Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...

На пациентите со рак не им се намалуваат проблемите! Откако беа обезбедени видовите терапии што им недостасуваа, сега се расипа единствениот скенер во јавна сопственост кој дијагностицира тумори. Пет-скенерот, кој се наоѓа во Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, веќе два месеца е во дефект. Дел од пациентите се принудени да бараат можности во странство или во приватни болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 ...

До први септември ќе се чека каква ќе биде одлуката на Европската унија за проблемот со транспортерите од регионот, а доколку тоа не биде прифатливо, ќе следуваат протести и блокади на границите. Ова е исходот од денешниот состанок на работната група на претставниците од транспортниот сектор од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Билјана Муратовска од МАКАМ Транс рече дека по завршувањето на протестот, кој се одржа во ...

Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, информираше дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за цената на пиперката за ајвар. Од утре, „ајварката“ ќе се откупува по 40 денари за килограм за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и индустриската класа, додека за најниската класа цената ќе изнесува 15 денари. Договорот е постигнат по неколкудневни преговори, а министерот упати апел до откупувачите и ...

Царинската управа спречила обид за криумчарење на повеќе од 3 илјади игли и опрема за тетовирање на граничниот премин „Блаце“. При детална контрола на товарно возило, царинските службеници пронашле и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри боја за тетовирање, 150 парчиња маст и дополнителна опрема за тетовирање, кои возачот се обидел нелегално да ги внесе во земјава. Царинската управа спречила обид за криумчарење на повеќе од 3 илјади игли и опрема ...

СДСМ ја обвини Владата за негрижа поради депонијата создадена во близина на изворот Рашче, од каде со вода се снабдуваат Скопје или околу 25 проценти од граѓаните во земјава. Според опозицијата, состојбата претставува директна закана за водата за пиење и здравјето на граѓаните, а се бара одговорност за создавањето на нелегалната депонија во ова заштитено еколошко подрачје. „Цела држава ја отруја од неодговорност – 50 населени места во ...

33-годишен жител на Велес е уапсен од полицијата во Охрид под сомнение дека извршил кривично дело „силување“ врз 21-годишна шведска државјанка. Според нејзината пријава, случајот се случил ноќта помеѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, каде што осомничениот, наводно, имал сексуален однос со неа без нејзина согласност. Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 33-годишникот ќе биде поднесена ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на вакцинации за деца, при што повторно повика вакцината која штити од морбили, заушки и рубеола, позната како ММР, да се подели на три одделни дози. Воедно, бројот на вакцини се намалува на 11, од 18 кои ги препорачува Американската академија за педијатрија. „Мојата администрација ги признава златните стандарди за препораки за вакцинација на ...

Полицијата го расветли случајот со пукањето на 8 август во Тетово, при што од слобода се лишени три лица. Според СВР Тетово, 34-годишен жител на Селце е осомничен дека неколкупати пукал со автоматско оружје од мотоцикл во правец на куќа во селото, по што го напуштил местото на настанот, пренесува ТВ21. Во рамки на истрагата, полицијата извршила претрес и во стан во Тетово, при што биле одземени 66 куршуми со калибар 12 милиметри, две кациги, ...

Американскиот Стејт департмент неодамна објави откажување на повеќе од 175.000 визи за странски државјани за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, додека продолжува широката антиимиграциска кампања, која им одзеде на десетици илјади други луѓе привилегии за патување и имиграција. Министерството во соопштението наведува дека откажувањата ги погодиле странците кои „ги прекршиле условите за виза, извршиле кривични дела, ...

Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди западна Колумбија е десеттиот земјотрес во светот годинава со магнитуда од најмалку 7 степени, покажуваат податоците наведени во извештајот. Земјотресот со магнитуда 7,4 степени се случил во утринските часови, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар, околу 400 километри западно од главниот град Богота. Потресот бил почувствуван и во Еквадор, Венецуела и Панама, а следел и последователен ...

Сириски суд во вторник ги осуди поранешниот претседател Башар ал Асад и неговиот брат, Махер ал Асад, на смрт за злосторства против човештвото и воени злосторства за време на 14-годишниот конфликт во Сирија. Нивниот братучед, Атеф Наџиб, кој беше присутен на суд, исто така беше осуден на смрт на истото судење. Наџиб беше прогласен за виновен за водење на задушувањето на протестите во покраината Дара во 2011 година, настани што го означија ...

Девизните резерви на крајот на јули годинава достигнаа 5.011 милиони евра, што претставува зголемување од 74,4 милиони евра во споредба со претходниот месец, објави Народната банка. Поголемиот дел од девизните резерви се инвестирани во хартии од вредност (71,1%) , по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава достигнаа 5.011 милиони евра, што претставува зголемување ...

Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебни обвинувања за загадената вода во Гостивар и за други случаи со загадување на водите низ земјава. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски на прес конференција истакна дека по сите најави, ветувања и „анализи што покажуваат подобрување“, граѓаните сè уште не смеат да ја пијат водата од чешма. „Веќе пет недели. Температурите се многу високи, граѓаните немаат вода. Локалниот ...

Судскиот совет и Здружението на судиите на Република Северна Македонија реагираат во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, нагласувајќи ја потребата од почитување на независноста на судската власт и владеењето на правото. Од двете институции посочуваат дека ја почитуваат уставната положба на Уставниот суд и неговите конечни и извршни одлуки, но истовремено нагласуваат дека мора да се ...

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, откри дека размислува за повлекување од активната политика по повеќе од две децении поминати на политичката сцена. Во интервју за РТВ21, Ахмети зборуваше за својата иднина, но и за состојбите во партијата, при што призна дека по 25 години активна политичка кариера сè почесто размислува за пензионирање. „Искрено, јас лично размислувам за тоа, бидејќи зад мене се 25 години ...

Августовското полагање на државната, стручната и уметничката матура започнува утре, 12 август, а испитите ќе продолжат и на 14 август, со почеток во 09:00 часот. Во овој рок за државната матура се пријавени 1.328 ученици, за стручната матура 126, додека за уметничката матура се пријавени шест кандидати. Утре, 12 август, ќе се полага изборниот испит – математика или англиски јазик, додека на 14 август кандидатите ќе го полагаат испитот по ...

Двајца малолетници од Скопје, на возраст од 15 и 13 години, се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле разбојништво во обид. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил на 10 август 2026 година, околу 20:00 часот, на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје. Според пријавеното, малолетниците физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, побегнале ...

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприлија денес изјави дека 111 лица загинале во земјотресот што го погоди северозападниот дел на Колумбија, објави „Скај њуз“. Колумбискиот претседател изјави дека најмалку 87 лица се повредени во земјотресот, дека 1.575 куќи се оштетени, додека 61 зграда е целосно уништена. Еспријела нагласи дека спасувањето на жртвите е приоритет на неговата влада. На состанокот на Заедничкиот кризен штаб во Богота, ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата. Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. „Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ...

♈ Овен – Денот носи можност да завршите нешто што долго го одложувате. Во љубовта бидете отворени и избегнувајте непотребни расправии. Финансиски, не брзајте со одлуките. ♉ Бик – Ќе имате потреба од стабилност и мир. На работа може да добиете пофалба или поддршка од важна личност. Во љубовта ве очекува пријатен разговор. ♊ Близнаци – Комуникацијата ќе биде вашата најсилна страна. Можно е интересна деловна понуда или ново познанство. ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и ...

„Не се врати во ДУИ“, вака одговори Али Ахмети во „Click Plus“ на РТВ21 во Приштина, кога беше прашан за Фатмир Лимани, за кого рече дека „не бил разрешен, туку се повлекол од ВЛЕН“. Ахмети за Лимани рече дека бил член на ДУИ, притоа потсетувајќи и на позициите што лидерите на ВЛЕН во минатото ги имале во Демократската унија за интеграција, истакнувајќи дека „сите биле ДУИ“. „Тој не беше разрешен, тој се повлече. Не се врати во ДУИ. Бил член ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги коментираше неодамнешните одлуки на Министерството за внатрешни работи на Албанија за прогласување на Валон Бела и Бекир Халими за „нон грата“. Запрашан во емисијата „Click“ на РТВ21 во Приштина како ги оценува овие одлуки, Ахмети рече дека албанските институции мора да имале факти за да преземат такви мерки. „Албанската безбедност, без да има факти, не носи одлуки. Ова прашање може да се адресира до ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Наше сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени. Секоја загуба на живот е трагедија“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој рече дека земјотресот го погодил и Еквадор и дека сè уште има луѓе заробени под урнатините. „Изразуваме целосна поддршка и солидарност со народот ...

Гостувајќи во емисијата „Click“ на РТВ21 во Приштина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја коментираше и средбата на Зијадин Села со премиерот на Косово, Албин Курти. Ахмети во „Click“ рече дека средбите не се забранети, додавајќи дека Зијадин Села има своја автономија. „Средбите не се забранети, нормално е г. Села да има своја автономија. Заедно оставивме простор за автономија, за да може да излегува со изјави, да комуницира со своите пратенички ...

Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на РТВ21 во Приштина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека најдоброто решение за земјата се предвремените избори, бидејќи, како што додаде, „треба да има нова клима и ситуацијата во земјата не смее дополнително да се влошува“, пишува ТВ21. Ахмети рече дека предвремените избори не се очекува да се одржат оваа година, туку следната, и додаде дека се подготвени да учествуваат кога и да се одржат. „Треба да ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, гостувајќи во емисијата „Click“ на РТВ21 Приштина, го критикуваше ВЛЕН за влегувањето во Владата без легитимитет. Ахмети рече дека ова треба да биде последната грешка што албанските партии влегуваат во Владата без легитимитет. Според него, ВЛЕН „се продал многу евтино“. Ахмети истакна и дека ДУИ една деценија управувала со ВМРО, а една деценија со СДСМ, но, како што рече, без договор не влегувала во Владата. ...

Двопартиската коалициска влада на естонскиот премиер Кристијан Михал го загуби парламентарното мнозинство во вторник откако по еден пратеник од секоја партија се откажа, објави локалното радио. Коалицијата на Михал, составена од Реформската партија и Естонија 200, сега држи 50 од 101 места во Риигикогу, естонскиот парламент, во споредба со 52, откако Меелис Киили од Реформската партија и Калев Стоическу од Естонија 200 поднесоа оставки. ...

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку 82 лица загинале. Во обраќањето до нацијата, претседателот рече дека најмалку 87 лица се повредени, а 61 зграда се урнала, вклучувајќи 37 станбени згради. „Владата ги мобилизираше сите расположиви ресурси за да ги заштити животите, да им помогне на погодените заедници и да достави помош таму каде ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
54%
1030
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
65%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
73%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.63
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1027
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
50%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
62%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
90%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76