Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека во Бутел влегува во завршна фаза, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Новата патека е долга 1.590 метри и ќе обезбеди уреден и безбеден простор за пешачење, рекреација и дружење. Проектот предвидува и поставување современо ЛЕД осветлување, клупи и друга урбана опрема, уредување на зелените површини и изградба на нови детски игралишта. ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на хрватскиот парламент врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен предлагач, ќе поднесе ...

Голем пожар што избувна денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил и навлегол меѓу куќите. Зафатени се повеќе објекти, меѓу кои најмалку една куќа во која се живеело и една штала, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Пожарникарите од Прилеп по пристигнувањето затекнале огнот веќе навлезен во селото. Благодарение на нивната интервенција, ширењето меѓу куќите било ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва беше изведена почесна артилериска стрелба во пресрет на утрешното одбележување на 34-годишнината од формирањето на Армијата. Припадниците на артилерискиот баталјон истрелаа 10 плотуни од шест артилериски орудија. Снимките од настанот ги објави министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој кратко порача: „Нека одекне гордоста“. Годишнината на Армијата се одбележува со повеќе активности во Скопје, Штип и ...

До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...

Од првата минута на 18 август граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажната цена на дизелот да се зголеми за 6,5 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините да се зголемат за 4,5 денари за литар. Со зголемување од 6 денари ќе се продава и екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на мазутот ќе поскапи за 0,188 денари за килограм. „Нафтата ЕУРОДИЗЕЛ ќе се ...

Состојбата со пациентите кои побарале медицинска помош во Гостиварската болница се стабилизира, а според институциите од петокот водата е безбедна за пиење. Паралелно со ова, болницата ги завршила сите процедури за дезинфекција и го очекува конечниот потврден одговор од Министерството за здравство за отворање на операционите сали. Во последните 24 часа, бројот на пациенти со симптоми на труење или слични тегоби бележи значително намалување. ...

Загрижувачка е состојбата со заболувањето сипаници кај овците од што досега се угинати меѓу 7 и 10 илјади овци, а се уништени 40 до 50 стада. Овчарите кои денеска пред Владата застанаа на протест бараат од надлежните навреме да се обезбедат потребните вакцини, а на оние кои претрпеле штети од оваа болест да бидат обештетени. Велат дека постојано стравуваат за нивните стада овци, бидејќи како што истакнуваат постојано се појавуваат нови ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот се закани дека ќе го нападне Оман доколку оваа земја се вмеша во напорите на САД во Ормускиот Теснец, додека конфликтот со Иран продолжува, а истекува и рокот од два месеца за мировни преговори без јасен пат за ставање крај на војната. „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го бомбардираме до целосно уништување“, изјави Трамп во интервју за Треј Јингст од „Фокс њуз“. Коментарите на Трамп ...

После интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос ...

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...

Во саботата почина 61-годишен пациент со западнонилска треска, со што вкупниот број на жртви се искачи на три. За ова информираше министерот за здравство, Сашо Клековски, кој рече дека досега се регистрирани 35 потврдени случаи и три сомнителни случаи, кои се во процес на дијагностицирање. Во однос на прскањето против комарци, министерот рече дека само општина Студеничани нема извршено прскање и таму се регистрирани два случаи на заразени ...

Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...

Електраните на Северна Македонија (АД ЕСМ) потпишаа тригодишен стратешки договор со Енергетската корпорација на Косово (КЕК), со кој се обезбедува стабилно и континуирано снабдување со јаглен за потребите на термоелектраните во Северна Македонија, пренесува ТВ21. Договорот, кој доаѓа по интензивни преговори и одлука на Владата, му дава на ЕСМ концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу 3 милиони тони јаглен во период ...

Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година, соопштија од ова Министерство. „Подмладокот со кој се порибува Охридското Езеро во оваа фаза е со просечна тежина од околу ...

Агенцијата за храна и ветеринарство е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што изјави директорот на АХВ, Оливер Миланов, сè уште се чека одлуката дали количината ќе биде уништена во земјата увозник, во Бугарија, или ќе биде вратена во Македонија и уништена на депонијата „Дрисла“. „Операторот има право пиперките да бидат уништени или вратени. Ние, заедно со Земјоделскиот ...

Македонскиот олимписки комитет во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Делегацијата од Македонија ќе брои 130 члена од кои 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 19 од вкупно 33 спортови. Ова е најброен состав на Македонија досега на Медитерански игри. Досега нашите спортисти имаат освоено 14 медали на Медитеранските игри. „МОК направи се што ...

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои четири остануваат активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари се пријавени на подрачјата на Студеничани, Македонски Брод, Велес, Зелениково, Јегуновце и Сарај, а екипите на терен работат на нивно локализирање. Според ЦУК, во текот на викендот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Во ...

Пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој говореа министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на Армијата, Мисајловски им се заблагодари на вработените, истакнувајќи дека нивниот труд, посветеност и професионалност ...

Вчера попладне, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Како што соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. „Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно ...

Од полноќ поскапуваат горивата во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,85 проценти. Новите цени ќе важат од 18 август во 00:01 часот. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар. Така, литар 95-октански бензин ќе се продава по максимална цена ...

Општина Арачиново презема превентивни мерки по пријавувањето на случај на Западнонилска треска на нејзината територија. Градоначалникот Даут Беќири соопшти дека прскањето против комарци во општината било извршено на 12 јули, а по новиот случај, дезинсекцијата повторно ќе се спроведе во текот на оваа недела, на целата територија на општината. „Го разбираме загриженоста на нашите граѓани. Токму затоа превентивните мерки продолжуваат без ...

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски со спротивставените изјави шират паника и дополнителна неизвесност околу состојбата со водата во Гостивар. Од партијата велат дека во изминатите недели имало контрадикторни информации од повеќе владини претставници за исправноста на водата, додека резултатите од анализите сè уште не се објавени. „Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој се заоструваат условите и контролите при издавањето лиценци за приредување игри на среќа. Правилникот ги утврдува критериумите и потребната документација за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на правните и физичките лица кои аплицираат за лиценци за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип. Со новите правила, барателите ќе треба да ...

Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје, Никол Варнес, вчера попладне престојуваше во Дебар, каде што се сретна со градоначалникот на општината, Фисник Мела. „Посетата се одржа во пријателска атмосфера, додека Варнес имаше можност да се запознае со природните убавини, туристичкиот потенцијал и гостопримството на Дебар“, соопшти Општината. Посетата започна со кафе во близина на Дебарското Езеро и продолжи ...

По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изведе церемонијална артилериска стрелба, со 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе се одржи пробна стрелба со еден плотун од 6 истрели. 34-годишнината од формирањето на Армијата ќе биде одбележана и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со дефиле на Вториот пешадиски баталјон и други ...

Во стампедо во хиндуистички храм во источната индиска држава Бихар во неделата загинаа седум лица, а повеќе од десетина беа повредени. Властите велат дека пукнат електричен кабел предизвикал паника кај илјадници верници, јавува АП. Несреќата се случила во храмот Ашок Дхам во округот Лакисараи во источна Индија. Илјадници верници се собрале да се молат на третиот понеделник од Шраван, еден од најсветите месеци во хиндуистичкиот календар. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му нареди на Пентагон значително да ги намали годишните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, велејќи дека сојузникот одбил да помогне во војната против Иран и повикувајќи се на неговиот добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека вежбите, кои започнаа во понеделникот, не само што се скапи, туку испраќаат и „сигнал кој е целосно ...

По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопјe , вечерва во 19:00 часот, артилериската батаљонска единица на Армијата ќе изврши свечено артилериско гаѓање , со 10 збони од 6 артилериски топови. Претходно, во 18:00 часот, ќе се изврши пробно гаѓање со збони од 6 истрели. 34-годишнината од Армијата ќе биде одбележана и во касарната „Јане Сандански“ во Штип , со дефиле на Вториот пешадиски баталјон и други единици на Армијата. На ...

Овен – Денот носи енергија за нови почетоци. На работа избегнувајте избрзани одлуки, а во љубовта бидете отворени за разговор. Финансиски, внимавајте на непланирани трошоци. Бик – Можно е да добиете позитивна вест поврзана со работа или пари. Во љубовта ве очекува стабилен ден, но не дозволувајте тврдоглавоста да создаде непотребна дистанца. Близнаци – Комуникацијата е вашата најсилна страна денес. Ќе имате можност да решите недоразбирање или ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1030
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
62%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
64%
1030
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.1
72%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
75%
1028
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1028
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
63%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25