Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Неделата носи можност за одмор, преиспитување на личните одлуки и разговори што можат да разјаснат некои недоразбирања. Некои хороскопски знаци ќе почувствуваат потреба да се посветат на љубовта и семејството, додека други ќе размислуваат за нови планови и финансиски прашања. Прочитајте што предвидува дневниот хороскоп за вашиот знак. Овен Денеска ќе имате потреба да ги завршите работите што долго ги одложувате. Не дозволувајте туѓите ...
Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Променливо облачно со краткотрајни сончеви ...
Европа повторно е зафатена од бран закани за поставени бомби, кои предизвикаа тревога на неколку аеродроми и во медиумски организации. Утрово биле пријавени нови дојави за летови кон и од Италија, како и на аеродромите во Прага и Копенхаген. Паралелно, во Ирска, неколку медиумски редакции биле принудени да ги евакуираат вработените по добиени заканувачки пораки за експлозии. Инцидентите се случуваат еден ден по бранот лажни дојави, кој ...
Вредноста на биткоинот (BTC) денеска во 15:10 часот на најголемата светска платформа за тргување со криптовалути „Бајненс“ падна за 4,58 отсто, на 67.900,62 евра. Падот следува по распродажбата на акциите во технолошкиот сектор, повлекувањето капитал од биткоин ЕТФ-фондовите и масовната ликвидација на позициите на трговците кои се обложувале на раст на цената. Распродажбата на акциите поврзани со вештачката интелигенција се прелеа и на ...
Додека повеќето министри своите одлуки ги темелат на политички и професионални проценки, министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, одлучила да направи пауза од дел од своите активности поради – ретроградниот Меркур. Таа најави дека ќе ги ограничи своите активности до 14 ноември, објаснувајќи дека во последните денови се соочила со низа непријатни ситуации во комуникацијата со луѓето, за кои ...
Стотици илјади граѓани излегоа на улиците низ Франција, протестирајќи против ниските плати и зголемувањето на трошоците за живот. Според француското Министерство за внатрешни работи, до 18 часот биле регистрирани 448 апсења, повредени 53 полицајци и 86 инциденти со пожари. Надлежните соопштија дека повеќето од одобрените протестни маршеви поминале мирно, но тензии биле забележани во Париз, Лион, Рен и Тулуз. Во однос на бројот на учесници, ...
Кралот на Белгија ја одби оставката на премиерот Барт де Вевер и побара од него веднаш да ги продолжи преговорите за буџетот. „Кралот одлучи да ја одбие оставката на премиерот и побара од него веднаш да ги продолжи буџетските преговори. Премиерот повторно ќе го информира кралот во понеделник, на 16 ноември“, се наведува во соопштението на белгиската Кралска палата. Де Вевер, кој е фламански конзервативец, поднесе оставка во понеделникот ...
Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го решите секој проблем! Но, дотогаш бидете мирни, пијте кафе и обидете се да се носите со сите задачи. Во љубовта се ви е стабилно. Бик Вашиот дневен хороскоп предвидува несогласувања во љубовта, како нешто да му замерувате на партнерот и никогаш да не го испуштате. Мали препукувања или „растегнување“ околу нешто што не е ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема право да става вето на прашањата поврзани со европската безбедност. Таа нагласи дека Украина треба целосно да се интегрира во европската безбедносна архитектура. Говорејќи во Варшава, во присуство на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски и неговиот украински колега Андриј Сибиха, Калас истакна дека Европа веќе ги има ...
Ракетни експлозии го погодија Киев рано утрово, при што најмалку пет лица беа повредени, додека Украина се подготвува за нова рунда разговори со Русија и САД следната недела, јавува Асошиејтед прес. Претставници на Русија, Украина и САД треба да се сретнат во вторник во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, на разговори чија цел е завршување на војната. Новата рунда преговори ќе биде четврта што ја посредува администрацијата ...
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во Европската Унија предизвикува околу 35.000 смртни случаи годишно, станува сè пораспространета појава. Тоа ги поттикнува барањата за посеопфатен пристап во справувањето со еден од најголемите предизвици за јавното здравје, предупредуваат експертите. „Отпорноста на антибиотици се појавува кога микроорганизмите повеќе не можат да се лекуваат со лековите што вообичаено ги користиме за нивно ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за билатералните односи меѓу двете земји, како и за регионалните и глобалните случувања. Ердоган изјавил дека тензиите меѓу Иран и САД треба да завршат и дека проблемите треба да се решаваат по дипломатски пат, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да се залага за мир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изразил надеж дека засилените ...
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот пресврт веќе дава конкретни резултати за заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот во главниот град, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, за време на денешниот увид во работата на новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“. Проектот, кој претставува приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, влегува во нова фаза на ...
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше ...
Понекогаш најголемите животни промени не започнуваат со нови можности, туку со одлуката конечно да се ослободиме од она што долго време нè повредувало. Токму таква симболика, според астролошките толкувања, носи младата Месечина во Скорпија, која се поврзува со емоционално прочистување, преиспитување на минатото и отворање ново поглавје во животот. Во астрологијата, Скорпијата важи за знак на длабоки чувства, силна интуиција и внатрешна ...
Според американските безбедносни агенции, хакери ги искористуваат слабостите во електронските системи за контрола на температурата во супермаркетите и ладилниците, особено кај уредите што немаат безбедносни ажурирања или се директно поврзани на интернет. Во заедничко соопштение, Федералното истражно биро (ФБИ) и неколку други американски агенции предупредуваат дека напаѓачите можат да ја менуваат температурата на уредите, предизвикувајќи ...
Драматични сцени се случија во центарот на полскиот град Краков, каде што вооружен напаѓач отворил оган врз случајни минувачи од автомобил во близина на главниот градски плоштад. Според првичните информации објавени од полските медиуми, во нападот загинале две лица, а најмалку десет се повредени. Пукањето се случило на 7 ноември, околу 15 часот, во реонот на улицата „Славковска“ и главниот плоштад во Краков. Според информациите, напаѓачот се ...
Педесет и осумгодишен жител на Гостивар бил пронајден починат на улицата „Беличица“ во градот. Лекарска екипа пристигнала на местото по повик за интервенција, но лекарот можел само да ја констатира смртта. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 6 ноември 2026 година, околу 19:50 часот, кога Итната медицинска помош од Гостивар го известила Секторот за внатрешни работи Тетово дека интервенирала на локацијата. При прегледот ...
Четири борби, четири победи и ниту една загубена рунда – со ваков учинок македонската таеквондистка Душица Брсалиева стигна до златниот медал на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“. Репрезентативката на Македонија, која настапува за ТК Штип, триумфираше во јуниорска конкуренција во категоријата до 55 килограми, оставајќи одличен впечаток со доминантните настапи против домашните натпреварувачки. На патот до највисокото место на ...
Предупредување до сите кои евентуално уништуваат или прикриваат докази во државните институции упати Илија Срдановиќ, прв кандидат на „Студентската листа“, најавувајќи дека воспоставувањето на владеењето на правото ќе биде меѓу првите приоритети на новата српска влада. Тој порача дека никој нема да биде поштеден доколку се утврди дека учествувал во уништување документација што може да послужи како доказ за сторени кривични дела. „Нашиот прв ...
Приведување на познат српски бизнисмен и финансискиот колапс на една од банките во неговата сопственост ја привлекоа вниманието на јавноста во Србија. Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка (СНС) и сопственик на „Алта банка“ од Белград, утрово е приведен, објави „Нова.рс“. Приведувањето следува по повеќечасовна полициска акција во просториите на банката. Според објавените информации, полицијата повеќе од 30 часа вршела ...
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, тврди дека нема причина да стравува од апсење и дека против него не постојат докази поврзани со финансиски злоупотреби. Тој ова го изјави во гостување на телевизијата Пинк, каде што порача дека никогаш не потпишувал документи поврзани со пари. Како што пренесува агенцијата Бета, Вучиќ синоќа зборувал за можноста да биде уапсен, при што нагласил дека не гледа основа за такво нешто. „Јас не ...
Силното невреме што ги зафати грчките острови Родос и Самос предизвика поплави, свлечишта и сериозни проблеми во сообраќајот. Противпожарните служби интервенирале во две одделни спасувачки акции, при што на безбедно биле извлечени шест ученици и четири лица заробени во автомобил. Во областа Маратокампос, во југозападниот дел на Самос, училиштен автобус со шест средношколци останал заглавен поради свлечишта предизвикани од обилните врнежи. На ...
Бројот на случаи на мали сипаници во Соединетите Американски Држави (САД) годинава надминал 5.000, а заболени лица се регистрирани во 45 сојузни држави, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Досега се потврдени вкупно осум смртни случаи поврзани со малите сипаници. Од нив, шест се регистрирани во Пенсилванија, еден во Њујорк и еден во Висконсин, пренесува „Еј-Би-Си њуз“. Во Пенсилванија починал невакциниран жител на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и ...
Тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи биле во фокусот на денешниот состанок посветен на Реформската агенда, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски посочи дека успешното спроведување на реформскиот процес бара координиран пристап од институциите, јасно дефинирани цели и конкретни чекори за подобрување на нивното функционирање. Тој нагласи дека Владата ...
Дури 17 лица завршиле во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и несовесно однесување во сообраќајот. Меѓу нив има возачи кои управувале без положен возачки испит, под дејство на алкохол, но и лица кои возеле и покрај активна забрана. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 лица, додека со едно лице бил извршен службен разговор, поради сомнение за ...
Европската шампионка на 1.500 метри и двократна ирска олимпијка, Сијара Магин, почина денеска на 34-годишна возраст по тешко боледување. Ирската атлетичарка објави во јули 2025 година дека ѝ е дијагностициран рак на дебелото црево. Врвот на кариерата на Магин се случи во 2024 година, кога го освои европското злато на 1.500 метри во Рим. Ирската атлетичарка ја претставуваше својата земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во Токио, но ...
Деветнаесетгодишен младич од Србија исчезна во саботата на планината Триглав во Словенија, највисокиот врв на Јулиските Алпи. Тој се упатил по исклучително тешка планинарска патека преку Племенице, по што му се губи секаква трага. Спасувачите ги пронајдоа неговите лични предмети и траги во снегот, но сè уште не успеале да го лоцираат, пренесува словенечкиот медиум „24ur“. Словенечката полиција добила пријава за неговото исчезнување во ...
Албанија планира да воведе единствен национален испит за сите граѓани кои сакаат да се вработат во државната администрација. Новиот систем, кој го најави премиерот Еди Рама, предвидува кандидатите задолжително да положат испит пред воопшто да добијат право да конкурираат за работно место во државните институции. Рама денеска на својот профил на Фејсбук објави видео во кое заедно со министерката за јавна администрација и борба против ...