Резултатите од анализите на водата во Гостивар, кои во текот на денот ги изврши Институтот за јавно здравје, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, информираше директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференција во Владата. „Не е важно само да се утврди причината, туку најважно е да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката состојба“, ...

Трагично заврши потрагата по три лица од Косово кои беа пријавени за исчезнати откако заминале од Меѓународниот аеродром Скопје. Тие биле пронајдени починати во превртено возило на автопатот Граничен премин Блаце–Скопје, делница која е затворена за сообраќај и е во изградба. Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули во 13:40 часот, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. ...

„Во ниту еден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар“, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. „Јас бев првиот кој во саботата информираше дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспарентно да ги објавуваме податоците, бидејќи немаме што да криеме“, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата ...

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со иницијатива за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа. Во мрежата која е дел од оваа иницијатива, вклучени се советувалиштата во Скопје, Куманово, Прилеп, како и советувалиштето во Радовиш кое започна да функционира од април годинава. Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј ...

ТВ21 дознава дека е уапсена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини соработници, како последица на загадувањето на водата во Гостивар. Да потсетиме, во гостиварскиот регион е прогласена епидемија поради загадувањето на водата. Надлежните информираат дека водата во моментов не е за пиење и не смее да се користи ниту за хигиена и техничка употреба. ТВ21 дознава дека е уапсена директорката ...

Жителите на Гостивар и во наредните денови ќе добиваат дополнителни количини вода за пиење, додека се очекува расчистување на проблемот со градскиот водовод по прогласената епидемија. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска во градот ќе пристигнат уште три шлепери со околу 60.000 литри флаширана вода. Мицкоски посочи дека Владата во изминатите два дена презела активности за да им помогне на граѓаните, откако надлежните ...

И покрај малото намалување во однос на претходниот месец, потребните средства за покривање на основните животни трошоци и понатаму остануваат високи. Според пресметката на синдикалната минимална кошница, во јуни 2026 година на едно домаќинство му биле потребни 68.654 денари за основните месечни потреби. Во споредба со мај, кога вредноста на кошницата изнесувала 68.742 денари, има намалување од 88 денари. Најголем дел од семејниот буџет и овој ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, ...

Бројот на загинати од двата силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени, кои го погодија северот на Венецуела пред речиси еден месец, достигна 5.208 лица, откако властите во последниот биланс додадоа уште 89 жртви. Како што соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, бројот на повредени останува 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останале без дом. Дополнително, 23.820 жители се сместени во 107 привремени кампови, а ...

13-годишно момче го загуби животот, а уште три лица се повредени по уривање на фонтана во Сиудад Родриго, во провинцијата Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство. Според шпанските власти, несреќата се случила веднаш по полноќ кај фонтаната „Глориета дел Арбол Гордо“, каде што голем број навивачи се искачиле врз конструкцијата за да ја прослават победата на Шпанија. Горниот дел од фонтаната ...

Енди Барнам во понеделник ќе стане седмиот британски премиер во последната деценија, ветувајќи дека ќе ја „преобликува“ земјата и дека поголем фокус ќе стави на прашањата што ги засегаат граѓаните, како кризата со трошоците за живот и слабите јавни услуги. Откако Кир Стармер ќе го одржи прошталниот говор пред улицата „Даунинг стрит 10“ и официјално ќе му ја понуди оставката на кралот Чарлс, монархот ќе го прими Барнам и ќе побара од него да ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од ...

Скопјани и возачите во главниот град треба да сметаат на измени во сообраќајот во наредните денови, поради официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во земјава од денеска до 23 јули 2026 година. Поради посетата, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе спроведе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје. Од ...

Шпанскиот играч за врска Родри е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство 2026, според изборот на ФИФА. Триесетгодишниот фудбалер не постигна ниту еден гол на осумте натпревари што ги одигра на турнирот. Во финалето, одиграно синоќа, Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и ја освои титулата светски шампион. Родри претходно со шпанската репрезентација ги освои Европското првенство 2024 и Лигата на нации 2022/23. За ...

Измените на Изборниот законик повторно предизвикаа остра политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, при што двете партии меѓусебно се обвинуваат за блокирање на процесот и за обиди за политички профит. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат државата да ги реализира реформските процеси и намерно го блокираат донесувањето на Изборниот законик. Според партијата, претставниците на опозицијата учествувале во подготовката на ...

ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. ...

Шпанската фудбалска репрезентација денеска треба да се врати во Мадрид, каде што се очекува околу еден милион навивачи да ги пречекаат новите светски шампиони, по големото славје што во текот на ноќта ја зафати целата земја. Шпанија во неделата, во финалето на Светското првенство во Ист Радерфорд, ја совлада Аргентина со 1:0 и ја освои својата втора светска титула. Претходно, „црвената фурија“ го крена трофејот во 2010 година во Јужна Африка. ...

Властите во Демократска Република Конго доцна во неделата соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се зголемил на 2.344, од кои 930 завршиле со смртен исход. Одговорот на властите во Конго на епидемијата на ебола е отежнат поради недостигот од центри за лекување, како и отпорот на локалните заедници кон воведувањето строги хигиенски мерки, пренесува Ројтерс. Извршниот директор на Програмата за вонредни здравствени ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Три лица биле пронајдени починати во превртено возило „Мерцедес“ кое било пронајдено на патот Блаце – Скопје. Станува збор за едно машко и две женски лица, откако претходно граѓанин на Косово ги пријавил за исчезнати. „На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е ...

Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство со 1-0, и така го симна од тронот. „Фуријата“ требаше да слави и во регуларниот дел, но тоа го стори дури на почетокот на второто продолжение. Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, и во продолженијата, со исклучок кога постигнаа водечки гол, Аргентинците ја презедоа иницијативата и имаа супер прилика да дојдат до израмнување, но до него не дојдоа. Шпанија два пати ...

Дали планетата ќе добие нов фудбалски владетел или светскиот трофеј ќе остане во рацете на актуелниот шампион? Одговорот пристигнува вечерва од 21:00 часот, кога во епско финале ќе се судрат европскиот првак Шпанија и бранителот на светската круна, Аргентина. Предводени од Лионел Меси, „гаучосите“ бркаат историја – сакаат да станат дури третата репрезентација во историјата која успеала да ја одбрани титулата. За Меси, ова е последна и ...

Претседателот Володимир Зеленски во говорот во неделата објави дека очекува „клучни разговори“ во понеделник за стратегија за завршување на војната под услови прифатливи за Украина. Соопштението доаѓа по викендот обележан со обемни консултации со искусни воени команданти, вклучувајќи ги Михаило Драпати, Володимир Хорбатјук и Олех Апостол, за да се процени ситуацијата на фронтот и идните воени операции. Во своето вечерно видео обраќање во ...

Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија во Гостивар, прогласи епидемија на подрачјето на Општина Гостивар поради нагло зголемениот број на заболени од гастроентеритис и надминување на епидемиолошкиот праг на неделно ниво. Епидемиологот Зорица Зафировска информираше дека во изминатиот период значително е зголемен бројот на пациенти кои побарале лекарска помош. „На Инфективното одделение се прегледани 204 пациенти, од ...

Од Владата брифираат дека од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно ја следи состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде изминатите денови повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради стомачни тегоби. Како интервентна мерка, Владата донела одлука од денеска и во наредните неколку дена да обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за жителите на Гостивар, со цел да се ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска повика надлежните институции темелно да го истражат случајот со труењето на повеќе од 1.200 жители на Гостивар. Од партијата посочуваат дека одговорноста ја лоцираат кај локалната власт во Општина Гостивар, составена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. „Очекуваме случајот целосно да биде расчистен и секој што со своите постапки го довел во опасност здравјето на граѓаните да одговара согласно закон. Според ...

На територијата на општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Според неговите изјави, во комуникација со Центарот за јавно здравје од Тетово денеска ќе се донесе и официјалната одлука за пријавување на епидемијата, што ќе овозможи подобра комуникација и координација на сите надлежни институции во справувањето ...

Почина 70-годишен жител на Струмица. Според пријавата, тој се здобил со повреди при пожар во неговиот дом во Струмица, од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил три дена пред да се здобие со повредите. „На 18.07.2026 во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица, кој, според пријавеното, бил примен со повреди здобиени ...

Во првата половина од 2026 година, Македонската берза оствари 2,12 милијарди денари промет преку класично тргување, (34,5 милиони евра. Но, според извештајот на полугодието, активноста на пазарот е значително намалена – прометот е за 31,34% понизок во споредба со истиот период минатата година. Во периодот јануари–јуни 2026 година биле реализирани 8.641 трансакции, што претставува пад од 25,66% во однос на првите шест месеци од 2025 година. ...

Најголемите социјални мрежи на технолошкиот гигант „Мета“, Фејсбук и Инстаграм, утрово се соочија со глобален проблем, односно имаа прекин во работата, оставајќи милиони корисници низ светот без можност за пристап. Техничките проблеми ненадејно почнаа во 10 часот по македонско време, а корисниците во Македонија не можеа да се вклучат во десктоп верзијата, додека на мобилните апликации немаа проблем. Според статистиката на Ројтерс, пријавите ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32