Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во иднина ќе ја предводи дипломатската мисија на Македонија во Алијансата како нов постојан претставник во НАТО. Ваквиот чекор и новото професионално поглавје во кариерата ги објави лично тој преку своите профили на социјалните мрежи. Истакнувајќи го значењето на новата позиција, Муртезани порача: „Нова задача, иста одговорност“, додавајќи дека овој ангажман е директно продолжение на неговите ...
Поранешен министер за одбрана со голема популарност, чие разрешување минатиот месец предизвика протести, им се обрати на Украинците преку видео порака, во која го критикуваше коруптивното работење за време на војната, предупреди на системска криза во управувањето и порача дека земјата мора да најде начин да одржи избори и покрај продолжувањето на руската инвазија. Михајло Федоров ги даде коментарите вечерта на 18 август, неколку часа откако ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца ...
Американката Рајли Инглиш (26) е осудена на шест години и еден месец затвор поради план за убиство на американскиот министер за финансии Скот Бесент, соопштено е по изрекувањето на пресудата пред федералниот суд во Вашингтон. Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, била уапсена во јануари 2025 година, откако пристигнала пред американскиот Капитол, каде што на полицијата ѝ кажала дека имала намера да го убие Бесент на денот кога тој требало да ...
Жителите и дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ во Скопје денеска се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на шахта. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот го опфаќа потегот од булевар „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат. Водоснабдувањето е прекинато од 9:10 часот, а од претпријатието посочуваат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности и отстранување на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ...
Во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е под контрола, а останатите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните пожари, мешана шума гори во Општина Студеничани, во реонот на селата Моране, Вртекeчиште и Габер. Ниска вегетација, ниска шума и грмушки горат во Општина Македонски Брод, на местото „Видуш“, во близина на селото Драгов Дол и кај ...
♈ Овен Денот носи повеќе обврски, но и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Во љубовта бидете директни, но избегнувајте остри зборови. Финансиски, не носете импулсивни одлуки. ♉ Бик Ќе почувствувате потреба за стабилност и сигурност. На работното место не брзајте – внимателноста ќе ви донесе подобар резултат. Во љубовта ве очекува пријатен разговор. ♊ Близнаци Комуникацијата денес ви е најсилна страна. Можно е да добиете важна ...
♈ Овен Денот носи повеќе обврски, но и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Во љубовта бидете директни, но избегнувајте остри зборови. Финансиски, не носете импулсивни одлуки. ♉ Бик Ќе почувствувате потреба за стабилност и сигурност. На работното место не брзајте – внимателноста ќе ви донесе подобар резултат. Во љубовта ве очекува пријатен разговор. ♊ Близнаци Комуникацијата денес ви е најсилна страна. Можно е да добиете важна ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници. Моделот за државната администрација ...
Унгарските обвинители во вторник изјавија дека бараат продолжување на притворот на полски возач на автобус за кој се сомнева дека заспал на воланот, што резултираше со несреќа во која загинаа 12 лица, а десетици беа повредени во источна Унгарија рано во неделата. Полски автобус со 57 аџии се преврте во канал и се преврте во источна Унгарија околу 1 часот наутро во неделата. Дванаесет лица загинаа на местото на настанот или откако беа однесени ...
Километражата не е единствениот показател за состојбата на половен автомобил. Ново истражување покажува дека 10,1 отсто од проверените возила во Хрватска биле користени со интензитет поголем од вообичаениот. При купување половен автомобил, километражата најчесто е меѓу првите работи што ги проверуваат купувачите. Сепак, експертите предупредуваат дека не е важно само колку километри поминал автомобилот, туку и за колку време ги поминал. Според ...
Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес или ...
До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат на царината“. -До крајот на ...
Објавувајќи го овој документ од Централниот регистар од 17 август, опозициската ДУИ вели дека ВЛЕН пред граѓаните се претставува како обединет субјект, но документот покажува дека Движењето БЕСА и натаму фигурира како активна партија, со Билал Касами како претседател и со неограничено овластување. Поаѓајќи од ова, интегративците обвинуваат дека „ВЛЕН постои како име за пропаганда и дека партиите, претседателите, печатите и личните интереси ...
Пожарот што зафати дел од прилепскиот дел на Мариово, во близина на селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека огнената линија во моментов е долга околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро. Во гаснењето се ангажирани прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, како и ...
Четворица лица се осомничени дека на 14 и 15 август намерно предизвикале десет пожари на повеќе локации во околината на Задар. Меѓу нив се 42-годишен, 45-годишен и 46-годишен хрватски државјанин, како и 33-годишна државјанка на Полска. Според полицијата, тројцата мажи се од српска националност, а во моментот на настаните биле под значително влијание на алкохол. Осомничените ја признале вината. Пожарите биле предизвикувани на подрачјата на ...
Недостиг на вода или злоупотреба? Ова е прашањето за кое најмногу се дискутира во Тетово во овој период, додека продолжуваат високите температури, а дел од иселениците сè уште се на одмор. Во текот на денот, на терен беа забележани граѓани кои со вода за пиење ги мијат улиците и тротоарите, а ги наводнуваат и зелените површини во дворовите. Анкетираните граѓани велат дека снабдувањето зависи од населбата во која живеат. Тие признаваат дека ...
Регистриран е нов смртен случај од Западнонилска треска, со што бројот на жртви од оваа болест во Македонија достигна четири. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, соопшти дека пациентот бил хоспитализиран 27 дена. „Во текот на вчерашните попладневни часови е регистрирана и четвртата жртва од Западнонилската треска. Станува збор за 76-годишен пациент кој имал акутна форма на воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Кај ...
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на ...
Ситуацијата со пожарите и натаму е загрижувачка. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека шест во текот на денешниот ден беа активни. Најсериозна била ситуацијата во селото Чаниште во близина на Прилеп, каде што пожарот навлегол меѓу куќите, но не ги зафатил домовите на жителите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарникарите работеле ...
Од модернизацијата на вооружувањето и воената опрема до справувањето со сајбер и хибридни закани – Армијата на Македонија има за цел дополнително да ги зајакне своите капацитети и улогата во рамките на НАТО. На Денот на Армијата, претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја оцени како професионална, доверлива и интероперабилна сојузничка сила, притоа нагласувајќи дека безбедноста бара инвестиции и прилагодување кон новите предизвици. ...
Преку нашата дипломатска и конзуларна мрежа ќе се врши засилено аргументирано претставување на нашите позиции и реформски резултати пред европските партнери. Ова го најави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кој повторно ќе го активира Советот на амбасадорите. Неговата прва средба ќе се одржи деновиве во Скопје, на која ќе учествува и вицепремиерот на Чешката Република Петар Мацинк, кој од утре е во официјална посета на земјава. ...
Зголемената загриженост поради ширењето на западнонилската треска предизвика и значителен број пријави за угинати птици. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека во изминатите денови добиле стотина пријави од граѓани преку бесплатната телефонска линија, електронската адреса и други канали. Од АХВ апелираат граѓаните да не создаваат непотребна паника доколку забележат поединечна угината птица во урбана средина, вклучително ...
Финансиската поддршка за онколошките пациенти кои ги исполнуваат условите е исплатена, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На јавниот повик досега се пријавиле повеќе од 1.200 пациенти, а повикот и натаму останува отворен. Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук посочи дека секоја апликација била разгледана со особено внимание, додека исплатите за сите кои ги исполнуваат условите се реализираат денес или ќе бидат завршени ...
Нов пресврт во односите меѓу Вашингтон и Техеран се наѕира по спротивставените изјави од двете страни за состојбата во Ормускиот Теснец. Додека американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нема никакви преговори со Иран и дека теснецот е отворен, од Техеран велат дека неговото повторно отворање е условено со исполнување на конкретни барања од САД. Трамп преку својата платформа Truth Social порача дека во моментов нема преговори, ниту ...
Најмалку 50 лица се повредени во експлозија што се случила во училиште во западниот дел на Кабул, а најголем дел од повредените се ученици, соопштија болнички извори. Талибанските власти, пак, наведоа дека биле повредени околу 25 ученици. Експлозијата се случила синоќа во областа Дашт-е Барчи, во близина на приватното училиште „Шам-е Хедајат“, во западниот дел на Кабул, пренесува порталот Afintl. Според информациите од болничките извори, меѓу ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести починал уште еден пациент, кој бил во тешка состојба и претходно со лабораториски анализи бил потврден со Западнонилска треска. Во моментов во болница се хоспитализирани 20 пациенти со Западнонилска треска, од кои 18 случаи се лабораториски потврдени, додека кај два случаи постои само клиничко сомневање. Пет пациенти со потешка клиничка слика се на интензивна нега и се лекуваат согласно сите ...
Министерот Тимчо Муцунски потврди дека дипломатот Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор на Македонија во Бугарија. Ефремов е професионален дипломат и актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија при МНР. Тој во минатото ја извршувал и функцијата амбасадор на Македонија во Украина. Муцунски посочи дека во моментов се во тек подготовките за неговото заминување во Софија. За кандидатот за нов амбасадор во Атина, министерот не сакаше ...