Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Европската централна банка ја намали каматната стапка за 25 базични поени на 2%, откако инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ, достигнувајќи 1,9% објави Фајненшел Тајмс „Одлуката за намалување на каматната стапка на депозитните расположиви средства – стапката преку која Управниот совет ја насочува монетарната политика – се базира на ажурирана проценка на инфлаторните перспективи, динамиката на основната инфлација и силата на ...
На својата 23 седница, одржана на 05.06.2025 година, Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги го донесе Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали. Агенцијата ги повикува сите издавачи на онлајн медиуми-интернет портали да постапат согласно донесениот правилник, односно да ...
Украинските вооружени сили извршиле напад врз руски ракетни системи во Брјанска област, кои се подготвувале за напад, најверојатно врз Киев, соопштија украинските власти. Генералштабот на Украина, соопшти дека една ракетна единица била уништена, а најверојатно две други се сериозно оштетени. Нападот бил насочен кон единица од 26-та ракетна бригада во реонот на Клинци, Брјанска област, која е активна во нападите врз Украина. Од друга страна, ...
Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоаформална претставка до Владата на Република Северна Македонија, барајќи итна акција за репрогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Претставката, упатена до премиерот Христијан Мицкоски, истакнува значителни прекршувања на Законот за заштита на природата што како резултат го загрозуваат еколошкиот интегритет и одржливиот развој на паркот. ...
На шест месеци ќе суспендира влез на странски студенти на Харвард, објавија медиумите. Властите на САД во долуката се повикуваат на „националната безбедност“ и оценуваат дека дозволувањето таков упис е „штетно по интересите на САД“. Оваа одлука следи по повеќемесечен конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата за доставување податоци за странските ...
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер е регистриран во Егејското Море, на околу 30 километри од градот Мерина (Мyrina) во Грција. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на координати 40.1094° N и 24.8924° E а хипоцентарот (длабочината) бил на приближно 11 километри под површината на земјата Досега нема пријавени жртви или материјална штета, а грчките служби внимателно ја следат ...
Најголемиот европски производител на автомобили, Volkswagen (VW), напредува со плановите за намалување на бројот на вработени. „Околу 20.000 заминувања од компанијата до 2030 година се веќе договорени“, изјави шефот на секторот за човечки ресурси, Гунар Килијан. Со тоа, повеќе од половина од планираното намалување на вкупно 35.000 работни места е веќе решено. Компанијата и синдикатот во декември, по долги преговори, се договорија за програма за ...
Од 23 мај, кога во Кантон Сараево беше прогласена епидемија на лептоспироза, се пријавени 67 случаи на зараза. Заводот за јавно здравје евидентира три нови случаи на зараза со лептоспироза во Кантонот Сараево. Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека досега е регистриран еден случај и во таа земја. Во близина на Сараево, на една фарма, повеќе од 20 дена стоката е заразена со бруцелоза, но не може да биде еутаназирана бидејќи нема ...
Француски суд и го одзеде мандатот на лидерката на опозицијата Марин Ле Пен како пратеничка во северниот регион Па де Кале, бидејќи претходно беше прогласена за виновна за проневера на јавни средства. Иако пресудата на судот во Лил има мало влијание врз националната популарност на Ле Пен или нејзиното место во парламентот, таа е уште еден потсетник за тоа како нејзините судски проблеми влијаат на нејзината политичка кариера. Лидерката на ...
Пожарникари од европски земји, во рамките на програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во текот на летниот период за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција од 1 јули до 15 септември 2025 година, вкупно 323 ...
Украинскиот напад врз руски стратешки бомбардери за време на викендот ја зголемува опасноста од погрешна проценка и ескалација, изјави американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. „Нивото на ризик значително се зголемува“, изјави Келог за телевизијата Fox News. „Кога напаѓате дел од националниот систем за преживување на противникот, односно неговата нуклеарна тријада, тогаш ризикот расте, затоа што не знаете како ќе реагира другата ...
Овошјето со најмала количина шеќер (природен, фруктоза и гликоза) се идеални доколку сакате да го намалите внесот на калории, шеќер или да одржите стабилно ниво на шеќер во крвта. Еве список на овошја со најниска содржина на шеќер (приближните вредности се на 100 g овошје): Авокадо – 0,7 g Маслинки – 0,5-1 g Лубеница – 6 гр Јагоди – 4,9 гр Малини – 4,4 гр Капини – 4,9 гр Боровинки – 9,7 g (повеќе од другите бобинки, но сепак умерени) Друго ...
И од компанијата „Blackstone“ за 250 милиони евра (283 милиони долари), изјавија за „Ројтерс“ во петокот два извори запознаени со трансакцијата. Блекстоун ја продаде зградата од 28.000 квадратни метри на авенијата Дијагонал, која во моментов ја издава шпанската издавачка куќа Планета на инвестициската фирма на Ортега, Понтегадеа, велат изворите. Понтегадеа и Блекстоун не го коментираа договорот. Pontegadea, која поседува над 20 милијарди долари ...
Популарниот зеленчук, а под некои дефинции спаѓа и под овошје, ги топи мастите, поволно делува на крвта и варењето, јадете го секој ден ако можете. Многу луѓе не конзумираат домати доволно често, а има неколку важни причини зошто треба. Истражувањата покажуваат дека ликопенот кој се наоѓа во доматите може да го спречи развојот на клетките на ракот, особено ракот на простата, желудникот и дебелото црево. Исто така, корисно е да се знае дека ...
урските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот цвеќе Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството метличини и ...
Вечерва со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје. На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее убавината на обичните моменти ...
– Ката Мисиркова-Руменова (95 години од раѓањето) – Живко Чинго (90 години од раѓањето) – Ташко Георгиевски (90 години од раѓањето) – Тодор Чаловски (80 години од раѓањето) Одбележувањето на јубилеите ќе се одржи задутре, 5 јуни 2025 г., во Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 12:00 часот, а на животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, ...
На кондомот, кој датира од 1830 година, е нацртана сцена со опатица која седи со раширени нозе пред тројца свештеници и со прст покажува кон еден од нив. Според толкувањето на музејот, цртежот веројатно е сатира на сексуалната апстиненција која Католичката црква ја пропишува за свештениците. Овој редок артефакт е дел од специјалната изложба посветена на сексуалноста и проституцијата во 19. век, која ќе биде отворена до крајот на ноември. ...
Настанот претставуваше дел од националните активности за одбележување на овој значаен јазичен и културен јубилеј, кој ја нагласува историската важност на 1945 година кога македонскиот јазик беше официјално стандардизиран. На промоцијата свое обраќање имаше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој истакна дека кодификацијата на македонскиот јазик претставува темел на македонскиот културен и национален идентитет. Тој ја поздрави ...
Истражувањето е резултат на заеднички труд на тимот од истражувачкиот центар RIKEN и Универзитетот во Токио. Новиот материјал, кој се разградува многу побрзо од досегашните обиди за биоразградлива пластика, е тестирана во лабораторија во градот Ваку, недалеку од Токио. Таму, научниците покажаа како мал дел од оваа пластика исчезнува во солена вода за околу еден час. Иако сè уште нема конкретен план за комерцијализација, лидерот на проектот, ...
Очекувањата се дека Plazma ќе биде достапна на сите продажни места во следниот месец, во количини што ќе ја задоволат побарувачката и очекувањата на потрошувачите. Драган Стајковиќ, генерален директор на Bambi: „За помалку од една година од пожарот, изградивме нов модерен погон и се вративме на 100% капацитет. Ова е резултат на посветеноста и вербата на нашите тимови. Благодарност до потрошувачите и партнерите за трпението и љубовта – Plazma се ...
„Со неверување ја примив веста дека вечерва нè напушти мојот пријател Јошка Броз. Со него заминува едно време, а доаѓа обврска за новите генерации да ја зачуваат спомената и сеќавањето на него“, напиша Дачиќ на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до семејството и до сите „следбеници на времето и политиката на Тито“. Јошка Броз беше претседател на Комунистичката партија, поранешен народен пратеник во Собранието на Србија и член на Главниот ...
Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите. ОФФест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, ...
Како изгледа Skyrider „седиштето“? Станува збор за полу-стојачка позиција, при што патниците се потпираат на тесни, обложени седишта налик велосипедски, поставени под агол од околу 45 степени. Наместо класични појаси, се користат безбедносни ремени слични на падобрански. Предности: Но, предизвиците се очигледни: За сега, Skyrider 2.0 нема официјално одобрение од регулаторните тела, што значи дека сè уште не смее да се користи. Но, доколку добие ...
Според соопштението на ректорот Владaн Ѓокиќ, Универзитетот во Белград веќе осум години по ред е меѓу најдобрите 1,9 % високообразовни институции во светот. CWUR листата го оценува квалитетот на образованието, вработеноста на дипломците, квалитетот на академскиот кадар и истражувачкиот учинок – користејќи објективни критериуми, без влијание од самите универзитети, што ја прави една од најрелевантните глобални ранг-листи. На врвот оваа година се ...
Левичарскиот кандидат Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја, а конзервативниот ривал Ким Мун Су го призна поразот, јави новинската агенција Јонхап во вторникот. По пребројувањето на речиси сите гласови, опозицискиот политичар е јасно пред Ким, објави Јонхап. Според Јонхап, Ли првично водел со 48,4 отсто од гласовите, додека Ким добил 42,8 проценти. Во тој момент биле преброени околу 88 отсто од гласовите. Конечниот ...
Советот за безбедност е единствениот орган на ОН кој може да донесува правно обврзувачки одлуки, како што се воведување санкции и овластување за употреба на сила. Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД се постојани земји членки и имаат право на вето. Советот за безбедност, исто така, има 10 непостојани земји членки кои се избираат за двегодишен мандат. Секоја година се менуваат по пет непостојани земји членки, па сега Бахреин, Колумбија, ...
Актерката Анџелина Џоли беше на премиерата на филмот „Едингтон“ на Канскиот филмски фестивал. Големата светска ѕвезда за црвениот тепих доби и свој телохранител, но изгледа дека баш и не уживала во неговото присуство. На социјалните мрежи се прошири видео на кое Анџелина ја избегнува неговата близина, ја врти главата од него и не гледа во очи, а многумина се загрижени зошто таа така се однесува. „И треба телохранител од сопствениот ...
Годишната инфлација во Турција во мај изнесувала 35,41 отсто, соопшти турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика. Тоа претставува мало намалување во однос на април, кога инфлацијата беше 37,86 проценти. На месечно ниво, инфлацијата во мај е 1,53 проценти. Од декември 2024 година до мај, цените на потрошувачките производи пораснале за 15,09 проценти. Најголем годишен раст е забележан кај ...
Чадот од големите пожари во канадските провинции Манитоба и Саскачеван стигна до Европа, соопшти Коперник, кој е дел од вселенската програма на Европската Унија за набљудување на Земјата и животната средина. Службата за следење на атмосферата на Коперник (CAMS) објави дека активно ги следи емисиите од пожарите и движењето на чадот преку Атлантикот. Во текот на мај, Канада забележа значително зголемување на пожарите во провинциите Саскачеван, ...