Овој проект, чија цел е да ги намали сообраќајните несреќи и да ги заштити човечките животи, ќе се прошири низ целата држава до средината на следната година. Во изјавата дадена денеска во Охрид, Тошковски информираше дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот, кои вклучуваат одредби за „Безбеден град“, вчера поминаа прво читање во Собранието. Министерот нагласи дека проектот не предвидува казнување на граѓаните заради полнење на ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

„Сите сме шокирани од она што се случи, пред сè затоа што ова се напади кои не се насочени кон воени мети, ова се цивилни мети. Додека се обидуваме да направиме сè за да го поддржиме американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши оваа војна, во меѓувреме, рускиот претседател Путин е подготвен да продолжи со тоа, да продолжи да напаѓа невини цивили во Украина“, рече тој на прес-конференција во германскиот град Вирцбург. Руте информира ...

Германската индустрија за пиво се соочува со сериозна криза и бран можни затворања на пиварници во наредните години, предупредува извршниот директор на баварскиот производител на пијалоци Oettinger, Стефан Блашак. „Пиварниците ќе паѓаат како муви од ѕидот. Светот на пиварниците се распаѓа. Речиси секој ден гледаме банкрот на помали пиварници, а тоа ќе почне да ги погодува и поголемите производители“, изјави Блашак за весникот Augsburger ...

Активен е пожарот во Општина Кратово во селото Соколица, мала Амбарци каде гори ниска вегетација. Пожарите кои се под контрола се лоцирани во Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, во Гевгелија на планината Кожуф, во општна Желино кај село Мерово и во Гази Баба кај гробиштата во Стајковци. -Изгаснати се пожарите во Виница место викано Панек, во Радовиш во село Дедино и во Битола на улицата Димитар Тодоровски, се наведува во ...

Околу 500 вработени во Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (OHCHR), предводена од Волкер Тирк, побарале официјално прогласување на војната во Газа за геноцид. Во писмо до Тирк, кое агенцијата Reuters го доби на увид, се наведува дека конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој трае речиси две години, ги исполнува правните критериуми за геноцид, со оглед на обемот и природата на злосторствата. „OHCHR има голема ...

Според најновите податоци на Евростат, речиси секое четврто лице со попреченост во Европската Унија има тешкотии да ги покрие основните животни трошоци. Ситуацијата е најтешка во Грција (75,5%) и Бугарија (52%), каде повеќе од половина од лицата со попреченост живеат во домаќинства што „тешко врзуваат крај со крај“. Во Хрватска и балтичките држави (Летонија, Литванија, Естонија), и покрај постоењето на социјални бенефиции, стапката на ризик ...

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата и златото се во пад, а инвеститорите ги анализираат резултатите за профитот на американската компанија за напредни чипови Nvidia и го очекуваат извештајот за економскиот раст на САД за вториот квартал од 2025 година, кој ќе биде објавен денес во 14:30 часот. Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 9:30 часот пораснал за 0,32% на 24.154,02 поени, францускиот CAC 40 се ...

Русија во текот на ноќта изврши еден од најжестоките напади врз Украина од почетокот на војната. Според украинските воздушни сили, истрелани биле вкупно 629 проектили и дронови, од кои 598 дронови тип „Шахед“ и 31 ракета, насочени кон 13 локации низ државата. Киев беше меѓу најтешко погодените цели, со повеќе од 26 места погодени од крхотини, а во нападот загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои и тројца деца, додека над 30 лица се повредени. ...

Во масовен воздушен напад извршен во текот на ноќта помеѓу 27 и 28 август, руските сили го нападнаа главниот град на Украина – Киев, при што загинаа најмалку осум лица, меѓу кои и едно дете, а повеќе од 40 се повредени, јавува ББС. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека нападот бил извршен со дронови и различни типови ракети, вклучувајќи балистички, крстосувачки и хиперсонични ракети „Кинжал“. Оштетени се над 20 локации низ ...

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок времето во земјава ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, пренедува Метео аларм Што се однесува до температурите, тие во најголем дел ќе надминат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 ...

„Само што разговарав со Олга Стефанишина, која сега е новата амбасадорка на Украина во САД. Формалните процедури се завршени – денеска го потпишав указот за именување на амбасадорката“, изјави Зеленски во своето вечерно видео-обраќање. Тој наведе дека ги идентификувал клучните задачи за реорганизација на работата на украинската амбасада во САД и спроведување на сите договори со американскиот претседател Доналд Трамп, првенствено во секторот ...

Како причина за собирот тие го наведуваат влегувањето на деканот Миливој Алановиќ и група професори во зградата. Студентите во блокада денеска информираа дека испратиле барање до деканот и побараа од него да им одговори на е-поштата во рок од два часа. Студентите во блокадата претходно ги прочитаа барањата пред зградата на Факултетот, а откако деканот рече дека ќе им одговори утре или задутре, одржаа пленум и му испратија е-пошта барајќи ...

Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во селата Дебреште и Зубовце со зафатена ниска вегетација, Охрид, во селото Волино и Липково, во селото Оризари. Четири пожари се ставени под контрола, меѓу кои се пожарот во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод, каде горела мешана шума, во селото Корошишта, општина Струга, со зафатена ниска вегетација и стрниште, на ...

„На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија изнесува 21.940, што е зголемување од 2,2% во споредба со претходната година. Од нив, речиси 12 илјади се поради работа. Во 61,9% од странците со дозволи за престој доминираат мажи, во споредба со жени со 38,1%. Најзастапената возрасна група е онаа од 30 до 39 години, наведува ИНСТАТ. Во 2024 година, бројот на странци со потекло од Косово изнесувал 4.592 ...

Секој ден „неухранетоста, болестите и насилството“ одземаат млади животи, се вели во соопштението на организацијата на ОН. Ел Фашер стана „епицентар на детското страдање“, додадоа тие. Во Судан се водат борби за моќ од април 2023 година. Ел Фашер е последниот голем град во западниот дел на Дарфур кој сè уште е под контрола на владата. Милицијата „Сили за брза поддршка“ (РСФ), која се противи на владата, е обвинета за бројни прекршувања на ...

Според најновите бројки, британските полицајци апсат околу 12.000 лица годишно, според член 127 од Законот за комуникации од 2003 година и член 1 од Законот за злонамерни комуникации. Овие закони го криминализираат предизвикувањето проблеми со испраќање пораки што се „грубо навредливи по природа“ или „споделување навредлива содржина“ преку дигитални комуникациски мрежи, објавува „Тајмс“. Само во 2023 година, полицајци од 37 полициски сили ...

Обединетите нации во Северна Македонија денеска, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, го одбележаа Меѓународниот ден на езерата, потсетувајќи дека тие не се само водни површини, туку извори на живот, биодиверзитет и заедничка благосостојба. Во објавата се наведува дека во земјава постојат над 160 езера, од кои повеќе од 50 се природни. Особено значење има Охридското Езеро, едно од најстарите во Европа и дом на повеќе од 200 ендемски ...

Главниот нафтовод којшто испорачува нафтени деривати во Москва експлодирал во руската регија Рјазањ, дознава Ukrinform од извори во Украинската одбранбено-разузнавачка служба (DIU). Како што наведуваат, силна експлозија на нафтоводот Рјазањ–Москва, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени деривати, се случила вчера. „Гласна експлозија на дел од нафтоводот“ Според изворите од DIU, откако локалните Телеграм-канали ...

Според најновите податоци, јавното мислење во клучните европски земји силно се противи на идејата за испраќање војници во Украина, дури и ако се постигне мировен договор со Русија, при што најмногу во Франција – 67 проценти, а во Германија 56 проценти. Тоа го покажале анкетите на јавното мислење во Германија, Италија, Франција и други европски земји, каде што граѓаните сметаат дека таков потег би бил ризичен, пишува порталот Censor.net ...

Академскиот пленум го повика деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Миливоје Алановиќ, веднаш да поднесе оставка, откако тој го заклучи факултетот и на студентите им повика полиција. Од Пленумот сметаат дека со тој потег деканот донекаде ќе придонесе за смирување на напнатата ситуација, која, како што велат, самиот ја создаде, повикувајќи ја полицијата да интервенира на факултетот. „Полицијата, од друга страна, уште еднаш докажа дека е ...

„На ден 26.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија има вкупно четири пожари на отворен простор, нема активни, три се под контрола и еден пожар е изгаснат. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума); Изнаснат во Општина Куманово: ул. Доне Божинов ...

Пакистан започна масовна евакуација откако соседна Индија пушти големи количини вода од своите брани, предизвикувајќи опасност од поплави во пограничните региони. Официјални лица потврдија дека десетици илјади луѓе се префрлени во побезбедни области, откако надојдените реки и акумулациони езера се прелеаја кон источниот дел на Пакистански Пенџаб. Индија го извести Исламабад за можните прекугранични поплави, што претставува прв директен ...

Во услови на воена состојба, украинската влада направи значаен пресврт: мажите на возраст од 18 до 22 години ќе можат слободно да ја напуштат земјата. Оваа одлука, објавена од премиерката Јулија Свириденко, се однесува на сите воени обврзници во таа возрасна група и претставува обид да се создаде простор за образование и личен развој надвор од границите на Украина. Според властите, мерката има двојна цел – од една страна, да им се овозможи ...

Како што пренесе ДПА, млазните авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге за да го идентификуваат рускиот авион „Иљушин Ил-20М“. Тој летал без сигнал и без известување и останал во меѓународниот воздушен простор, изјави портпарол на германските воздухопловни сили. Ова беше 10-то алармно полетување над Балтичкото Море оваа година. Ситуацијата во областа станува сè позатегната по неодамнешните шпионски инциденти и осомничени акти на ...

Претходно, студенти од Правниот факултет успеале преку спореден влез да се вратат во објектот, кој утрово беше испразнет по наредба на деканот. На терен пристигнаа припадници на Интервентната единица со неколку полициски возила, а присутните граѓани реагираа со гласно негодување. Во текот на денот на студентите и дел од професорите им се приклучија и земјоделци и поддржувачи од различни здруженија. Академскиот пленум побара оставка од ...

„Треба да успееме во согласност со човечкото достоинство,“ вели Меркел во интервју за германски јавен сервис. За неа, хуманоста и достоинството се најважните критериуми во бегалската политика. Десет години се поминати од нејзините познати зборови „Ќе успееме“, кога Германија ги отвори границите за илјадници бегалци кои пристигнаа преку Балканската рута. Од тогаш, многу работи се случија, а Христијанско-демократската унија (ЦДУ) направи ...

На состанокот со канадскиот премиер Марк Карни во Берлин, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин намерно го одложува состанокот со Володимир Зеленски кој би имал за цел да се стави крај на војната. – Путин смета дека е исправно овој состанок да се поврзе со предуслови кои, од перспектива на Украина, а исто така и од наша и од моја лична гледна точка, се целосно неприфатливи, рече Мерц. По состанокот со Путин на Алјаска, а потоа и во ...

Крајбрежната стража соработуваше со Министерството за одбрана и пресретна 19 бродови и чамци кои пренесувале дрога околу островите Галапагос во Еквадор, Венецуела, Мексико, Доминиканската Република, Јамајка и Аруба, соопшти службата. Некои бродови биле забележани и од авиони, по што биле пресретнати од истражните тимови. Крајбрежната стража соопшти дека во акцијата се уапсени 34 осомничени трговци со дрога. Запленетата дрога била истоварена ...

Според неколку медиумски извештаи, американскиот претседател Доналд Трамп поддржал мировен план што предвидува отстапување на териториите на Донецката и Луганската народна република на Русија, со обврска на Москва да ги прекине непријателствата на другите фронтови. „Украина ќе мора да го проголта „горчливиот апче“ за отстапување на Донбас. А потоа ќе видиме како ќе го сварат тоа“, изјави поранешниот министер за надворешни работи Вадим ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
86%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.3
98%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.72
59%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
94%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
86%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91