Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека Владата останува отворена за дијалог за европските интеграции, но дека државата заслужува јасен и предвидлив пат кон Европската Унија. Според него, по 26 години на евроинтегративниот пат и бројните отстапки што ги направила земјата, граѓаните имаат право да знаат кога и под кои услови ќе заврши процесот на пристапување. „Република Македонија заслужува да ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека партијата останува подготвена за дијалог со сите политички и општествени чинители со цел да се деблокира евроинтегративниот процес на државата. Таа потсети дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побарал лидерска средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која една од главните теми била европската агенда. Дополнително, како што истакна, СДСМ до сите ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека европската интеграција останува еден од клучните приоритети на партијата и порача дека за напредок на државата е неопходен политички консензус околу евроинтегративниот процес. Таа истакна дека СДСМ и претседателот на партијата Венко Филипче повеќепати подале рака за соработка во однос на уставните измени и европската перспектива на државата. „Сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, оценувајќи го изборот како значаен успех за државата и македонската дипломатија. Според Мицкоски, земјата добила поддршка од 174 држави-членки на ОН, што, како што посочи, претставува потврда за активната и посветена дипломатска работа во изминатиот период. Тој нагласи дека ова ...
Холивудскиот актер Chris Hemsworth и неговото семејство неодамна доживеале непријатна ситуација на аеродром, откако поради забуна со пасошите не им било дозволено да се качат на меѓународен лет. Ѕвездата на филмскиот серијал Thor за инцидентот зборуваше во интервју за Harper’s Bazaar Arabia, откривајќи дека по грешка го понел пасошот на својата ќерка наместо оној на својот син. „Еднаш стигнав на аеродром и сфатив дека го имам пасошот на ќерка ...
Претставничкиот дом на САД е на пат да усвои закон со кој ќе се обезбеди дополнителна помош за Украина и ќе се воведат нови санкции против клучни сектори од руската економија, и покрај противењето на републиканските лидери кои предупредуваат дека ваквиот потег може да ги поткопа тековните преговори за постигнување посеопфатно решение. Предлог-законот, поднесен од демократскиот конгресмен Грегори Микс од Њујорк, предвидува повеќе од една ...
МЕПСО продолжува со реализација на повеќе капитални проекти насочени кон модернизација на електроенергетската инфраструктура и подобрување на сигурноста на системот, најави директорот Бурим Љатифи во интервју за ТВ21. Тој посочи дека наскоро ќе биде објавена јавна набавка за ревитализација на 110-киловолтната мрежа на потегот од Гостивар до Битола. Паралелно се реализира и проектот Милетково, како и процесот за обезбедување финансирање за нов ...
Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Северна Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од ...
Европската Унија е заглавена со прашањето за забрана на поморските услуги за руските нафтени танкери. Затворањето на Ормутскиот Теснец, молкот на сојузниците од Г7 и противењето на Грција и Малта ја направија секоја промена на политиката речиси невозможна. Официјалните претставници и дипломатите во Брисел стануваат сè попесимистични во врска со шансите за воведување целосна забрана на поморските услуги за руските танкери, бидејќи и ...
Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, оценува дека Македонскиот енергетски форум во Скопје придонесува за позиционирање на државата како регионален центар за дијалог и енергетска соработка во Западен Балкан. Во изјава за ТВ21, тој истакна дека Северна Македонија треба да ја искористи својата стратешка положба преку инвестиции во нови и постоечки енергетски врски со соседните земји. „Веќе започна изградбата на интерконекцијата Северна Македонија ...
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет по сопствена иницијатива за наодите од ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Институтот за јавно здравје. Од ДКСК соопштија дека ќе ги проверуваат наводите за можни неправилности, злоупотреба на службена положба, судир на интереси и коруптивни ризици во работењето на институцијата. Во ревизорскиот извештај се наведуваат спорни набавки на медицинска и ИТ-опрема, ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска се обрати на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот, каде ја истакна посветеноста на Владата кон реформите на пазарот на трудот, модернизацијата на трудовото законодавство и зајакнувањето на социјалниот дијалог. „Денес светот на трудот се соочува со длабоки и брзи промени. Демографските трендови, технолошкиот развој, вештачката интелигенција, климатските предизвици и ...
За првпат во Скопје се одржува Саем на книга на албански јазик. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој саем ќе стане трајна традиција која ќе расте од година во година. „Овој саем, покрај тоа што е голем културен настан, е доказ дека албанскиот јазик продолжува да живее, да создава и да се збогатува. Во исто време, тој е израз на силата на албанскиот збор, кој продолжува да ги надминува времето и границите.“, порача ...
Реформите во трудовото законодавство и усогласувањето на образовниот систем со дигиталниот пазар се главните прашања што ги презентираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Меѓународна конференција на трудот што се одржува во Женева. Таму Дурмиши го нагласи значењето на Економско-социјалниот совет како тело каде што се бара консензус за колективните договори во јавниот сектор. Според најавите, идните приоритети на ресорот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на одлуката на конгресмените во Претставничкиот дом на САД, кои гласаа за мерка со која му се упатува укор поради војната со Иран, нарекувајќи ги „непатриотски“. Во средата, Конгресот усвои мерка со која се настојува да се спречи Трамп да презема понатамошни воени дејства без одобрение. „Вчера, во едно бесмислено гласање, Претставничкиот дом со гласовите на четворица лоши републиканци и ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска објасни дека тетоважата која ја има на десната рака „88“ е поврзана со личен момент помеѓу него и сопругата. Тој ги отфрли забелешките тека истата била нацистички симбол. Ова го објаснуваше Савески на брифинг со новинарите, откако некои од нив му забележаа дека таквата тетоважа е поврзана со нацистички симбол. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска објасни дека тетоважата која ја ...
Четири лица загинаа во пад на мал авион што се случи денес околу 11:20 часот во областа Кампанож во близина на Медулин. Сите служби за итни случаи реагираа на местото на несреќата, а околностите на трагедијата сè уште се утврдуваат. Авионот бил со германски регистарски ознаки, а полетал од Австрија, со крајна дестинација во Медулин. Полицијата од Истра се огласи по повод несреќата: „Полицијата денес околу 11:20 часот добила пријава дека авион ...
Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница. По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а ...
Израел засега ќе продолжи да го напаѓа Либан и нема да се повлекува од југ, изјави во четврток министерот за одбрана Израел Кац, откако Либан и Израел се согласија на прекин на огнот, условен од прекин на нападите од страна на Хезболах. САД објавија дека Либан и Израел се согласиле да спроведат прекин на огнот по состанокот во Вашингтон меѓу либанските и израелските претставници. Но, Хезболах, поддржан од Иран, не е страна во разговорите и сè ...
Светски познатата пејачка Кети Пери ќе биде главна ѕвезда на овогодинешното издание на фестивалот „Сани Хил“ во Приштина, Косово. Организаторите на фестивалот ја објавија веста преку објава на социјалните мрежи, изразувајќи го своето возбудување за доаѓањето на едно од најголемите имиња во поп-музиката во светот. Фестивалот ќе се одржи ова лето во Приштина и се очекува да привлече илјадници посетители од регионот и пошироко. Светски ...
Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие уапсило 11 лица поради поседување или нелегална трговија на дрога. „На 03.06.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Г.С.М.(53) од Сојузна Република Германија. При контрола на кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кој го управувала, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и кесички ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел, јавува ТВ21. Меџити рече дека ова е причината зошто Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување. „Даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“, рече Меџити, кој додаде дека коалициските партнери начелно се согласиле за реконструкција на владата, но ...
Полицијата во Истра во четвртокот во 11:25 добила пријава за пад на мал авион во областа Медулин. Авионот се урнал во Кампанож, ненаселена област на административната граница меѓу Пула и општина Медулин. Хрватските медиуми неофицијално пренесуваат за неколку загинати лица. „Моментално, сите служби се на местото на настанот, од службата за итна медицинска помош и пожарникарите до полицијата, преземајќи мерки и дејствија во рамките на нивната ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, потврди дека ќе патува во Тиват, Црна Гора каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан. Оваа одлука доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Белград и Подгорица. „Одам во Црна Гора, многу е важно да ја претставувам Србија“, рече Вучиќ при обраќањето до новинарите на зедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Претходно Безбедносно-информативната агенција на Србија ...
Низа неправилности во финансиското, кадровското и организациското работење на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ констатирал Државниот завод за ревизија во конечниот извештај за работењето на институцијата во 2024 година. Ревизорите утврдиле спорни исплати на надоместоци, пропусти во ангажирањето на ментори и координатори, прекршувања во евидентирањето на прекувремената работа, слабости во системот на јавни набавки, како и ...
Новата размена на обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно ги отвори разликите меѓу власта и опозицијата околу европските интеграции и условите за продолжување на пристапниот процес кон Европската Унија. Од СДСМ оценуваат дека пораките од европските претставници и последните наоди од Европскиот парламент потврдуваат оти Владата не спроведува доволно реформи и не обезбедува напредок на евроинтегративниот пат, при што ја повикуваат да се ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи – Отсек за управни работи Штип, од утре (04.06.2026) во областа на регистрација на возила, ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, како и дополнително во сабота од 08:00 до 12:00 часот. Продолженото работно време се воведува со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се овозможи поефикасна и навремена услуга во постапките ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека шест лица, од кои четири од Скопје, и по едно од Куманово и од Тетово, добиле кривични пријави, поради незаконско реализирање на посвојување на дете. Тие делото го извршиле во текот на 2024 и 2025 година. „Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе ...
Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6-тата меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните ...