Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство. Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од ...

На вчерашниот натпревар помеѓу Башкими и Струга ТЛ кој заврши во корист на гостите со 0-4, имало и „трето полувреме“. За инцидентот кој се случил по завршувањето на мечот, се огласи и Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека било пријавено дека сопственикот на Башкими имал расправија со едно лице од гостинската екипа. Потоа исто така бил оштетен и автобусот на Струга ТЛ. „На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 ...

Јапонија погодена од силен земјотрес со јачина од 7,5 степени, издадено предупредување за цунами Јапонската премиерка Санае Такичи формираше итна работна група поради силниот земјотрес што ја погоди земјата. Такичи, која стана првата жена лидер во земјата во октомври минатата година, исто така го повтори повикот до жителите на погодените области да се евакуираа. „Моментално добивме извештај дека „моментално се потврдуваат човечки и ...

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови. Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен. Во Скопје, до среда ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник повика на секој можен начин за ублажување на тензиите со САД, но додаде дека претпазливоста и недовербата на Техеран кон Вашингтон се „неоспорна неопходност“, објави државната новинска агенција ИРНА. Двонеделното примирје меѓу Иран и САД истекува во среда. Претставниците на САД треба да пристигнат во Исламабад на разговори во понеделник, но Техеран сè уште официјално не потврдил дали ќе ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција најави дека е во тек на пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва онаму каде што недостасуваат амбасадори и генерални конзули. Дел од нив, вели Муцунски, поминале на владина седница. „Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е се уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за дел од нив имаме добиено одговор, и тоа е ...

Досега четворица кандидати аплицираа за наследник на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, и тие ќе бидат јавно интервјуирани оваа недела, што е прелиминарен чекор пред назначувањето на лицето кое ќе ја води организацијата. Ова е само втор пат ОН да одржува јавни интервјуа за кандидати за генерален секретар, објавува „Ле Фигаро“. Многу земји се залагаат за жена да го предводи ОН за прв пат, а Латинска Америка се стреми ...

Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,4 степени по Рихтер го погоди подрачјето покрај североисточниот брег на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. На јапонската сеизмичка скала, овој земјотрес беше регистриран како 5+ на скала од нула до 7. Епицентарот на земјотресот се наоѓа крај брегот на Санрику, на истокот од земјата, на длабочина од 10 километри, пишува Skynews . Како резултат на тоа, издадено е предупредување за цунами ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти Русија го ограничува пристапот до социјалните мрежи за да спречи немири во случај на општа мобилизација за нова голема офанзива против Украина или напад врз една од балтичките држави. Во интервју емитувано синоќа, Зеленски го објасни својот став за ситуацијата. „Руските ограничувања на социјалните медиуми не се таму за да се ограничи критиката кон шефот на државата. Според ...

Берово утрово беше најстуден град во Македонија, согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи од 8:30 часот. Во Берово утрово беше еден степен. Следуваат Лазарополе и Крива Паланка со три степени, Попова Шапка со четири, Маврово и Штип со по пет, Тетово, Претор, Струмица, Куманово, Битола и Велес со по шест степени, седум степени беа измерени во Скопје и во Прилеп, додека осум во Крушево, Виница, Кавадарци, Гевгелија и Охрид. ...

Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната ...

Американските маринци пресретнаа и заробија товарен брод под иранско знаме кој се обидел да ја пробие блокадата на САД, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Иран тврди дека САД не го заплениле нивниот брод. Инцидентот се случи откако Трамп објави дека американска делегација ќе пристигне во Пакистан во понеделник вечерта за понатамошни разговори, иако Техеран не потврди дека ќе учествува. Бродот бил предупреден да застане во ...

Овен Љубов: Имате впечаток дека вашиот партнер упорно крие одредени детали или вистината, што дополнително влијае на вашето намќоресто расположение. Работа: Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, немојте да бидете неправедни кон личност чии намери не ги знаете доволно. Здравје: Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации. Бик Љубов: Избегнувајте нов семеен или љубовен спор. Најдобро се чувствувате со личност ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен ...

Германскиот производител на храна за бебиња „Хип“ започна итно повлекување на производи откако е пронајден отров за стаорци во тегла купена во Австрија. Компанијата се сомнева во намерно труење, а слични случаи се пријавени и во Чешка и Словачка, а медиумите споменуваат и уценувачки пораки. Иако Државниот инспекторат тврди дека нема причина за посебни мерки во Хрватска, малопродажниот синџир „Спар“ во Хрватска привремено го повлече целиот ...

Румен Радев, поранешниот претседател на Бугарија издвои убедлива победа на парламентерните избори одржани денеска кај источниот сосед. Коалицијата предводена од него „Прогресивна Бугарија“ освои околу 38% од гласовите, покажуваат првичните резултати. Ваква висока поддршка за една политичка партија немало од 2009 година. „Герб“ имаше најслаб резултат од 14 до 16%. Со сличен резултат е и коалциијата „Продолжуваме со промените“ – Демократска ...

Иран одби да одржи втора рунда мировни преговори со САД, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Според агенцијата, Техеран нема да учествува во преговорите поради „претераните барања на Вашингтон, нереалните очекувања, постојаните промени во ставот, повторуваните противречности и трајната поморска блокада“. Доналд Трамп објави дека нова рунда преговори ќе се одржи утре, а делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на САД, Џ.Д. ...

Властите на државата Лузијана објавија дека осум деца биле убиени во семеен спор. Пукањето се случило во неделата околу 6 часот наутро во градот Шривпорт. Жртвите биле на возраст од 1 до 14 години. Началникот на полицијата Вејн Смит соопшти дека вкупно 10 лица биле усмртени. Челниците рекоа дека и натаму се собираат докази од местото на злосторството, кое се протега на три локации. Смит рече дека осомничениот за нападот е убиен во полициска ...

Премиерот Христијан Мицкоски не ја коментира кривичната пријава која што ја поднесе СДСМ против него до Обвинителството, после неговата изјава дека има чувство, дека набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со кривични прогони. Вели не би сакал да влијае на одлуката на Обвинителството. „Јас не би сакал со моја изјава, по ниту една основа да влијаам врз одлуката на Обвинителството,а визави ...

Намалување на цените на бензините и на дизел горивото за по 1,5 денар по литар, очекува Владата со утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека на сила останува и договорената мерка со ОКТА до крајот на месецов, со кој попустот кај дизелот е 3 денари, а кај бензините 2 денари по литар. Мицкоски потенцираше дека сме земја со најниски цени на горивата во регионот, презентирајќи споредбени ...

Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида. Меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други. „Практично да го уредиме ...

Илјадници луѓе се раселени откако пожар уништи околу 1.000 домови во крајбрежно село на островот Борнео, во малезиската држава Сабах, соопшти денес локалната противпожарна служба. Шефот на противпожарната служба Џими Лагунг изјави дека биле известени за пожарот во округот Сандакан, но дека силните ветрови и малото растојание меѓу куќите предизвикале пожарот брзо да се прошири, објави Ројтерс. Тој додаде дека друга отежнувачка околност била ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, истакна дека според извештајот на ММФ, Македонија е меѓу трите држави во Европа по презедени мерки против ценовните шокови. „Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се резултат на внатрешни политики, туку се последица на геополитичките случувања, особено кризите на Блискиот Исток и нарушувањата на светските пазари. Во вакви ...

На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него. На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР ...

Вчера, на 18ти април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните процедури, му ја доверија раководната функција на новоизбраниот претседател, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а двајца под дејство на алкохол. По двајца возачи во Скопје и Тетово (еден малолетник) и по еден возач во Велес, Делчево и Кавадарци возеле без возачка дозвола. По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило ...

Драматични сцени се појавија од Ормускиот теснец, каде што иранската морнарица отвори оган врз танкер за нафта, што го натера капетанот на бродот итно да апелира преку радио, објави Метро. Капетанот на танкерот Санмар Хералд предупреди дека на бродот претходно му е дадена дозвола за премин, молејќи ги иранските сили да му дозволат да се врати: „Ми дадовте дозвола да поминам… сега пукате. Дозволете ми да се свртам“. Според податоците за ...

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби, велат од Министерството за внатрешни ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум оствари повеќе билатерални средби. Во рамки на активностите, министерот Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и со ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Кобалт

45.39