Од прогласувањето на епидемијата на 19 јули, во Гостивар се евидентирани вкупно 1.149 лица со воспаление на дигестивниот систем. Од ИЈЗ појаснуваат дека оваа бројка се базира само на официјално пријавените случаи од лекарите, додека реалниот број може да биде поголем, бидејќи дел од граѓаните не се јавиле на лекарски преглед. Според извештајот на ИЈЗ, епидемијата првично била пријавена како епидемија на воспаление на стомакот, со сомнеж дека ...

Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, скопско. Во инцидентот нема повредени лица. Според информациите од МВР, вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишен скопјанец, додека управувал со автобус на ЈСП, пред влезот во село Цветово забележал чад кој доаѓал од предниот дел на возилото. Возачот веднаш го запрел автобусот, по што со противпожарен апарат успеал да го ...

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија во Србија доби судска разрешница преку предлог-спогодби меѓу надлежниот јавен обвинител и осомничените. Судот, по извршените законски проверки, ги прифатил спогодбите и донел соодветни одлуки. Јавното обвинителство денеска соопшти дека, по повеќе барања од медиумите за увид во анонимизирани примероци од правосилните пресуди, двете одлуки се објавени во прилог на соопштението. Од ...

Со пораки за силна, модерна и професионална Армија, денеска во Охрид беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста, претседателката и врховна командантка Гордана Силјановска-Давкова порача дека македонската Армија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висок степен на интероперабилност со сојузничките сили. Силјановска-Давкова се осврна на развојот на Армијата, од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше по руските напади во текот на ноќта во Украина, во кои, според првичните информации, загинале најмалку 10 лица, а неколкумина се повредени. Зеленски изрази сочувство до семејствата на загинатите и истакна дека екипите за итни случаи продолжуваат со операциите во погодените подрачја. „Досега е потврдено дека загинале 10 лица. Моето сочувство до нивните семејства и најблиски. Многу луѓе се ...

Денеска и утре е првиот рок за пријавување на кандидатите за упис на прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За академската 2026/2027 година, која започнува на 1 октомври, на 23 факултети се предвидени вкупно 8.851 слободно место. Од вкупниот број места, 4.395 се наменети за редовни студенти во државната квота, чии студии се финансираат од државниот буџет. Дополнителни 3.621 места има за редовни студенти кои ги ...

Најмалку 30 деца можеби биле зачнати со сперма или јајце-клетки од погрешни донатори во клиника за плодност во Северен Кипар, покажува истрагата за случајот, кој најмногу ги засега британските родители. Според информациите на Би-би-си, родителите избирале донатори врз основа на нивната здравствена историја, физичкиот изглед и личните податоци, но подоцна се појавиле сомнежи дека во процесот на асистирана репродукција биле користени други ...

Десет мигранти од Египет биле пронајдени во патничко возило при полициска контрола во близина на Богородица, а 59-годишен државјанин на Латвија е лишен од слобода под сомнение дека ги превезувал. Случајот се случил синоќа околу 22 часот во село Богородица, гевгелиско, каде што полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица извршиле контрола на патничко возило „Фиат Типо“ со скопски регистарски ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...

Трагичен настан ја потресе туристичката сезона во Ксамил, Албанија, каде што во раните утрински часови бил пронајден безживотен 20-годишен француски државјанин. Според информациите од албанската полиција, телото на младиот Мигел Мендес било пронајдено околу 5:15 часот на лежалка на плажа. Постојат сомневања дека младиот Французин бил нападнат и избоден со нож. Полицијата како осомничен го посочува 29-годишниот Сократ Вата од северниот ...

Топлото време продолжува во земјава, но во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а максималната температура ќе се движи од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за појава на нестабилност, проследена ...

Единаесет нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во земјава во текот на еден месец, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавени во месечниот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Од новите случаи, девет се мажи, а две се жени. Станува збор за пациенти на возраст од 20 до 49 години. Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 јуни 2026 година, во Северна Македонија кумулативно се регистрирани 765 ...

Поскапувањето на горивата предизвика нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што двете партии си упатија критики за економската политика и последиците од растот на цените. Од СДСМ обвинија дека бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари, оценувајќи дека Владата не презела мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните. Од партијата велат дека нема намалување на акцизата, привремена интервенција или друг обид за ...

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...

Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Нијас во индонезиската провинција Северна Суматра, соопшти тамошната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика. Засега нема информации за жртви или материјална штета, пренесува „Синхуа“. Земјотресот се случил во 13:02 часот по локално време, а епицентарот бил регистриран на околу 147 километри југоисточно од областа Јужен Нијас, на длабочина од ...

Регионот се прости од Ведрана Рудан — познатата хрватска писателка, новинарка и колумнистка која со децении го привлекуваше вниманието со својот остар јазик и бескомпромисни ставови. Како што објави Н1 Хрватска, авторката почина на 76-годишна возраст, а веста беше потврдена и на нејзиниот официјален профил со симболичната порака дека таа „заминала во подрачје без сигнал“. Борбата со болеста и личниот однос кон смртта Оваа специфична метафора ...

На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, ...

Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 47-годишен прилепчанец, откако при претрес во неговиот дом бил пронајден поголем број предмети и материјали поврзани со марихуана. Како што информираат од полицијата, претресот бил извршен на 18 август во 01:00 часот, во домот на И.Ѓ. (47) од Прилеп, со наредба од Основниот суд Прилеп. При претресот биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како ...

На подрачјето на град Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, која ќе се реализира преку теренски третман, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според издадените налози, активностите продолжуваат со интензивно темпо во наредниот период. Веќе за утре, 21 август, во раните утрински часови е закажана авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека во периодот од 23 до 26 август ќе ...

Според метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, речиси целата територија на Македонија се наоѓа под висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде е регистриран среден индекс на опасност од пожари (жолта боја), соопштија Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради ваквите атмосферски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор, како и на шумски пожари ...

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 земал 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје, соопштија од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. „Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, се вели во соопштението. ...

Во текот на минатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале 3200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје, а во истиот период отстраниле 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини, информираат од претпријатието. „Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран нема да го прифати договорот за кој тој смета дека е неопходен за завршување на војната со САД и порача дека Техеран треба да се предаде, додека разговорите меѓу двете земји остануваат во застој. „Тие нема да постигнат договор од видот што јас сметам дека е неопходен. Видете, ние сме таму од една причина: Иран не смее да има нуклеарно оружје“, им изјави Трамп на новинарите во Овалната соба. ...

Овен ♈ Денот носи енергија за нови почетоци. На работа не брзајте со одлуките, а во љубовта покажете повеќе трпение. Можно е пријатно изненадување. Бик ♉ Финансиските прашања ќе ви бидат во фокус. Добар ден за планирање и завршување обврски. Во љубовта избегнувајте непотребна тврдоглавост. Близнаци ♊ Комуникацијата ви е најсилната страна. Разговор со важна личност може да ви отвори нова можност. Внимавајте да не ветите повеќе отколку што ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Американската рок-легенда Алис Купер, во видео објавено на неговата Фејсбук страница, вели дека и по шест децении кариера не ја изгубил љубовта кон музиката и сценскиот лик што го градел низ годините. „За тие што не знаат, јас сум Алис Купер. Каде сте биле последните 60 години?“, се пошегува музичарот, нагласувајќи дека ужива во улогата на својот препознатлив сценски карактер. Купер објаснува дека токму контроверзниот и театрален карактер на ...

Американската рок-легенда Алис Купер, во видео објавено на неговата Фејсбук страница, вели дека и по шест децении кариера не ја изгубил љубовта кон музиката и сценскиот лик што го градел низ годините. „За тие што не знаат, јас сум Алис Купер. Каде сте биле последните 60 години?“, се пошегува музичарот, нагласувајќи дека ужива во улогата на својот препознатлив сценски карактер. Купер објаснува дека токму контроверзниот и театрален карактер на ...

Американската рок-легенда Алис Купер вели дека и по шест децении кариера не ја изгубил љубовта кон музиката и сценскиот лик што го градел низ годините. „За тие што не знаат, јас сум Алис Купер. Каде сте биле последните 60 години?“, се пошегува музичарот, нагласувајќи дека ужива во улогата на својот препознатлив сценски карактер. Купер објаснува дека токму контроверзниот и театрален карактер на Алис Купер е дел од неговиот однос кон настапите. ...

Норвешкиот крал Харалд V (89) е хоспитализиран и ќе биде на боледување во следните две недели, објави норвешкиот кралски дворец. Во тој период, неговите должности како регент ќе ги преземе крунскиот принц, принцот Хакон. Кралот во последните недели се лекувал од хемолитичка анемија, крвно нарушување кое предизвикува брзо уништување на црвените крвни зрнца. Палатата соопшти дека Харалд во последните недели примал терапија со кортизон. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1030
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
62%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
64%
1030
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.1
72%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
75%
1028
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1028
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
63%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58