Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Нов бран поевтинувања на горивата стапува во сила од ноќеска, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Според пресметките на Комисијата, цените во просек се намалуваат за 6,61 проценти во однос на претходната одлука. Причина за корекцијата е значителниот пад на референтните цени на светските пазари. Анализите покажуваат дека бензините поевтиниле во просек за ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел. На средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на земјава и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, соопштија од кабинетот на Сали. Тој изразил благодарност за континуираната ...
Кир Стармер поднесе оставка од функцијата британски премиер и лидер на Лабуристичката партија. Во изјава пред Даунинг стрит 10, премиерот рече дека неговата партија се прашувала дали тој е „најсоодветниот човек да нè води на следните општи избори“, додавајќи: „Го слушнав одговорот“. Тој изјави дека секоја одлука што ја донел додека бил на функцијата била насочена кон тоа „на прво место да ја стави земјата што ја сака“. Видливо емотивен, ...
Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ, на денешната прес конференција рече дека после две години од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено ...
Управата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија, која се одржа на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта. Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на ...
Европа се соочува со нов бран на екстремни горештини, кој се очекува да ги урне температурните рекорди за месец јуни во неколку земји. Ова е втор топлотен бран што го погодува западниот дел на континентот за помалку од еден месец, додека експертите продолжуваат да предупредуваат дека климатските промени ги прават екстремните временски појави сè почести и поинтензивни. Франција е меѓу најпогодените земји, каде температурите се приближуваат до ...
Продолжуваат препукувањата меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ поврзани со спорот со Бугарија и идентитетските прашања. „Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ. Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед ...
Утре во во Скопје свечено ќе биде отворена дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која учествуваат поранешни шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и искуства за актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, ...
Цените на нафтата се намалија, откако знаците за напредок во преговорите меѓу САД и Иран ги ублажија стравувањата од продолжени нарушувања во снабдувањето преку Ормутскиот теснец – клучна глобална рута за транспорт на нафта. Утрово, цената на суровата нафта Брент беше пониска за 0,91 отсто и изнесуваше 79,12 долари за барел, додека американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) падна за 0,70 отсто на 75,32 долари за барел. Пониските ...
Првата рунда преговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши утрово, соопштија посредниците, по тензичен почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги обнови нападите врз Иран. Во заедничко соопштение на земјите посредници Катар и Пакистан се наведува дека САД и Иран се согласиле за патоказ кон конечен ...
Овен Денот ви носи нова енергија и желба за акција. На работното место ќе имате можност да покажете иницијатива. Во љубовта избегнувајте избрзани реакции. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и планирањето на идните трошоци. Можно е пријатно изненадување од блиска личност. Здравјето е стабилно. Близнаци Вашата комуникативност ќе биде на високо ниво. Ќе успеете лесно да ги решите недоразбирањата и да воспоставите нови контакти. Во ...
Претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во ...
Бран вооружени инциденти во Чикаго доведе до најмалку 38 повредени и седум загинати од петокот навечер, соопшти полицијата, што го поттикна претседателот Доналд Трамп повторно да го обнови својот повик за воена интервенција во третиот по големина град во земјата. „Зошто гувернерот Прицкер не ме повикува за помош? Би можел да го направам Чикаго безбеден град за ЕДЕН МЕСЕЦ. За ЕДНА ГОДИНА би бил еден од најбезбедните!!!“, напиша Трамп во објава ...
Откако учениците го започнаа летниот распуст, градскиот базен во Тетово е пуштен во употреба за сите граѓани. Граѓаните кои ги сретнавме велат дека вакви простори треба да има и во други градови, но и во селата. Тие велат дека ги носат децата овде за да научат да пливаат, но и поради здравствените придобивки. Базенот во Тетово е отворен од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот, додека за време на викендот од 09:00 до 21:00 часот. ...
Оваа депонија се наоѓа во селото Дебреште во Општина Долнени. Таа е тука речиси 11 години и речиси постојано има чад и пожар. Како тоа да не е доволно, депонијата се наоѓа покрај регионалниот пат што ги поврзува Долнени со Прилеп и Македонски Брод. Секој што поминува го чувствува непријатниот мирис, а да не зборуваме за жителите на селото Дебреште. Градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, изјави дека се обидуваат да најдат ...
ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот договор, обвини од Кичево претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Осврнувајќи се наназад, лидерот на интегративците рече дека при составувањето на договорот, поради компромисот што требало да се направи, зборот „Албанци“ бил заменет со „20%“, но според него тоа воопшто не ја загрозува суштината. Според него, албанскиот јазик во Охридскиот договор е службен јазик во сите државни институции. ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран нема намера да развие атомска бомба, но ќе продолжи да го брани своето право на збогатување на ураниум. Неговата изјава дојде непосредно пред почетокот на разговорите меѓу Иран и САД, кои се одржуваат оваа недела во Швајцарија. „Ова не е ништо ново и можеме дури и писмено да потврдиме дека немаме намера да изградиме бомба“, изјави Пезешкијан, според иранското претседателство. Сепак, ...
По консолидирањето на ВЛЕН во единствен политички субјект, копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа работата на терен. Првата станица беше градот Дебар, каде одблиску ги разгледаа проектите што се реализираат под раководство на градоначалникот Фисник Мела. Во фокусот беше изградбата на нов паркинг со 250 паркинг-места во центарот на градот, инвестиција вредна околу 350 илјади евра, која има за цел да ја подобри урбаната ...
Општина Струга годинава беше домаќин на Денот на Охридското Езеро, кој традиционално се одбележува на 21 јуни. Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, изјави дека има уште многу работа што треба да се заврши долж езерскиот брег, посочувајќи ја и потребата од поголема контрола врз плажите за тие да бидат во служба на граѓаните. „Мора да воведеме ред околу плажите. За жал, во Советот на Општина Струга не помина одлуката со која општината ќе ...
Долги колони, блокирани улици и нервоза зад воланот. Вака се очекува да изгледа Тетово во текот на јули и август, кога градот традиционално се соочува со зголемен број иселеници кои доаѓаат во татковината, како и со почетокот на сезоната на свадби. Иако ваквото сценарио се повторува секоја година, патната инфраструктура останува непроменета, што повторно отвора прашања за справувањето со сообраќајниот метеж. Од Секторот за внатрешни работи ...
На територијата на државата до 18:00 часот на 21.06.2026 година се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во: ...
Власта и опозицијата во вербална битка за животниот стандард на граѓаните и за прашањето дали подобро се живее сега или пред две години. Лидерот на СДСМ Венко Филипче, обвини дека за две години наместо подобар живот, власта донела поголема сиромаштија. Кажа дека нивната анализа покажала дека после две години од мандатот на оваа влада 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Рече дека најголемиот неуспех е токму во економијата ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина ...
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи ...
Во рамки на истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), обезбедени се уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едно лице е определена мерка притвор, додека за вториот осомничен се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката. Преостанатите двајца осомничени ќе бидат изведени ...
Илјадници луѓе се собраа денес во Стоунхенџ за да ја прослават летната краткоденица, додека Велика Британија се подготвува за топлотен бран што би можел да донесе рекордно високи температури низ поголемиот дел од земјата. Метеоролошката служба соопшти дека се очекува температурите да достигнат врв од околу 35 степени Целзиусови во вторник и среда, што предизвика предупредувања за здравствените ризици, особено за ранливите групи. Британските ...
Репрезентациите на Шпанија и Саудиска Арабија денеска од 18 часот ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Групата Х на Светското првенство 2026. Шпанците влегуваат во дуелот со императив за победа, откако во првото коло неочекувано ремизираа без голови против Зеленортските Острови. „Црвената фурија“ важи за фаворит во групата, но нов кикс би можел значително да им ги искомплицира шансите за пласман во нокаут-фазата. Од друга страна, ...
Македонски државјанин е главен осомничен за убиството на 45-годишна жена на грчкиот остров Крит, која исчезна на 30 мај, а нејзиното тело беше пронајдено утрово во близина на Ханија. Станува збор за Ставрула Левендаки од селото Агиа кај Ханија, за која на почетокот на месецов беше издадено предупредување за исчезнато лице. Последен што ја видел бил нејзиниот потстанар, македонски државјанин, кој уште од почетокот бил во фокусот на истрагата. ...
Репрезентациите на Белгија и Иран вечерва од 21 часот ќе се соочат во натпревар од второто коло во Групата Г на Светското првенство 2026, што се игра во Инглвуд, САД. По првото коло ситуацијата во групата е целосно израмнета, откако сите четири селекции освоија по еден бод. Белгија ремизираше со Египет (1-1), додека Иран одигра возбудлив натпревар против Нов Зеланд кој заврши без победник (2-2). Во пресрет на дуелот, атмосферата во иранскиот ...
Продолжуваат меѓупартиските обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу евроинтегративниот процес и односите со Бугарија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја продолжува политиката на поранешниот премиер Зоран Заев и дека е подготвен на нови отстапки во однос на бугарските барања со цел да обезбеди политичка поддршка. „Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Заев, туку само ...