Во близина на градот Уб денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа, кога автобус со десетина патници излетал од патот и завршил во нива. Во несреќата се повредени три деца на возраст од 8, 14 и 16 години, кои биле на пат кон тренинг. Две од нив се пренесени во Ургентниот центар во Ваљево, додека третото дете сè уште се транспортира од страна на итната помош. Според изјавата на дежурниот хирург, децата имаат исеченици и гребнатини, ...

Европските држави, во координација со Украина, подготвуваат предлог-документ од 12 точки со цел да се стави крај на војната долж постојните линии на фронтот, објави денеска агенцијата Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Според информациите, спроведувањето на планот би го надгледувал мировен комитет под претседателство на американскиот претседател Доналд Трамп. Европските лидери, во заеднички повик до Вашингтон, ...

На денешен ден, пред точно 25 години — 21 октомври 2000 година — излезе „Primitive Science“, вториот макси-сингл на Кирил Џајковски, објавен под неговата издавачка куќа Avant Garde Records. Изданието, објавено на 12-инчен винил, ја содржи оригиналната тема и уште три ремикси направени од странски продуценти, што му даваат меѓународен звук и универзален пулс. Колекционерите и љубителите на електронската музика го сметаат ова ЕП за едно од ...

По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова. Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност. „Изложбата ја слави уметноста, животот и хуманоста на Милка Ефтимова(1936–2025) – првенка на Македонскиот народен театар, оперска ...

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...

Во петок, на 24 октомври 2025 година, во камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје ќе се одржи концертот „Подиум на млади“, на кој ќе настапат пијанистот Виктор Рафајловски, виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтијари. Настапот започнува во 20 часот и ветува вечер исполнета со виртуозност и емоција. Во програмата на Рафајловски се вклучени дела од Франц Лист – „Трансцендентална етида бр. 4 Mazeppa“, Тома Прошев – ...

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, изјави во понеделник дека земјата ќе издвои „поголем буџет од очекуваното“ за одбрана до 2030 година. Целта е да се изгради одбранбена индустрија која ќе биде четврта најсилна во светот. Ли ја даде изјавата на најголемиот саем за оружје во Јужна Кореја досега. Според Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Јужна Кореја во моментов е 10-ти најголем продавач на оружје во светот. ...

Според податоците на Министерството за здравство, досега се пријавени над 60 илјади граѓани за вакцинација против сезонски грип, а повеќе од 8 илјади лица веќе се вакцинирани низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје, а сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. „Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории ...

Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, изрази подготвеност да изгради огромен ѕид по должината на северниот брег на Јава за да заштити 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето, објавија индонезиските медиуми. Прабово објасни дека изградбата на ѕид долг 535 километри по должината на северниот брег на Јава е решението на владата за зголемувањето на нивото на морето за околу пет сантиметри годишно поради ефектите од ...

Концерт на ансамблот „Консонанс“ ќе се одржи на 22.10.2025 г. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во 20 часот. Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги ...

Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила. Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”. Според информациите, оштетен бил и локалниот партизанскиот споменик. ...

На денешен ден, 21 октомври 1959 година, во Њујорк официјално беше отворен музејот „Соломон Р. Гугенхајм“ – институција која засекогаш ја смени историјата на современата уметност. Проектиран од легендарниот архитект Френк Лојд Рајт, музејот не претставува само простор за изложби, туку е и само по себе уметничко дело – со револуционерна спирална структура што ги менува дотогашните правила на музејската архитектура. „Гугенхајм“ ја разби ...

Станува очигледно дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје воопшто не се ни труди да го подигне комуналниот смет во Скопје. Затрупани се и тротоарите и тревниците во непосредна близина на контејнерите што веќе го попречува и движењето на скопјани. Како никогаш порано Скопје е затрупано во комунален отпад кој почнува да станува опасност и за јавното здравје. Дури и во последните денови на мандатот, тековната градска администрација мора да се грижи ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска оди во затвор да ја издржи петгодишната казна за заверa за финансирање на својата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија. Саркози беше осуден кон крајот на септември на пет години затвор, од кои една условна, поради договорот со Гадафи во 2005 година, кога беше француски министер за внатрешни работи, за добивање финансии за кампањата во замена за поддршка на тогаш ...

Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска. Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска, Драган ...

Според извори запознаени со ситуацијата, состанокот што требаше да се одржи оваа недела е ставен на неодредено време, објави CNN. Трамп минатиот четврток, по телефонски разговор со Путин, изјави дека „двајцата се согласиле нивните советници на високо ниво да се состанат следната недела“. На платформата Truth Social, Трамп додаде дека „првичните разговори од американска страна ќе ги води државниот секретар Марко Рубио, заедно со други високи ...

Само неколку дена претходно, ватиканската комисија за заштита на децата ги обвини високите црковни функционери дека се премногу бавни во обезбедувањето поддршка за жртвите. Папата имал средба со организацијата „Ending Clergy Abuse“, меѓународна коалиција на преживеани жртви, соопшти групата. На состанокот, кој траел околу еден час, присуствувале четири жртви и двајца активисти, пренесува Ројтерс. Една од учесничките изјавила дека средбата се ...

Скопје ќе биде домаќин на новата изложба на Михаил Корубин – „Артокен генеза“, што ќе се одржи на 22 октомври 2025 година во 19 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (објект на Педагошкиот факултет). Настанот ќе ја претстави првата „Артокенс“ книга, која ги истражува визуелните и симболичките кодови што Корубин ги развива во своето творештво. Делото е двојазично издание (македонски и англиски) и ги опфаќа основните и ...

Новиот премиер, според Рандријанирина, е избран поради своето искуство и меѓународни контакти со странски организации и финансиски институции. Сменетиот претседател Андри Рандријанирина, кој минатиот викенд побегна во странство, го осуди военото преземање на власта и изјави дека од егзил нема намера да се повлече од функцијата. Иако Уставниот суд на Мадагаскар во рок од неколку часа ја ратификуваше промената на власта, Раджоелина тврди дека ...

Според истражувањето, не станува збор за целосна замена на луѓето, туку за проценка колку делови од нивната работа може успешно да ги извршува вештачката интелигенција. Најзагрозени занимања Помеѓу најмногу погодените професии се: Кои професии се најбезбедни? Од друга страна, медицинските сестри, бродските инженери, молерите и работниците во постројки за пречистување на вода се меѓу професиите кои, според Мајкрософт, најмалку ќе бидат ...

Зеленски оди на состанок на „коалицијата на добронамерните“ во Лондон Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на состанок на сојузниците во Лондон овој петок, потврди францускиот претседател Емануел Макрон. Состанокот, познат како „коалиција на добронамерните“, е клучен за Киев во неговите напори да ја зајакне поддршката во војната против Русија, објави Ројтерс. Макрон го објави ова во понеделник за време на обраќањето пред ...

Мерката беше усвоена на состанокот на министрите за енергетика на земјите од ЕУ што се одржа во Луксембург, а предлогот сега ќе биде разгледан и во Европскиот парламент. Забраната за увоз на руски гас првично беше предложена од Европската комисија во текот на пролетта оваа година. Со прекинот на увозот на руски гас, Европската унија има цел да го укине еден од главните извори на приходи за Русија, кои се користат за финансирање на војната ...

Нетанјаху, исто така, истакна дека израелската армија (ИДФ) нападнала десетици цели низ целиот Појас Газа и дека елиминирала „многу терористи, вклучувајќи и некои команданти“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека израелските сили фрлиле 153 тони бомби врз Газа затоа што Хамас го прекршил договорот за примирје. „Во неделата видовме јасно кршење на договорот за примирје. За жал, двајца израелски војници беа убиени за време ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска првпат се сретна со жртвите на сексуално злоставување од страна на католичките свештеници. Тој имаше средба со претставници на организацијата „Крај на злоупотребата од страна на свештениците“ (Ending Clergy Abuse) меѓународна коалиција на преживеаните жртви. На средбата со папата присуствуваа четири жртви и двајца активисти. Пред неколку дена Комисија за заштита на децата на Ватикан ги обвини високите црковни ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети. – Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс. Во израелскиот напад врз Иран во јуни се придружија и САД, кои ги бомбардираа иранските нуклеарни ...

И покрај вчерашните израелски воздушни напади врз Газа поради наводниот напад на Хамас врз Израелските одбранбени сили (ИДФ), американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да тврди дека прекинот на огнот во енклавата е на сила. Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и советникот на Белата куќа, Џаред Кушнер, пристигнаа во Израел. Се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да пристигне утре. Израел: Хамас ...

Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ денес го поддржаа предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до јануари 2028 година, соопшти Советот на ЕУ. На состанокот во Луксембург, министрите одобрија планови што предвидуваат постепено раскинување на новите договори за увоз на руски гас од јануари 2026 година, постојните краткорочни договори од јуни 2026 година и долгорочните договори до јануари 2028 година, ...

Учениците од Првата гимназија во Белград денес ја бојкотираат наставата, а по одржаниот помен за загинатите во несреќата со падот на надстрешницата, тргнаа во колона кон Петтата гимназија, за да им изразат поддршка на учениците од таа училиште. Учениците од Првата гимназија го организираа овој еднодневен бојкот како гест на солидарност со Петтата гимназија. Тие се собраа пред своето училиште и молчеа 16 минути – во чест на 16-те жртви во ...

На 25 октомври, во малата сала на Филхармонија, свечено ќе биде отворено 25. издание на „Есенски музички свечености“ – еден од најзначајните настани на македонската концертна сцена. Годинешното отворање ќе го одбележи концертот „Македонски сновиденија“ во изведба на Македонскиот национален џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов. Проектот „Македонски сновиденија“ претставува енергична фузија меѓу македонскиот фолклор и современиот ...

Нишки студенти ќе организираат велосипедска тура од Ниш до Нови Сад по повод годишнината од падот на надстрешницата. Стартот е закажан на 28 октомври, за учесниците да пристигнат во Нови Сад на 1 ноември, кога е предвиден и главниот собир. Сите заинтересирани можат да се пријават до 25 октомври, до 12 часот, преку пополнување на формулар. Студентите ќе имаат предност при обезбедување сместување и опрема, додека за останатите учесници нема ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
34%
1015
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
55%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.5
78%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.46
47%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.97
33%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.33
72%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.12
48%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.4
38%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
38%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
84%
1015
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Калај

52.80

Сребро

1844.33

Цинк

0.00

Родиум

262028.58

Злато

128281.48

Рутениум

49029.89

Паладиум

39513.27

Бакар

12.60

Иридиум

247560.75

Кобалт

56.29

Платина

51216.14

Алуминиум

3.16