Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека и покрај враќањето на ДДВ-то на дизел горивото на 18%, очекува намалување на цената, додека кај бензините немало реакција на ДДВ-то, поради тоа што смета дека доколку се случело да се врател на 18%, ќе имало поскапување. „Со враќањето на ДДВ-то на 18%, повторно ќе имаме намалување на цената на дизел горивата, додека кај беинзите таа состојба не е така, и ако го вратевме и ...

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, го освои одличното второ место на маратонот во Белград. Ивановски денеска ја истрча патеката долга 42 километри за 2 часа, 9 минути и 35 секунди, или за 24 секунди послабо од прволасираниот Гемсиса Гудета Гада од Етиопија. Третото место го освои Кениецот Ерот Јохана со време од 2:09.55. Ивановски освои награда од 3000 евра за второто место. Првопласираниот Гада освои 5000 евра, и дополнителни ...

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%. „Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и ...

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори за состав на 52-рото Народно собрание. Избирачките места беа отворени во 7 часот, а изборниот процес ќе трае до 20 часот. Вчера гласаше дијаспората во странство. Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи. Низ целата земја се отворени околу 12.000 гласачки ...

Овен Ќе почувствувате наплив на енергија и мотивација. Добар ден за иницијативи на работа, но внимавајте на импулсивни одлуки во комуникацијата со блиските. Бик Фокусот е на финансии и стабилност. Можно е мало подобрување на приходите или добра одлука поврзана со штедење. Во љубовта – потреба од сигурност. Близнаци Комуникацијата ви оди од рака. Ќе бидете во центар на внимание, но не откривајте премногу лични планови. Нови контакти може да ...

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. ...

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски поради како што наведуваат корупција, скандали и штетни политики. Велат тој е еден од најнеспособните министри, кој наместо да ги штити земјоделците, ги понижува, ги осиромашува и им се заканува. Обвинуваат дека не само што се кратело, туку цели мерки и програми за земјоделците се укинати или суспендирани. „Веќе две години земјоделците се жртви на неспособните и ...

Податоците од Инфлацискиот монитор кој го изработува Парламентарниот институт во Собранието им покажале на пратениците дека во март цените на храната отишле нагоре – потврдија во емисијата Бизнис 21 пратениците Јованка Тренчевска од СДСМ и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски. Но,Тренчевска смета дека Владата не презела ништо и бара итни мерки за заштита на стандардот на граѓанитe. Здравковски пак тврди дека е нормално во кризни состојби ...

Американскиот пејач D4vd, чие вистинско име е Дејвид Ентони Бурк, е уапсен и задржан без кауција поради смртта на 15-годишната Селесте Ривас Хернандез, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Истрагата е започната откако во неговото запленето возило Тесла, регистрирано на име на D4vd во септември 2025 година, беа пронајдени човечки остатоци, објави People. Според полицијата, телото е пронајдено во багажникот на возило паркирано во Холивуд Хилс, а ...

Интернет блокадата во Иран, наметната од режимот, трае веќе седум недели, објави денес групата за следење на интернет NetBlocks. „По 1.176 часа, Иран влегува во својот 50-ти ден изолација од светот“, се вели во соопштението. Ова е најдолгата интернет блокада во Иран досега. Според NetBlocks, мерката негативно влијае на животите и човековите права на мнозинството Иранци. Интернет блокадата во Иран, наметната од режимот, трае веќе седум ...

Јагодите се највкусни во сезоната. Сепак, ако не се складираат правилно, можат да омекнат и да мувлосаат за само неколку дена, бидејќи се исклучително чувствителни на условите во кои се складираат. Поради нивната висока содржина на вода, јагодите се подложни на раст на мувла и брзо влошување. Дополнителни фактори што го забрзуваат расипувањето вклучуваат недостаток на циркулација на воздух и складирање во близина на друга храна, објавува ...

Иран објави преку своите државни медиуми дека Ормутскиот теснец е ефикасно повторно затворен бидејќи, како што тврдат, Американците не го исполниле својот дел од договорот. Со ова, Техеран мисли дека САД сè уште ги блокираат бродовите што одат до или од иранските пристаништа, објавува Би-Би-Си. Иранските власти сега велат дека ситуацијата се враќа на онаа од пред неколку дена, кога теснецот беше под строга контрола на иранската војска. Да ...

Денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид успешно беше реализирана симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, во организација на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија. На вежбата присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев и заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, како и ...

„Повторно се запалени возила овде на паркингот кај полигонoт во близина на Скопското Кале. Како што гледате, изгорени се три автомобили. Станува збор за Golf 5, Golf 7 и Spark. Од МВР велат дека пожарот започнал од оваа дел овде, каде имало сува трева, по што ги зафатил возилата и како што гледате останале само железата. Ова е втор пат на овој паркинг да изгоруваат возила на граѓани кои се паркираат овде за потоа да продолжат кон Градскиот ...

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, која ќе важи до 4 мај, со цел ублажување на ефектите од глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар. Според владините пресметки, се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за дополнително намалување на малопродажните цени на горивата во просек за околу 1,5 денар по литар. Мерката предвидува задржување ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на 3-тиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Анталија, Турција, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија. На состанокот, на кој учествуваа министрите за надворешни работи на сите земји од Западен Балкан и Турција, беа разгледани актуелните глобални случувања и ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 20.04.2026 година, а завршува заклучно со 05.06.2026 година. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К.(54) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. На 05.08.2025, пријавениот од негов странски телефонски број констактирал женско лице од Тетово и од неа барал 20.000 евра затоа што издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина. Според пријавеното, тој испраќал пораки со закани и уцени на жената и нејзината мајка дека поседува видео снимки кои ќе ги ...

Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е ...

Денеска жичницата на Водно нема да работи поради силен ветер, информираа од ЈСП Скопје. Од претпријатието посочуваат дека моменталната јачина на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално и сигурно функционирање, поради што е донесена одлука за привремен прекин на работата. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на ...

Командата на иранската војска објави соопштение за состојбата во Ормускиот теснец. Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера инсистираше дека САД ќе ја задржат блокадата на иранските пристаништа во Персискиот Залив, и покрај тоа што Иран го укина затворањето на Ормускиот теснец – клучен канал за глобалниот извоз на нафта. Поглед на Ормускиот теснец Портпаролот на централниот штаб „Хазрети Хатам ал-Анбија“ изјави дека рутата ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата. Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во ...

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, министерот истакна дека поврзаноста денес претставува клучен елемент за економската отпорност, регионалната стабилност и ...

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година”, објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од ...

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На средбата беше нагласено дека Народната банка ...

Овен Фокусот денес е на вашите лични финансии и материјална сигурност. Може да добиете неочекувани вести поврзани со инвестиција или доцнење на плаќање. Избегнувајте спонтани купувања оваа сабота. Насочете ја вашата огнена енергија кон организирање на претстојната недела и структурирање на задачите. Бик Месечината ја зајакнува вашата интуиција и ве прави исклучително чувствителни на расположенијата на другите. Викендите се идеални за физичко ...

Сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Кошаркарскиот свет го загуби еден од своите најпосебни великани. Во петокот, Оскар Шмит, легендарен стрелец и член на Куќата на славните, познат по прекарот „Светата рака“, почина во Бразил на 69-годишна возраст. Шмит се бореше со тумор на мозокот 15 години, а веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство, кое рече дека починал достоинствено, со неверојатна храброст и дух што го карактеризирале во текот на целиот свој живот. Иако ...

Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека Македонија како увозно зависна економија е силно изложена на надворешни влијанија врз цените, особено од случувањата во регионот. Тој нагласи дека државата може да интервенира само во сегменти кои се под нејзина директна контрола, како што се акцизите, но дека дел од факторите кои влијаат врз цените се надвор од домашните политики. „За среќа, она што директно е ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57