Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат. Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката. Судот го отфрли предлогот на Специјалното обвинителство за конфискација на непријавен имот во вредност ...

Државјанка на Македонија, 46-годишна С.С. е уапсена во Црна Гора откако, според неофицијални информации од полицијата до Вијести, намерно го прегазила кучето на својот сопственик со својот автомобил. Инцидентот е пријавен во полицијата во Улцињ денес околу 16 часот. „Полицијата го пронајде возилото и ја идентификуваше возачката, државјанка на Македонија“, соопшти полицијата. Додадоа дека е во тек нејзин притвор во полициската станица во ...

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се заострија откако американските сили, според извештаите, тринаесетта ноќ по ред извршиле напади врз цели во Иран, а Техеран возвратил со удари врз американски објекти во Кувајт и Јордан. Во екот на конфликтот, началникот на Здружениот воен штаб на Иран најави жестока одмазда. Командантот на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, генерал-мајор Абдолахи, изјави дека „за секој загинат ирански маченик, еден ...

Одложено е впишувањето на охридскиот регион како светско наследство во опасност. Ова е одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО кој се одржа во јужнокорејскиот град Бусан со што Македонија и Албанија добија дополнителни 5 години за спроведување на препораките за заштита на природното и културно наследство. „Охридскиот регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, на денешната средба со амбасадорот на Република Косово, г. Флориан Ќехаја, презентираше нов пристап кон иднината на Охридскиот договор, со фокус на младите, иновациите, вештачката интелигенција и социјалната инклузивност. Ферати истакна дека 25 години по Охридскиот договор, институциите не треба да останат само на симболика, туку да создаваат конкретни, мерливи и развојни иницијативи кои ќе ...

Со 67 гласови За и 13 против Собранието го избра Зулфиќар Зејнула за министер без ресор. Изборот на Зејнула беше одвоен од другите членови на владиниот кабинет поради тоа што со него заедно реконструкцијата на Владата ќе го надминеше прагот од една третина од владиниот кабинет, по што ќе мораше да се примени процедури како за избор на нова Влада. Премиерот Христијан Мицкоски образложувајќи го предлогот за избор на Зејнула рече дека зрелоста ...

Необична временска појава денеска е забележана на Шар Планина. На 24 јули, на највисоките делови над Попова Шапка падна снег, што претставува ретка глетка за овој период од годината. Информацијата ја сподели метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи, истакнувајќи дека неговите прогнози за оваа појава се оствариле. „Верувале или не: Денес, на 24 јули, на Шар Планина, над Попова Шапка, врне снег. Моите прогнози се остварија“, напиша ...

Времето денеска донесе вистинско изненадување на планината Баба. На врвот Пелистер, на 2.601 метар надморска височина, падна снег, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“. Од установата посочуваат дека поради наглото заладување и ниските температури, дождот преминал во снег, уште еднаш потврдувајќи дека Пелистер, познат како крал на македонските планини, знае да биде непредвидлив и моќен дури и во средината на летото. Фотографијата од ...

Комуникацијата со земјите членки на Европската Унија, европските институции и со Бугарија е континуирана, уверува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Сепак, деталите од разговорите не се објавуваат јавно, со цел да не се наруши процесот, бидејќи, како што рече, јавните преговори не би довеле до посакувано решение. „Немаме друга алтернатива освен да бараме решение“, изјави Муцунски, притоа нагласувајќи дека нема да се прават ...

Во гостиварската болница бројот на пациенти кои бараат медицинска помош бележи значително намалување. Според директорот на болницата, околу 117 пациенти се јавиле за да примат терапија по труењето од водата. Сите пациенти имаат исти симптоми: температура, дијареја, повраќање и општа телесна слабост. „Бројот на пациенти продолжува да се намалува. На 23.07.2026 година, на Инфективното одделение имавме околу 82 нови пациенти. На Педијатриското ...

СДСМ ја обвинува Владата дека не успеала да обезбеди безбедна вода за пиење, посочувајќи ги случаите во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево. Симона Цветановски од СДСМ побара да бидат објавени анализите на водата, истрага и одговорност за надлежните институции, како и оставки од министерот за здравство и раководителите на Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство. „За само неколку денови имаме четири града, со ...

По пријава за појава на непозната супстанција која преку реката Лепенец се влева директно во Вардар, градските и државните инспекциски служби веднаш излегоа на терен за да ја лоцираат причината за потенцијалното еколошко загадување. На терен веќе се ангажирани екипите на Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, а ситуацијата се следи и од воздух. „Нашите инспекциски служби реагираа без одложување. Пуштен е дрон ...

Вирусот на Западен Нил почна брзо да се шири во неколку европски земји. Според последните податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, случаи се потврдени во Италија, Грција, Шпанија, Романија и Македонија. Италија има најголем број заболени, со случаи регистрирани во 16 различни области. Во меѓувреме, во Грција се евидентирани 21 заразено лице, од кои кај повеќето има зафатеност на централниот нервен систем. Грчките ...

Жителите на Општина Пласница се предупредуваат да не ја користат водата од јавниот водоводен систем за пиење, подготовка на храна и други потреби поврзани со исхраната, откако последните лабораториски испитувања покажале дека водата не ги исполнува здравствените стандарди. Надлежните институции информираат дека водата во моментов не е безбедна за консумирање и апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките сè до добивање потврда дека ...

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Градот Скопје организира бесплатна панорамска тура за граѓаните. Со панорамски автобус и во придружба на професионален туристички водич од Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со Скопје онакво какво што било пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите кои биле разурнати, како и ...

Граѓаните на Крушево се предупредени да не ја консумираат водата од водоводната мрежа во неколку делови од градот, откако анализите покажале дека таа е микробиолошки небезбедна. Според Центарот за јавно здравје – Прилеп, примероците земени на 20 јули потврдиле бактериолошка контаминација на водата на локалитетите „Света Петка“, „Крајпатна бензинска“, регионот „Црешово Топче“, „Старата црква“ и подрачјето под хотелот „Монтана“. По овие наоди, ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска соопшти дека ЕУ вовела нови рестриктивни мерки против ирански судии поради наводно кршење на човековите права. Калас изјавила дека е санкционирано и едно од водечките лица на сајбер група за која тврди дека му овозможила на режимот репресија врз информациите, пренесува Ројтерс. „Додека Техеран ја засилува внатрешната репресија, ЕУ ќе продолжи ...

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка, објавија денес локалните медиуми. Шахабудин, кој е претседател на јужноазиската земја од април 2023 година, беше на функцијата и кога премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, беше соборена од власт во август 2024 година во протести предводени од млади, по што беше формирана привремена влада, објави Ројтерс. Во Бангладеш, функцијата претседател е во голема мера церемонијална, додека ...

По официјалните информации за загадување и неисправност на водата за пиење во водоводната мрежа во Општина Гостивар, Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) преку својата Општинска организација во Гостивар и Централниот управен одбор, итно активираше серија мерки и хуманитарни активности за заштита на здравјето на граѓаните. Со цел превенција од евентуални здравствени компликации и обезбедување елементарни услови за живот, ...

Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово е пронајден починат во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор „К’шање“, а надлежните институции ја испитуваат причината за смртта. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 12:35 часот, кога во затворот било констатирано дека починал С.Ш. (27) од Куманово. На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на ...

Собранието денеска го избра претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Зулфиќар Зејнула, за министер без ресор во Владата. За неговиот избор гласаа 67 пратеници, 13 беа против, а ниту еден пратеник не беше воздржан. По завршувањето на гласањето, Зејнула ја даде свечената изјава во законодавниот дом и официјално стана нов член на владината структура. Предлогот за негов избор пред пратениците го образложи премиерот ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското ...

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го доведе во прашање образложението на Вашингтон за воведување нови царини за европски стоки, тврдејќи дека обвинувањата за недостаток на контрола врз принудната работа во ЕУ се неосновани. Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го доведе во прашање образложението на Вашингтон ...

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно беше извршена сложена операција кај новороденче старо само девет дена. Уште во текот на бременоста, кај бебето била откриена туморска маса на десната надбубрежна жлезда, со сомнение дека станува збор за невробластом. Детскиот хирург доц. д-р Ристо Симеонов, кој ја изврши оваа исклучително сложена операција, објаснува дека се работи за многу ретка состојба која бара брза дијагностика, ...

Двајца млади охриѓани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта во Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 24 јули 2026 година околу 00:35 часот во СВР Охрид. На улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид, 15-годишен малолетник од градот, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во ...

Во понеделник наутро ќе има штрајк на грчките цариници на сите гранични премини со Македонија, односно Богородица, Дојран и Меџитлија. Во перидото од 5 до 9 часот ќе се пропуштаатвозила на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин. „Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на ...

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет, едно од најпознатите француски одморалишта на југозападниот брег, откако стотици луѓе избегаа од областа со бродови поради голем пожар што се ширеше низ популарната туристичка дестинација. Софи Брокас, регионален претставник на Франција за Жиронд, рано утрово нареди последната фаза од евакуацијата. На жителите им беше кажано да ја напуштат областа преку главниот пат кон ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово објави реорганизација на владата, при што најмалку три министерски места ќе ги сменат носителите на функции. Министерката за здравство Нина Варкен станува шеф на владината канцеларија на местото на Торстен Фрај, кој ќе ја преземе функцијата претседател на пратеничката група на конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот. Генералниот секретар на ЦДУ Карстен Линеман ќе го замени Воркен на функцијата ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничко е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко, а две лица се полесно повредени. Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 јули околу 3:30 часот на регионалниот пат Грдовци–Зрновци. Д.Н. (24) од селото Градец, управувајќи патничко возило „Опел“ со винички ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.94
25%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
1.1
31%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
27%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
38%
1021
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.76
31%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
3.1
38%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
8.23
51%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
18%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.47
40%
1023
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
24%
1022
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.83
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Бакар

13.17

Сребро

2106.74

Калај

56.26

Цинк

0.00

Алуминиум

3.31

Родиум

280515.26

Паладиум

43178.45

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

141408.63

Иридиум

252383.36

Платина

55942.30