Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Нелегалниот приклучок поставен во системот за водоснабдување во Гостивар, кој се истражува во рамки на случајот со загадувањето на водата за пиење, не се наоѓал во санитарно-заштитните зони и не бил опфатен со важечката дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Директорката на Инспекторатот, Ивана Гиновска, изјави дека приклучокот бил поставен околу 800 до 900 метри подалеку од последната точка опфатена со ...
По силното невреме што попладнево го зафати главниот град, сите надлежни служби и јавни претпријатија се целосно мобилизирани и веќе интервенираат на терен. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Кризниот штаб е во постојана координација со сите релевантни институции за да се спречат поголеми штети и да се заштитат граѓаните. Екипите на Град Скопје делуваат синхронизирано со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ...
Во детското одделение во Гостивар во последните 24 часа се јавиле 65 мали пациенти, додека на инфективното одделение помош побарале вкупно 111 лица. Иако бројот на пациенти кои се јавуваат во здравствените центри е висок, епидемиологот од Центарот за јавно здравје, Зорица Зафировска, оценува дека состојбата се подобрува. „Значи, во последните 24 часа бројот почна да се намалува. На Инфективното одделение во Гостивар, во последните 24 часа, ...
Силно невреме попладнево го зафати Скопје, а силните налети на ветер предизвикаа материјална штета во централното градско подрачје. Од зграда на булевар „Партизански одреди“ бил откорнат дел од кровната конструкција. Силниот ветер проследен со дожд и грмежи предизвика проблеми на повеќе локации во главниот град, а граѓаните пријавуваат оштетувања предизвикани од невремето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), подрачјето на ...
Тројца осомничени во случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар ќе останат зад решетки во наредните 30 дена, откако Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор. Одлуката е донесена по барање на Основното јавно обвинителство, а осомничените притворот ќе го издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“. Судијката Драгослава Веселинова соопшти дека судија на претходна постапка во целост го ...
Унгарија остана без кандидат за нов претседател откако шаховската велемајсторка Јудит Полгар официјално ја одби владината номинација за наследник на разрешениот Тамаш Шуљок. Празното претседателско место настана по заминувањето на Шуљок, кој беше именуван за време на мандатот на поранешниот премиер Виктор Орбан. Неговиот мандат официјално заврши на полноќ на 20 јули, согласно уставните измени усвоени од новата владејачка партија Тиса. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тема на разговорите беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Мурму оцени дека нејзината прва посета ...
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е ...
Целосно изгоре автомобил во раните утрински часови во Скопје, а пожарот предизвикал штета и на уште две возила, како и на објект и локал во близина. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен околу 04:15 часот на улицата „Џон Кенеди“, каде што од пламен била зафатена возилото „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 34-годишно лице. Пожарот се проширил и на „Мерцедес“ и „Опел“, кои исто така биле оштетени. Од ...
Владата денеска прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар, поради состојбата со загадувањето на водата од градскиот водовод, соопштија од Владата. Кризната состојба е прогласена со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пирење во најкраток можен рок. „Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски информираше за новата состојба со загадената вода во Гостивар. Тој кажа дека продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти. Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на ...
Во време кога брзината, практичноста и дигиталните услуги стануваат клучен дел од успешното работење, безготовинските плаќања сé повеќе не се предност – туку неопходност. Денес клиентите очекуваат да можат да платат брзо, едноставно и без готовина – без разлика дали купуваат во продавница, во локално кафуле, во салон за убавина или при испорака на производ. Токму затоа, Халкбанк се приклучи на иницијативата „Вредноста на безготовинското ...
Велосипедист загина вчера по судир со патничко возило на патот Кочани – Брана Гратче, соопштија од полицијата. 65-годишниот велосипедист на лице место им подлегнал на повредите. „На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од ...
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денес се појавија пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, откако Јавното обвинителство отвори истрага за кривично дело „тешки кривични дела против животната средина и природата, предизвикани со загадување на водата за пиење“. Пред судијата се појавија в.д. директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани , ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Гостивар порача дека здравствената криза отвора сериозни прашања за навременоста на институционалната реакција и одговорноста на надлежните. „И уште една многу важна работа, а тоа е да поставиме неколку многу важни прашања, нешто за тоа што се случувало во изминатиот период и чија е одговорноста за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно како може да се спречи и дали се ...
Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит ! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К.“ се судрија во пристаништето Суда. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристигнување во пристаништето. ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до петок, под влијание на низа влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно, со повремени поројни врнежи од дожд и грмежи. На повеќе места се очекува атмосферска нестабилност, додека локално процесите ќе се претворат во краткотрајни бури, придружени со силни ветрови и изолирани појави на град. Според прогнозата, пообилни врнежи од дожд се очекуваат до петок, додека ...
Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа денеска на прес-конференција од Владата истакна дека случајот со загадувањето на водата во Гостивар е „сериозен инцидент кој го загрози здравјето на илјадници граѓани“. Тој очекува целосно да се утврдат сите факти и околности и да се утврди кривична и морална одговорност, и кажа дека снабдувањето на водата за пиење и одржувањето на системите за водоснабдување се надлежност на ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов денеска на прес-конференција во Владата истакна дка и натаму е на сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод. „Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува на сила сè додека лабораториските тестови не ја потврдат нејзината безбедност. Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата и да ги преземаме ...
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот. Кај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на ...
Јеменските Хути, кои се сојузници на Иран, во понеделник изјавија дека ќе воведат поморска блокада врз Саудиска Арабија, отворајќи потенцијален нов фронт против САД во нивната војна со Иран и зголемувајќи ја заканата за глобалните резерви на енергија и трговијата надвор од Заливот. Ескалацијата доаѓа по еден од најсмртоносните периоди во војната за американските трупи. Пентагон во понеделникот ги идентификуваше двајцата американски војници ...
Големо невреме проследено со силен ветер и дожд, синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјата. Најкритично беше во Дојран, каде што невремето предизвика за неколку паднати дрвја, кои придонесоа материјална штета. Како што информира градоначалникот Илија Тентов, нема повредени лица. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека задржале лице во полициска станица, поради тоа што управувл возило со 4,35 промили алкохол во крвта. Настанот се случил во Кочани, а лицето било од село Митрашинци, беровско. „На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле ...
Американската војска соопшти дека извршила нов бран напади врз Иран, со цел дополнително да ја ослаби нејзината способност за напад врз бродови во Ормутскиот теснец. Нападите, кои ја одбележаа десеттата ноќ по ред од воените операции, се случија откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за убиството на американски војници. Претходно, Трамп изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ, „во чест“ на ...
Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денес ќе ја пречека со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По церемонијата на пречек во претседателскиот кабинет, ќе се одржи средба „тет а тет“ меѓу двете претседателки, по што ќе следи пленарен состанок на делегациите на Македонија и Индија, како и заедничка ...
ОВЕН Љубов: Кога ќе се сретнете со вашата сакана личност, првите впечатоци лесно можат да ве измамат. Контролирајте ги вашите изливи на љубомора. Работа: Бидете внимателни и одговорни за вашите постапки, нема причина да правите избрзани потези. Здравје: Во вечерните часови ќе уживате во излегување или релаксација. БИК Љубов: Обидете се да ги разберете работите за кои вашиот партнер упорно премолчува. Некои одговори не се лесно достапни. ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до ...
Јавното обвинителство вечерва соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, поради тоа што се сомничат за тешки дела против животната средна и природата предизвикани со дејствија со тоа што ја загадиле водата за пирење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, ...
Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси не проговори по поразот од Шпанија со 1-0 во финалето на Светското првенство во неделата. 39-годишникот го напушти стадионот и не зборуваше со медиумите. Но, во понеделник, Аргентинецот го прекина молчењето објавувајќи порака на својата страница на Инстаграм. „Многу боли и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Но, со себе ги носам и сите добри работи… Натпреварите каде што ја сменивме ситуацијата ...