Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека Дедо Мраз пристигнал на плоштадот Македонија со полни раце подароци. Како што вели, новогодишната бајка започнала. „Денес, со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија. Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња. Ви благодарам што ...
Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје. Таа ...
Територијалната противпожарна единица од Кавадарци денеска интервенираше при извлекување на безживотно тело на жител од градот, кој трагично го загубил животот по пад од карпа висока околу 150 метри, при лов. Како што информираат од ТППЕ Кавадарци, по добиеното барање за помош веднаш била организирана интервенција со пет пожарникари, кои на терен излегле со специјализирана опрема за работа на височина, односно алпинистичка опрема. Во ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор. На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2. Според досегашните податоци ...
Овен Месечината е во вашиот знак, пумпајќи ве со огромна доза на адреналин, но чувствувате отпор од планетите во вашиот кариерен сектор. Денес, светот се чини дека се движи премногу бавно за ваш вкус. Наместо да се судирате со затворени врати, искористете ја моќната енергија на Марс за да ги отфрлите најтешките задачи од вашата листа. Навечер, тензијата ќе се намали ако сте биле физички активни. Бик Оваа сабота е време за стратешко ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Следува период на стабилно и студено ...
Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов истакнаа јасни пораки за појавата на т.н. „плата во плико“. Ристески порача дека исплатата на плата во плико претставува кривично дело и ги повика граѓаните и работниците да ги пријавуваат ваквите случаи, нагласувајќи дека Владата нема да штити ниту еден работодавач што го прекршува ...
Вечерашното издание на емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 послужи како платформа за дебата за иднината на минималната плата во државата. Во дискусијата учествуваа заменик-министерот за економија Марјан Ристески, синдикалците Слободан Трендафилов и Благоја Ралповски, како и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Учесниците потсетија на патот на Законот за минимална плата, кој од неговото донесување во 2011 година, претрпе клучни измени ...
Во дебатата на ТВ21, претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, изнесе контроверзни ставови околу минималната плата и потрошувачката кошница, нагласувајќи дека човечките потреби се „релативна работа“. Димитров направи споредба меѓу работниците и пензионерите, посочувајќи дека и оние со најниски примања успеваат да преживеат. Според него, сумата од 24.400 денари ретко кој ја зема како чист износ бидејќи во ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека дебатата за минимална плата од 500 евра е веќе надмината и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра. „Се бориме за зголемување на минималната плата и гледам дека постои одредено расположение за тоа. Како ССМ ова го правиме од почетокот на годината и сме подготвени и на протести и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна поддршка на заклучоците на Советот за справување со аерозагадувањето и најави итна средба со премиерот и заменик-министерката за животна средина. Ѓорѓиевски смета дека Цементарница Усје не е единствен проблем, туку дека сите индустриски погони како тие во Железара, фабриките за кабли и одредени отпади мора постепено да се изместат од централното градско подрачје. Инспекциите веќе ...
ТВ21 имаше увид во драфт-планот за тоа како се предвидува коалицијата ВЛЕН да се трансформира во единствена политичка партија со име Демократска унија на Албанците ВЛЕН, која ќе биде регистрирана како политичка организација во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Според документот, ова име веќе постои како правна опција и се предвидува или основање на нова партија со тоа име, или промена на името на една од постојните партии ...
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, истакна дека приоритет на Владата е стабилизирање и подобрување на економската состојба, како основа за раст на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Одговарајќи на прашањето зошто минималната плата не била ставена како посебна точка на дневен ред на Економско-социјалниот совет, Ристески нагласи дека Советот секогаш имал ...
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, гостувајќи во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, изјави дека во Македонија постојат сектори кои имаат економски капацитет веднаш да ја зголемат минималната плата, но предупреди дека ваквата мерка би била проблематична за дејностите каде што просечната плата е под 600 евра. Според Димитров, токму кај посилните и поконкурентни сектори нема пречки за раст на најниските примања, поради што тој ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Флорида во недела за да разговараат за територијалните прашања, што е главна пречка во мировните преговори, додека мировниот план од 20 точки и договорот за гаранција за безбедност се приближуваат кон финализирање. Објавувајќи го договорот, Зеленски рече дека „многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, додека Вашингтон продолжува со ...
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои ...
Осум лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија во џамија во сирискиот град Хомс. Експлозијата се случила за време на петочната молитва во џамијата Имам Али ибн Аби Талиб во населбата Вади ал-Дахаб, објави АП. Извор од безбедносните структури на земјата изјави за сириската новинска агенција САНА дека првичните истраги покажале дека експлозивите детонирале во џамијата. Властите трагаат по сторителите на нападот, а околу џамијата е поставен ...
Наградата на осмото издание „Гран при – Best of the Best“ за 2025 година ја освои пејачката Бесјана Касами, позната под уметничкото име Биг Мама. Оваа награда од културно-уметничкиот спектакл што го организира Телевизија 21, Биг Мама ја нарече најубавиот подарок за оваа година. „За крајот на годината ова може да биде најубавиот подарок и најголемата мотивација што може да му се даде на еден уметник, затоа сум многу благодарна“, истакна ...
Поранешни работници во земјите од Блискиот Исток како цивилен персонал, кои служеле во американските бази за време на војните во Ирак и Авганистан, протестираа пред Управата за јавни приходи во Куманово. Тие потпишаа петиција со која го оспоруваат данокот што УЈП им го пресметала за 2020 година, врз основа на нивните приходи од неколку стотици илјади долари. „Не бегаме од даноци, но нема да прифатиме неправда и уцени од УЈП, по пет години да ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во годишното обраќање до јавноста на крајот од 2025 година, упати јасен и недвосмислен апел до Собранието и Судскиот совет итно да постапат и да се изберат нови уставни судии, предупредувајќи дека Судот работи во услови на намален број на судии, и покрај зголемениот обем и чувствителност на предметите. Тој оцени дека Уставниот суд ја заокружува 2025 година како ефикасна и транспарентна ...
Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, по извршениот надзор ги донесе следните заклучоци: Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, Комисијата за стручен надзор заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во областа на здравството за претстојната година. Поконкретно тој се осврна на петте столба на кои се базира здравствениот систем, во однос на инфраструктура, нова опрема, дигитализација, законска регулатива и човечки ресурси со кои ...
По бројни поплаки од пациентите, Фондот за здравствено осигурување и Управата за јавни приходи извршија заеднички контроли во 49 приватни гинеколошки ординации низ целата држава. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ова е прва ваква акција од 2012 година и истата не била реализирана 13 години. Резултатите од контролите потврдија распространета даночна евазија и финансиска штета врз пациентките, што ...
И после 1. јануари 2026 година ќе важи повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградените станови, откако денеска Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност. Согласно измените, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од пет години по изградата, се продолжува од 1. јануари ...
Ќе биде многу сериозна криза во земјава идната година, оваа беше тешка, но 2026 ќе биде уште потешка година, предупреди претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче на брифинг со новинарите. И покрај задолженоста, тој рече дека Владата планира нови задолжувања, ќе има пораст на цените, а стагнирање на платите, што ќе придонесе граѓаните да живеат уште посиромашно. „Мислам дека ќе има многу кризна година, ќе следи година во која што ќе ...
До доцна во ноќта, по 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град. „Да заклучам дека ги донесовме заклучоците и ви честитам на успешната заедничка работа“, изјави Даме Димитровски, претседателот на Советот на Град Скопје. „Јас сакам да ви честитам на заклучоците и да ве информирам дека откако ќе ги добиеме официјално материјалите како ...
Продавачите на „Женскиот пазар“ во Тетово добиле известување од Муфтиството на Тетово дека во рок од една недела треба да го напуштат просторот. Ова ги револтирало, бидејќи велат дека веќе 30 години продаваат тука и со оваа работа ги издржуваат своите семејства. Покрај тоа, дадениот рок е многу краток, бидејќи имаат инвестирано во робата што ја продаваат, а сега таа ќе им остане непродадена. Бараат од Муфтиството да најде решение или да им се ...
Директорката на УЈП Елена Петрова, кажа дека согласно 30 ноември годинава, во по основ на даноци и придонеси во државниот буџет се собрани 3,97 милиони евра, или повеќе од 268 милиони евра во однос на истиот период лани. Петрова инфомираше дека има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година. -Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат ...