Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека за време на вчерашното силно невреме биле измерени исклучително високи удари на ветер, кои на одредени локации се доближиле до историските рекордни вредности. Според податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на повеќе места во земјава биле регистрирани оркански удари со брзина поголема од 130 километри на час. Од УХМР информираат дека од вкупно 47 мерни места ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Како што вели, Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. „Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ...

СДСМ побара политичка одговорност поради масовното труење на граѓаните во Гостивар, оценувајќи дека здравствените институции целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје. Од партијата побараа оставки од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, како и од одговорните лица во локалните центри за јавно здравје. На ...

Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во две скопски болници по силното невреме што вчера го зафати главниот град. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ биле згрижени уште 11 лица. Директорот на „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, информираше дека двајца пациенти се задржани на болничко лекување, а останатите биле третирани поради ...

Вкупно 11 пациенти биле итно примени во Ургентниот хируршки центар со повреди здобиени за време на невремето. Според информациите што за МИА ги потврди директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди, додека осуммина поминале со полесни повреди. Поради сериозноста на состојбата, дел од пациентите се задржани на болничко лекување: На Клиниката за неврохирургија е хоспитализирана пациентка која ...

За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период. -Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му достави на Конгресот на одобрување договор со Саудиска Арабија за споделување нуклеарна технологија, за кој американските медиуми наведуваат дека не содржи заштитни мерки за да се спречи нејзина употреба во програми за развој на нуклеарно оружје. Станува збор за документ познат како Договор според член 123 од американскиот Закон за атомска енергија, кој минатата година ...

Во Музејот на град Скопје денеска свечено беше откриен споменик на Махатма Ганди, духовниот водач на индиската борба за независност и една од највлијателните личности во светската историја. Настанот се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. На церемонијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, индиската претседателка Драупади Мурму и градоначалникот на ...

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, на 21 јули му изјави на Конгресот дека војната со Иран досега ги чинела Соединетите Американски Држави 37,5 милијарди долари, во споредба со речиси 29 милијарди долари колку што беше проценето во средината на мај. Тој го бранеше барањето на Пентагон за околу 67 милијарди долари дополнителни средства. Сведочејќи пред Комитетот за буџетски распределби на Сенатот, Хегсет и генералот Ден Кејн, ...

Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...

Кејли Хотл, актерката со оштетен слух, можеби најпозната по улогата на Џија во филмовите „Годзила против Конг“, трагично загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Мериленд на 18-годишна возраст. Фаталната несреќа со едно возило се случи вчера утрото, кога автомобилот излетал од патот и удрил во канал. Нејзиниот татко Џошуа ја потврди веста за нејзината смрт во видеопорака на Фејсбук. Видеото е снимено на американски ...

Силното невреме го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“. Од менаџментот на центарот информираат дека причинета е голема материјална штета. „Поради невремето кое што во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција. Благодариме за разбирањето“, велат од таму. Силното невреме го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“. Од менаџментот ...

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по невремето со силен ветер и дожд што ја зафати територијата на државата По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера се обрати на Македонско-индискиот бизнис-форум, кој се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. „Официјалната посета на претседателката Драупади Мурму претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу нашите земји да го претвориме во конкретна економска соработка, нови инвестиции и ...

Овен Ќе имате многу енергија и желба да завршите повеќе обврски одеднаш. Внимавајте да не реагирате пребрзо во разговорите. Во љубовта можен е искрен разговор кој ќе расчисти недоразбирања. Бик Ќе се фокусирате на стабилноста и решавањето на практични прашања. Финансиските одлуки носете ги внимателно. Во љубовта ве очекува пријатен момент со блиска личност. Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Денот е поволен за разговори, нови ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

Скопјани во голем број побарале помош и пријавиле последици од силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Од Центарот за управување со кризи информираат дека за само четири часа на Единствениот број за итни случаи 112 биле примени повеќе од 8.300 повици. Од 17:00 до 21:00 часот операторите на 112 работеле со полн капацитет, а поради огромниот број јавувања биле ангажирани и дополнителни смени уште во првиот час по почетокот на ...

Силниот ветер и поројниот дожд што попладнево го погодија Скопје оставија зад себе големи материјални штети и повредени лица. Во повеќе делови од градот се регистрирани паднати дрвја, откорнати кровови, оштетени возила и блокирани сообраќајници, додека службите интервенираат на десетици локации. Меѓу објектите што претрпеа штети е и Градската општа болница „8 Септември“, каде силниот ветер оштетил дел од кровната конструкција. Директорот на ...

По силното невреме што денеска предизвика штети во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нова нестабилна воздушна маса. Според информациите од УХМР, невремето кое моментално е над Албанија и Косово се движи кон нашата земја, а овојпат се очекува главната опасност да бидат обилните врнежи од дожд и можната појава на град. „Невремето во Албанија и Косово во моментов ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за здравство, Сашко Клековски, го посетија Гостивар за одблиску да ја следат состојбата по загадувањето на водата за пиење. Експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје започнаа со анализа на водоводната мрежа и квалитетот на водата, а се очекува да започне и хиперхлорирање на системот, со цел најнапред да се обезбеди вода за техничка употреба, а потоа и за пиење. Нови ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика и повредени граѓани, а осум лица досега побарале медицинска помош во здравствени установи. Според информациите, четири лица се пренесени во Ургентниот центар, додека четворица се згрижени во Старата градска болница, каде им е укажана потребната медицинска помош. Меѓу повредените е и повозрасна жена од населбата Џон Кенеди, врз која паднало дрво и ја погодило во пределот на главата. ...

Силно невреме проследено со олуен ветер попладнево предизвика голема материјална штета и хаос во Скопје и Куманово, а надлежните служби веќе евидентирале над 1.000 повици за помош. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Единствениот број за итни повици 112 е преоптоварен со пријави од загрижени граѓани кои пријавуваат штети од паднати дрвја, откорнати кровови и оштетени возила. Откорнати покриви од згради и училиште ...

Со лисици на рацете излезе од судот. Придружувана од полициски службеници, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, им порача на своите блиски дека е добро. „Добро сум, добро сум“, рече Артана Асани. По неа излегоа и другите двајца осомничени, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши. И нивните семејства се обидуваа да им се обратат додека тие влегуваа во полициското возило. Тројцата уапсени во истрагата за загадувањето на водата за ...

Кризата со водата за пиење во Гостивар од ден на ден се продлабочува, а високите температури дополнително им го отежнуваат животот на граѓаните. Стравувајќи од можни инфекции, жителите целосно ја избегнуваат водата од чешмите и бараат алтернативни решенија на изворите во планинските села. Анкета со граѓаните: – За што ја користите? – За автомобилот… – Се бањате ли со оваа вода? – Да, се бањаме. – Значи, за садови, за лична хигиена…? – Да, за ...

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, поради состојбата со епидемијата предизвикана од водата. „Дали Лимани има срам и дали чувствува морална одговорност за овој скандал?“ – прашува Петрушевски од владејачката партија. „Дали се срами Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, да каже дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата? Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.77
29%
1020
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
5.66
38%
1021
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
7.27
34%
1020
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
37%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
7.15
49%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
6.17
37%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.38
32%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
37%
1022
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
24%
1022
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
15.43
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Злато

141408.63

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Родиум

280515.26

Калај

56.26

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.31

Платина

55942.30

Паладиум

43178.45

Рутениум

53852.50