Северна Америка забележа најголем пораст од 11,4 отсто, благодарение на силните финансиски пазари. Во азиско-пацифичкиот регион просечното богатство на возрасните се зголемило за 2,9 отсто, додека Европа, Блискиот Исток и Африка забележале пораст од само 0,4 отсто. На повеќе од половина од 56-те испитани пазари, вредноста на финансиските средства и недвижностите се намалила, посочуваат австриските медиуми. Германија пред Австрија На ниво на ...

Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, јавува дописникот на Укринформ. „Синоќа, Русија повторно ја демонстрираше својата безгранична бруталност со намерно лансирање смртоносни ракетни и беспилотни летала напади врз цивилни цели“, нагласи Баро. Тој истакна дека руската економија сè повеќе страда од „колонијалната кампања“ што ја води диктаторот ...

Велика Британија е подготвена да го брани својот персонал и средства на Блискиот Исток, како и оние на своите сојузници, откако претходно овој месец премести опрема во регионот како мерка на претпазливост, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. Во обраќањето пред парламентот, Лами рече дека Велика Британија не е вклучена во нападите на САД врз Иран, исто како што не е вклучена во операциите на Израел против ...

Катарските власти привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки. „Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на настаните во регионот“, соопшти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и Израел јавно шпекулираа за можен атентат врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и за промена на режимот – потези што, според Русија, можат да го вовлечат целиот регион во деструктивен вооружен конфликт. Путин денес во Кремљ го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, заедно со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, советникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков и ...

Американска воена база во Сирија беше нападната, пишува иранскиот „Мехр њуз“, а пренесува Еуроњуз. Извори велат дека целта била американска воена база во западната сириска покраина Хасака. Овие извори објавија дека по нападот биле преземени строги безбедносни мерки на главниот влез. Според арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово, кога зградата била погодена од минофрлачка граната. Засега нема информации за тоа кој ја ...

„Иран Интернешнл“ објави дека податоците од веб-страницата „МаринТрафик“ покажуваат дека бродовите „Мари Ц“ и „Ред Руби“, и двата во баласт и претходно на пат кон теснецот , се закотвиле во близина на Фуџаира , крај брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод, „Кохзан Мару“, пловел во Оманскиот Залив , во близина на оманските води. Јапонските компании „Нипон Јусен“ и „Мицуи ОСК Лајнс“ објавија во понеделник дека им наложиле на своите ...

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва во Куршумли ан музичката група „Баклава“ ќе одржи концерт, со кој ќе одбележи две децении од своето музичко творештво. Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. -Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, ...

Во општество каде што различноста често се доживува како хендикеп, Гере Трипков избира да ја претвори во сила. Тој е гласот што не само што се слуша, туку и инспирира. Како активист, креативец, lifestyle coach и магистер по меѓународни односи на Варшавскиот универзитет, Гере секојдневно работи на рушење на бариерите што ги разделуваат луѓето. Преку своето здружение „Equality“ – Скопје, активно се залага за достоинствен третман, вклучување и ...

Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм. Овогодинешната Недела на Франкофонски филм ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција во Скопје,и Кинотеката во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, ...

Папа Лав XIV повика на ангажирање на меѓународната дипломатија со цел да се запре конфликтот на Блискиот Исток, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик од непоправлива катастрофа. За време на неделната молитва, папата истакна дека дипломатијата мора да ја замени војната, пренесе Ројтерс. „Ниту една воена победа не може да ги надомести болката на мајките, стравот на децата и украдената иднина. Нека дипломатијата ја замолчи стрелата, нека ...

Бројот на загинати во нападот на самоубиец со бомба во црквата „Свети Илија“ во Дамаск се искачи на 22 лица, додека 63 се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство. Според државната новинска агенција САНА, напаѓачот бил припадник на Исламската држава. Иако групата сè уште не ја презела одговорноста за нападот, сириските власти ја поврзуваат со инцидентот. Силите за безбедност воспоставиле безбедносен кордон околу местото на ...

Американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) издаде предупредување за зголемено ниво на закана во земјата поради можни одмазднички напади од Иран, откако САД извршија воздушни удари врз ирански цели. Неколку дена пред нападите, безбедносни извори за CNN изјавија дека американските разузнавачки и безбедносни агенции повторно ги анализираат познатите или потенцијално поврзаните лица со либанската група Хезболах во САД, барајќи можни ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Соединетите Американски Држави немаат интерес за „долготраен конфликт“ на Блискиот Исток, а вчерашниот напад бил „ограничена и прецизна акција“ со цел да се обезбеди мир во регионот, пишува Би-Би-Си. Во разговор за ABC News, Венс рече дека американските удари „значително“ го ослабнале иранскиот нуклеарен програм, оддалечувајќи го наназад за „години или повеќе“. Потоа повика на иранската влада ...

Министерството за надворешни работи на Пакистан денес го осуди нападот врз Иран, кој го нареди американскиот претседател Доналд Трамп, само еден ден откако Исламабад соопшти дека ќе го номинира Трамп за Нобеловата награда за мир. Во соопштението на пакистанското министерство се наведува дека Трамп со одлуката да бомбардира ирански нуклеарни објекти го прекршил меѓународното право и дека дипломатијата била единствен начин за решавање на ...

Модриот патлиџан е зеленчук кој често се занемарува, а всушност е многу хранлив и корисен за здравјето. Богат со растителни влакна, витамини и минерали, патлиџанот е одличен додаток на дневната или неделната исхрана и може позитивно да влијае на повеќе аспекти од здравјето. Во продолжение ви ги претставуваме три најважни придобивки од овј зеленчук. Помага во намалување на холестеролот Една од најголемите придобивки од патлиџанот е неговата ...

Иран се обиде да го одврати Доналд Трамп од приклучување кон израелската бомбардирачка кампања со сериозни закани за одмазда, но неговите опции сега се ограничени и ризични. Иранските официјални лица јасно кажаа дека американските бродови и воени бази ќе бидат таргетирани, но голем дел од капацитетот на којшто се потпираше како одвраќање беше одземен во последните неколку дена од израелските напади. Тие напади, сепак, беа насочени кон лансерите ...

Соединетите Американски Држави во изведоа голем, координиран воздушен и ракетен напад врз клучните ирански нуклеарни постројки, вклучително и Натанз, Исфахан и Фордо. Нападот беше изведен со прецизна воена координација, користејќи B-2 Spirit стелт бомбардери, GBU-57 “bunker buster” бомби и 30 Tomahawk крстосувачки ракети испалени од американски воени бродови и подморници. Kлучни цели: Натанз, Исфахан и комплетно уништениот Фордо Според ...

Воениот конфликт во Украина – ден 1215. Борбите на источниот фронт на Украина продолжуваат со несмалено темпо. Еден тинејџер загина, а четири лица се повредени во руски напади врз Доњецката област. Руските системи за противвоздушна одбрана, според наводите од Москва, во текот на ноќта собориле 11 украински дронови. Најмалку едно лице е повредено при руски напад врз енергетска инфраструктура во Полтавската област, додека руските власти тврдат ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) свика итен состанок за утре поради новата ескалација во Иран. „Поради итната ситуација во Иран, свикувам итен состанок на Управниот одбор на МААЕ за утре“, напиша на платформата Икс (X) директорот на агенцијата, Рафаел Гроси. Држави ширум светот повикуваат на претпазливост и враќање кон дипломатијата по најновите случувања. САД утринава се директно вклучија во конфликтот меѓу Иран и Израел, ...

Здружението Новинари за човекови права и Националното координативно тело на Светскиот марш на жената во Македонија организира тркалезна маса на тема: „Улогата на жената во одржувањето на мирот“. Во време на зголемени конфликти и политички тензии, жените сè повеќе ја преземаат улогата на гласници на мирот, градителки на отпорност и двигатели на општествени промени. Оваа тркалезна маса има за цел да ги осветли нивните придонеси, да отвори дијалог ...

Во Европската унија во првиот квартал од оваа година, 42,5% од произведената електрична енергија потекнува од обновливи извори, соопшти Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека, во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени – од 46,8% на 42,5%. Значително зголемување на производството од соларна енергија не било доволно за да го компензира намалувањето на ...

Иран побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, се наведува во писмо објавено во неделата, повикувајќи го Советот да ги осуди американските напади врз неговите нуклеарни постројки. Во писмото, иранскиот амбасадор при ОН, Амир Саид Иравани, го нарекол американскиот напад „сериозна закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“. Тој потврдил детали за нападите, кои биле насочени кон нуклеарните објекти Фордоу, ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти во неделата дека не е забележано зголемување на нивото на радијација по американските напади врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучително и локацијата Фордоу. „По нападите врз три нуклеарни постројки во Иран – меѓу кои и Фордоу – МААЕ може да потврди дека засега нема зголемување на нивото на радијација околу тие локации“, објави агенцијата на платформата X. Агенцијата додаде дека ...

Утрово ширум Израел се огласија сирени за воздушна опасност, а најновите информации откриваат дека Иран за првпат употребил балистичка ракета од типот Хајбар (Khyber) во напад врз Израел. Што е ракета Хајбар? Се работи за балистичка ракета со среден дострел (MRBM) со дострел до 2.000 километри и бојева глава со 1.500 килограми експлозив. Името доаѓа од историјата – по Битката за Хајбар од 7. век, а наменета е за удари врз цели низ целиот Блиски ...

Израелската војска соопшти дека два бранови ракети биле истрелани од Иран кон Израел, само неколку часа по ноќниот напад на САД врз клучни центри на иранската нуклеарна програма. Воздушна тревога во Ерусалим и Тел Авив Сирените за воздушна опасност се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а новинари од AFP и BBC јавуваат за силни експлозии и детонации над градовите – резултат на активирањето на израелскиот систем за противвоздушна одбрана. „Армијата ...

Шпанскиот суд вчера ја одби жалбата на Airbnb, со што останува на сила наредбата за блокирање речиси 66.000 огласи за изнајмување кои, според владата, ги прекршуваат локалните регулативи. Ова е дел од напорите на шпанската влада да се справи со растечката криза со станбеното сместување, која – според неа – е дополнително влошена од краткорочните изнајмувања преку платформи како Airbnb, особено во централните урбани зони и туристичките жаришта. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извеле воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки во Фордo, Натанс и Есфахан. „Изведовме многу успешен напад на три нуклеарни постројки во Иран – Фордo, Натанс и Есфахан. Сите авиони се сега надвор од иранскиот воздушен простор,“ напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Тој додаде дека сите американски авиони кои учествувале во нападот се враќаат назад во САД и го оцени нападот ...

Најмалку осум лица загинаа при пад на балон со жежок воздух во јужниот дел на Бразил, додека спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава Санта Катарина, во балонот се наоѓале 22 патници. Несреќата се случила во местото Праја Гранде, а локалната заедница е во шок поради трагедијата. Веста утринава ја соопшти гувернерот Жоржињо Мело преку објава на платформата X, истакнувајќи дека спасувачките тимови се ...

Од своите корени во Ведите и Упанишадите, преку систематизацијата на Патанџали во „Јога сутри“, па сѐ до денешната глобална популарност, јогата отсекогаш била повеќе од физички пози. Таа е јазик на поврзаност, патека кон самоспознавање, духовна слобода и општествена свест. За време на британскиот колонијализам, фигури како Свами Вивекананда ја користеле јогата како културно оружје на отпор и зајакнување. Подоцна, преку Кришнамачарија и неговите ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 17ᴼ
0.0
73%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
55%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.92
45%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
83%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598