Во градовите Бруклин Парк, Чамплин и други делови на Минесота рано утрово се случија пукотници во домовите на политичари од редовите на Демократската партија, при што најмалку три лица се повредени, а осомничениот, преправен во полицаец, сè уште е во бегство, соопшти полицијата. Првиот напад се случил по 2 часот наутро во Чамплин, во домот на државниот сенатор Џон Хофман, член на Сенатот на Минесота од 2013 година. Две лица биле застрелани, но ...

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во ноќешниот ирански напад врз Тел Авив. Како што објави шефот на хрватската дипломатија на X, тие се повредени откако зградата каде што живеат била погодена од иранска ракета. – Разговарав со нив лично, и за среќа повредите се полесни и не се опасни по живот, објави Грлиќ Радман. Тој додаде дека Министерството ...

По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“. Пораката доаѓа по досега најжестоките напади меѓу двете земји, а и иранските власти и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавија продолжување на воените операции, пишува Индекс.хр. Што е ракетата „Хаибар“? Ракетата „Хаибар“, именувана по историската Битка ...

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот би можеле да бидат цел доколку трите земји му помогнат на Израел во конфликтот со Техеран, објавија иранските медиуми. Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток. – Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените ...

„Кое по ред е ова издание на Глумците пеат?“ Одговорите? Шарени и забавни како и самата вечер – „осмо“, „деветто“, „сигурно дванаесетто“, „ај нека е десетто“… Но речиси никој не го погоди точниот број. Оваа година шоуто „Глумците пеат“ го одбележа своето шеснаесетто издание! Шеснаесет години магија на сцена. Шеснаесет години актерска музичка трансформација, во која глумците пеат, а инструментите глумат. И секоја година се доживува како прва – ...

Високо позиционирани претствници на партијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц побараа да почнат подготовките за враќање на задолжителната воена служба во Германија, објави ДПА. Јенс Шпан, лидер на парламентарната група на Христијанско-демократската унија и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU), изјави дека Бундесверот треба да почне да прави планови за регрутација. – Бундесверот дефинитивно мора да ...

„Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада“, се наведува во соопштението. Бразил оваа година го предводи БРИКС и ќе претседава со самитот што треба да се одржи на 6 и 7 јули. Виетнам е десеттата нација која го добива овој статус, што им овозможува на земјите партнери да учествуваат на самитите и на други сесии и настани ...

Тензиите меѓу Израел и Иран остануваат високи на вториот ден од отворениот конфликт, без знаци на деескалација, пренесува ДПА. Според израелската војска, изминатата ноќ Израел бил цел на серија напади со ракети и беспилотни летала од Иран. Најмалку три лица се убиени, а десетици се повредени. Портпарол на израелската војска изјави дека повеќето ирански ракети лансирани во текот на ноќта биле пресретнати, но некои погодиле цели, одобено во ...

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации Амир Саид Иравани ги нарече израелските напади врз неговата земја „варварски и криминални“ за време на обраќањето пред Советот за безбедност на ОН, на седница свикана на барање на Техеран. Според него, нападите биле насочени не само кон нуклеарни капацитети, туку и кон цивилна инфраструктура и станбени згради, при што загинале 78 лица, а над 320 се повредени, од кои огромното мнозинство се цивили. Иравани ...

Израелските воздушни напади врз Иран оштетиле делови од надземната инфраструктура на нуклеарниот објект во Натанц, каде Иран збогатува ураниум до 60 отсто, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на итна седница на Советот за безбедност на ОН. „Оштетени се надземните објекти, вклучително и електричната инфраструктура и генераторите за итно напојување, изјави Гроси. Подземните капацитети, ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговараше со израелскиот претседател Ицак Херцог за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни на максимална воздржаност. „Повторив дека Израел има право да се брани себеси и својот народ“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. „Но воедно е од суштинска важност да се зачува стабилноста во регионот“, додаде таа. Изјавата доаѓа во момент кога Израел и ...

Метеоролозите предвидуваат дека денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури во нашата држава ќе се движат од 7 ди 17 степени, а максималните од 25 до 34 степени. Утре, недела, температурите во Македонија ќе бидат за некој ...

„Израелските воздухопловни сили извршија напад врз ирански нуклеарен објект во областа Исфахан“, соопшти израелската армија. Нападот е извршен со прецизни разузнавачки информации обезбедени од Одделот за разузнавање, додаваат тие. Целта беше фабрика која е во фаза на таканаречена реконверзија на збогатен ураниум – следен чекор по збогатувањето во процесот на производство на нуклеарно оружје. Во нападот беа уништени капацитети за производство на ...

Иранските одмазднички ракетни напади врз Израел предизвикаа потреси во зградите и повредија седум лица во близина на Тел Авив, додека Техеран тврди дека погодил десетици воени цели. Според Ели Бин, директор на израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“, седум лица се „лесно и умерено повредени“ во напад на границата меѓу Тел Авив и градот Рамат Ган. Поранешниот израелски амбасадор во САД, Мајкл Орен, за Си-Ен-Ен изјави дека зградите во ...

Во рамки на полициската операција со кодно име „Координати“, албанската полиција во округот Скадар откри и уништени над 12.540 стебла марихуана. Полицијата објави дека површините засадени со марихуана биле откриени и акцијата спроведена на неколку локации врз основа на полициски разузнавачки информации, службите на локалната полициска управа во Скадар и полициските станици. „Во административната единица Пулт против шумарски инженер поднесена е ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница поради израелските воздушни напади врз Иран. Седницата на 15-члениот Совет е свикана на барање на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кој во писмо до ОН истакна дека Израел „ги преминал сите црвени линии“ и дека меѓународната заедница не смее да дозволи овие „злосторства да останат неказнети“. „Иран го потврдува своето право на самоодбрана согласно член 51 од ...

Организаторите ги повикуваат сите да се приклучат на оваа важна прошетка, симбол на упорноста и видливоста, каде што ќе се прослави постоењето на ЛГБТИ+ заедницата и нивниот придонес во општеството – љубов, интелект, емпатија, хуманост и бои! Стартната точка е Плоштадот Скендербег во центарот на Приштина, од каде што учесниците ќе маршираат гордо, гласно и достоинствено. Веднаш по завршувањето на парадата, следува традиционалниот Концерт на ...

Македонија ја избра својата претставничка за Јуниорската Евровизија 2025, 13-годишната Нела Манческа од Скопје. Со извонреден вокал, силна сценска енергија и богато искуство на меѓународни музички фестивали, Нела ќе настапи на големата евровизиска сцена во Тбилиси, Грузија, на 13 декември. Нела е позната по детскиот хит „Маалска библиотека“, кој е дел од ТВ серијалот за деца “Дајте музика”. Подготовките се веќе започнати, а тимот зад Нела работи ...

Израел ги затвора амбасадите низ целиот свет и ги повикува своите граѓани да бидат претпазливи и да не прикажуваат израелски или еврејски симболи на јавни места, се вели во соопштението објавено на официјалните веб-страници на амбасадите. Амбасадите објавија дека нема да даваат конзуларни услуги по нападот на Израел врз Иран и ги повикаа граѓаните да соработуваат со локалните безбедносни сили во случај на закани. Не беше откриено колку долго ...

Најмалку 78 лица загинаа, а 329 се повредени во израелските напади врз станбени области во Техеран, објави Ројтерс, повикувајќи се на ирански медиуми. Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција наречена „Подемот на лавот“ во текот на ноќта, во која извршија напади врз воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран. Израелските воздухопловни сили (ИРА) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран. Техеран беше ...

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, изјави дека Иран лансирал околу 100 дронови кон Израел во последните неколку часа, откако Техеран најави одмазда за израелските напади, пренесува Ал Џазеира Дефрин изјави дека сите системи за воздушна одбрана биле активирани за да се пресретнат заканите што доаѓаат од Иран. „Ова е поинаков настан од сè што сме доживеале досега и ќе имаме тешки часови. Мораме да покажеме отпорност и трпение“, рече ...

Ве известуваме дека и оваа сабота „Кој е Следен?“ организира превоз до Кочани за поддршка на протестот во Кочани организиран од родителите и блиските на жртвите. Повикот за пријавување го споделивме на нашите профили на социјалните мрежи, а го споделуваме и со вас: „Сабота, 14 јуни 2025 – собир 16:00 – поаѓање 16:30 – почеток на Маршот на ангелите 19:05. Оваа сабота, следната, секоја наредна, додека болката не се претвори во правда. Додека овие ...

Овој потег уследи по неуспехот на Советот за безбедност да донесе слична резолуција минатата недела поради единственото вето од страна на постојаната членка, САД. Резолуцијата беше поддржана од 149 земји-членки, при што 12 гласаа против и 19 беа воздржани. Меѓу оние што се спротивставија на резолуцијата беа САД и Израел, на кои им се придружија, меѓу другите, Аргентина, Унгарија и Парагвај. Северна Македонија беше воздржана. Предложена од над 20 ...

Рано утрото на 13 јуни Израел започна опсежна воена операција наречена „Заспан лав“, насочена кон клучни воени и нуклеарни објекти во Иран. Целта на нападот беше да се неутрализира напредувањето на иранскиот нуклеарен програм, кој Израел го смета за егзистенцијална закана. Нападот беше насочен кон нуклеарната обогатувачка фабрика во Натанц, која е еден од најважните нуклеарни објекти во Иран. Во нападот загинаа високи ирански воени и нуклеарни ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, потврди дека Израел извршил напади врз нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе трае уште многу денови. „Пред неколку моменти, Израел започна операција ‘Rising Lion’ – насочена воена операција со цел да се ублажи иранската закана за самото постоење на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. Тој додаде: „Оваа операција ќе продолжи онолку долго колку што е потребно за да се отстрани ...

Генерал-мајор Мохамад Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили, е убиен во израелските воздушни напади, јавува иранската државна телевизија IRINN. Багери, кој беше највисоко рангираниот воен офицер во Иран, е втората висока фигура за која официјално се потврдува дека е убиена во досега невидената израелска офанзива изведена рано наутро во петокот. Претходно, иранските државни медиуми известија дека е убиен и генерал Хосеин ...

Врховниот командант на иранските вооружени сили, генерал Мохамад Багери, нареди спроведување на воени вежби за зајакнување на одбранбените капацитети и оперативната готовност. Вежбите се случуваат во услови на зголемени тензии со Израел, предизвикани од стравувањата од можен напад на иранските нуклеарни објекти. Иран повеќе пати предупреди на жестока одмазда доколку Израел ја нападне неговата нуклeaрна инфраструктура, додека САД најавија ...

Странските директни инвестиции во Албанија во првиот квартал годинава бележат зголемување во споредба со истиот период 2024 година. Централна банка на Албанија објави дека странските директни инвестиции достигнаа 362 милиони евра во првите три месеци од годинава, со зголемување од околу 2 отсто во споредба со истиот период минатата година. „Новата капитална инјекција и реинвестирање се зголемија за осум милиони евра на годишно ниво“, се наведува ...

Меѓу депортираните е и Рима Хасан, француска пратеничка во Европскиот парламент. Министерството на социјалната мрежа Икс објави фотографии од дел од активистите во авион, со коментар: „Уште шест патници од ‘селфи јахтата’, вклучително и Рима Хасан, го напуштаат Израел. Чао – не заборавајте да направите селфи пред да заминете“. Организацијата за човекови права „Адала“ потврди дека меѓу депортираните се и Германката Јасемин Аџар и Хасан. ...

Наместо тоа, домаќинот Канада очекува да бидат усвоени само селективни изјави за конкретни теми за време на тридневниот самит во Канадските Карпести Планини, што почнува в недела. Според Берлин, теми за кои може да се постигне согласност се миграцијата, вештачката интелигенција, квантната технологија, шумските пожари и критичните суровини. Но, се очекува да нема заедничка позиција за војните во Украина и Газа, ниту за климатските промени и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
80%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
86%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
62%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.79
93%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
81%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1020
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.43
76%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
88%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793