Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Џош Раднор, најпознат по улогата на Тед Мозби во „Како ја запознав твојата мајка“, откри дека глумечката екипа не е ни приближно толку блиска како што беа кога снимаа. Иако серијата се емитуваше девет сезони и траеше речиси една деценија, а глумечката екипа изгледаше неразделна на снимањето, Раднор вели дека нивниот однос се променил со текот на времето. Во неодамнешно интервју, тој објасни дека немало кавга меѓу нив, туку дека едноставно се ...
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе од очекуваните за време на топлотниот бран што траеше од 3 до 22 јули. Бројките ги објави Министерството за здравство во среда врз основа на проценки од 5.000 општини, а беа објавени од француските медиуми. Францускиот весник Ouest-France пишува дека ова е зголемување на вкупната смртност од сите причини за време на период на екстремна топлина, објавува Анадолу. Зголемувањето, сепак, беше ...
Џони Деп долго време не се сметаше за веројатен кандидат за враќање во Дизни, особено по јавниот судски процес со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, кој силно влијаеше на неговата кариера. Сепак, се чини дека актерот може да се врати во улогата што го направи познат. Продуцентот Џери Брукхајмер откри дека е во преговори со Деп за шесто продолжение на „Пиратите од Карибите“, а улогата би можела да му донесе повеќе од 22,5 милиони долари. ...
Необична слика вечерва во центарот на Скопје. Просторот околу Собранието е во целосна или речиси целосна темнина, иако станува збор за една од најфреквентните локации во централното градско подрачје. Во непосредна близина се наоѓаат Собранието на Република Северна Македонија, Управниот суд, Државниот завод за статистика, Државниот пазарен инспекторат, како и верски објект и други административни згради. Покрај темнината, од локацијата се ...
Туристички хеликоптер се урна на планината Ололокве во Кенија во среда, при што загинаа сите седум лица во него, потврдија локалните власти. Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време, додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Њиро, објави „Еуроњуз“. Кениската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот бил „Еурокоптер EC130 Б4“. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат густ црн чад ...
Од античките набљудувања на небото до денешниот хороскоп, приказната за 12-те хороскопски знаци се протега илјадници години. Сè започна со набљудувања на небото Идејата за хороскопските знаци се разви од потребата на античките цивилизации да го разберат и евидентираат движењето на небесните тела. Дури и Вавилонците систематски ги набљудувале Сонцето, Месечината и планетите и ја поделувале површината на небото низ која Сонцето очигледно се ...
Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...
На граничниот премин Табановце, денес има редици од странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Сејф сити“. Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци. Неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“. На граничниот премин ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било констатирано дека односите меѓу Македонија и Чешка се карактеризираат со традиционално пријателство, меѓусебна почит и разбирање. Соговорниците се осврнале и на заедничкото културно и историско ...
На ден 19.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 3 се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак ...
ВЛЕН тврди дека во ДУИ има судири меѓу Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Преку соопштение, ВЛЕН вели дека Османи бара повлекување на Ахмети за повторно да ја врати ДУИ како конкурентна опозиција, додека Ахмети, според ВЛЕН, се обидува да го продлабочи конфликтот меѓу Османи и Груби, особено преку ставот на партијата кон обвинението за „Државна лотарија“. Според ВЛЕН, Груби преку своите поддржувачи започнал да испраќа јавни пораки, ...
Речиси секој втор примерок вода за пиење анализиран во гостиварскиот регион оваа година се покажал како неисправен. Податоците на Центарот за јавно здравје од подрачната едница во Гостивар покажуваат дека, од 317 примероци анализирани во периодот од 1 јануари до 12 август оваа година, 159 се оценети како неисправни, додека 158 како исправни. 317 анализирани примероци 159 – неисправни 158 – исправни Проблемот не е ист во сите населени места. ...
Алијансата за Албанците бара во основното училиште „Његош“ во Идризово да се овозможи настава на албански јазик и од шесто до деветто одделение. Според нив, во моментов учениците Албанци можат да учат на албански јазик само до петто одделение, а потоа се принудени да го продолжат образованието во други општини. АA бара од Министерството за образование и од Владата веднаш да интервенираат, при што го критикува и ВЛЕН поради нерешавањето на ова ...
Бројот на заболени од Западнонилска треска достигна 38. Властите велат дека од нив 37 се од скопскиот регион, а само еден заразен е од Велес. Сите се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, од кои двајца се третираат како сомнителни случаи, додека кај други 36 пациенти е утврдена невроинвазивна форма. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека од нив 28 се мажи, а 10 жени, но последната недела била фатална за тројца ...
Високите температури продолжуваат да ги зголемуваат пожарите во земјата. Во последните 24 часа се регистрирани 37 пожари на отворен простор. Селото Чаниште во моментов е надвор од опасност, додека пожарот во текот на денот се движел кон Мариово, односно Крушевица. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека линијата на пожарот е долга, но очекува во текот на денот пожарот да биде ставен под контрола. На терен се ангажирани четири возила ...
Франција во периодот од 3 до 22 јули, кога земјата беше погодена од топлотен бран, регистрирала 1.243 смртни случаи повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска француското Министерство за здравство. Како што е наведено, најголем дел од починатите биле лица постари од 75 години, иако смртните случаи не можат директно да се припишат на високите температури, пренесува телевизијата БФМ. Зголемување на бројот на смртни ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за група осомничена за организиран транспорт на марихуана од Македонија кон Србија, при што се опфатени и седум нови лица. Според истрагата, групата се сомничи дека користела компанија во Скопје, лиценцирана за одгледување медицински канабис, како параван за незаконските активности, додека дрогата била транспортирана кон Србија скриена зад царински декларации ...
Платформите за кратки видеа, кои се засноваат на брзи и привлечни содржини што корисниците можат да ги гледаат или прескокнат за само неколку секунди, иако за многумина овој формат е само забавен и безопасен, сè повеќе го привлекуваат вниманието на истражувачите. Тие се обидуваат да откријат зошто некои корисници имаат потешкотии да престанат со користење на овие платформи. Според студија објавена во научното списание „NeuroImage“, гледањето ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во наредниот период ќе се спроведе редовната дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град, која ќе се одвива во две фази – од воздух и од земја. Според утврдениот распоред, авионската дезинсекција ќе се реализира на 20 август (четврток) и 21 август (петок) 2026 година, во раните утрински часови. Веднаш по авионското третирање, ќе започне и терестричната дезинсекција (од земја). Таа ќе ...
Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег“, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика“. Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег“ и во Чаршијата. Со ...
Со цел итно спасување на човечки живот, пациент од Охрид со сериозно оштетување на срцето денеска беше префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, со помош на владиниот авион. Деталите за оваа итна медицинска операција беа соопштени од страна на владини извори за време на денешниот брифинг со новинарите. Пациентот Д. Н. претходно поминал долг период на лекување на домашната Клиника за кардиохирургија, каде што била ...
Петнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил иако сè уште нема право да управува моторно возило. Случајот се случил вчера во 14 часот во селото Батинци, скопско, кога полициски службеници од СВР Скопје спровеле сообраќајна контрола. При контролата бил запрен автомобил „тојота“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓал 15-годишник кој не се стекнал ...
На ден 19.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 2 се под контрола, а 2 се изгаснати. Активни пожари – 4: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон ...
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, ...
Во тек е уредувањето на просторот зад Собранието, каде што се гради нов паркинг наменет за возилата на пратениците и службениците. Паркиралиштето се наоѓа во непосредна близина на Домот на АРМ, информира собранискиот спикер Африм Гаши. Гаши посочи дека одблиску го следи текот на градежните активности, со кои, како што вели, просторот околу Собранието треба да добие пофункционален и поуреден изглед. „Одблиску го следев текот на градежните ...
Првата смена од 115 скопски средношколци утрово замина за Охрид, со што официјално започна бесплатниот наставно-научен едукативен камп организиран за учениците од средните училишта во главниот град. За време на престојот, младите ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Главната цел на овој камп е младите да го поминат летниот период на креативен и ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. T=36°C. P=978hPa. U=18%. V=2m/s. Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно влегоа во политичка пресметка, овојпат околу состојбата со водата за пиење во Гостивар и односот на власта кон граѓаните погодени од проблемот. Од СДСМ го обвинија премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека вчерашното славење на партијата во Гостивар се случило во градот каде, според нив, повеќе од 5.000 граѓани биле погодени од труење. „Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без ...