Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека оформило предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. „Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици“, се ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. „Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот ...
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во населбата ...
Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај селото Сливница, Ресенско. На 11 август во 13:15 часот, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла неговото тело од езерото, кај туристичката населба Претор. Според пријавата до СВР Битола, на 8 август околу 12:20 часот, М.М. скокнал од чамец во езерото за да ги земе веслата кои паднале во водата, по што не ...
Најмалку 15 лица ги загубиле животите откако патнички траект се превртел во езерото Кариба во Зимбабве, додека најмалку 27 луѓе, меѓу кои и деца, сè уште се водат како исчезнати, објави „Ројтерс“. Несреќата се случила во вторникот, кога траектот се превртел на езерото Кариба. Полицијата првично соопштила дека на пловилото имало 90 патници и пет членови на екипажот, но локалните власти подоцна навеле дека за патувањето биле издадени дури 114 ...
По повод Меѓународниот ден на младите, „ХЕРА Млади“ и иницијативата „Крени ги коцките!“ одржаа герила акција во Скопје, алармирајќи за зголемената присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето меѓу младите луѓе. Податоците за помладите возрасти се особено загрижувачки. Според националното истражување ESPAD 2024, 25 проценти од учениците на возраст од 15 до 16 години во Македонија се коцкале за пари во последните 12 месеци. Кај ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на Драчево, со цел заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Денешната акција е насочена кон сузбивање на ларвите. Специјализирани екипи на терен вршат третман со соодветен ларвицид на критичните точки, како канали, застојани води и влажни места каде што се задржува вода и ...
По повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Министерството за односи меѓу заедниците организираше инклузивен панел на кој учествуваа професори, експерти, поранешни дипломати, политичари, новинари и претставници на граѓански организации. Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека годишнината не треба да биде само потсетување на минатото, туку можност за разговор за иднината и предизвиците со кои се соочува ...
Во Македонија досега се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска, од кои два се водат како веројатни, информираше Министерството за здравство на денешната прес-конференција. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски истакна дека институциите внимателно ја следат епидемиолошката состојба и порача дека нема место за паника, но граѓаните треба да бидат внимателни и да преземаат мерки за заштита од комарци. Според податоците на ...
Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Темепратурата ќе опадне за неколку степени, соопштуваат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. ...
Денес, во одредени делови од светот ќе се случи целосно затемнување на сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, до Шпанија и некои делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие Сончевиот диск. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење на затемнувањето ќе биде 2 минути и 18 секунди ...
Августовскиот рок за полагање на екстерни матурски испити за кандидатите кои не ги положиле или не ги завршиле успешно во јуни ќе се одржи денес и петок (14 август), почнувајќи од 09:00 часот. Според податоците од Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државната матура се пријавиле 1.328 ученици, за професионалната матура 126 и за уметничката матура шест ученици. Кандидатите регистрирани денес ќе полагаат екстерен испит по свој избор – ...
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го завршија своето чекање и официјално се венчаа. Веста ја објави самиот португалски фудбалски ѕвезди, кој објави заедничка фотографија со Џорџина на социјалните мрежи. На сликата, двојката се појавува еден до друг, додека забележливи се и прстените на нивните раце, што го потврдува бракот. Роналдо и Џорџина ја опишаа фотографијата со краток, но значаен опис: „CG“, придружен со емотикон во облик на срце. ...
Париз Сен Жермен и Астон Вила вечерва ќе се соочат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија, со почеток во 21:00 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, додека Астон Вила како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни шампиони на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. Париз Сен Жермен и Астон Вила вечерва ќе се ...
Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,4 степени што го погоди западна Колумбија во понеделник се искачи на 254, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините, јавува Ројтерс. Најмногу жртви се регистрирани во Переира, каде што загинаа 101 лице, и Кали со 95 жртви. Земјотресот сериозно оштети станбени згради, болници и училишта, а илјадници останаа без покрив на главата. Спасувачките напори се попречени од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека тајно ги сменил авионите во Турција минатиот месец по налог на американската тајна служба, но дека авионот со кој на крајот летал сепак бил поранлив од „Ер Форс Уан“. По самитот на НАТО во Анкара, Трамп беше префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион преку камион за кетеринг во извонредна измама предизвикана од иранска закана за атентат, објавија американските медиуми. Белата куќа не ...
♈ Овен Денот носи силна мотивација и желба да завршите нешто што долго време го одложувате. На работа избегнувајте импулсивни одлуки. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик Фокусот е на финансии и стабилност. Можно е да добиете корисна информација поврзана со пари или работа. Во љубовта не дозволувајте тврдоглавоста да создаде непотребна дистанца. ♊ Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Денот е одличен ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Унгарскиот парламент го избра Андраши Бака, поранешен врховен судија, за нов претседател на земјата, објави Ројтерс. Бака беше избран на претежно церемонијалната функција од страна на владејачката десничарска партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес не учествуваа на изборите. Неговиот мандат е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на поранешниот премиер Виктор Орбан, објави ...
Најмалку 18 лица, претежно тинејџери, загинаа денес кога два пикапа што превезуваа земјоделски работници се судрија во северен Египет, објави АФП. „Повеќето од загинатите беа тинејџери на возраст од 13 или 14 години“, изјави извор кој побара да не биде именуван. Најмладата жртва имала 10 години, објави локалниот весник Ал-Масри Ал-Јум. Египетското Министерство за здравство првично соопшти дека загинале 47 лица, а околу 30 се повредени. ...
Парламентот на Либан гласаше за укинување на смртната казна, со што Либан стана првата земја на Блискиот Исток што официјално ја отфрла смртната казна. Мнозинството пратеници денес ја поддржаа мерката, а само парламентарниот блок на Хезболах се спротивстави, јавува Би-Би-Си. Законот сега треба да биде одобрен од владата, која претходно ја објави својата поддршка, а потоа потпишан од претседателот Џозеф Аун. Според новите одредби, смртната ...
Бој Џорџ им порачал на членовите на „Калчр Клаб“ дека би можеле да бидат отпуштени доколку одбијат да ја изведуваат неговата контроверзна песна „We Will Dance Again“, која предизвика поделени реакции по објавувањето минатиот месец. Песната привлече внимание поради нејзиниот став кој, според критичарите, го отфрла опишувањето на израелската воена операција во Газа како геноцид, а истовремено ги критикува музичарите кои јавно ја поддржале ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Ако сакате да го набљудувате небото, утре, 12 август, нè очекува целосно затемнување на Сонцето, а само неколку часа подоцна и максимумот на метеорскиот дожд Персеиди. Во среда, 12 август, првпат по 28 месеци, сенката на Месечината ќе ја допре Земјата за време на целосно затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо од делови на Гренланд, Исланд и Шпанија. Само неколку часа подоцна, метеорскиот дожд Персеиди ќе го достигне својот максимум под ...
Четворица членови на екипажот загинале во напад врз мал товарен брод во теснецот Баб ел-Мандеб, соопшти во вторникот јеменското Министерство за транспорт. Во меѓувреме, извори известија и за ракетен напад врз контејнерски брод во близина на брегот на Пакистан, за кој постојат сомневања дека бил извршен од американски сили. Доколку се потврдат смртните случаи на бродот „Тихама“, во египетска сопственост, тоа би биле првите жртви во напад на ...
Спасувачките екипи во вторникот интензивно пребаруваа низ урнатините во западна Колумбија, во потрага по преживеани по силниот земјотрес во кој, според проценките на локалните власти, загинале повеќе од 250 луѓе. Семејства и роднини стоеја покрај урнатините, чекајќи каков било знак дека нивните најблиски се сè уште живи. Земјотресот со јачина од 7,4 степени, најсилниот што ја погодил Колумбија во последните неколку децении, ја потресе земјата ...
Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 09.08.2026. Во координација со СВР Тетово, од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 09.08.2026 околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина. ...
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се исклучени од средното образование во Авганистан како резултат на политиката на талибанската влада, според проценката објавена денеска од организација за образование и култура на ОН со седиште во Париз. „Жените се избришани од јавниот живот, и како што нова генерација девојчиња расте без образование, нивната иднина станува сè потемна“, се наведува во соопштението. Таа бројка би можела да порасне на ...
Демократска Република Конго во вторникот соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола достигнал 2.011. Најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Конго, до кои дошла Ројтерс, покажуваат и 4.381 потврден случај во пет провинции. Задоцнетото откривање на случаите, конфликтите и преоптоварените здравствени служби придонеле вирусот да се шири побрзо отколку во претходните епидемии. Сегашната епидемија, 17-та по ред во Конго, ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување вечерва информираа дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. -Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...