Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, во однос на јуни годинава, изнесува 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Најголем раст е регистриран кај транспортот – 4,4 проценти, како и кај рекреацијата и културата, домувањето и угостителските услуги. Истовремено, најголемо намалување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 процент, како и кај покуќнината и опремата за домаќинствата. На ...
Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжија со размена на обвинувања за недомнешниот инцидент во Ново Село. Додека СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад нападот на нејзини млади активисти, оттаму возвраќаат дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакал да предизвика инцидент. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски на денешната прес конференција рече дека во Ново Село, се случило ...
По повеќе од две години, повторно е поднесено барањето до Министерството за правда за организирање на стручните испити и на албански јазик. Барањето го поднел иницијаторот, студентот Мевлан Адеми, заедно со претседателот на Студентскиот парламент на ЈИЕ Универзитетот, Бесјан Реџепи. Овојпат, покрај правосудниот испит, барањето ги опфаќа и испитите за нотари, извршители и другите државни испити кои, според студентите, и понатаму се ...
Триесет и четиригодишен скопјанец заврши зад решетки откако под дејство на речиси четири пати повеќе алкохол од дозволеното предизвика сообраќајна незгода во центарот на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15:10 часот, на улицата „Пролет“ во Скопје. Според информациите од полицијата, И.А.Л. (34) управувал патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски таблички и удрил во ...
Земјоделците од Струмичко повторно излегоа на протест, револтирани бидејќи откупувачите и конзервните фабрики ја започнаа сезоната со цена од 25 денари за килограм ајварка. Според нив, оваа сума е за 20% пониска од минатата година и е мизерна. Таа воопшто не ги покрива високите производствени трошоци, дополнително отежнати од пролетните поплави, силните ветрови и летните невремиња кои ги уништија пластениците. Еден од земјоделците пред ...
Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска и опасна глетка во самиот центар на унгарската престолнина. Во непосредна близина на унгарскиот Парламент, од речното корито изнурнаа остатоци од Втората светска војна кои лежеле недопрени 81 година. Случајните минувачи и локалните власти забележале метална конструкција и материјали во калта, по што веднаш биле повикани специјализирани ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го потпиша решението за распишување вонредни избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што информира Гаши, одлуката е донесена согласно Уставот, Изборниот законик и важечките законски прописи. Тој ги повика Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и сите институции вклучени во изборниот процес да постапуваат професионално, ...
Уставниот суд за првпат во својата практика го известил Јавното обвинителство и Судскиот совет за судија кој не извршил негова конечна одлука. Станува збор за судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал по предметот на новинарката Наташа Стојановска, поврзан со настаните од 27 април 2017 година. Како што соопшти Судот, на 24 јули 2026 година до двете институции било испратено известување дека не е извршена Одлуката ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша две нови извршни наредби со кои дополнително се ограничува правото на автоматско стекнување американско државјанство за деца родени на територијата на САД. Една од наредбите предвидува дека државјанството нема автоматски да им се признава на одредени деца чии родители не се американски државјани, меѓу кои се децата на вработени во странски влади, како и на лица кои ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри, на кој ќе се разгледува состојбата во Сеута по масовниот прилив на мигранти од Мароко во текот на минатата недела. Како што пренесува агенцијата ЕФЕ, состанокот ќе се одржи преку видеоконференција, а Санчез ќе раководи од државната резиденција Ла Марета на островот Лансароте. Целта на состанокот е координација на активностите на ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија меѓусебни обвинувања поврзани со случајот со загадената вода во Гостивар и состојбата со квалитетот на водата за пиење во државата. Од СДСМ тврдат дека над 50 населени места се соочуваат со проблеми со загадена вода и посочуваат дека во Гостивар илјадници граѓани побарале медицинска помош поради инцидентот. Од партијата наведуваат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат да бидат објавени ...
Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден заврши два големи потписи. Прво го ангажираше најскапото засилување во историјата на клубот Јан Диоманде, а потоа потпиша нов договор со еден од најдобрите играчи на клубот, Винисиус Жуниор. „Кралевите“ го ангажираа играчот на Брегот на Слоновата Коска Диоманде од Лајпциг за сума од околу 140 милиони евра, цифра која ја надмина онаа на Џуд Белингем од 134 милиони евра. Неколку часа подоцна Реал ја заврши ...
Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа ...
Компанијата Мета е задолжена со одлука на суд во американската сојузна држава Ново Мексико да исплати 567 милиони долари, најголем дел од нив во фонд за ментално здравје на тинејџерите како надомест за штетите предизвикани преку своите платформи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Според судската одлука, 420 милиони долари ќе бидат наменети за лекување и поддршка на менталното здравје на тинејџерите, додека преостанатиот дел од средствата ќе се ...
Најмалку седум лица загинаа во трагичен напад со оружје во училиште во Тајланд, откако ученик отвори оган а потоа си го одзеде животот, соопшти претставник на тајландската полиција. Учениците во паника го напуштаа училиштето „Дебсирин Нонтабури“, кое се наоѓа во северозападното предградие на Бангкок, додека повредените беа пренесувани во амбулантни возила, а наставниците се прегрнуваа и плачеа. На фотографиите што ги објавија службите за итна ...
♈ Овен Денот ви носи нова енергија и можност да ги завршите обврските што долго ги одложувавте. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. Внимавајте на импулсивните трошоци. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања – можно е да добиете добра понуда или дополнителен приход. Емоционално ќе се чувствувате стабилно, а вечерта е идеална за дружење со најблиските. ♊ Близнаци Неочекуваните промени ќе ви одат во прилог. Брзото ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
По силното невреме што го зафати Скопје, здравите делови од паднатите дрвја добиваат нова намена. Наместо да завршат како отпад, тие ќе бидат искористени за изградба на нов моторички парк на Водно. Новиот простор ќе има пречки и природни елементи за физички вежби, дизајнирани за подобрување на рамнотежата, координацијата и моторичките способности. Паркот ќе биде отворен за деца, млади и возрасни, како место за рекреација и активности во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 8 август за првпат ќе ја посети Србија. Во соопштението на Претседателството на Србија е најавено дека Зеленски ќе биде пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ. Во меѓувреме, како што објави агенцијата АФП, висок украински функционер ја опишал оваа посета како „симболичен удар“ врз Москва. Познато е дека Србија има проруски став. Таа одби да им се приклучи на иницијативите за ...
Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија, со што дополнително го засилува притисокот врз поединци и компании кои ја поддржуваат војната во Украина. На списокот со санкции се опфатени 19 субјекти, меѓу кои шест руски банки, шест танкери од таканаречената „флота во сенка“, кои се користат за заобиколување на санкциите за руската нафта, како и четири компании што увезуваат ретки метали потребни за производство на воена опрема. ...
Сателитски снимки покажаа потенцијална еколошка катастрофа што се развива покрај брегот на Оман откако танкер за нафта се насука, објави ДПА во четврток. Сликите покажуваат зголемени количини на нафта што истекуваат од танкерот „Каролине Безенги“, долг 270 метри, за кој се верува дека е дел од таканаречената руска флота во сенка. Нафтената дамка се зголемила и сега покрива површина од околу 600 квадратни километри, соопшти еколошката ...
Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка ...
Струга е во екот на летната туристичка сезона, а градот е исполнет со домашни и странски туристи, иселеници и посетители. Градоначалникот Менди Ќура оцени дека ова е една од најдинамичните сезони досега, со богата културна, спортска и забавна програма која привлекува голем број гости. Тој информираше дека ова лето се организирани 24 настани и повеќе од 30 дена програма, која продолжува и во наредниот период. Според Ќура, покрај природните ...
Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови. Црвеното ниво на предупредување го издава владата во Рим кога има екстремна топлина во комбинација со висока влажност. Ова значи дека постојат акутни здравствени ризици не само ...
„Не бараме привилегии, бараме терапија за лекување на ракот“ – со вакви транспаренти во рацете, пациентите протестираа пред Министерството за здравство. Од здружението „Хема-Онко“ посочија дека пациентите со различни видови тумори, покрај борбата за живот, постојано се соочуваат и со недостиг на витални терапии, како што се „Фулвестрант“ и „Золадекс“. Велат дека со недели недостасувале и дел од основните цитостатски терапии, кои исто така се ...
Куповната моќ во Македонија е поголема од многу европски земји и од сите земји земји во регионот. Ова го порача премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата на опозицијата дека граѓаните се потешко живеат. „Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно, претпоставувам опозицијата и дел од тие медиуми ќе жалат и ќе бидат разочарани зошто Македонија не е најслаба, туку е многу подобра од неколку ...
Матурантите од учебната 2025/2026 година го завршија државниот матурски испит во јунскиот рок со просечна оценка 3,66. Резултатот е речиси идентичен со ланскиот, кога просекот изнесуваше 3,69. За разлика од минатата година, оваа година за првпат матурскиот испит се реализираше според новиот модел со три вида матура: државна, стручна и уметничка. „Имаме три различни вида матурски испити. Просечната оценка на државната матура е 3,62, на ...
Во период кога сообраќајот во Тетово е најоптоварен и кога за движење од еден до друг дел на градот е потребно многу време, Општина Тетово ги повлече двете возила на пајак-службата. Според градоначалникот Билал Касами, службата не била функционална поради недостиг од сообраќајни полицајци. Решението го гледа во тоа привремено да функционира само едно пајак-возило на јавното претпријатие, сè додека отстранувањето на непрописно паркираните ...
Потпишани договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, со што треба да се заврши источниот крак на Коридорот 8. Грантот од 149 милиони евра е обезбеден од инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската унија. Дополнително од Европската инвестициска банка како и од Европската банка за обнова и развој од секоја поединечно се обезбедени по 175 милиони евра кредит. „Веќе е завршена првата ...
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг, им наложи денеска на државните институции и локалните власти да преземат сеопфатни мерки за заштита на граѓаните од екстремните жештини, бидејќи се очекува температурата во Сеул да достигне 39 степени Целзиусови. Топлотниот бран, во кој загинаа повеќе од 20 лица, би можел да го приближи Сеул до рекордот од 39,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во август 2018 година. – Екстремните жештини ...