Словенечките планински спасувачи утрово ја продолжија својата акција под врвот Тоско во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари. Едниот од нив беше пронајден синоќа во безживотна состојба, а телата на останатите двајца планинаери се пронајдени денеска, за жал во безживотна состојба. Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар и неговиот хрватски колега Давор Божиновиќ пристигнаа во одредот за ...

Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 ...

Пронајденото безживотно тело, пријавено во петокот во полицијата во Љубљана, е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално, лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршија увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е утврдена. Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ...

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше ...

Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од ...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го воведе напредниот линеарен акцелератор кој е целосно интегриран за изведување на радиотерапија и радиохирургија. TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином, како што се: тумори на белите дробови, абдоменот, главата и вратот, мозокот и дојката. Проф. д-р Дева Петрова, специјалист по ...

Во координираната меѓународна операција OPSON XIV, која ја спроведе Европол, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Европската комисија, како и агенции за спроведување на законот од 31 земја, вклучувајќи партнери од приватниот сектор, запленети се повеќе од 11.500 тони храна и 1,4 милиони литри пијалоци со сомнително потекло и квалитет, а вкупната вредност на запленетите производи се проценува на околу 95 милиони евра. За време на ...

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а долж повардарието засилен до силен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. T=12°C. P=978hPa. U=85%. V=5m/s. До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понудата на рускиот претседател Владимир Путин за одржување ограничувања на распореденото стратешко нуклеарно оружје „звучи како добра идеја“. Путин минатиот месец понуди доброволно да ги задржи ограничувањата за големината на рускиот нуклеарен арсенал утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година, доколку САД го сторат истото. „Ми звучи како добра идеја“, им рече Трамп на новинарите додека ...

ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF). Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот ...

Аеродромот во норвешката престолнина Осло привремено ги прекина слетувањата рано утрово по пријава за видување дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција NTB. Неколку дојдовни летови беа одложени или пренасочени откако полицијата доби пријава околу полноќ дека пилот на „Норвешката авиокомпанија“ мислел дека видел од три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот, објави норвешки новински медиум, повикувајќи се на ...

Вчера наутро, снежна лавина го погоди врвот Тоска во Јулиските Алпи, закопувајќи тројца хрватски планинари. За време на тешкото пребарување и спасување, еден алпинист беше пронајден без знаци на живот, додека по двајца други сè уште се трага. Потрагата беше прекината подоцна во текот на денот поради исклучително опасни услови, објавува 24ur.com. „Горе има околу половина метар снег, што не звучи како многу, но е опасно за лавина и за жал ова се ...

Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Крушево – 10 литри на метар квадратен. После Крушево, следува Претор со осум, Битола со четири литри на метар квадратен. Утрово најстудено беше во Берово и во Крива Паланка, каде беа измерени осум степени, додека најтопло беше во Демир Капија со 13 степени. Времето денска ќе биде врнежливо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 ...

Од ЈП Водовод и канализација се огласија по повод вчерашниот голем дефект во Влае, кога дел од Скопје остана без вода, додека дел од населбите и утрово имаа проблем со притисок. Од таму велат дека дефектот е решен и дека постепено се стабилизира. „Ве известуваме дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите ...

Овен Супер Месечината во вашиот знак ве прави магнет за внимание денес! Ова е ваш ден да го преиспитате вашиот идентитет и да донесете смели одлуки за личноста во која се претворате. Енергијата е експлозивна, но внимавајте да не ја насочите погрешно – изберете асертивна комуникација наместо импулсивна реакција. Нешто важно за вас доаѓа до кулминација. Бик Партнерствата се под лупа денес, а интензитетот на енергијата на Шкорпија бара искреност ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 ...

Ролан Лескир, близок сојузник на францускиот претседател Емануел Макрон, е именуван за нов министер за финансии во новата влада предводена од премиерот Себастијан Лекорну, објави Елисејската палата во неделата. Поранешниот министер за финансии Бруно Ле Мер е именуван за министер за одбрана. Неколку клучни министри ги задржаа своите позиции, вклучувајќи го Жан-Ноел Баро како министер за надворешни работи, Бруно Рејло како министер за внатрешни ...

Стотици алпинисти заглавени во метеж во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет се спасени од спасувачите, објавија кинеските државни медиуми во неделата, додека невообичаено обилни врнежи од снег и дожд ги погодија Хималаите. Во недела, 350 планинари стигнаа до градот Куданга, додека комуникацијата со преостанатите повеќе од 200 планинари беше воспоставена, објави CCTV. Посетителите на оддалечената долина Карма, која води до ...

Хрватските планинари кои загинаа во лавина во неделата на планината Тошч во словенечките Јулиски Алпи, од кои еден беше пронајден мртов, а другите кои оттогаш се спуштија во Покљука, се од Сплит и околината, потврди за Хина во неделата Боштјан Репинц од Полициската управа Крањ. „Станува збор за хрватски планинари од Сплит и околните градови, вклучувајќи ги Солин, Каштел Суќурац и Жрновница“, рече Репинц. Претходно, луѓето кои беа дежурни во ...

Израелското Министерство за надворешни работи во неделата остро ги отфрли обвинувањата дека шведската активистка Грета Тунберг и другите пропалестински активисти биле малтретирани во притвор, нарекувајќи ги нивните изјави „бесрамни лаги“. Но, израелскиот екстремно десничарски министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир, рече дека е „горд што ги третираме „активистите на флотилата“ како поддржувачи на тероризмот“. „Сите оние кои го поддржуваат ...

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток испрати порака до СДС со цел, како што рече, да извлечат поука од погрешните политики во минатото. „Да испратиме порака и до нашиот политички противник за да извлече поука за ...

На Меѓународниот карате турнир „Вогошча опен“ во Сараево, Босна и Херцеговина, карате клубот Кеикс освои дури 7 медали – 3 златни, 1 сребрен и 3 борнзени со 11 натпреварувачи. Медалите ги освоија:. 1.Векас Куртановиќ – сениори -75 кг, златен медал 2.Дарин Куртановиѓ – јуниори -68 кг, златен медал 3.Мерван Мемеди – кадети -57 кг, златен медал 4.Еда Карисиќ- У-12, сребрен медал 5.Дарис Растодер – кадети -53 кг, бронзен медал 6.Адна Фејзиќ – У-14, ...

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална штета се ...

Откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“, а преку АКМИС-системот кривичниот предмет е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска, се постапува прашањето колку овој судски процес ќе трае. Познавачите на областа, но и јавноста се скептични. Со оглед на големиот број на оштетени лица, кои треба да дадат исказ во самата постапка, па потоа обемното обвинение напишано на стотици страници, никој не ...

Ова беше моментот кога судијата Пларент Салиу досуди пенал за Брера на натпреварот против Башкими. Се виде дека контактот беше многу мал и недоволен за да се досуди пенал, па ВАР-собата го повика судијата да ја прегледа снимката во забавена снимка, но Салиу остана на својата одлука дека имало прекршок во шеснаесетникот. Од белата точка домаќините постигнаа гол за израмнување на 1-1, резултат со кој заврши натпреварот. Дека Кумановци беа оштетени ...

Ценовен рекорд на биткоинот од 125.000 долари. Според Сашо Дракуловски од ВЕГА Фондови ова е поттикнато од три главни двигатели. Тоа се: силни приливи од берзанските ЕТФ – фондови кои директно купуваат биткоин за своите портфолија, поголема регулаторна извесност во ЕУ и САД што го намалува перцепираниот ризик како и вклучување на конзервативни европски банки кои почнуваат да ја нудат услугата за купување/продажба, а и самите тргуваат со ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот ...

Протестите во центарот на Тбилиси ескалираа во судири синоќа кога демонстрантите упаднаа во дворот на претседателската палата Орбелиани откако владејачката партија прогласи победа на локалните избори. Неколку десетици демонстранти влегоа во комплексот на палатата пред полицијата да употреби солзавец за да ги растера. И покрај ова, демонстрантите постојано се обидуваа да го пробијат комплексот, што го натера Министерството за внатрешни работи да ...

Тројца хрватски планинари беа затрупани од лавина на планината Тошч во Јулиските Алпи, потврди Словенечкото здружение за спасување на планината. Операцијата за спасување е во тек. Поради лошите временски услови, спасувањето со хеликоптер во моментов не е можно. Полициската управа Крањ изјави дека група од седум лица тргнала на планината, од кои четворица останале во Водников дом во Вело Поље, а тројца се упатиле понатаму кон Тошч. Лавината била ...

Активистите опишуваат злоупотреба откако Израел пресретна флотила за помош за Газа, приведувајќи околу 450 лица. Неколку меѓународни активисти депортирани од Израел откако се придружија на флотилата за помош за Газа ги обвинија израелските сили за злоупотреба на климатската активистка Грета Тунберг, објави Ал Џезира. Турските власти потврдија дека 137 депортирани лица пристигнале во Истанбул во саботата, вклучувајќи 36 турски државјани, како и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
82%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.42
94%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.26
92%
1020
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
73%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60216

Currency

1.26054