Иран издаде предупредувања за евакуација за израелските новински TВ-канали откако Израел ја нападна зградата на иранската државна телевизија, објави иранската државна телевизија. „Иран издаде предупредување за евакуација за израелските канали N12 и N14. Оваа наредба доаѓа како одговор на непријателскиот напад на ционистичкиот непријател врз радиодифузната служба на Исламската Република Иран“, објави државната телевизија. Израелските одбранбени ...

Многу жители на Техеран бегаат од главниот град, кој е цел на израелски напади, а на главниот пат кој води кон север е создаден огромен сообраќаен метеж, според снимките објавени денеска на социјалните мрежи. Снимката, чија автентичност ја потврди Франс прес, снимена од надвозник, покажува огромна линија возила кои стојат на излезот на северниот излез од Техеран, додека речиси ниту едно возило не оди во спротивна насока. Воздушниот простор е ...

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“, кој пловеше во Јужно Кинеско Море, денеска сврте кон запад и се упати кон Блиски Исток, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“ (Marine Traffic), која ги следи бродовите ширум светот во реално време. Бродот плови по теснецот Малака, помеѓу индонезискиот остров Суматра и Малезија. Засега нема коментар од американската морнарица. Носачот на авиони Нимиц е на нуклеарен погон и е еден од ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека е извршен напад врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ. Кац додаде дека нападот уследил откако било евакуирано локалното население. – Израел ќе го нападна иранскиот диктатор каде и да се наоѓа, посочи Кац. Тој претходно иранската државна телевизија ја нарече „мегафон на пропаганда и поттикнување“ и оти е „на работ на ...

Според нив, програмата на државната државна телевизија на Исламска Република Иран е во прекин. Нападот уследи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување“. Кац додаде дека почнала евакуацијата на жителите од Техеран. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без ...

Поради прекин на работата на вработените во службите за прием на посетители музејот Лувр во Париз денес не се отвори на време, објавија француските медиуми. Илјадници посетители чекале во атриумот на музејскиот комплекс од утрово поради прекин на работата на персоналот што работи со посетителите, вклучувајќи ги чуварите на галеријата, рецепционерите и обезбедувачите, кои протестираат против влошувањето на условите за работа, јавува АП. „Тоа е ...

Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран на неодредено време, потврдија покраинските власти, додека Израел и Иран разменуваат интензивен оган и се закануваат со понатамошни напади. „Граничните премини во сите пет области се затворени“, изјави за АФП Кадир Бакш Пиркани, висок функционер во покраината Белуџистан, која граничи со Иран. Од Техеран за време на викендот беше испратена порака дека Пакистан ќе го нападне Израел со ...

Иран соопшти дека егзекутирал човек прогласен за виновен за шпионажа за израелската разузнавачка служба, позната како Мосад. Официјалните лица тврдат дека Есмаил Фекри, кој беше уапсен во 2023 година, се обидел да даде класифицирани информации во замена за пари. Се верува дека ова е трета егзекуција од ваков вид во последно време. Според извештаите на иранските државни медиуми, од петокот во Иран се уапсени уште неколку осомничени израелски ...

Фестивалот се етаблира како платформа која ги слави различностите и го промовира духот на еднакви можности за сите. Под мотото „Заедно, различни, видливи“, програмата опфати театарски претстави, концерти, изложби, креативни работилници, дебати, улични перформанси и вклучување на уметници, активисти и граѓани од сите заедници – со и без попреченост. „Горди сме што преку inFusion успеваме да изградиме простор за соживот, почит и солидарност. Ви ...

Софи е едно од најпрепознатливите имиња на OnlyFans, со милиони следбеници на социјалните мрежи. Лани објави дека еден од нејзините обожаватели ѝ платил 4,7 милиони долари за ексклузивни фотографии и видеа. Нејзината заработка од 43 милиони долари во 2024 година била рамна со приходите на холивудски ѕвезди како Мет Дејмон и Рајан Гослинг. Иако стекнала огромно богатство, Софи честопати ги советува младите девојки да не брзаат со изборот на ...

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се ...

Потресот се случил во неделата во 11:30 часот по локално време, околу 30 километри југозападно од градот Каљао, крајбрежно место што се наоѓа на само десетина километри од главниот град Лима. Според информациите од полицијата, загинал маж, а повредените лица се префрлени во блиските болници. Локалните медиуми јавуваат дека во неколку општини во регионот на Лима имало одрони. Метрото во Лима е привремено запрено. Перу се наоѓа во таканаречениот ...

Според банката, во 2025 година глобалниот раст ќе изнесува само 2,3%, што е за 0,4 процентни поени пониско од предвиденото во јануари. За 2027 година се предвидува скромен раст од 2,6%, објави BBC. Овие прогнози доаѓаат по воведувањето на универзална царина од 10% на сè што се увезува во САД од страна на Доналд Трамп, како и зголемување на царините за челик и алуминиум. Овие мерки предизвикаа пад на финансиските пазари уште во април. Трговската ...

„Вкупно 80 жртви од авионската несреќа се идентификувани преку ДНК споредба. Од нив, телата на 33 жртви се предадени на семејствата“, изјави д-р Раџниш Пател за индиската агенција PTI, пренесе Hindustan Times. Меѓу загинатите, потврдено е и телото на поранешниот премиер на индиската сојузна држава Гуџарат, Вијај Рупани, кој се наоѓал меѓу 242 патници и членови на екипажот на летот од Ахмедабад за Лондон. Телата што се предадени на семејствата ...

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен го победи Оукленд од Нов Зеланд со резултат од 10:0 во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „TQL“ во Синсинати (САД). Џамал Мусијала постигна три гола за тимот од Минхен, Кингсли Коман, Михаел Олисех и Томас Милер постигнаа по два гола, а Саша Бое еднаш се запиша во листата на стрелците. Баерн упати неверојатен 31 удар кон голот на противникот ...

Цел на последните ирански напади денеска биле и приватната резиденција на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и електраната во Хадера, објавуваат израелските медиуми. Иран попладнево истрелал нов бран ракети кон Израел, но според „Џерусалем пост“ и „Тајмс оф Израел“, сите биле соборени од израелската пртиввоздушна одбрана. Израелската војска објави дека жителите можат да ги напуштат засолништата во сите делови од земјата, откако ...

„Бостон Дајнамикс“ донесе пет од своите познати роботски кучиња „Спот“ на сцената на „Америка има талент“, изведувајќи кореографија на песната „Don’t Stop Me Now“ од „Квин“. За време на настапот, еден од роботите очигледно доживеал краток спој, па „се онесвестил“ и престанал да работи. Ова претставува уште еден обид роботите на „Бостон Дајнамикс“ да станат вирални. Останува да се види дали ова е доволно за лансирање и зголемување на продажбата ...

Еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ, пред време ја заврши сеозаната со својот клуб Денвер Нагетс и набрзо потоа ги спакува куферите и се врати од Америка во Европа на одмор. Откако неколку недели мина во својот роден град Сомбор, Србија, сега, се појавија најновите фотографии кои покажуваат дека најдобриот кошаркар на планетата моментално е на Тара, Црна Гора, и таму оди на рафтинг. Српскиот ас ужива и тоа не му е прв пат. Беше ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека следната недела се очекува нова размена на воени заробеници со Русија, во согласност со постигнатите договори. Тој информираше дека во тек се напори за враќање на сите украински државјани кои се уште се наоѓаат во руски притвори. – Планираме размената да се реализира следната недела, барем таков е договорот, истакна Зеленски. Киев и Москва до сега извршија неколку размени на воени ...

Хеликоптер се урнал денес во морето во близина на пристаништето Вулијагмени, недалеку од грчката престолнина Атина. Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот во марината, а потоа се обидел повторно да полета. Сепак, само неколку секунди по полетувањето, одеднаш се урнал од сè уште непозната причина. Според Националниот центар за итна помош, сите пет патници биле спасени по уривањето, а четири од нив се здобиле со полесни ...

Согласно најновите информации, до овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. МНР информира дека во тек се активности за нивна брза евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се ...

Со воена парада во Вашигнтон, на која учествуваше и претседателот Доналд Трамп, САД одбележаа 250 години од формирање на армијата. Случајно или не, денот се погоди со роденденот на Трамп, па многумина тоа го видоа како негова приватна забава со државни ресусрси. „Секоја друга земја ги слави своите победи, време е и Америка да го стори тоа“, им рече Трамп на присутните по парадата на која учествуваа околу 7000 војници и над 150 разни воени ...

Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо. Иако не успеа да му ја донесе титулата на Хајдук од Сплит, каде имаше катастрофална пролетна сезона, сепак раководството на Фудбалската федерација на Италија се одлучи токму Гатузо да биде нов селектор на Италија. По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство и убедливиот пораз од Норвешка ...

Најмалку едно лице загина, а 19 се повредени кога два балони на топол воздух се урнаа во централна Турција, објави Скај њуз. Загинатиот бил едно од лицата што управувале со балоните, а до сега, сè уште не е познато што предизвикало падот. Несреќата се случила за време на панорамски лет што започнал во долината Ихлара, во регионот Кападокија – популарна туристичка дестинација позната по своите необични карпести формации и летови со балони, кои ...

Фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, се наоѓа во својата татковина Иран, која веќе два дена е во војна со Израел, и засега ќе остане таму поради неможност да ја напушти земјата. Тареми нема да може да му се приклучи на тимот кој се очекува да учествува на Светското клупско првенство во САД. Во момнетов сите аеродроми во Иран се затворени, летовите се откажани, па Тареми ќе мора да почека поповолни околности за да полета од земјата, но прашањето е ...

Иран ноќеска изведе нов силен бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 200 се повредени. Нападите следат откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран. Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин речиси еден час, а поголемиот дел од разговорот бил посветен на тензиите меѓу Израел и Иран. „Претседателот Путин ми се јави утрово, многу љубезно ми посака среќен роденден, но што е поважно, разговараше за Иран, земја што ја познава многу добро“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social. „Двајцата се согласивме дека конфликтот меѓу Израел и ...

Украина и Русија извршија уште една размена на воени заробеници, четврта оваа недела, соопштија денеска официјални лица од двете земји. Договорот за размената беше постигнат во Истанбул на почетокот на јуни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша: „Продолжуваме да ги ослободуваме нашите сограѓани од руско заробеништво, ова е четвртата размена за една недела“. Рускиот министер за одбрана Андреј Белусов на Телеграм ...

На распишаниот конкурс на Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ Штип примени се вкупно 24 солисти. Ќе биде изведена 21 композиција, од кои три ќе бидат дует. Во писменото соопштение од Фестивалот „Весело штурче“ се вели дека хорот оваа година го сочинуваат 15 дечиња, а бендот е составен од четири дечиња. – На самиот конкурс беа пријавени околу 70 дечиња, а оваа година пријавени автори беа над 100 од Македонија, но и од други држави. Бројот ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД не се изненадени од израелските удари врз иранските нуклеарни објекти и високи воени команданти, ниту од контранападите на Техеран. – Не би рекол дека сме изненадени од динамиката на оваа размена. Таа трае подолго време и внимателно ја следиме, изјави Хегсет, нагласувајќи дека САД се подготвени да ги заштитат своите интереси и персонал во регионот. – Имаме сериозно присуство во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
69%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
5.14
41%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.59
49%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
46%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
83%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
75%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598