Најмалку 15 лица загинаа во голем пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау, во индиската сојузна држава Утар Прадеш. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила низ објектот, при што десетици луѓе биле заробени внатре. Снимките од местото на настанот покажуваат панични обиди на присутните да се спасат додека пламените јазици го зафаќале објектот. Спасувачките екипи и пожарникарите веднаш интервенирале и ...

И покрај тоа што се споменуваше дека по реконструкцијата на Владата ќе раководи со друг ресор, Азир Алиу во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 навести дека ќе продолжи да биде министер за здравство. Како што рече, „во секој ресор каде што има резултати треба да се продолжи, во интерес на институциите и процесите што се во тек“. Алиу изјави дека веќе започнале разговорите меѓу коалициските партнери за завршените процеси и за перформансите на сите ...

Креаторот на култната франшиза Star Wars, Џорџ Лукас, ќе има гласовна улога во најновиот филм од универзумот на Despicable Me, насловен Minions & Monsters. Во неодамнешно интервју, раководителот на Illumination откри дека Лукас се приклучил на проектот откако признал дека е голем обожавател на филмовите за Минионите. Детали за неговиот лик засега не се објавени, но веста предизвика голем интерес кај љубителите на анимираните филмови и ...

Тринаесет лица загинаа, а десетици се повредени по експлозијата во огромниот комплекс за течен природен гас (LNG) Рас Лафан во Катар, што се случи додека работниците ги рестартираа операциите прекинати по иранскиот напад во март. Властите соопштија дека во гасниот објект Барзан во неделата навечер се случила „техничка несреќа“. Катар, дом на голема американска воена база, беше цел на повеќе ирански напади со ракети и беспилотни летала за ...

Чешката влада објави забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, приклучувајќи се кон растечкиот број земји кои се обидуваат да го ограничат времето што децата го поминуваат пред екраните. Но, додека Европа сè повеќе се свртува кон построги правила, Хрватска исто така подготвува значајни промени што би можеле да влијаат на секојдневниот живот на учениците и нивните родители. Имено, Министерството за ...

Портпарол на Европска комисија во понеделник изјави дека ЕУ ги „преиспитува“ плановите за одржување самит со Обединето Кралство кон крајот на јули, бидејќи станува сè поверојатно дека наследникот на премиерот Кир Стармер ќе ја преземе функцијата за само три и пол недели. Самитот меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, закажан за 22 јули, сè повеќе е под знак прашање откако Стармер во понеделник го објави временскиот план за своето заминување од ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. Како што соопшти, во фокусот на разговорот биле владеењето на правото и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност. Ахмети истакна дека за време на средбата ја изразил благодарноста за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави и уверувањето дека партнерството меѓу двете земји ...

Соединетите Американски Држави во понеделник ја одобрија продажбата на иранска нафта, олеснувајќи ги санкциите што беа во сила со децении, додека се обидуваат да постигнат конечен мировен договор со Иран, во замена за обврски поврзани со нуклеарни инспекции и слобода на пловидба низ Ормускиот Теснец. Општата лиценца, објавена од американското Министерство за финансии, дозволува продажба на сурова нафта, како и на петрохемиски и нафтени ...

ЕМАНУЕЛ Макрон денес му се заблагодари на британскиот премиер Кир Стармер, пофалувајќи ја неговата „посветеност“ на украинското прашање и ревитализацијата на односите меѓу Обединетото Кралство и Европската Унија. „Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Кир Стармер за неговиот придонес во зајакнувањето на француско-британските односи, неговата посветеност во рамките на Коалицијата на волјата за Украина, како и за ревитализацијата на ...

Лионел Меси испиша историја. Тој стана најдобриот стрелец во историјата на Светското првенство. Меси го постигна својот 17-ти гол на Светските првенства за Аргентина во натпреварот против Австрија. Во натпреварот против Алжир, Меси постигна хет-трик и го израмни рекордот на германскиот напаѓач Мирослав Клосе по бројот на постигнати голови. Со голот против Австрија, Меси стигна до бројката од 17 голови на Светските првенства. Меси постигна ...

Две момчиња, на возраст од две и четири години, беа пронајдени мртви во автомобил во југоисточниот француски град Карпентрас денес, среде интензивен топлотен бран што ја зафати земјата, објави телевизијата TF1. Двајцата браќа беа пронајдени околу пладне во возило паркирано во близина на семејната куќа, соопшти обвинителството. Обвинителката од Карпентрас, Хелен Мурж, изјави дека причината за смртта сè уште не е утврдена, но дека екстремната ...

Чешката влада поднесе закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на одморите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни ...

Попладнево делови од Северна Македонија беа зафатени од нестабилно време проследено со дожд и засилен ветер. Најизразена нестабилност беше регистрирана во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево и во подрачјата југоисточно од Гостивар. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, дуваше умерен, а повремено и засилен северен ветер со брзина до 40 километри на час. Оттаму информираат дека облачните јадра во моментот ...

Запрашана зошто Министерството за финансии дало негативен одговор за околу 50 вработени на Детската клиника, кои тврдат дека од јануари не примиле плата и немаат регулиран статус, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека податоците околу ова прашање не биле точно презентирани. Според неа, минатата година, кога биле побарани согласности за договори на дело, истовремено била дадена согласност и за вработување на 38 лица на ...

ВЛЕН бара од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет и да ги провери информациите објавени во јавноста поврзани со работата на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Од ВЛЕН изјавија дека тој се сомничи дека извршил притисок врз една голема европска компанија за производство на заштитни огради за автопат да не учествува на тендери во Македонија, со што, според ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Според неа, Врховните судови, како највисока инстанца во судската хиерархија, го гарантираат владеењето на правото и ја персонифицираат независноста на ...

Оставката на британскиот премиер Кир Стармер предизвика уште еден бран политички превирања во Обединетото Кралство, но како што се менуваат политичарите, една константа на Даунинг стрит 10 останува: мачорот Лари. Главниот ловец на глувци сега го испрати својот шести премиер и мирно го чека својот седми. Се чини дека ако некој во Британија навистина ја разбира политичката нестабилност, тоа не е искусен новинар или стручен аналитичар, туку ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати. Според новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе чини 86 денари за литар. Цената на дизелот се намалува за 7 денари по литар и ќе изнесува 80,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по максимална ...

Остра расправа на Комисијата за политички систем на која беше амандманската расправа за законот за судска служба. Опозицијата поднесе околу стотина амандмани поради како што рекоа, предлог закон кој воопшто не е оној на кој работела работната група. Соња Мираковска од НСДП му се обрати на министерот за правда Игор Филков. -Ние цело време ќе слушаме истото образложение, не е усогласен со законот за административни службеници. Па вие господине ...

Во текот на неделата се очекува да се одржи вториот состанок на коалициските партнери за реконструкција на Владата. Премиерот Мицкоски изјави дека првиот состанок бил конструктивен, но без да даде детали за можните промени. Тој само кажа дека постојат опции за промени кои ќе станат познати до крајот на викендот. -Во првите разговори можам да кажам дека доминираше конструктивна атмосфера. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме состаноци, ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова застана зад барањата на судиите за нивното финансирање. Таа на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа што се одржа во земјава истакна дека без финансиски средства не може да има независно судство. -Не зборуваме ние само за платите на судиите на јавните обвинители. Ние говориме за многу важна логистичка поддршка во работата на судството па и на Судскиот совет и ...

Работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде предмет на собраниска расправа следната недела, откако интерпелацијата поднесена од опозициската партија Левица беше ставена на дневен ред на пленарната седница закажана за 24 јуни. Информацијата денеска ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочувајќи дека пратениците ќе дебатираат за наводите изнесени во интерпелацијата поднесена во мај годинава. Од Левица го ...

Мундијалската треска продолжува со уште една богата фудбалска ноќ во која ќе се одиграат четири натпревари, а во фокусот повторно ќе бидат најголемите ѕвезди на турнирот. Аргентина, Франција и Норвешка ќе се обидат да го потврдат добриот старт и да направат голем чекор кон пласман во нокаут-фазата, додека селекциите кои претрпеа порази во првото коло ќе бараат спас и бодови за продолжување на надежите. Програмата започнува во 19:00 часот со ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол. Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две лица во Тетово (еден малолетник), две лица ...

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На ...

Ребалансот на Буџетот утре ќе се разгледува на владина седница. Ќе има корекција на буџетскиот дефицит, односно негово зголемување, потврди министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, корекцијата доаѓа поради зголемените потреби за финансирање на капиталните инвестиции. Ќе има корекции и на приходната страна, во делот на акцизите, поради мерките за горивата кои беа донесени како одговор на кризата. На прашањето колку ...

Обвинителството соопшти дека сите осомничени лица во случаите поврзани со корупција во Фудбалската федерација на Македонија се веќе под мерки за обезбедување, потврдувајќи дека нема лица кои се недостапни за истражните органи. Според Обвинителството, неодамна биле определени превентивни мерки за две осомничени лица, додека на едно лице му била одредена мерка куќен притвор. Со тоа, како што наведуваат, сите инволвирани во постапката се под ...

Намалувањето на цените на основните прехранбени производи ќе биде тема на денешната средба меѓу Владата и претставниците на маркетите, дистрибутерите и трговците. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на состанокот ќе побара компаниите да ги коригираат цените по завршувањето на кризата на Блискиот Исток. Мицкоски порача дека очекува трговците да покажат одговорност кон граѓаните, кои според него во изминатиот период покажале трпение и ...

По неколкудневното стабилно и топло време, метеоролозите најавуваат промена на временските услови. Под влијание на циклонска активност со центар над Турција, утре и во среда во земјава се очекува зголемена нестабилност проследена со врнежи и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на двата дена ќе се развива нестабилна облачност која ќе донесе дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
34%
1019
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
54%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.82
43%
1019
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.52
33%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.83
39%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.68
64%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
38%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
35%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.43
33%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
36%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 34ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.25
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Калај

50.56

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89