Денеска во Шпанија е прогласена тридневна жалост додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат уништените вагони за да ги пронајдат жртвите по судирот на возови во кој загинаа најмалку 40 лица, а десетици се повредени. Шпанските служби за итни случаи соопштија дека бројот на жртвите се искачил на 40, додека 41 повреден патник е хоспитализиран, од кои 12 се наоѓаат на одделот за интензивна нега. Полицијата отвори посебни канцеларии каде ...

ОВЕН Потрудете се да привлечете нечие емоционално внимание или интерес. Упорноста понекогаш носи одлични резултати. Внимавајте на новите информации што циркулираат на деловната сцена. Важно е да бидете во вистинско време и на вистинското место. Опуштете се. БИК Не ви се допаѓа некој да ве држи во голема неизвесност, но не можете да ја промените вашата емоционална позиција. Во работата, сите информации треба внимателно да се проверат. Поради ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе ...

Поради најавите на Трамп за распоредување на агенти на ICE, жителите на САД почнаа да патролираат со пушки. Пред неколку дена агентите застрелаа невооружена жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис. Властите велат дека агентот делувал во самоодбрана. Градоначалникот на Минеаполис бара од агентите да го напуштат градот. На овој начин, граѓаните кои се спротивставуваат на политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и масовните ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва пристигна во швајцарскиот град Давос, каде во следните денови ќе учествува на Светскиот економски форум. Тој најави дека ќе има бројни состаноци и панели, на кои ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија. „Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто ...

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Извор од регионалната влада изјави за шпанската телевизија RTVE дека 37 лица сè уште се водат како исчезнати. На местото на несреќата, истражителите пронајдоа оштетен спој на шините за кој се верува дека е клучна причина за излетувањето на возот од шините, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ...

Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, гигант во модната индустрија и основач на брендот Валентино, почина денес на 93-годишна возраст. „Тој почина мирно во својата римска резиденција, опкружен со љубовта на своите најблиски“, се вели во соопштението на Фондацијата Валентино Гаравани и Џанкарло Џамети, објави Анса. Последната почит на дизајнерот ќе му се оддаде во Културниот центар PM23, на улицата Виа Мињанели 23 во Рим, во среда и ...

Претседателот на Бугарија Румен Радев во вонредно обраќање до нацијата, поднесе оставка од функцијата. Тој се одлучи на ваков чин на датумот на кој положо заклетва за својот втор мандат пред 4 години. „Денеска би се обраќам како претседател за последен пат. Прво сакам да ве замолам за прошка, времето ја тестираше вашата доверба, затоа ви благодарам за вашето трпение“, изјави Радев. Во вторник тој ќе ја предаде оставката до УСтавниот суд, а ...

Цената на златото во 2025 година порасна за околу 60 – тина проценти, а растот продолжува и во првите денови од 2026 – та. Првиот човек на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски посочува дека главните двигатели на растот на цената на златото се континуираната куповна активност на централните банки, особено во Азија, геополитичките тензии и слабеењето на доларот, односно процесите на дедоларизација кај голем број инвеститори. Затоа, златото и ...

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со обвинувањата дека Венко Филипче и Зоран Заев сакале да ја преземат болницата на Жан Митрев. Како што истакна Бране Петрушевски, Филипче и Заев преку својата политичка моќ и државните институции му вршеле притисоци на Жан Митрев за да му ја земат болницата. „Според изјавите на доктор Жан Митрев, Заев и Филипче рекле дека тие ќе ја одредат вредноста за откуп на уделите во болницата а за возврат ќе му помогнат ...

Две четиримесечни бебиња починаа, а околу 55 други деца се однесени во болница поради сомневање за труење со храна во градинка во населбата Ромема во Ерусалим, Израел, соопштија службите за итни служби. „Немаше истекување на гас. Веројатно стануваше збор за проблем во храната“, рече инспектор од Министерството за заштита на животната средина. Властите потенцираа дека лошите услови во градинката може да се причина за трагедијата. ...

Најдените 350 илјади евра недекларирани, скриени во ѕидот на куќата на родителите, се еден од материјалните докази за сомнеж за вклученост во корупција на судијата од Апелациониот суд Ѓоко Ристов. Овој случај е поврзан со апсењето на адвокатот Фехми Стафа од средината на декември, приведен за мито од 50 илјади евра. Јавниот обвинител за следење на организиран криминал и корупција не дава детали дали судијата Ристов е лоциран или останува во ...

Околу 70% од граѓаните на Тетово ги плаќаат сметките за вода, додека другите имаат долгови во јавното комунално претпријатие „Шари“. Од претпријатието тврдат дека градот се снабдува редовно со вода и во последно време нема прекини. Апелираат сметките да се плаќаат. „Во споредба со минатите години, имаме постабилна состојба, околу 70% плаќаат и апелирам кон тие 30% кои не плаќаат да ги подмирaт обврските кон претпријатието за водовод, бидејќи ...

Дали власта ги има потребните гласови во Собранието да ги изгласа измените на Законот за прекршоци, кои го опфаќаат и системот „Сејф Сити“?! Вицепремиерот Александар Николоски ја критикуваше опозицијата СДСМ и ДУИ за нивниот пристап, изразувајќи надеж дека ќе размислат и ќе ги поддржат законските решенија, особено оние за кои е потребно мнозинство од две третини, според ветувањата дадени на лидерската средба. Претседателот на СДСМ, Венко ...

Православните верници го празнуваат големиот христијански празник Водици или Богојавление, ден кога се одбележува крштевањето на Исус Христос во водите во реката Јордан. Поради тоа овој ден се одбележува со тоа што свештениците фрлаат крст во водите на реките или езерата при што а луѓето скокаат во водата да го фатат. Точно на пладне архиепископот Господин Господин Стефан го фрли крстот во реката Вардар а 24-годишниот Дарко Митровиќ беше тој ...

Адвокатите на сопствениците на швајцарски бар каде што во смртоносен пожар загинаа 40 лица, а 116 беа повредени на новогодишната ноќ, го прекинаа молчењето за да ги критикуваат „лагите“ што се шират за нивните клиенти. Според адвокатите, сопствениците Џесика и Жак Морети се „уништени“ и негираат дека биле свесни за какви било опасности во нивниот објект. „Постои еден вид јавна вендета“ „Постои еден вид јавна вендета против нив“, рече една од ...

Златото и среброто достигнаа нови рекордни максимуми само неколку дена откако ги соборија претходните рекорди. Инвеститорите бегаат во безбедни засолништа бидејќи геополитичките и економските перспективи нагло се влошуваат. Денес, цената на златото за испорака во февруари се зголеми за 1,71% на 4.674,20 долари за унца (околу 31,1 грама), додека спот цената на златото скокна на 4.668,14 долари, објави CNBC. Гренланд како повод за царини за ...

Шестгодишно девојче е единственото преживеано од четиричлено семејство по тешката железничка несреќа што се случи вчера во јужна Шпанија, соопштија локалните власти во покраината Уелва. Во несреќата животот го загубиле брачен пар од Пунта Умбрија, нивниот 12-годишен син и еден нивни роднина, додека најмладата ќерка успеала да преживее. Според сведоштва од жителите на местото Адамус, размерите на трагедијата биле невидени за локалната ...

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој оцени дека станува збор за „досега незабележана катастрофа“ која ги надминала капацитетите на локалната администрација. Морено ја нагласи потребата од целосна координација меѓу општинските, покраинските и државните ...

Брзата железничка линија помеѓу Мадрид и Андалузија, која беше погодена од несреќата од синоќа, ќе остане затворена најмалку до петок, потврди шпанското Министерство за транспорт за Скај њуз. Само денес прекинот на услугите влијаеше на повеќе од 200 возови на сите линии, објави шпанската државна новинска агенција ЕФЕ. По несреќата, пред канцелариите на Ренфе, државната железничка компанија на Шпанија, се формираа долги редици, бидејќи ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 беа повредени и прогласи тридневна национална жалост. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз. Два воза од спротивни насоки се судрија во 19:40 часот на периферијата на градот, кој има население од 4.000 жители. Задните вагони на брзиот воз што сообраќаше од Малага до Мадрид излетаа од ...

Филмот „Меланија“ од Amazon MGM Studios доаѓа во кината низ целиот свет на 30 јануари, објавија дистрибутерите. Филмот „Меланија“ од Amazon MGM Studios дава невиден увид во 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година – од перспектива на самата прва дама. „Влезете во светот на Меланија Трамп додека таа ги координира плановите за инаугурација, се справува со сложеноста на транзицијата во Белата куќа и го враќа своето семејство ...

Бројот на жртви од пожарот во трговски центар во Карачи се искачи на 23, а десетици се уште се водат како исчезнати, соопшти пакистанската полиција. Пожарникарите го изгаснаа пожарот доцна во неделата, речиси 24 часа откако избувна. Пожарот избувна во саботата во повеќекатниот трговски центар со 1.200 продавници, што е поголемо од фудбалско игралиште. Пламените гореа повеќе од 24 часа пред да бидат во голема мера ставени под контрола, иако ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив. Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници ...

Проф. д-р Лулзим Алиу денеска поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование и наука, со што, како што наведува, заокружува едно поглавје од својата професионална ангажираност во Министерството за образование и наука. Во објава на социјалните мрежи, Алиу информира дека оставката ја доставил до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој истакнува дека функцијата ја извршувал со чувство на одговорност и дека ова е негов ...

Со голема вера, масовна посетеност и почит кон вековната традиција, денеска низ повеќе градови и населени места во земјава беше одбележан големиот православен празник Богојавление – Водици. По светите литургии, во реките, базените и осветените води, свештенството на МПЦ-ОА го положи светиот крст, а најсреќните меѓу учесниците го извадија како симбол на благослов, здравје и духовна сила. Во Општина Карбинци празникот беше чествуван на три ...

Денешното Богојавление во Скопје привлече голем број верници на реката Вардар, каде што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, го положи светиот крст во осветените води. Најсреќен меѓу учесниците беше Дарко Митровиќ, кој го фати крстот и со тоа се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција. Фаќањето на крстот се смета за соединување на човекот ...

Две лица загинаа во пукањето што се случи во Чешка. Според првичните информации, жена е убиена во градското собрание во местото Чржибска, а најмалку четири лица се повредени. Полицијата го убила напаѓачот. Полицијата објави на социјалната мрежа X за интервенцијата. Прво напишаа дека сите расположливи сили се упатуваат кон местото Чржибска по пријавата за пукање во градското собрание. Подоцна објавија дека сторителот е „елиминиран“, а дека се ...

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме современи техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини го стабилизираме и најголем дел се со галерии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Охрид. Тој истакна дека овие зафати за прв пат се прават во Македонија и ретко каде во регионот има такви инженерски потфати. „Таму отидовме со решение, кое по мене требало да ...

Годинешното чествување на православниот празник Богојавление – Водици во Охрид привлече голем број верници, а централниот момент беше фаќањето на Чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро. Мартин Гоџо од Варош повторно се покажа како најсреќен меѓу учесниците, успевајќи да го фати крстот, што за него не е првпат и со што повторно го привлече вниманието на јавноста. Оваа година, за првпат, водите на езерото ги освети новиот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Калај

48.47

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07