
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина. Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс. „Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која беше разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ. Абдиќ го презентираше проектот и подвлече дека борбата против корупцијата ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските превои Ѓавато и Пресека и во Страцин, Прилеп, Битола, Кочани и Струмичката котлина. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Интензитетот на ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која, како што велат, пред шест месеци замина на буништето на историјата, повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, како што оценуваат, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети. „Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда и транспарентност? Очигледно, ...
Во баварскиот град Ашафенбург, две лица загинаа, а некои се тешко повредени во напад во паркот Шонтал. Според првичните информации, околу 11:45 часот неколку лица биле нападнати со остар предмет. Полицијата извести дека се повредени тројца возрасни и едно дете, пренесе Билд. Набргу потоа стигна потврда дека две лица загинале, а меѓу жртвите, пишува Билд, има и дете. Според полицијата, едно лице е уапсено, а нема други осомничени. Засега не е ...
Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со Соединетите држави, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека се надева дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот. Во ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе претставува предизвик за Европа, наведувајќи дека таа мора да остане силна во светот на големи промени. Шолц им рече на новинарите во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа мора да биде силна и издржлива во светот на големи промени, објави Ројтерс. „Претседателот Трамп, тоа е веќе јасно, ќе ...
Македонско семејство деновиве празнува. Синот го фатил крстот за Водици, а таткото освоил милионер џекпот, вреден 1.433.724 денари следниот ден, информира Државна лотарија. Се работи за луѓе кои силно веруваат во традицијата, а таткото е човек со големи соништа и верба дека на добрите луѓе им се случуваат убави работи. Се додава дека на добивката се радува целото семејство, а ќе ја потрошат за убави работи во нивниот дом. „МИЛИОНЕР џекпот ...
Градоначалникот Александар Стојкоски денес направи увид во завршните градежни активности за изградба на нова, современа сензорна соба во Основното училиште „Тихомир Милошевски“. Оваа просторија е наменета за поддршка и работа со дечињата со попреченост, овозможувајќи им квалитетни услови за развој и едукација. „Инклузивноста и грижата за секое дете се основен приоритет во нашата работа. Со оваа сензорна соба, значително ќе ги подобриме условите ...
Владата го прекрши не само Уставот, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците, изјави Арта Билали Зендели од ДУИ. Според партијата, усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се ...
Русија е егзистенцијална закана за безбедноста на Европската Унија и единствен начин да се спречи тоа е да се зголемат трошоците за одбрана, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, додавајќи дека ЕУ предолго ѝ нуди на Русија алтернативи. „Русија е егзистенцијална закана за нашата безбедност денес, утре и инвестициите во нашата одбрана се недоволни“, рече таа во говорот на годишната конференција на Европската агенција за одбрана ...
Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби? Очигледно е дека СДС одбраа да тонат заедно со Артан Груби, наместо да се извинат за тоа што овозможија тој да ја ограби Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – СДС 7 години го толерираше Груби и овозможи со тоа тој да направи систем за грабеж на државата. Артан Груби се најде и на црната листа на САД, каде имаат информации за криминал на Груби, а Оливер Спасовски кој ...
Во извештајот за транспарентност на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) односно транспаретноста на инситутицијата за минатата 2024 година е оценета на високо второ место. „Во текот на 2024 година, ДКСК во рамките на институтот „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“, добиени се 40 барања за одговор за информации од јавен карактер од кои 39 ...
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“, заедно со илустрација на црвена рака на која се гледа средниот прст. Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад. Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти. Од Српската напредна партија на Вучиќ се ...
Продолжува работната посета на бугарскиот премиер Росен Желјазков на Стразбур, јавува БГНЕС. Желјазков денеска се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова е прва посета на бугарскиот премиер во странство по преземањето на функцијата. Тој во вторник имаше средба со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, пред која ги претстави приоритетите на бугарската влада и неговото непоколебливо разбирање за ...
Амбасадата на Бугарија во Турција изрази сочувство по повод трагедијата во турскиот ски-центар Карталкаја, округот Болу, северозападна Турција, јавува БТА. „Жалиме заедно со роднините на загинатите во разорниот пожар во Болу. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој тежок момент ја изразуваме нашата солидарност со народот на Турција“, се вели во соопштението објавено на ...
Потребни ни се најмалку 200.000 војници за да се одржи мирот во Украина, изјави претседателот на земјата, Володимир Зеленски, посочувајќи на важноста на независноста на Европа во одбраната на континентот. Украинскиот претседател ја нагласува потребата за европско единство и зајакнување на одбранбените капацитети во светло на зголемените тензии. Зеленски додаде дека Европа мора да стане независен глобален играч, особено сега кога Русија започна ...
Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја, како мерка за зголемување на транспарентноста и одговорното користење на јавните ресурси. Сведоци сме на разни злоупотреби на службените возила од страна на избраните државни и јавни функционери за приватни потреби во минатото, велат од ЛДП. „Оттука ја поздравуваме одлучноста на Владата за прифаќање на ...
Патот на Бугарија надвор од внатрешните и меѓународните кризи бара трезвено оценување на предизвиците и систематски дејствија на институциите во одбрана на националните интереси. Потребен е и непоколеблив поглед на бугарското општество за работата на секој кој носи одлуки, врши административни назначувања, доделува јавни средства и спроведува политики, предодредувајќи ја иднината на нашата земја. Ова утрово на социјалната мрежа Фејсбук го објави ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата. Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток. Текстот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека поранешниот претседател Џо Бајден му оставил „прекрасно“ писмо на неговото дабово биро во Овалната соба, продолжувајќи ја традицијата на денот на инаугурацијата. Трамп им рече на новинарите дека го отворил писмото во понеделникот вечерта и дека размислува да го направи достапно на јавноста. Тој рече дека Бајден го советувал да ужива во својот мандат и ја истакна важноста на улогата. „Напишано е, ...
Утрово најстудено било во Битола каде што се измерени -4 степени, -2 било во Прилеп и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Тетово, Демир Капија, Струмица, Штип, Берово, Кавадарци, Крушево и Маврови Анови, 1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Виница, Велес и Дебар, 2 во Куманово, 3 во Охрид и Гевгелија. Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 49 сантиметри на Попова Шапка, 40 Маврови Анови, 22 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина. Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции, објави „Глас на Америка“. Соединетите Американски Држави веќе воведоа остри санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Трамп рече дека неговата администрација исто така ...
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“. Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин. Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и ...
„СДС е на сигурен пат да ја снема. Со нивното молчење, СДС е на пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Како изминуваат деновите, а не се извинува за тоа што го остави Груби да краде и прави криминални дела, СДС губи се повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС кои, иако Оливер Спасовски го имаа министер за внатрешни работи за време на целиот период на ...
На 11 јануари 2025 г. во Софија беше одбележана 80-та годишнина од настаните пред, за време и по т.нар. „Крваво Коледе“. Погромите врз македонските Бугари- дејци на ВМРО во Вардарска Македонија и Бугарија почнуваат по 9 септември 1944 и траат се до март 1945. Убиени се стотици, затворени се илјадници, само заради тоа што го чувале своето национално чувство и припаѓале на ВМРО на Иван Михајлов. Единствената национално-патриотска организација на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, соопшти ЈП Македонија пат. Според извештајот од 18 часот, намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато. Јавното претпријатие информира дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...
Новиот бугарски премиер Росен Желјазков разговараше за предизвиците со кои се соочуваат Европа и Бугарија со бугарските европратеници од сите политички групи во Стразбур, јавува БНР. Премиерот денеска се сретна со претставниците на Бугарија во Европскиот парламент пред почетокот на разговорите со шефовите на европските институции. „Бугарија мора да се врати во центарот на политичките процеси во Европа“, нагласи премиерот. Тој истакна дека ...
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите. Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот ...
Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција. Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство, Кемал Мемишоглу. Heartbreaking news from Turkey! At least 66 lives lost after a massive fire engulfed a popular ski resort in Turkey’s Kartalkaya . . . . .#Turkiye #Kartalkaya ...