни апликации и да овозможува мерења во реално време за загадувањето од согорување на петрококс и јаглен. Тие нагласуваат ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување ...

Советот на јавни обвинители донесе одлука да го отстрани Владимир Панчевски од постапката за избор на државен јавен обвинител, откако утврди дека не ги исполнува условите пропишани со Законот за јавно обвинителство. Според законските одредби, кандидатот мора да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж во областа на кривичното право. Од Советот појаснија дека во конкретниот случај, на Панчевски му престанала функцијата пред 13 години, а ...

Државната помош мора да биде јасно насочена, економски оправдана и во функција на конкурентноста и одржливиот раст, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на регионалната панел дискусија на тема „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ„ кој се одржа во организација на „Фајнанс тинк“. Во своето обраќање, министерката нагласи дека секој денар од ...

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје. На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова ...

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни ( до 20л/м2). Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ...

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија целата територија на Македонија во изминатите денови предизвикаа значителен пораст на речните води, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според најновите податоци, речиси сите поголеми водотеци имаат значително повисоко ниво од просекот за февруари, а на некои мерни места порастот е повеќе од четирикратно во однос на вообичаените вредности. Најсериозна е состојбата со реката Треска кај ...

Лидија Раичевиќ, кандидат за државен јавен обвинител за Канал77 истакна дека борбата против корупцијата не може да се спроведе без активна улога на јавниот обвинител. „Борба против корупција без обвинител нема. Не може да ја спроведе никој постапката без јавниот обвинител. Зошто? Не затоа што е многу силен и моќен, туку затоа што така законите го определиле тоа“, нагласи Раичевиќ. Таа додаде дека неопходно е да постои институција со стручни ...

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред трилатералните преговори во Женева ѝ порача на Украина дека „подобро е брзо да дојде на преговарачката маса“. Трамп тоа го изјави пред новинарите во претседателскиот авион Air Force One, пишува Украинска Правда. Коментирајќи ги трилатералните преговори што се одржуваат на 17 и 18 февруари во Женева, Трамп рече: „Очекуваат големи преговори. Треба да биде многу лесно.“ „Украина треба брзо да дојде на ...

Денеска (17.02.2026) со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на бул.„Илинден“ и бул.„Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. ...

Вицепремиерот Александар Николоски преку објава на својот фејсбук профил информираше дека од скопскиот аеродром ќе бидат воведени уште две нови авиолинии кон Италија. Како што соопшти, од 18 јули од Меѓународен аеродром Скопје ќе може да се лета до Алгеро на Сардинија, додека од 15 јули ќе биде воспоставена и авиолинија до Палермо. Новите линии ќе ги оперира Wizz Air, а според најавите се очекува дополнително зголемување на авиосообраќајот на ...

Во однос на објавите во медиумите поврзани со реакциите на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори на содржини во врска со Правилникот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), т.н. Водич за инфлуенсери и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за дигитална трансформација како надлежно министерство за политики во областа на дигиталниот простор и развојот на онлајн екосистемот ја информира ...

Полската армија подигна борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради рускиот масовен напад врз Украина, објавија денес полските власти. Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, јавува полската ТВН24. Поради воената операција, аеродромите во Жешов и Лублин беа привремено затворени, објави ...

Демографските показатели за 2025 година покажуваат дека просечната возраст на населението во Македонија изнесува 42,21 година. Според најновите податоци на Евростат, ова е пониско од просекот на Европската Унија, кој достигнува 44,9 години. Во споредба со 2015 година, кога средната возраст во земјава изнесувала 37,4 години, забележано е зголемување од речиси пет години. Овој податок укажува на континуиран тренд на стареење на населението во ...

Најниска минимална температура од -3 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Нула степени се регистрирани во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и Крушево. Два степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија и Велес, додека 3 степени се забележани во Охрид, Штип, Тетово, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Битола и Претор. Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Виница минималната температура изнесувала 4 степени, а најтопло утринава ...

Сообраќајот на државните патишта низ земјава утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на повисоките места во западните делови има мали остатоци од кашест снег на патот. Според информациите од Автомото сојуз на Македонија, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег. Забрани за тешки возила и автобуси Поради ...

Овен Фокусот е на идните планови и кругот на луѓе со кои сакате да одите напред. Денес можете јасно да видите каде сте се заглавиле од навика, а не од избор. Соларната еклипса ве повикува да се ослободите од старите социјални улоги и да започнете нешто што повеќе одговара на тоа кои сте сега. Промената бара храброст, но ви носи чувство на припадност. Бик Кариерата и животната насока се под силен притисок за промена. Можеби чувствувате отпор, ...

Ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од ...

Документи од Службата за општи и заеднички работи при Владата покажуваат како од јуни 2024 до декември 2025 владиниот лирџет бил користен за бројни домашни и меѓународни летови, при што најчеста релација била Скопје–Будимпешта со седум реализирани патувања. Според објавеното, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најчесто го користел авионот – вкупно 11 пати, главно за летови кон Унгарија, но и за Лондон, Прага, Виена, како и ...

Семејството и пријателите на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне. „Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук, пренесувајќи ја неизмерната болка и тага на семејствот. Виктор Илиоски бил облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики кога бил последен пат виден на 14 февруари околу 14 часот. Семејството веднаш апелираше до ...

По неуспешниот претходен конкурс, постапката за избор на директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) повторно е во фокусот. Ова е втор обид да се избере прв човек на институцијата која има стратешка улога во регулирањето на секторот за електронски комуникации, надзорот на операторите и обезбедувањето фер пазарни услови. Според информации на ТВ21, на актуелниот конкурс се пријавени девет кандидати, утре Комисијата за избор треба да ...

Процесот за спојување на коалицијата за Вреди во една партија отвори дилеми во рамките на внатрешните структури, но не само околу прашањето за лидерството. Главната дебата се чини дека се префрлила на принципите на функционирање и поделбата на моќта меѓу четирите составни субјекти. Вицепремиерот Арбен Фетаи нагласува дека еднаквоста меѓу четирите партии е фундаментален принцип, објаснувајќи дека „делот на ВЛЕН е поделен на четири четвртини“. ...

Куќи полни со вода, поплавен и уништен мебел, расипани машини, нефункционална бела техника, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. Во Подварош околу 50 куќи, кои се во близина на Зајаска река се поплавени, а жителите ја опишуваат ужасната ноќ што ја преживеале. „Досега вакви поплави не сме виделе, се поплавивме за 10 минути“, вели жител. „За половина час се наполни со вода, стигна до еден метар, еве ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, информира дека утрово се приклучил на координативниот состанок во Општина Сарај по поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Тој посочи дека од вчера на терен се присутни сите надлежни институции кои ја следат состојбата и работат на санирање на настанатите штети. Според него, фокусот не е само на справување со последиците, туку и на отстранување на причините што ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
48%
1007
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
5.14
47%
1006
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
59%
1004
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.14
62%
1008
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1005
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
7.2
49%
1004
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
52%
1008
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1006
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
67%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Бакар

13.22

Злато

151413.64

Платина

68577.54

Сребро

2812.48

Калај

55.99

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70