Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побарал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата ...
Забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево и понатаму останува на сила, иако првата анализа на примерокот земен по воведувањето на мерката покажала дека водата е бактериолошки исправна. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп велат дека забраната ќе биде укината дури откако и преостанатите два последователни примероци ќе ги потврдат истите резултати, што се очекува најрано до вторник. Во меѓувреме, граѓаните и понатаму треба да ...
На 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село ...
Утрово на граничниот премин „Богородица“ имало зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата било околу два часа, соопшти АМСМ. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чекало околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, но интензитетот е зголемен. Од АМСМ апелираат возачите да бидат внимателни и да ја ...
♈ Овен Денот носи многу енергија и можности за нов почеток. На работното место ќе бидете полни со идеи, но внимавајте да не реагирате импулсивно. Во љубовта, искрен разговор ќе реши недоразбирање. ♉ Бик Ќе почувствувате потреба за мир и стабилност. Финансиските прашања конечно ќе почнат да се движат во посакуваната насока. Вечерта е идеална за дружење со семејството. ♊ Близнаци Вашата комуникација ќе биде најсилното оружје денес. Можно е да ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 ...
Граѓаните на Гостивар се очекува до крајот на оваа недела да добијат техничка вода, додека водата за пиење би требало да биде достапна кон крајот на следната седмица. Ова го најави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, повикувајќи се на информациите од експертските тимови кои работат на терен. Во гостување во Дневникот на ТВ Сител, Андоновска информираше дека ИЈЗ во изминатите денови двапати извршил земање ...
Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје. При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на ...
САД извршија ракетни напади врз повеќе воени цели низ Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави „сериозна воена казна“ за Техеран и јеменското движење Хути поради нападите врз бродови во Црвеното Море. Само две недели по пропаѓањето на привременото примирје, конфликтот повторно ескалираше. Иранските вооружени сили соопштија дека возвратиле со напади врз американски воени бази во неколку соседни арапски земји, а истовремено ...
Европската комисија утврди дека платформата TikTok не обезбедила соодветна заштита на приватноста на детските профили, дозволувајќи возрасни корисници да имаат пристап до профилите на малолетници. Според Брисел, ваквите пропусти ги изложиле децата на ризици како што се сајбер-малтретирање, несакани контакти и потенцијално предаторско однесување. Ова е најновата во низата постапки што Европската унија ги води против големите технолошки ...
Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат. Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката. Судот го отфрли предлогот на Специјалното обвинителство за конфискација на непријавен имот во вредност ...
Државјанка на Македонија, 46-годишна С.С. е уапсена во Црна Гора откако, според неофицијални информации од полицијата до Вијести, намерно го прегазила кучето на својот сопственик со својот автомобил. Инцидентот е пријавен во полицијата во Улцињ денес околу 16 часот. „Полицијата го пронајде возилото и ја идентификуваше возачката, државјанка на Македонија“, соопшти полицијата. Додадоа дека е во тек нејзин притвор во полициската станица во ...
Тензиите на Блискиот Исток дополнително се заострија откако американските сили, според извештаите, тринаесетта ноќ по ред извршиле напади врз цели во Иран, а Техеран возвратил со удари врз американски објекти во Кувајт и Јордан. Во екот на конфликтот, началникот на Здружениот воен штаб на Иран најави жестока одмазда. Командантот на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, генерал-мајор Абдолахи, изјави дека „за секој загинат ирански маченик, еден ...
Одложено е впишувањето на охридскиот регион како светско наследство во опасност. Ова е одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО кој се одржа во јужнокорејскиот град Бусан со што Македонија и Албанија добија дополнителни 5 години за спроведување на препораките за заштита на природното и културно наследство. „Охридскиот регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на ...
Министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, на денешната средба со амбасадорот на Република Косово, г. Флориан Ќехаја, презентираше нов пристап кон иднината на Охридскиот договор, со фокус на младите, иновациите, вештачката интелигенција и социјалната инклузивност. Ферати истакна дека 25 години по Охридскиот договор, институциите не треба да останат само на симболика, туку да создаваат конкретни, мерливи и развојни иницијативи кои ќе ...
Со 67 гласови За и 13 против Собранието го избра Зулфиќар Зејнула за министер без ресор. Изборот на Зејнула беше одвоен од другите членови на владиниот кабинет поради тоа што со него заедно реконструкцијата на Владата ќе го надминеше прагот од една третина од владиниот кабинет, по што ќе мораше да се примени процедури како за избор на нова Влада. Премиерот Христијан Мицкоски образложувајќи го предлогот за избор на Зејнула рече дека зрелоста ...
Необична временска појава денеска е забележана на Шар Планина. На 24 јули, на највисоките делови над Попова Шапка падна снег, што претставува ретка глетка за овој период од годината. Информацијата ја сподели метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи, истакнувајќи дека неговите прогнози за оваа појава се оствариле. „Верувале или не: Денес, на 24 јули, на Шар Планина, над Попова Шапка, врне снег. Моите прогнози се остварија“, напиша ...
Времето денеска донесе вистинско изненадување на планината Баба. На врвот Пелистер, на 2.601 метар надморска височина, падна снег, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“. Од установата посочуваат дека поради наглото заладување и ниските температури, дождот преминал во снег, уште еднаш потврдувајќи дека Пелистер, познат како крал на македонските планини, знае да биде непредвидлив и моќен дури и во средината на летото. Фотографијата од ...
Комуникацијата со земјите членки на Европската Унија, европските институции и со Бугарија е континуирана, уверува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Сепак, деталите од разговорите не се објавуваат јавно, со цел да не се наруши процесот, бидејќи, како што рече, јавните преговори не би довеле до посакувано решение. „Немаме друга алтернатива освен да бараме решение“, изјави Муцунски, притоа нагласувајќи дека нема да се прават ...
Во гостиварската болница бројот на пациенти кои бараат медицинска помош бележи значително намалување. Според директорот на болницата, околу 117 пациенти се јавиле за да примат терапија по труењето од водата. Сите пациенти имаат исти симптоми: температура, дијареја, повраќање и општа телесна слабост. „Бројот на пациенти продолжува да се намалува. На 23.07.2026 година, на Инфективното одделение имавме околу 82 нови пациенти. На Педијатриското ...
СДСМ ја обвинува Владата дека не успеала да обезбеди безбедна вода за пиење, посочувајќи ги случаите во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево. Симона Цветановски од СДСМ побара да бидат објавени анализите на водата, истрага и одговорност за надлежните институции, како и оставки од министерот за здравство и раководителите на Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство. „За само неколку денови имаме четири града, со ...
По пријава за појава на непозната супстанција која преку реката Лепенец се влева директно во Вардар, градските и државните инспекциски служби веднаш излегоа на терен за да ја лоцираат причината за потенцијалното еколошко загадување. На терен веќе се ангажирани екипите на Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, а ситуацијата се следи и од воздух. „Нашите инспекциски служби реагираа без одложување. Пуштен е дрон ...
Вирусот на Западен Нил почна брзо да се шири во неколку европски земји. Според последните податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, случаи се потврдени во Италија, Грција, Шпанија, Романија и Македонија. Италија има најголем број заболени, со случаи регистрирани во 16 различни области. Во меѓувреме, во Грција се евидентирани 21 заразено лице, од кои кај повеќето има зафатеност на централниот нервен систем. Грчките ...
Жителите на Општина Пласница се предупредуваат да не ја користат водата од јавниот водоводен систем за пиење, подготовка на храна и други потреби поврзани со исхраната, откако последните лабораториски испитувања покажале дека водата не ги исполнува здравствените стандарди. Надлежните институции информираат дека водата во моментов не е безбедна за консумирање и апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките сè до добивање потврда дека ...
По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Градот Скопје организира бесплатна панорамска тура за граѓаните. Со панорамски автобус и во придружба на професионален туристички водич од Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со Скопје онакво какво што било пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите кои биле разурнати, како и ...
Граѓаните на Крушево се предупредени да не ја консумираат водата од водоводната мрежа во неколку делови од градот, откако анализите покажале дека таа е микробиолошки небезбедна. Според Центарот за јавно здравје – Прилеп, примероците земени на 20 јули потврдиле бактериолошка контаминација на водата на локалитетите „Света Петка“, „Крајпатна бензинска“, регионот „Црешово Топче“, „Старата црква“ и подрачјето под хотелот „Монтана“. По овие наоди, ...
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска соопшти дека ЕУ вовела нови рестриктивни мерки против ирански судии поради наводно кршење на човековите права. Калас изјавила дека е санкционирано и едно од водечките лица на сајбер група за која тврди дека му овозможила на режимот репресија врз информациите, пренесува Ројтерс. „Додека Техеран ја засилува внатрешната репресија, ЕУ ќе продолжи ...
Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка, објавија денес локалните медиуми. Шахабудин, кој е претседател на јужноазиската земја од април 2023 година, беше на функцијата и кога премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, беше соборена од власт во август 2024 година во протести предводени од млади, по што беше формирана привремена влада, објави Ројтерс. Во Бангладеш, функцијата претседател е во голема мера церемонијална, додека ...
По официјалните информации за загадување и неисправност на водата за пиење во водоводната мрежа во Општина Гостивар, Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) преку својата Општинска организација во Гостивар и Централниот управен одбор, итно активираше серија мерки и хуманитарни активности за заштита на здравјето на граѓаните. Со цел превенција од евентуални здравствени компликации и обезбедување елементарни услови за живот, ...