
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи. „И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија. По којзнае кој пат откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето ...
Најмалку 70 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во текот на ноќта во израелските воздушни напади врз Газа, соопштија жителите и властите во енклавата. Според нив, нападот се случил само неколку часа по постигнатиот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пренесе Ројтерс. Договорот, со посредство на Катар, Египет и САД, треба да стапи на сила во недела и повикува на шестнеделен прекин на огнот со постепено повлекување на ...
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ. „Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси. Толку многу се заробени од ...
Сенаторот од Флорида, Марко Рубио денеска пред Сенатот изјави дека без брзи и суштински промени во политиката, Кина ќе остане „најголемата закана“ за американскиот просперитет во 21 век. Рубио голем дел од неговото петчасовно сослушување за номинација во Сенатот го фокусираше на номинацијата за државен секретар под новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, предупредувајќи дека без брзи и суштински промени ...
Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски. Средe грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови. Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен. Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен, велат од СДСМ. „Мицкоски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Скопје, Куманово и Гостивар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на планинскиот премин Ѓавато. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за ...
Според СДСМ, власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати. 988 вработени во инспекторатите, како што велат, ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски. Како што оценуваат во опозициската партија, речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го изразува своето незадоволство и загриженост за третманот кој актуелната власт, предводена од Христијан Мицковски и министерката Весна Јаневска, го покажува кон просветните работници, истакна на прес-конференција Жаклина Лазаревска од СДСМ. Според неа, додека трошоците за живот растат и се поскапува, граѓаните и работниците имаат се помалку пари, а власта на ДПМНЕ ги останава на цедило и наставниците. ...
Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДС, во влада каде МВР го водеше СДС и влада во чие време судството и обвинителството испорачуваа под партиски притисок. Во такво време нема никаква можност СДС да не знаеле за криминалот на Груби, кажа на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Повеќе од јасно е, како што вели, дека го одмолчеле, а сега исто како тогаш го одмолчуваат и мислат дека ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По ...
Хрватската полиција и другите служби утрово ја продолжија потрагата по дете во реката Сава, која синоќа околу 21 часот беше прекината поради лошите временски услови. Како што објави хрватски Индекс, покрај полицијата, на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), пожарникари и цивилна заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови. Загрепската полиција вчера соопшти дека интензивно го пребарува коритото на реката ...
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот соопшти дека неговиот уред нема да се состане за да го одобри договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на десетици заложници додека Хамас не се откаже од она што го нарече „криза во последен момент“, пренесува АП. Канцеларијата на Нетанјаху го обвини Хамас дека се повлекува од делови од договорот за да се обиде да „изнуди отстапки во последен момент“. Не беа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја предупреди Европа дека без Украина „нема шанси“ против Русија. Тој додаде дека победата на Украина е од витално значење за запирање на Кремљ пред да го нападне остатокот од Европа. „Европа без украинската армија нема да може да се справи со руската армија бидејќи таа е бројно супериорна. Русија има повеќе оружје, повеќе луѓе и е посурова од Европејците“, изјави Зеленски за полскиот медиум ...
Израел ги интензивираше нападите врз Газа и покрај најавата дека е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците, што треба да стапи на сила во недела. Израелските напади продолжија во текот на ноќта и рано утринава, при што загинаа најмалку 46 Палестинци, соопштија здравствените власти во Газа, пренесе Ројтерс. Хамас утринава истрела ракета кон Израел, соопшти израелската војска, наведувајќи дека во нападот нема ...
СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го ...
„И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“, соопшти СДСМ. „Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено, а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во ...
Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и го фатил осомничениот, кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News. Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“. Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или ...
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена во последен момент поради технички проблеми. Но, околу триесет ката висока и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида. Овој беспилотен тест лет е предвиден да ја демонстрира технологијата во вселената за потребите на Blue Origin. Главната цел на ...
Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи. Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс. „Ситуацијата на теренот во моментов е ...
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен. „Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во ...
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 ...
Мел Гибсон ја обиколи изгорената локација што некогаш беше негов дом во Калифорнија. Сепак, се чини дека му било многу поважно да се погрижи членовите на службата за итни случаи да знаат колку тој ги цени нивните напори. Актерот е снимен како се враќа во својот имот во Малибу за прв пат во средата, а на снимката се гледа како се ракува со пожарникарите и ја испитува штетата што ја остави смртоносниот пожар во Палисадес. Иако сите жители сè уште ...
Јужнокорејското Министерство за одбрана објави дека оваа година ќе лансира уште два воени шпионски сателити, со што ќе заврши планираното распоредување на пет сателити, чија цел е да се подобри надзорот на заканите од Северна Кореја. Министерството го претстави планот како дел од своите цели за 2025 година, откако Јужна Кореја минатиот месец успешно го лансираше својот трет шпионски сателит како дел од програмата за ставање пет воени сателити во ...
Го поздравувам постигнатиот договор за прекин на огнот во Газа и ослободувањето на заложниците. Ова го напиша идниот министер за надворешни работи на Бугарија во кабинетот на Росен Желјазков Георг Георгиев, јавува БГНЕС. „Ова е одлучувачки позитивен пробив во односите меѓу завојуваните земји на Блискиот Исток и чекор кон нормализирање на ситуацијата во регионот. Бугарија отсекогаш стоела и ќе продолжи да се залага за мирот и слободата на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен. На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната ...
Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ. „Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции. Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши ...
„Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 евра. Три клучки, четири вијадукти, четири надвозници, три подвозници. Ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на работниците затоа што тие го направија ова да изгледа импозантно. Заедно да продолжиме да ја градиме Македонија!“ напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во ...
Во периодот јануари-декември 2024 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 22194 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани во сите скопски општини. „Дивите депонии се создаваат како резултат на несовесното и непрописно одлагање отпад на јавни или сообраќајни површини, со што директно се загадува животната околина и се загрозува јавното здравје. Најмногу диви депонии во текот на 2024 година се расчистени во општините Чаир, ...