Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите. – Денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски. Тој ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, по повод пуштање во употреба на комплетно реновираното одделение за трауматологија. – Посебно ми е драго што сме тука, бидејќи додека траат разговорите за нови клинички болници не смееме да заборавиме на постојните. Оваа зграда на хируршката клиника ...

На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од ...

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21:00 часот, во црквата ...

Клиничката болница – Штип ги извести сите болници и здравствени домови од Источниот регион во наредните денови да не ги упатуваат пациентите со скршеници на Одделението за ортопедија, поради сериозните оштетувања што ги предизвика силното невреме. Од болницата соопштија дека елементарната непогода нанела значителна штета на Одделот за ортопедија и на ортопедската операциона сала, поради што во моментот не може да се обезбеди соодветен третман ...

Десет мажи кои претходно биле киднапирани се пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Закатекас. Меѓу жртвите се поранешен градоначалник, двајца градски службеници, вклучувајќи пожарникар, и неколку локални претприемачи. Најстрашната сцена беше откриена во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што пет полуголи тела со траги од мачење висеа од локалниот мост. Четири тела беа оставени на влезот во градот Морелос, а ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил онлајн-средба со директорот на Директоратот за соседство и проширување при Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговарало за реформските закони и обврските што државата треба да ги исполни до декември годинава во рамки на евроинтеграцискиот процес. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека Владата продолжува со исполнување на реформската агенда и дека најголемиот дел ...

Управувачкиот комитет за кризни состојби денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат и усвојуваат плановите за повторно ставање во функција на водоводниот систем во Гостивар. Ова го соопштија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на реконструираното Одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека за време на вчерашното силно невреме биле измерени исклучително високи удари на ветер, кои на одредени локации се доближиле до историските рекордни вредности. Според податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на повеќе места во земјава биле регистрирани оркански удари со брзина поголема од 130 километри на час. Од УХМР информираат дека од вкупно 47 мерни места ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Како што вели, Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. „Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ...

СДСМ побара политичка одговорност поради масовното труење на граѓаните во Гостивар, оценувајќи дека здравствените институции целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје. Од партијата побараа оставки од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, како и од одговорните лица во локалните центри за јавно здравје. На ...

Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во две скопски болници по силното невреме што вчера го зафати главниот град. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ биле згрижени уште 11 лица. Директорот на „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, информираше дека двајца пациенти се задржани на болничко лекување, а останатите биле третирани поради ...

Вкупно 11 пациенти биле итно примени во Ургентниот хируршки центар со повреди здобиени за време на невремето. Според информациите што за МИА ги потврди директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди, додека осуммина поминале со полесни повреди. Поради сериозноста на состојбата, дел од пациентите се задржани на болничко лекување: На Клиниката за неврохирургија е хоспитализирана пациентка која ...

За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период. -Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му достави на Конгресот на одобрување договор со Саудиска Арабија за споделување нуклеарна технологија, за кој американските медиуми наведуваат дека не содржи заштитни мерки за да се спречи нејзина употреба во програми за развој на нуклеарно оружје. Станува збор за документ познат како Договор според член 123 од американскиот Закон за атомска енергија, кој минатата година ...

Во Музејот на град Скопје денеска свечено беше откриен споменик на Махатма Ганди, духовниот водач на индиската борба за независност и една од највлијателните личности во светската историја. Настанот се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. На церемонијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, индиската претседателка Драупади Мурму и градоначалникот на ...

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, на 21 јули му изјави на Конгресот дека војната со Иран досега ги чинела Соединетите Американски Држави 37,5 милијарди долари, во споредба со речиси 29 милијарди долари колку што беше проценето во средината на мај. Тој го бранеше барањето на Пентагон за околу 67 милијарди долари дополнителни средства. Сведочејќи пред Комитетот за буџетски распределби на Сенатот, Хегсет и генералот Ден Кејн, ...

Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...

Кејли Хотл, актерката со оштетен слух, можеби најпозната по улогата на Џија во филмовите „Годзила против Конг“, трагично загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Мериленд на 18-годишна возраст. Фаталната несреќа со едно возило се случи вчера утрото, кога автомобилот излетал од патот и удрил во канал. Нејзиниот татко Џошуа ја потврди веста за нејзината смрт во видеопорака на Фејсбук. Видеото е снимено на американски ...

Силното невреме го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“. Од менаџментот на центарот информираат дека причинета е голема материјална штета. „Поради невремето кое што во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција. Благодариме за разбирањето“, велат од таму. Силното невреме го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“. Од менаџментот ...

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по невремето со силен ветер и дожд што ја зафати територијата на државата По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера се обрати на Македонско-индискиот бизнис-форум, кој се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. „Официјалната посета на претседателката Драупади Мурму претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу нашите земји да го претвориме во конкретна економска соработка, нови инвестиции и ...

Овен Ќе имате многу енергија и желба да завршите повеќе обврски одеднаш. Внимавајте да не реагирате пребрзо во разговорите. Во љубовта можен е искрен разговор кој ќе расчисти недоразбирања. Бик Ќе се фокусирате на стабилноста и решавањето на практични прашања. Финансиските одлуки носете ги внимателно. Во љубовта ве очекува пријатен момент со блиска личност. Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Денот е поволен за разговори, нови ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

Скопјани во голем број побарале помош и пријавиле последици од силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Од Центарот за управување со кризи информираат дека за само четири часа на Единствениот број за итни случаи 112 биле примени повеќе од 8.300 повици. Од 17:00 до 21:00 часот операторите на 112 работеле со полн капацитет, а поради огромниот број јавувања биле ангажирани и дополнителни смени уште во првиот час по почетокот на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

13ᴼ / 9ᴼ
2.57
59%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
52%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
54%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
50%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
67%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58