Овен Понеделникот ви носи нова енергија и желба за иницијатива. На работното место ќе се истакнете со брзи одлуки, но внимавајте да не реагирате импулсивно. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти една дилема. Бик Фокусот ќе биде на финансиските прашања. Можно е да добиете интересна понуда или дополнителен извор на приход. Во приватниот живот, покажете повеќе разбирање кон блиска личност. Близнаци Вашата комуникација ќе биде на високо ниво. ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со ...

Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот 13-годишен фудбалер Аган Асани од КФ Куманово. Од битолскиот клуб преку социјалните мрежи изразија длабока тага поради трагичната вест и испратија порака на поддршка до најблиските на младиот спортист. „Почивај во мир, Аган“, порачаа од Пелистер, придружувајќи ја објавата со зборови на сочувство и солидарност. Спортската јавност е ...

Шкендија Арачиново е нов прволигаш, откако во баражот во Кавадарци го совлада Пелистер по подобро изведување на пенали со 7-6. Регуларниот дел заврши без победник (1-1), па патникот во Првата македонска фудбалска лига беше решен по пенал-рулетот. Херој на арачиновци беше голманот Антонио Столевски, кој со своите интервенции даде огромен придонес за историскиот успех на својот тим. Во вториот бараж, Скопје со голот на Душко Трајчевски во 88. ...

Легендарниот музичар Пол Мекартни го најави својот 19-ти соло студиски албум „The Boys Of Dungeon Lane“, проект кој претставува емотивно патување низ неговото детство во Ливерпул и раните денови на пријателството со останатите членови на „Битлси“. Дел од новиот албум е снимен во легендарното Студио 2 во „Еби Роуд“, просторот каде што беа создадени голем дел од најпознатите песни на „Битлси“. Во рамките на специјален настан за обожавателите во ...

Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на новоформираната Албанска лига, откако досегашната Алијанса за Албанците официјално го промени своето име на Петтиот партиски конгрес. „Имам чест на гласање да го ставам предлогот господинот Зијадин Села да биде претседател на Албанската лига. Кој е за? Да видиме дали има некој против? Со 713 гласа „за“, колку што денес има делегати, едногласно господинот Зијадин Села е избран за претседател ...

Гласачите во Малта ѝ доделија рекорден четврти последователен мандат на Лабуристичка партија на Малта, според прелиминарните резултати објавени во неделата. Резултатот претставува нова победа за премиерот Роберт Абела, при што првичните показатели покажуваат убедливо водство на владејачката партија. Симпатизерите на Лабуристичката партија, облечени во црвените партиски бои, прославуваа со извици „четири пати!“, откако официјалните лица во ...

Американската војска соопшти дека во саботата извршила напад врз пловен објект во источниот дел на Тихиот Океан, при што загинале три лица. Станува збор за втор ваков напад во рок од два дена. Претставници на Јужна команда на САД соопштија дека разузнавачките информации потврдиле оти бродот се движел по познати рути за трговија со дрога и бил вклучен во операции за шверц на наркотици. Според соопштението, во акцијата биле убиени тројца мажи, ...

Израел ја прошири својата копнена офанзива во Либан со најголемиот упад на либанска територија во последните 25 години, додека Хезболах – најмоќниот регионален сојузник на Иран – ги засили нападите врз северниот дел на Израел. Според израелската армија, Хезболах во текот на викендот испукал повеќе од 300 проектили кон израелските сили во Либан и кон северен Израел. Најновата ескалација го наруши кревкиот прекин на огнот, прогласен по нападите ...

Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што моментално се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни ...

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишија од слобода А.Џ.(35) од Скопје. Лицето се барало по телеграма од Основниот суд Скопје 1, за доиздржување казна затвор во траење од осум години и осум месеци, во врска со кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б од Кривичниот законик. По приведувањето, А.Џ. е предаден во ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз ...

Украина во неделата ги отфрли тврдењата на Москва дека украински дрон ја погодил нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, додека во текот на ноќта беа извршени нови напади врз руски енергетски објекти. Генералштабот на Украина соопшти дека украински беспилотни летала ја погодиле рафинеријата за нафта во Саратов, во југозападниот дел на Русија, предизвикувајќи „пожар од големи размери“. Според украинските власти, во тек е ...

Наместо декларираните 20% млечна маст, во сирењето имало само 1%, наместо млечни масти користеле палмино масло.. Агенцијата за храна и ветеринарство, при вонредни контроли во поголемите синџири на маркети, откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите. Од 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна, утврден е значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано. „Кај еден ...

Јавниот долг на земјава кој во првиот квартал од годинава е околу 10,8 милијарди евра, во 2030-тата ќе се искачи на 13,7 милијарди евра. Ова е утврдено во Стратегијата за управување со јавниот долг која помина на Влада, а која во емисијата Бизнис 21 ја кажа заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Тој вели дека се планира појак раст на Бруто-домашниот производ, па проекцијата е до 2030-тата година јавниот долг од околу 60%, да ...

„Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, која отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата. Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги ...

„Овој маратон да го наречеме Албанска лига под мотото „Лигата е жива“,“ изјави Илире Даути, соопштувајќи дека отсега нивниот политички субјект ќе го носи името Албанска лига. Воедно, зборувајќи за Алијансата за Албанците под нивно раководство, Даути рече дека таа секогаш ги отстранувала пречките и тешкотиите од патот на Албанците. Таа истакна дека на оваа политичка насока ќе ѝ претстои и ќе ја предводи Зијадин Села. Даути додаде дека ...

За првпат од своето формирање како обединета партија, ВЛЕН денеска одржува седница на Централното собрание во Маврово, која според информациите на ТВ21 се очекува да трае до вечерните часови. Главна тема на денот е најавената реконструкција на Владата. Веќе е извесно дека од извршната власт ќе заминат Фатмир Лимани и Арбен Фетаи, додека се разгледува и можноста за промени и прераспределба на ресорите меѓу коалициските партнери. За време на ...

Брзото ширење на еболата во Демократска Република Конго создаде „длабоко алармантна“ ситуација, предупреди хуманитарната медицинска организација Médecins Sans Frontières (MSF). Говорејќи две недели откако Светска здравствена организација прогласи епидемија, заменик-директорот на MSF, д-р Алан Гонзалес, изјави дека никогаш досега не биле регистрирани „толку многу случаи“ за толку краток временски период. Неговите коментари дојдоа додека ...

Денес попладне од 16:30 часот во Кавадарци и Битола ќе се одиграат двата бараж натпревари кои ќе одлучат кои екипи следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига. Најголемо внимание привлекува дуелот во Кавадарци, каде што Пелистер ќе се соочи со Шкендија Арачиново, најпријатното изненадување во Втората лига оваа сезона. Фудбалерите од Арачиново пристигнуваат со висок морал и убави спомени од Кавадарци, каде токму ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...

Откако го претстави дизајнот на новиот автомобил Југо минатата година, сопственикот на поранешната југословенска марка автомобили Југо, Александар Бјелиќ, откри нови детали на автомобилската конференција SEE Automotive во Белград. Автомобилот ќе има хибриден погон и се очекува да чини околу 12.000 евра, според медиумските извештаи. Новото Југо наводно ќе има хибриден погон со таканаречен продолжувач на домет. Се очекува моторот со внатрешно ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Македонија треба повторно да се врати на европскиот пат и оцени дека актуелната власт ја држи државата во изолација. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека граѓаните очекуваат напредок кон Европската Унија и повика на пошироко политичко обединување преку, како што рече, Фронтот за слобода и правда. „Македонија повторно ќе биде на исправниот пат кон Европа, ќе биде демократска и ...

Осум лица загинаа, меѓу кои и деветмесечно бебе, откако автобус доживеал сообраќајна несреќа и бил зафатен од пламен во неделата рано наутро во Турција. Автобусот, сопственост на компанијата „Памуккале Туризам“, удрил во заштитните огради на автопатот во провинцијата Денизли во 1:40 часот по локално време. Во него се наоѓале 38 патници и тројца членови на персоналот, кои патувале од Измир кон медитеранскиот град Анталија, пренесува АП. Во ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...

На 29.05.2026 година во 23 часот, на улица „Зеќир Чанка“ во Дебар, лишен од слобода е А.Л.(29) од Дебар. Тој претходно, на улица „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото. Тие утврдиле дека истиот немал ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...

На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала ...

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...

Светот продолжува да ја очекува реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп на предложената рамка за продолжување на сегашниот прекин на огнот со Иран, додека заканите за обновување на американските воздушни напади и поморски операции во регионот на Персискиот Залив продолжуваат. До доцните часови на 30 мај немаше официјално соопштение од Белата куќа, еден ден откако Трамп заврши состанок во Ситуациската соба во врска со можен ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
53%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.36
50%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.35
61%
1021
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
45%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 23ᴼ
1.23
74%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
45%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.61
48%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.89
49%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.09
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00