Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
„Со ваквата измена се укинува единствената правна одредба која директно упатува на почитување на принципот на еднаквост и инклузивност во рамки на полициската структура“, соопштува Платформата. Тие додаваат дека ваквиот потег е во спротивност не само со постоечкото национално законодавство, туку и со меѓународните обврски на државата, вклучително и Истанбулската конвенција. Од Платформата оценуваат дека предложената измена испраќа „опасна порака ...
Ова ќе биде најголемиот мултиспортски настан во историјата на Северна Македонија, кој ќе обедини над 4.000 спортисти од 50 делегации. Наменет за талентирани спортисти на возраст од 14 до 18 години, EYOF 2025 ќе понуди натпревари во 15 спортови. Главниот дел од програмата ќе се одвива во Скопје, каде што се закажани церемониите на отворање и затворање, додека Куманово ќе биде домаќин на кошарка, друмски и планински велосипедизам. Осиек, пак, ќе ...
Во дипломатска нота, Литванија изразила „остар протест поради незаконско влегување“ на беспилотното летало во нејзиниот воздушен простор, соопшти денеска литванското Министерство за надворешни работи. Инцидентот се случил на 10 јули, кога руски дрон од белоруско производство од типот „Гербера“ се урнал во близина на границата со Белорусија. Дронот наликува на борбените дронови „Шахед“, кои Русија ги користи во војната против Украина. Според ...
Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. Од ЦУК информираа дека денеска до 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни. АКТИВНИ ПОЖАРИ: Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: ...
Владата на Велика Британија денес објави дека планира да овозможи право на глас на 16-годишна возраст на сите избори во земјата, како дел од сеопфатна реформа на демократскиот систем. Според нацртот на предложените измени, кои мора да бидат одобрени од парламентот, на помладите гласачи би им било дадено право на глас на национално ниво, што би го усогласило изборниот стандард со Шкотска и Велс, каде што младите луѓе веќе учествуваат на локалните ...
Вечерва од 20:00 часот во рамки на манифестацијата „Скопско лето“, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“. „Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж. Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“. Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и ...
Вулкан повторно еруптираше во југозападен Исланд, објави Исландската метеоролошка служба. Оваа северноатлантска островска нација, честопати наречена земја на мразот и огнот поради бројните глечери и вулкани, веќе доживеа дванаесет ерупции откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес се реактивираа во 2021 година. Овие таканаречени пукнатински ерупции се карактеризираат со лавински текови што излегуваат од долги пукнатини во Земјината ...
Во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена театарската претстава „12“. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и е работена според мотиви од култниот текст „12 Гневни мажи“ на Реџиналд Роуз, а во режија на Синиша Евтимов. Претставата сруши рекорд по гледаност во Скопје, каде билетите се купуваа и за три месеци однапред, а ...
Денес, украинскиот парламент ја потврди Јулија Свириденко за нова премиерка на земјата, објавија украинските медиуми. За назначувањето на Свириденко гласаа 262 од 450 пратеници на Врховната рада. Таа ќе го замени Денис Шмихал, кој ја извршуваше таа функција пет години и кој треба да стане нов министер за одбрана. Пред три дена, како дел од реконструкцијата на владата, Зеленски го предложи Свириденко, претходниот прв вицепремиер, за премиер и го ...
Не стивнуваат реакциите по веста за изборот на нов директот на Националната галерија на Северна Македонија. По вчерашниот став на вработени во галеријата кој беше пренесен од Трн, денес со реакција излезе и Синдикатот на култура во кој се бара почитување на законите и зачувување на интегритетот на културните работници. Интегрално ја пренесуваме целата реакција: КУЛТУРАТА НЕ Е КВОТА Уште на 7 март 2025 година, СКРМ со допис реагираше до ...
Во сабота, на 19 јули во ,,Ла Кања” гостува еден од најважните алтернативни бендови во овој регион – бендот The Milk Snachers. Доаѓаат од Косово, а звучат како бенд кој Morrissey би го основал кога би слушал модерен пост-панк и прог. Грандиозни, емотивни, но и во точни моменти брутални, не смеат да се пропуштат. Препорачаната донација за влез е 200 денари. Настанот е во организација на Гола планина Колектив кои се посветени на свежата и ...
На 21 јули во 18.30, во Аудиокултура ќе се одржи книжевно-ликовен настан на кој уметниците Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Стефан Младеновски и Кристијан Јованоски ќе цртаат во живо инспирирани од шпанската литература. Настанот ќе се одржи во соработка со Амбасадата на Шпанија и Аудиокултура. На настанот ќе се читаат извaдоци од дела од Антонио Мачадо, Федерико Лорка, Мигуел Делибес, Жауме Кабре и Кармен Доминго. За резевација ...
Најмалку 50 лица загинаа во пожар во хипермаркет во градот Кут во источен Ирак, објави Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција ИНА. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот, а гувернерот на покраината Васит, каде што се наоѓа градот Кут, истакна дека првите резултати од истрагата ќе бидат познати во следните 48 часа. Пожарот ја зафати петкатната зграда во која се наоѓа трговскиот центар, а видеата на социјалните мрежи покажаа ...
Од 29 јули до 4 август во Домот на културата во Демир Капија ќе се одржи меѓународниот театарски фестивал ,,Без рамка”. Фестивалот ќе обедини театарски групи од земјата и странство, и ќе донесе седум вечери исполнети со емоции, уметност и инспирација. Покрај театарската програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на вино од локалните винарии и посета на новоотворени вински барови и нивниот амбиент. Демир Капија како град ...
Се очекува министрите на партијата да поднесат оставка од своите функции утре наутро. Шас објави дека се повлекува од коалицијата во знак на протест поради неуспехот на пратениците да гарантираат идни ослободувања од воена служба за учениците во верските училишта. „Претставниците на Шас со тешко срце открија дека не можат да останат во владата и да бидат дел од неа“, се вели во соопштението на партијата. Ултраортодоксната партија Обединетиот ...
Како што информираат од Општина Чашка, прскањето ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, кој е одобрен од Бирото за лекови, а ќе бидат опфатени населени места долж речните корита на реките Бабуна, Тополка, Мелничка, Изворчица и Војничка. Авионскиот третман вклучува повеќе села, меѓу кои Чашка, Мелница, Лисиче, Голозинци, Еловец, Раковец, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, Владиловци, Смиловци, Стари Град, ...
Семејното насилство во Македонија зема замав во последната година, а тоа го вклучи алармот кај граѓанските здруженија и јавноста. Тоа придонесе и за институционална реакција. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик, насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да ...
Зебра повреди маж и дете во зоолошката градина во Белград, објави Танјуг повикувајќи се на Одделот за итни случаи. Според првичните информации, зебрата го напуштила оградениот простор и повредила дете и маж. Состојбата на повредените засега е непозната. Н1 Србија јавува дека Зоолошката градина потврдила дека се случил инцидент, но оттаму додале дека нема да даваат дополнителни соопштенија додека не се потврдат сите детали. На терен биле ...
Во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи хорот „Фрида од Македонија“. Настапот е дел од манифестацијата „Скопско лето“ Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи составени од по 60-ина хористки аматери, со големо хорско искуство. „Скопско лето“ се ...
Парот купува околу 2,2 милиони хектари дивина во Чиле и Аргентина, вклучувајќи ги заштитените подрачја како Пумалин Парк и Националниот парк Корковадо. Сите тие подоцна се донирани на националните влади, со цел создавање или проширување на национални паркови. Овој чин на голема лична филантропија овозможи долгорочна заштита на умерените дождовни шуми, фјордите, мочуриштата и врвовите на Андите, поставувајќи нови стандарди за приватна ...
„Откако работам со овие стаорци, секогаш пронаоѓаме мини – никогаш не промашиле ниту една,“ вели една од работничките на организацијата APOPO, хуманитарна група која обучува стаорци и кучиња за откривање мини ширум светот. Стаорците се омилени кај APOPO токму поради нивниот извонреден нос, но и поради тоа што, како и кучињата, лесно се дресираат. „Кучињата и стаорците се далеку поефикасни од другите животни – и може да се обучат за специфични ...
Оваа година, пеперугите од Националниот парк „Галичица“ се во фокусот на визуелниот идентитет на манифестацијата. Од повеќе од 200 видови пеперуги кои се среќаваат во Македонија, дури 166 видови живеат токму во Галичица, што го прави овој парк едно од најбогатите живеалишта на дневни пеперуги во регионот. Постерот за овогодинешната Поетска ноќ е посветен на ова природно богатство, со порака за заштита и восхит кон кревката убавина на ...
„Речиси 53% од девојчињата и 19% од момчињата на 15 години имаат депресивно расположение. Молкот не е одговор — сподели и побарај поддршка!“ Во соработка со Општина Центар, ХЕРА обезбедува бесплатни психосоцијални и советодавни услуги за млади, родители, наставници и сите граѓани од Центар. Поддршка за: ментално здравје, превенција од насилство,советување за зависности и помош при врсничко насилство По повод 25 години ХЕРА, на ООУ „Кочо Рацин“ ...
На 19 јули (сабота), Europe House Skopje заедно со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост, започнува комунална градина – простор од каде секој ќе може да земе растение или цвет и да понесе делче зеленило дома. Настанот почнува со едночасовна прошетка низ Гази Баба за собирање земја и гранки, а потоа во дворот на КОМБО. Тука, ќе се изработуваат саксии од стаклени и пластични шишиња, а потоа во нив ќе се засадуваат растенија. Ова е почеток ...
Според сведочења на патници, вклучително и студенти кои патувале кон Битола, немало навремено известување ниту објаснување за причината поради која се задржува возот. Единствено што им било соопштено подоцна било дека треба да се префрлат во друга композиција која пристигнува од спротивен правец. Патниците останале во неизвесност и без јасни информации колку време ќе трае застојот и кога ќе го продолжат патот. Дел од нив апелираат до „Железници ...
Според „Ројтерс“, оваа северноатлантска островска земја, често нарекувана „земја на мразот и огнот“ поради бројните глечери и вулкани, од 2021 година наваму забележа дури 12 ерупции, откако повторно се активираа геолошките системи на полуостровот Рејкјанес. Станува збор за т.н. фисурни ерупции, при кои лавата излегува од долги пукнатини во земјината кора, наместо од централни кратери. Нема закана за Рејкјавик Ерупциите на Рејкјанес досега не ...
Легендарната поранешна тенисерка Рене Стабс смета дека крајот е блиску и дека токму Австралија опен ќе биде последниот Грен слем на Ѓоковиќ. Таа вели дека токму Мелбурн е местото каде што Србинот има најмногу победи – дури 10 титули, и дека таму заслужува да ја затвори својата шампионска приказна. „Мислам дека последниот турнир на Новак ќе биде Австралија опен. Таму славеше 10 пати и тоа е најсоодветното место за него“, изјави Стабс. Таа додаде ...
Според првичните информации, никој не е повреден во пожарот, објави телевизиската станица Бфм. Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето биле брзо евакуирани. Шеесет противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба. Според градската администрација, пожарот избувнал во зграда наречена „Месиже“ на улицата Шарол. -Пожарникарите се на местото на настанот и се обидуваат ...
Утрово, владините сили распоредени во јужниот сириски град, кој беше под контрола на локалните борци, воведоа прекин на огнот, велејќи дека сакаат да го вратат мирот во регионот по дводневните судири меѓу Друзите и бедуините во кои загинаа околу стотина луѓе. -Службеници на Министерството за одбрана и внатрешни работи егзекутираа 12 цивили откако упаднаа во пансионот на семејството Радван во градот Свеида, соопшти СОХР. Невладината организација, ...
Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај ...