Ние сме подготвени за избори кога и да се случат тие, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче но, како што повтори алиби за тоа нема да му бидат на Мицкоски. Филипче истакна дека изборите ќе се случат во моментот кога власта ќе снема пари. „Ние за избори сме спремни, утре да се случат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и со договорот со граѓаните кои што ќе ги презентирам во текот на ...

Со едноминутно молчење и оддавање почит кон загинатите се одржа посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски рече дека Македонија јасно и принципиелно ја поддржува Украина, нејзината независност и територијалниот интегритет. „Македонија е солидарна со украинскиот народ, го сметаме украинскиот народ за братски ...

Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека, согласно решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се забранува користењето на водата од селските водоводи во овие две велешки села за пиење. На неколку локации во Иванковци и Кумарино поставени се предупредувања со натпис „Водата не е за пиење“. Забраната е издадена поради утврдена неправилност во квалитетот на водата, врз основа на анализите извршени од ...

Заврши процесот на запишување на учениците во основните училишта во Општина Тетово. И оваа учебна година, во селото Вешала во реонот на Малесија не е запишан ниту едно прваче, поради што училиштето во ова село ќе остане затворено. Во соседното село Бозовце, пак, се запишани само двајца ученици во прво одделение, со што вкупниот број ученици во сите паралелки во ова село изнесува само шест. Сепак, според директорот на основното училиште ...

Засилените сообраќајни контроли на полицијата повторно покажаа голем број прекршоци кај возачите на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Во акцијата спроведена вчера на територијата на целата држава биле констатирани вкупно 140 прекршоци, а за осум возачи се поднесени кривични пријави. Секторот за сообраќајни работи при МВР на 23 август, во периодот од 17 до 22 часот, спровел акциска контрола насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со ...

На барање на одбраната одложено е рочиштето за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочија дека не го добиле обвинението, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Следното рочиште е закажано по две недели, односно на 7 септември. „Материјалот со докази е обемен и содржи 231 материјален доказ и 7 вербални ...

Автопатот од Коридорот 8 ќе се гради до границата кај Ќафасан, тука нема дилема, само треба да се најде по која траса. Ова го изјави министерот за транспорт Александар Николоски. „За Коридорот 8 пораката е јасна – да се најде друга алтернатива или, врз основа на алтернативната траса, да се најде друга алтернативна траса од онаа што била предвидена како алтернатива во договорот, истата да се разговара со Албанија за и тие да можат да се ...

Вредноста на биткоинот (BTC) денеска во 15:15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Бајненс, порасна за 2,36 отсто и достигна 67.780,13 евра. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го повика Конгресот да усвои закон со кој би се вовеле појасни правила за криптоиндустријата. Тоа поттикна раст на криптопазарот, кој продолжува и денеска, пренесува Ројтерс. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа ...

Бизнисменот Огњан Циговски почина по долгогодишно боледување. Во текот на својата кариера тој беше тесно поврзан со развојот и управувањето со туристичкиот и скијачкиот комплекс во Маврово. Циговски долг период беше раководител на Скијачкиот центар Маврово, а воедно ја извршуваше и функцијата претседател на Скијачката федерација на Македонија. Со години беше главен управувач и сопственик на „Ресорт Маврово“, во чии рамки функционираат ...

Најмалку 19 тела на загинати мигранти биле извлечени од морето во текот на изминатите два дена во јужниот дел на Тунис, изјави денеска претставник на локална организација за права на мигрантите, откако во текот на викендот потонал чамецот со кој тие патувале. Телата на загинатите мигранти биле пренесени во болницата во градот Бен Гердан, пренесува „Ројтерс“. Потонувањето на чамецот со мигранти, во кој, меѓу останатите, се наоѓале и седум ...

Универзитетот во Тетово го објави конкурсот за запишување нови студенти за академската 2026/2027 година. Оваа година, со успешно завршување на процесот на реакредитација на сите академски единици, ТУ нуди модернизирани програми и нови студиски насоки во рамките на Економскиот факултет и Факултетот за применети науки. Вкупно се достапни над 3100 слободни места за сите студиски насоки. „Студентите ќе имаат можност да се запишат на 13 факултети, ...

Фотографија и приказна за мало животно спасено од пожар, кои директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ги објави како случка од пожарите кај Палиград, всушност потекнуваат од сосема друг настан – пожарите во Калифорнија во 2020 година. „Меѓу хаосот и пламените јазици, заедно со пожарникарите на Град Скопје успеавме да спасиме мало теле кое останало заробено на теренот зафатен од пожарот. Мало, исплашено, но живо – мала ...

Скопјани денеска во повеќе населби пријавуваат густ чад и силен мирис на изгорено, додека паралелно со активните пожари во околината на градот се забележува и влошување на квалитетот на воздухот. Според податоците на IQAir, околу 13 часот просечниот индекс на квалитет на воздухот во Скопје достигнал 107 AQI според американската скала, што спаѓа во категоријата „нездрав за чувствителните групи“. Најголем проблем претставувале ситните PM2.5 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска го одложи главното рочиште во предметот за сомнителни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, заедно со уште седум лица. Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одложувањето е неопходно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да ги разгледаат доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват ...

Припадници на Батаљонот на специјалните сили на Северна Македонија и на Специјалните сили на САД одржаа заедничка обука од 14 јули до 12 август, со цел унапредување на подготвеноста и оперативните капацитети. Според Министерството за одбрана, обуката опфатила заеднички активности и вежбовни сценарија, преку кои припадниците ги унапредиле тактиките, техниките и процедурите, како и размениле искуства во областа на специјалните операции. ...

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али. „Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен ...

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати. Ова го соопшти Центарот за управување со кризи во пресекот на состојбата до 13 часот денеска, 24 август. Најголем пожар е регистриран на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково. Огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, а зафатена е мешана шума. Активен пожар ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај ...

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор ...

Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот. Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Денес ...

Пратениците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ја одложиле планираната посета на Москва. Во време кога вниманието е насочено кон американските потези поврзани со војната во Украина, извор во неделата за руската новинска агенција ТАСС изјавил дека планираната посета на Москва од страна на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, е одложена. ...

Собранието на Македонија демантира дека на пратениците и вработените им плаќа приватно здравствено осигурување. Во демантот од Собранието се наведува дека информациите објавени во дел од медиумите се неточни и манипулативни. Според Собранието, станува збор за систематски и превентивни здравствени прегледи, кои работодавачот е законски обврзан да ги обезбеди најмалку еднаш во 24 месеци. Од Собранието појаснуваат дека постапката за јавна ...

Во изминатите 24 часа на територијата на земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се ставени под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, во близина на селата Моране, Вртекече и Габер, со крак кон селата Палиград и Вразжал во Општина Зелениково. Пожар е активен и во Општина ...

Европската Унија продолжува да ја потврдува својата поддршка за Украина, а на Денот на независноста на земјата одобри пакет од 6,1 милијарди евра наменет за зајакнување на нејзините одбранбени капацитети. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека средствата ќе бидат искористени за системи за противвоздушна и противракетна одбрана, ракети, муниција и радари, кои, како што наведе, ѝ се итно потребни на Украина. ...

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа. Како дел од оваа посветеност, „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за ...

Маја Кадиевска-Војновиќ ќе биде новиот македонски претставник во Светска банка во Вашингтон, дознава „Фактор“. Поранешната вицегувернерка на Народната банка ќе биде испратена како македонски кадар за помошник во Канцеларијата на извршниот директор и претставник на македонската конституенца во Светска банка. Според информациите на „Фактор“, номинацијата на македонскиот советник ја прават државните институции, односно Министерството за финансии ...

Сопственикот на швајцарскиот бар „Ле Констеласион“, кој беше зафатен во смртоносниот пожар во Кран Монтана, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овојпат поради одвоен случај поврзан со неговиот приватен живот. Жак Морети е приведен под сомнение дека физички ја нападнал неговата сопруга Џесика Морети. Според швајцарските медиуми, инцидентот се случил во ноќта меѓу 11 и 12 август во домот на брачниот пар во кантонот Вале. ...

Проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната повторно ги извади македонските превозници на улица. Тие за следниот понеделник најавуваат протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, со барање конечно да се најде решение за правилото според кое возачите од земји надвор од ЕУ можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. Од „Макам-транс“ информираат дека протестот е договорен на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54