Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Двопартиската коалициска влада на естонскиот премиер Кристијан Михал го загуби парламентарното мнозинство во вторник откако по еден пратеник од секоја партија се откажа, објави локалното радио. Коалицијата на Михал, составена од Реформската партија и Естонија 200, сега држи 50 од 101 места во Риигикогу, естонскиот парламент, во споредба со 52, откако Меелис Киили од Реформската партија и Калев Стоическу од Естонија 200 поднесоа оставки. ...
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку 82 лица загинале. Во обраќањето до нацијата, претседателот рече дека најмалку 87 лица се повредени, а 61 зграда се урнала, вклучувајќи 37 станбени згради. „Владата ги мобилизираше сите расположиви ресурси за да ги заштити животите, да им помогне на погодените заедници и да достави помош таму каде ...
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена спасувачка операција со хеликоптери за спасување на 36 слабо опремени планинари од три семејства, вклучувајќи и мали деца во колички, објави денес тиролската полиција. Групата се нашла во неволја на надморска височина од над 2.300 метри како дел од спонтано пешачење. Тие тргнале од планинската станица Вилдшпицбан во близина на Зелден. Групата се состоела од возрасни, тинејџери и ...
Голем шумски пожар во југозападна Шпанија се шири надвор од контролата на пожарникарите во неделата, соопштија регионалните власти, бидејќи високите температури и силните ветрови разгореа други пожари низ целата земја. Пожарот во покраината Уелва, во андалузискиот регион, досега изгоре речиси 20.000 хектари. Шефот на службите за итни случаи, Антонио Санц, им рече на новинарите дека борбата против пожарот околу средновековниот град Ниебла е ...
Иран продолжува да инсистира на своите барања за отворање на стратешки важниот Ормуски теснец. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаеи, изјави дека Иран нема повторно да го отвори Ормускиот теснец додека САД не ги исполнат условите на Техеран. „Американската страна е таа што треба да престане и да ги исправи своите незаконски и деструктивни постапки“, изјави Багаеи во понеделникот, осврнувајќи се на ...
И Студентското собрание на Универзитетот „Мајка Тереза“ поднесе ново барање до Министерството за правда, преку кое бара на студентите Албанци да им се овозможи професионалните испити да ги полагаат и на албански јазик. Претседателот на Студентското собрание, Бесар Сејди, рече дека кога бил сменет министерот, очекувале тој да ги повика на средба, но досега не добиле никаков одговор, туку само молк. „Две и пол години, десетици барања, два ...
Колумбиската влада прогласи состојба на „национална катастрофа“ откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер погоди неколку департмани во земјата. Поради обемот на катастрофата предизвикана од земјотресот со епицентар во Чоко, во кој загинаа повеќе од 70 лица, Комитетот за вонредно управување со катастрофи објави прогласување на национална катастрофа. Комитетот го претседава новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, ...
Белгиската полициска станица мораше да биде евакуирана минатиот викенд откако локалните жители влегоа во просториите со граната што ја пронашле во нивната градина, која ја донеле таму – во мала кофа. „Минатата сабота околу 17 часот, неколку луѓе влегоа во полициската станица во фламанската општина Завентем. Тие пристигнаа со мала кофа во која имаше граната. Ги замоливме внимателно да ја постават кофата на земја, веднаш да ја напуштат ...
На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати. Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација). Пожари под контрола: ...
Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни работи ги демантира ваквите наводи. Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои ...
Статусот „Светско наследство на УНЕСКО“ е многу важен фактор во меѓународната промоција на Охрид и Струга. Двата града се познати ширум светот токму по комбинацијата од езерото, природата, историјата и стариот град Охрид, а статусот на УНЕСКО го зголемува престижот и кредибилитетот на дестинацијата, вели универзитетскиот професор Сашо Коруноски. – Статусот на УНЕСКО е бренд за странските туристи во Охрид, додава тој. „Охрид заслужува многу ...
По еден месец поскапувања на цените на одредени горива, од утре доаѓа олеснување за возачите. Од полноќ дизелот ќе поевтини за 8 денари за литар, додека бензините за 4 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика, по седницата во понеделникот, донесе одлука од 11 август да стапат на сила новите цени на горивата, со просечно намалување од 5,81%. Цената на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за 6 денари за литар, додека ...
Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, јавува „Скај њуз“. Земјотресот бил со магнитуда од 7,4 степени, а епицентарот се наоѓал на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, на длабочина од 115 километри. Најпогоден е департманот Чоко, каде што во главниот град Кибдо се регистрирани повеќе повредени и значителна материјална штета. Гувернерката Нубија Каролина Кордоба-Кури соопшти ...
Водата за пиење и понатаму е забранета за консумирање од водоводот во градот Гостивар. Екипата на ТВ21 денеска беше во овој град, каде што од Локалниот кризен штаб ни соопштија дека продолжуваат со работата на терен за да им помогнат на жителите. Според нив, во четири населени места се врши снабдување со техничка вода, додека на пет определени точки продолжува дистрибуцијата на флаширана вода за пиење. Зуди Џелили ги појасни деталите за ...
Македонските превозници повторно се соочуваат со проблеми со рестриктивниот престој во земјите на Европската унија. Иако претходно беше постигнат договор, тие велат тоа воопшто не се почитува и од септември кога им истекува дозволениот престој во земјите од шенген зоната многумина од нив ќе се соочат со проблемот да не можат да влегуваат во Европската унија. Со ова се соочуваат не само македонските туку и превозниците од земјите на регионов ...
Потресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Според првичните известувања на светските агенции и локалните медиуми, земјотресот предизвика повредени лица и значителна материјална штета во една провинција на пацифичкиот брег на земјата, како и во градот Переира, соопштија гувернерите на провинциите. Земјотресот беше почувствуван и во главниот град Богота, како и во ...
По објавата на ТВ21, Инспекторатот на Општина Тетово денеска ја продолжи акцијата за ослободување на јавните површини долж булеварот „Илирија“. Од Општината информираат дека дел од сопствениците на локали доброволно ја отстраниле робата од тротоарите, додека целта на акцијата е да се овозможи полесно движење на граѓаните. Општината упати апел и до останатите граѓани и бизниси да ги ослободат јавните површини. „Инспекторатот на Општина Тетово ...
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го блокираа центарот на Струмица, барајќи повисоки откупни цени за црвената пиперка. Тие се револтирани од, како што велат, игнорантскиот однос на Министерството за земјоделство и откупувачите. Во моментов екстра класата наменета за извоз се откупува по 40 денари за килограм, додека за преработка цената е 25 денари. Земјоделците велат дека со овие цени не можат да ги покријат трошоците за ...
Речиси целата територија на Македонија е зафатена со висок метеоролошки ризик од пожари, со исклучок на повисоките делови на Шар Планина, според последната анализа на Македонскиот информативен систем за шумски пожари. Иако во моментов нема подрачја со многу висок ризик, надлежните предупредуваат на можност за појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет низ целата земја. Во меѓувреме, до 13 часот, Центарот за ...
Најмалку 12 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати на Филипините во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од комбинација на југозападниот монсун и тропските циклони Куџира и Долфин. Информациите за жртвите беа објавени во понеделник наутро, пишува Анадолу. Според податоците од порталот „GMA News Online“, последиците од бурата ги почувствувале речиси 586.000 луѓе во девет региони и 33 провинции. Помошникот-секретар за цивилна ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новите цени ќе важат од 11 август 2026 година од 00:01 часот. Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат пад од 6,186 отсто, ...
Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани не е повеќе тренер на Вардар. Тој доби отказ од страна на шампионот на ПМФЛ после вчерашниот пораз на дербито од Шкендија. Фабијани го предводеше Вардар на четирите натпревари во Европа, од кои претрпе два порази и запиша две победи, и два пати го водеше тимот во Првата македонска фудбалска лига. Запиша победа против Брегалница, и вчера Вардар беше поразен од Шкендија. Фабијани дојде на местото на Гоце ...
Полицијата во Штип приведе три лица, меѓу кои двајца турски државјани, во рамки на акција за сузбивање на недозволената трговија со дрога. На 8 август околу 22:00 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и 24-годишниот М.Џ.У., двајцата државјани на Турција со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на 23-годишниот Ф.Р. од Штип. Ф.Р. бил лишен ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Рим ќе ја обнови примената на Шенгенскиот договор со Шпанија штом помине заканата од нов прилив на мигранти од Африка, опишувајќи ја реакцијата на шпанскиот премиер Педро Санчез на привременото суспендирање на Шенген како „целосно неприфатлива“. Тајани во интервју за „Ла Стампа“ изјави дека Италија не предизвикала никаков проблем со суспендирањето на Шенген, туку дека тоа ...
Денес на Халкидики стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари. Мерката, која ќе биде на сила од 8 часот наутро до 20 часот навечер, се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожар е во категорија 3, објавува порталот „Теспост“. Во исто време, планирано е отстранување на возилата и луѓето што се наоѓаат во ...
Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Делфин“ го погоди крајбрежјето, предизвикувајќи силни ветрови, обилни врнежи и поплави. Според кинеските метеоролошки власти, максималната брзина на ветерот достигнала околу 150 километри на час кога бурата првпат стигнала до копното кај Јухуан, во провинцијата Џеџијанг, околу 17:30 часот по локално време. Околу ...
Знамето што беше дел од дизајнот на музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид, кој го означи почетокот на одбележувањето на 35-годишнината од независноста, е нова причина за препукувања меѓу опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската СДСМ го смета дека власта го утнала македонското знаме на официјална државна прослава на 35 години од независноста, оценувајќи го тоа како срамно и понижувачки. „За тендери и провизии ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Според националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Освен тоа, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...
Цените на нафтата денеска забележаа раст, откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормускиот Теснец предизвикаа загриженост дека прекините на глобалните енергетски пазари би можеле да траат подолг период. Цената на референтната сурова нафта „Брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас Интермедијат“ (WTI) со испорака во септември поскапе за 0,84 ...
♈ Овен – Денот носи повеќе обврски, но и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Во љубовта избегнувајте импулсивни реакции. Финансиски, бидете внимателни со непланирани трошоци. ♉ Бик – Ќе имате потреба од стабилност и мир. На работното место ве очекува разговор кој може да донесе позитивен пресврт. Во љубовта искреноста ќе биде најдобриот избор. ♊ Близнаци – Комуникацијата ви оди од рака. Можно е да добиете интересна вест или ...