„Го сметаме ова за погрешен, а во контекст на актуелната состојба во општеството, и за фатален потег“, стои во писмото на пратениците од СПД, упатено до раководството на парламентот и до Клекнер, која доаѓа од редовите на ЦДУ. Пратениците потенцираат дека на манифестации како оваа, кои промовираат човекови и малцински права, службеното отсуство е „целосен политички и морален неуспех“. Слични критики упатија и пратениците од Зелените и Левица. ...

Според првичните информации, Дивац изгубил контрола врз својот мотор и паднал, при што здобил повреди кои го онеспособиле сам да стане. На местото веднаш биле повикани надлежните служби, по што е префрлен во најблиската болница, каде моментално е хоспитализиран. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредите, а неговото здравствено состојба не е детално објавена. Владе Дивац е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на ...

Приведувањата се случиле во близина на Плоштадот кај Белата Кула, токму каде што се одржувала фестивалска забава. Според полициски извори, причината била „недостаток на идентификациски документи“ и наводно „вознемирувачко однесување“, иако не е прецизирано за какво однесување станува збор. Овој сериозен инцидент покрена загриженост за можна селективна репресија врз малолетници, како и за тоа колку е строго полициското постапување за време на ...

Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс. Кратко по 2:30 часот наутро во Израел, израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на Западниот Брег ...

Наградите, кои често се нарекуваат „Оскари на иновативната гастрономија“, беа доделени на свечена церемонија во Торино, Италија. Maido, сопственост на готвачот Мичухару „Миче“ Комура, е познат по Nikkei кујната – уникатна фузија на јапонска техника и перуански состојки, што резултира со оброци кои се културно богати, модерни и незаборавни. „Гастрономијата има моќ да остварува соништа“, изјави Комура. Топ 10 ресторани во светот за 2025: Листата ...

Европските сили го повикаа Иран да продолжи со дипломатијата за да најде решение за неговата нуклеарна програма, додека Израел продолжува со бомбардирањето на Исламската Република. „Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека Иран е подготвен дополнително да разговара за овие прашања“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во изјава заедно со неговите британски, француски и колеги од ЕУ по ...

Активистот Бленди Ходаи остро реагираше на социјалните мрежи поради, како што вели, континуираната злоупотреба на јавниот дискурс од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Според него, институцијата која по својата природа треба да биде најблизок сојузник на младите и партнер на граѓанското општество, сѐ повеќе се оддалечува од тие вредности. „Парадоксално е кога институција која треба да промовира европски ...

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера. Чупиќ (39) доаѓа на местото на Гиљермо Милано, а претходно работеше како тренер во Ракометниот клуб Метковиќ од Хрватска. – Вардар за мене е втор дом. Голем клуб, поголем од сите нас. Целта ми е да ја вратиме титулата таму каде што ѝ е местото – изјави Чупиќ, кој додаде дека е ...

Според искуството на Сју Фогвел, стјуардеса со дури 22 години искуство, популарниот коктел „Крвавата Мери“ е можеби најлошата идеја и избор доколку сте во авион. Нејзиното предупредување е изненадување за многумина, со оглед на тоа што докажано е дека сокот од домати има подобар вкус кога сте високо во воздух, пишува британски Дејли Мејл. Тоа е затоа што воздушниот притисок влијае на патниците така што тие чувствуваат потреба за нешто кисело и ...

Тоа е првиот голем договор потпишан на овогодинешниот саем за воздухопловство во Париз, пренесува Мина повикувајќи се на SEEbiz. Во меѓувреме, учеството на Боинг се одвива во сенка на неодамнешната авионска несреќа во Индија. Riyadh Air нарача 25 авиони A350-1000 од Airbus. Договорот би бил вреден повеќе од 9 милијарди долари според цените на списокот во 2018 година, што Ербас постепено го укинува, бидејќи конечните продажни цени варираат во ...

Комисијата на ФИА ја минала и последната инспекција на патеката Кјалами во Јужна Африка и официјално ѝ ја додели Категоријата 1, највисоката категорија. Категоријата 1 му овозможува на овој автодром да биде домаќин на Гран При трка во Формула 1. Како дел од добивањето на највисоката категорија, на сопствениците на патеката им беа дадени и три години да ги извршат сите планирани работи за модернизација на патеката. Сите промени ќе се однесуваат ...

Израелски медиуми објавија дека при напад со израелски дрон врз зграда во Техеран убиен е уште еден ирански научник специјализиран за оружје. Од 13 јуни досега во израелските напади загинале десетина ирански нуклеарни научници. Израелската армија, но властите во Техеран сè уште не го коментирале нападот. Нападот на Изреал врз Иран е со цел Техеран да се одвлече од производство на нуклеарно оружје, тврди ирзаелската влада, па затоа, освен военото ...

Кошаркарите на Индијана израмнија против Оклахома на 3-3 во финалната серија до четири победи од плејофот во НБА лигата, откако синоќа победија на домашен терен со 108-91. Индијана се избори за „мајсторка“ предводена од Оби Таупин со 20 поени и Ендру Нембхард со 17 поени. Во тимот на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер беше најефикасен со 21 поени. Решавачкиот, седми натпревар во битката за титулата ќе се одигра ноќта меѓу недела и понеделник, а ...

Зошто е важен овој ден? Која е пораката оваа година? „Солидарност со бегалците“ значи: Како тоа се спроведува во пракса? Унапредување здравствени услуги СЗО алармира дека многу бегалци, особено жени и деца, немаат пристап до здравствена нега. Денес таа апелира за инклузивни и отпорни здравствени системи кои не ги исклучуваат луѓето во бегство . Спорт и инклузија Гласот на светските организации за спорт и развој одлучно истакнува дека спортот ја ...

Google објави вонредно безбедносно ажурирање за својот интернет-прелистувач Chrome, поради повеќе сериозни ранливости што може да бидат искористени од хакери. Компанијата апелира до сите корисници веднаш да го инсталираат новото ажурирање за да ги заштитат своите системи. Кои се најголемите закани? Два од идентификуваните пропусти се класифицирани како „висок ризик“: Дополнително, Google коригираше и други безбедносни слабости, но деталите ќе ...

САД ја предводат листата на земји со најголем раст на личното богатство во 2024 година. Според извештајот, повеќе од 379.000 Американци станале милионери минатата година, што претставува над половина од сите нови милионери во светот. Главен двигател на овој тренд бил силниот раст на берзата, при што индексот S&P 500 порасна за над 23%. Покрај тоа, стабилниот американски долар и оптимизмот на финансиските пазари значајно придонеле за ...

Израелската армија соопшти дека ги нападнала иранските нуклеарни објекти во Бушер, Исфахан и во Натанц. Бушер е единствената активна нуклеарна електрана во Иран, лоцирана на брегот на Персиски Залив и е еден од клучните објекти поврзани со иранската програма за збогатување на ураниум. Околу 20 израелски воени авиони денеска извршија напади и врз инфраструктурата на иранските балистички ракети и иранските војници во западен Иран. Додека израелски ...

Во пресрет на самитот на НАТО следната недела во Холандија, кабинетот на претседателот на Франција објави дека од Европејците не може да се бара драстично да ги зголемат трошоците за одбрана, додека САД водат „трговска војна“. Неименуван советник на претседателот Емануел Макрон им изјави на новинарите дека не треба да се заборави дека луѓето чии дневни потреби се поскапи поради трговската војна се даночните обврзници од кои ќе треба да се побара ...

Организаторите на масовните протести против Доналд Трамп под слоганот „Без кралеви“ најавија нов протест наречен „Good Trouble Lives On“, што ќе се одржи на 17 јули – петтата годишнина од смртта на американскиот конгресмен и активист за човекови права Џон Луис. Последниот бран протести се одржа на 14 јуни, симболично на 79-от роденден на Трамп и 250-годишнината од американската војска, а според Американската унија за граѓански слободи (ACLU), ...

„Очекувањата се тие (САД) да се приклучат, но никој не ги притиска. Тие треба сами да донесат одлука. Ќе знаеме во следните 24 до 48 часа“, наведе тој. Претходно, американската медиумска организација „Блумберг“ (Bloomberg), исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран во следните неколку дена. Исто така и „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објавија дека Трамп ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што од 20 јуни 2025 година малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука донесена на 16 јуни. Најголемото зголемување го бележат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се зголемуваат за 2,5 денари по литар. Новата цена за дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) и екстра лесното масло ...

Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран. – Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. Цивилите, вклучувајќи жени и деца, се убиени, се наведува во заедничката изјава на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...

Палестинската Цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади загинале 72 луѓе, од кои 21 човек биле убиени додека чекале хуманитарна помош. – Шест лица се убиени додека чекаа помош во близина на Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а 15 во коридорот Нецарим, централниот дел на Газа, каде илјадници луѓе секој ден доаѓаат надевајќи се дека ќе добијат храна, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал. Тој додаде дека 51 ...

Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи. Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека ...

Иранската полиција денеска соопшти дека се приведени 24 лица под сомнение дека шпионирале во корист на Израел и се обидувале да го нарушат угледот на Иран. – Уапсени се 24 луѓе кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, кои се обидувале да го сменат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, изјави полицискиот командир во западен Техеран, Киумарс Азизи. Од 14 до 18 јуни, ...

На 5 јули на платото пред Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи бесплатен концерт во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните светски композитори. Концертот на плоштадот Мајка Тереза е закажан во 21 часот. Ќе настапат Оркестарот на НОБ составен од 80 музичари под диригентство на Винсенз Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски. Тие ќе изведат репертоар составен од најпознатите валцери, арии и ...

Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави познатиот медиум Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање. Според написот на Блумберг, во тек се дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија утре во Женева Некои извори велат дека е можно американски напад врз Иран да биде извршен во текот ...

Здружение Аква ќе биде домаќин на овогодинешното издание на Engage Youth!а ќе бидеме домаќини на овогодинешното издание на Engage Youth кое ќе се одржи на 21 јуни од 18:30 часот, во Хотел Дрим, Струга „Приклучете се, да зборуваме за социјален активизам, младинско застапување, култура, екологија, права на млади, граѓанска вклученост и многу повеќе“ порачуваат од Здружение Аква Engage Youth e поддржан од @nedemocracy, а го организираме заедно со ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре во Женева ќе се сретне со колеги од Велика Британија, Франција и Германија, како и со шефицата на дипломатијата на ЕУ, објавија иранските државни медиуми. Министерот изјави дека состанокот бил свикан на барање на трите европски земји – Франција, Германија и Велика Британија. „Ќе се сретнеме со европската делегација утре во Женева“, рече Арагчи, според соопштението што ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 17ᴼ
0.0
73%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
55%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.92
45%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
83%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598