Трагичен случај е регистриран на мигрантската рута во близина на Гевгелија, каде што бил пронајден починат мигрант од Пакистан. Телото на 36-годишниот маж било откриено во местото „Мрзенско поле“, во атарот на селото Мрзенци. Според информациите од полицијата, на 16 јули околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на полициските службеници на локацијата, биле затекнати тројца мигранти кои ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...

ФИФА се подготвува да воведе нова американска традиција на финалето на Светското првенство 2026 година, пренесува ТВ21. Победникот на финалето меѓу Шпанија и Аргентина во недела, за првпат во историјата, ќе добие шампионски прстени кои официјално ќе ги додели ФИФА, соопшти организацијата во четвртокот. Но, како што често се случува со ФИФА, дел од овие прстени ќе бидат достапни и за јавноста. Според информациите, ќе бидат произведени вкупно ...

По појавата на зголемен број граѓани кои во изминатите десетина дена се пожалиле на стомачни проблеми, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се извршат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира преку градскиот водовод во Гостивар. Од Одделението за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје – Гостивар потврдија дека вчера била извршена вонредна контрола и биле земени примероци од четири мерни ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Владата ја продолжи кризната состојба поради ризик од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, со што се остава можност институциите навремено да реагираат доколку се појават проблеми на енергетскиот пазар. Новиот период на важност на кризната состојба ќе трае од 21 јули до 21 октомври, информираат од Владата. Одлуката, како што наведуваат надлежните, има за цел да обезбеди континуитет во преземањето мерки и да овозможи побрзо ...

Противпожарната единица на Куманово ја зајакна својата опрема со ново специјализирано возило за гасење пожари. Големокапацитетна противпожарна цистерна од Противпожарната бригада на аеродромот во Инсбрук, Австрија, официјално беше предадена на кумановските пожарникари во рамки на соработката меѓу покраината Тирол и Општина Куманово. Новото возило значително ќе ги подобри капацитетите за брза интервенција, особено при гасење шумски пожари и ...

Две лица загинаа во силното невреме што зафати повеќе департмани во Франција, соопшти денеска извор близок до властите. Во местото Сен Викториен, во департманот Горна Виена, жена загинала откако врз неа паднало дрво, додека во местото Доломје, во департманот Изер, маж бил пронајден мртов во работилница која изгорела по удар на гром, пренесува „Фигаро“. Поради бурите и опасноста од крупен град, 30 департмани во централна и источна Франција ...

Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Е.Џ од Скопје. Тој освои џекпот вреден 5.941.145 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 07.07.2026 година во Скопје. Среќната игра е 100 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 06.07.2026 до 12.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 16.287.523 денари кон ...

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше во Вашингтон на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам, каде што претставници од повеќе од 60 држави разговараа за начините за зајакнување на меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици. Конференцијата се одржа на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, а во своето обраќање ...

Две државјанки на Македонија се лишени од слобода во Црна Гора, откако се осомничени дека од златарница во Игало украле четири златни ланци, соопшти црногорската полиција. Според информациите, украдениот накит е пронајден при полициската акција и е вратен на сопствениците на златарницата. Од Одделението за безбедност во Херцег Нови соопштија дека се уапсени Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33), државјанки на Северна Македонија, поради сомнение дека ...

Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училишен автобус во источниот дел на Уганда, соопшти денеска локалната полиција. Според првичните информации, автобусот се враќал од училишна екскурзија кога возачот најверојатно ја изгубил контролата над возилото. Автобусот излетал од патот, удрил во голема карпа и се превртел. „Возачот, по сè изгледа, ја изгубил контролата над возилото, кое ...

Овен Денот носи можност за нови почетоци и решавање на работи што долго ги одложувате. Бидете внимателни со избрзани одлуки, особено на работното место. Во љубовта ве очекува искрен разговор. Бик Ќе имате потреба од повеќе мир и одмор. Не дозволувајте туѓите проблеми да ви ја нарушат рамнотежата. Финансиски можеби ќе се појави можност за мала добивка или корисна одлука. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашиот најголем адут. Можно е да добиете ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Низ Канада беснеат повеќе од 800 шумски пожари, а предупредувањата за лош квалитет на воздухот се шират кон југ, опфаќајќи и повеќе сојузни држави во Соединетите Американски Држави, пренесува денеска Би-Би-Си. Според американскиот Индекс за квалитет на воздухот, во големи делови од северните сојузни држави на САД, Мичиген и Минесота, квалитетот на воздухот е оценет како „опасен“, поради што на населението му се препорачува да остане во ...

Иран во четвртокот предупреди дека Ормускиот Теснец е недопирлива „црвена линија“, заканувајќи се дека ќе возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп го реализира предупредувањето за напади врз иранската инфраструктура. Од Техеран порачаа дека во таков случај ќе бидат погодени инфраструктурни цели низ целиот регион на Персискиот Залив. САД продолжија со воените операции и во петтата ноќ од ескалацијата, а повторно ја воспоставија ...

Нестабилна воздушна маса зафати повеќе делови од Македонија, носејќи пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на места и суградица. Според најновата информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток. Првото невреме било регистрирано во Кичево, каде во попладневните часови имало пороен дожд и грмежи. Во текот на вечерта, нестабилност се развила во планинските предели северозападно од ...

Најмалку 12.000 дополнителни смртни случаи се регистрирани во десетина европски земји за време на екстремниот топлотен бран во јуни, покажуваат податоците собрани од националните статистики. Бројката е привремена и се очекува дополнително да се зголеми со пристигнувањето на нови информации. Според анализата објавена од агенцијата Франс прес, во периодот од 22 до 28 јуни, кога топлотниот бран го достигна својот врв во повеќе европски земји, ...

Европа се соочува со нов бран разорни шумски пожари, а пожарникарските екипи во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се борат со огнените стихии кои зафатија големи површини. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека неговата земја се соочува со најголемите шумски пожари од Втората светска војна. При посетата на пожарникарите кои се обидуваат да ги стават под контрола пожарите во познатата шума Фонтенбло, јужно од Париз, ...

Украинскиот парламент го поддржа предлогот на новиот украински премиер Сергеј Корецки за именување на нов состав на Владата, јавуваат украинските медиуми. Одлуката ја поддржаа 264 пратеници, пренесува „Укринформ“. Од претходниот владин состав на функциите остануваат првиот вицепремиер и министер за енергетика Денис Шмихаљ, вицепремиерката за хуманитарна политика и министерка за култура Татјана Бережна, министерот за млади и спорт Матвиј ...

Измина рокот за донесување на Изборниот законик во Собранието кој беше дел од обврските на Реформската агенда, а со тоа Македонија изгуби и 4,2 милиони евра, пари од Европската унија. Партиите во изминатиот период не успеаја да постигнат консензус за ова прашање, а најмногу од се полемики предизвика дали е потребно воведување гласање на дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ, Левица и ДУИИ се причината зошто не се донесе Изборниот ...

Воената соработка меѓу Македонија и Германија влегува во нова фаза по посетата на Скопје, на началникот на германските вооружени сили, генерал Карстен Бројер. Двете страни го потврдија стратешкото партнерство во рамките на НАТО, со фокус на безбедноста, модернизацијата на Армијата и развојот на воените капацитети. Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна дека партнерството со Германија донело конкретни ...

Изјавата на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, дека во евиденциите на ЕУ проектот за канализација од Зајас до Кичево фигурира како завршен во 2024 година, предизвика реакција од ВЛЕН. Владејачката албанска партија бара истрага од обвинителството за, како што велат, изгубените милиони. „Бараме Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата до крај и тесно да соработуваат со европските институции. Ова е ...

Претставници на институциите пристигнаа на свеченото одбележување на почетокот на изградбата на Саат-кулата во Тетово. Околу 200.000 евра се обезбедени од Општина Коња, Турција, додека преостанатите средства треба да ги обезбеди Министерството за култура и туризам на Македонија. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека ова е првата фаза од проектот – копање на темелите на местото каде што се наоѓала Саат-кулата. Министерот за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, е задоволен од сработеното за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната и нагласува дека преку процесот што државата самостојно го води, преку билатерални преговори, веќе им се издаваат долгорочни работни визи. „Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, со Романија, во завршна фаза сме на договорот со Словенија, со Австрија и ...

Инфлацијата останува под контрола и во моментов нема потреба од нови мерки за интервенција на пазарот, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, додавајќи дека институциите постојано ја следат состојбата во соработка со Државниот пазарен инспекторат. Тој предупреди дека доколку се евидентираат девијантни однесувања или неоправдани зголемувања на цените, институциите ќе интервенираат со соодветни мерки. „Во исто време, од Државниот пазарен ...

Учесниците на петтиот Самит Украина – Југоисточна Европа, што се одржа во Киев, усвоија заедничка декларација со која ја потврдија поддршката за Украина и повторно ја осудија руската воена агресија. Киевската декларација беше потпишана од Украина и уште девет партнерски држави. Во документот се нагласува поддршката за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од почитување на меѓународното право. ...

Синоќа во СВР Скопје, маж од скопско пријави дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра. Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да ...

Новинарот Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвиненијата во случајот „Тотал“, откако јавниот обвинител се повлече од обвинението. Со оваа одлука, Кривичниот суд го одби обвинението и предметот е конечно затворен. Од Кривичниот суд информираа дека предметот, отворен во 2017 година од поранешното Специјално јавно обвинителство, а подоцна преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, неколкупати бил вратен на повторно судење поради ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
29%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
39%
1021
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.73
35%
1020
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 24ᴼ
4.63
59%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
7.15
50%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.3
34%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1022
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
24%
1022
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
8.71
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Алуминиум

3.31

Иридиум

252383.36

Родиум

280515.26

Паладиум

43178.45

Платина

55942.30

Калај

56.26

Кобалт

56.29

Злато

141408.63

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50