Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
23-годишен млад човек од селото Сараќино, Тетово, го загубил животот во Австрија, откако бил пријавен за исчезнат од понеделник. Тој бил пронајден мртов во езерото Факер, додека причината за смртта сè уште не е потврдена и е наредена обдукција. Според австриските медиуми, тревогата била крената откако на брегот на езерото биле пронајдени предмети што му припаѓале на исчезнатиот, што довело до голема акција за пребарување од страна на ...
И покрај тврдењата за унгарско државјанство, Никола Груевски останува државјанин на Македонија и постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашните закони и меѓународните конвенции, соопшти Министерството за правда, по објавите на унгарскиот портал „ВиСквер“ дека поранешниот премиер Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година. – Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со ...
ДУИ ја обвини Општина Тетово и мнозинството ВМРО – ВЛЕН во Советот на Општината за усвојување на програмата за управување со градежното земјиште за 2026 година, која според нив предвидува продажба на 21 парцела со над 56 илјади квадратни метри јавно земјиште. Според Линдита Алиу од ДУИ, на листата за продажба се вклучени и простори од значење за граѓаните. -На оваа листа има простори од значење за граѓаните: паркингот кај Веро, просторот кај ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска во Белата куќа ќе одржи состанок со функционери задолжени за националната безбедност, со цел да „донесе конечна одлука за договор со Иран“. Трамп во објава на платформата „Truth Social“ рече дека Иран „мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или бомба“, како и дека „Ормускиот теснец мора веднаш да биде отворен, без патарини, за неограничен бродски сообраќај, во ...
Реал Мадрид моментално можеби нема претседател, но се чини дека одлуката за идниот правец на клубот е веќе донесена. Веќе со недели нашироко се пишува за враќањето на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, а сега тој договор е и правно формализиран, пишува „Тхе Атлетик“. Иако Португалецот има уште една година договор со Бенфика, а откупната клаузула од само три милиони евра истекла на 25 мај, најновите информации велат дека неговото доаѓање во ...
Пет лица загинаа, а 34 се повредени откако автобус удрил во шест возила на автопатот И-95 во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти државната полиција. Несреќата се случила околу 2:35 часот по локално време на јужната лента од автопатот И-95 во округот Стафорд, во момент кога сообраќајот се забавувал поради работи на патот. Според првичните информации од истрагата, автобусот не успеал навреме да забави и удрил во шест возила кои се ...
Осум ученици се уапсени во Кенија поради сомнеж дека биле вмешани во подметнување пожар во женско училиште, во кој загинаа 16 ученички, соопшти полицијата. Пожарот избувнал во раните утрински часови во четвртокот во училиштето „Утумishi Girls Academy“ во градот Гилгил, околу 120 километри северозападно од главниот град Најроби. Огнот го зафатил горниот кат од ученички дом со 135 кревети на спрат. По разговори со ученици и вработени, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски го потврди своето учество на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, каде што, како што истакна, ќе слушне повеќе за новите идеи и концепти за регионот. Во врска со идејата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ и постепена интеграција на Западен Балкан, Молдавија и Украина, Мицкоски вели дека овие предлози биле споменувани и претходно во рамки на Берлинскиот процес, но сè уште не ...
Територијалната противпожарна единица во Куманово доби донација од три противпожарни возила, кои ќе ги користат кумановските пожарникари за интервенции и справување со пожари. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека претставници на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво учествувале на петдневна обука во Тирол, Австрија, каде што биле обучувани за гаснење пожари на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за суровини и полупроизводи ќе се зголеми конкурентноста на домашните компании и странските инвеститори. По отворањето на трговскиот центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија, Мицкоски посочи дека по минатогодишното усогласување од 50 проценти, сега следува дополнително усогласување од уште 20 проценти, со што вкупното ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува за време на претстојната посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта да се разговара за можни решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес на државата. Мицкоски порача дека ставот на Владата останува непроменет и дека нема да се прифатат дополнителни идентитетски отстапки во процесот на пристапување кон Европската Унија. „Ќе бараме решение кое нема да го допре достоинството на ...
Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. „Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“! Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...
Фудбалската јавност во Македонија тагува по смртта на фудбалерот Аган Асани, за чија загуба информираа од Фудбалската репрезентација на Македонија. Во објавата се наведува дека неговото заминување оставило голема болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на КФ Куманово. „Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Изразуваме искрено сочувство до семејството Асани. Аган засекогаш ќе остане во нашите ...
Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден процент во однос на последниот квартал од 2025 година, а за 2,3 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистиката, активното население во државата изнесува 797.884 лица, од кои 707.385 се вработени, а 90.499 невработени. Стапката на невработеност изнесува 11,3 проценти, додека стапката на ...
Годишниот извештај на Обединетите нации, кој документира сексуално насилство во конфликти ширум светот, за првпат ги вклучи израелските сили откако започна ова следење пред повеќе од 15 години, поради третманот на палестинските затвореници. Израел ги негира обвинувањата, пренесува АП. Извештајот од 35 страници — споделен од израелската мисија во ОН доцна во четвртокот, пред очекуваното официјално објавување во петок — наведува 77 владини и ...
СДСМ продолжува со повиците за референдум за членство во Европската Унија. Трајче Сточевски од СДСМ вели дека Владата не може да се правда со недостаток на средства за референдум, обвинувајќи дека се трошат пари за тендери и владин луксуз. Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ги штети на македонските национални интереси, прифаќајќи бугарски влијанија и ставови во политичките и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредните денови ќе одржи средба со граѓаните во врска со нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар. Тој рече дека ќе го сослуша мислењето на граѓаните и, доколку мнозинството побара пешачки премин, ќе биде подготвен проект за уреден премин. Во спротивно, ако граѓаните побараат затворање, преминот ќе биде затворен. Ѓорѓиевски додаде дека на терен ќе излезе заедно со ...
Грчките власти најавија нови мерки за забрзување на контролите и намалување на чекањата на граничните премини Евзони и Кипи, по воведувањето на новиот европски систем ЕЕС. Одлуката била донесена на работна средба во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници на институции, безбедносните служби и локалните власти. Според Гулекас, приливот на туристи и трговски ...
Населението на Јапонија во последните пет години се намалило за 2,5 проценти, покажуваат податоците од пописот објавени утрово, што претставува најголем пад откако започнаа пописите во 1920 година. Според прелиминарните резултати од пописот, кој се спроведува на секои пет години, населението на четвртата најголема економија во светот се намали на 123 милиони луѓе во 2025 година, што е за повеќе од три милиони луѓе помалку од претходниот попис ...
ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(50) и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во периодот од 2021 до 2025 година, во дел од три катастарски парцели запишани во имотен лист во државна сопственост со вкупна површина од 518 метри квадратни, првопријавениот во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице како инвеститор, ...
На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово. Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице. Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 ...
На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези. По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт. ...
Во 2025 година е регистриран пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, додека бројот на обвинети и осудени лица бележи намалување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистиката, во текот на годината биле пријавени 14.237 полнолетни сторители, што е за 6,5 проценти повеќе во однос на 2024 година. Во исто време, бројот на обвинети изнесува 6.996, а осудени се 6.371 лице, што претставува ...
Соединетите Американски Држави и Иран во четвртокот постигнале договор за продолжување на примирјето и за укинување на ограничувањата за пловидба низ Ормутскиот Теснец, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не го одобрил договорот, додека иранските државни медиуми тврдат дека тој сè уште не е финализиран. Според четири извори блиски до разговорите, договорот ...
„Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била ...
Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм, на седница одржана на 28.05.2026 година, ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година (прв рок), за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа ...
Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата стои целосно зад Романија по инцидентот во кој руски дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Руте соопшти дека разговарал со романскиот претседател Никушор Дан и изразил сочувство до повредените во инцидентот. „Го уверив во апсолутната солидарност на НАТО со Романија и изразив сочувство за повредените лица. Потврдив дека НАТО е ...
На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, турскиот државјанин Ш.А.(57), вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено ...
Ракета на компанијата „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирната рампа во Флорида за време на тестирање на моторот. Снимките од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка која го зафати објектот во Кејп Канаверал, додека компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека дошло до проблем, објави Би-Би-Си. Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ соопшти дека се случила „аномалија“ за време на тестот за палење на моторот на ...