За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот. Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. За средбата Мицкоски истакна: „Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и ...

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“. „На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а ...

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа. Додека Бајден чека Трамп да дојде кај него, тој објави селфи со Џил Бајден на „Икс“ – последното од Белата куќа. Двојката наскоро ќе ги угости Доналд и Меланија Трамп на чај, а потоа ќе се упатат кон зградата на Капитол на инаугурацијата. „Последно селфи. Те сакаме Америка“, напиша Бајден во описот на фотографијата. One more selfie ...

„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево. Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех. Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на ...

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека во наредните денови ќе објави доверливи документи поврзани со атентатите на американскиот претседател Џон Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг помладиот. Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник, вети за време на кампањата дека ќе ги објави досиејата на доверливи разузнавачи и органи за спроведување на законот за атентатот на Џон Ф. ...

Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-Ен-Ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот. Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста исто така го поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас. „Олеснување е конечно да се видат ослободени првите заложници и ...

Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец утрово се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија. „Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите ...

Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите. „Нашиот опсег на активности предвидува ...

Доналд Трамп ќе биде избран за 47 претседател на Соединетите Американски Држави на 20 јануари точно во 12 часот по американско или (18 часот по средноевропско време). Тоа ќе биде негов втор мандат. Како што налага американската традиција, на Денот на инаугурацијата, новоизбраниот претседател на САД и претседателот во заминување, заедно со нивните брачни партнери, се упатуваат кон Капитол на церемонијата на положување заклетва. Зад нив се ...

Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, според него, не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, и уште дословно, како што вели, се држи до нивните политики и крими коалиции. „Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС ...

Папата Франциско ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе започне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, откако ќе ја преземе функцијата. Во интервју за италијанската телевизија Канал 9, Папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 – ми јануари 2025 година. До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП. Апелираат, граѓани да бидат одговорни даночни ...

Време за литература и книжевност. Душко Крастевски е поет, преведувач и литературен критичар од Скопје. Анде Јанков е писател од Велес чија книга „Виенски гамбит“ е објавена во Бугарија во издание на издавачката куќа „Персеј“. 💥Поткастот на Анде Јанков “Книжевни разговори”: • Книжевни разговори 💥Најдете ја книгата “Виенски гамбит” во бугарските книгопродавници: 🔽 ➡️ Сиела: https://www.ciela.com/vienski-gambit-… ➡️ Хеликон: ...

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за ...

На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“. Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување. Кореографијата за ...

Хамас објави дека палестинска затвореничка се уште е во затвор, а според договорот со Израел таа требаше да биде ослободена, пренесува Ynet. Одделот за затвореници на Хамас потврди дека тие работат со посредници и Црвениот крст за да извршат притисок врз Израел да се придржува до договорената листа на затвореници. Во согласност со условите од договорот, израелската затворска служба синоќа ослободи 90 палестински безбедносни затвореници, откако ...

„Победивме“, беа првите зборови на Доналд Трамп додека се обраќаше во спортската сала преполна со негови поддржувачи во Вашингтон, во неделата навечер, јавува Би-би-си. Новоизбраниот американски претседател рече дека со неговата церемонија на полагање заклетва во понеделник завршуваат, како што рече, „долгите четири години американски пад“ и ќе воведе „сосема нов ден на американската сила, просперитет и гордост“. По говорот на Трамп, на ...

„СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија. Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде. СДС мудро молчи по однос на ...

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ. „Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници. Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори ...

Поминаа пет дена во потрагата по тригодишното девојче, чија мајка во средата го внела во реката кај загрепскиот мост Јанкомир. На теренот имаше повеќе од сто луѓе со 45 возила, 15 чамци, 13 дронови и три кучиња трагачи. Се пребарува површина од 110 километри. Антонио Станиќ, раководител на жупанискиот центар 112 во Загреб, рече дека реката Сава е малку пониска од последните денови, што ја олеснува нивната потрага. „Не можам да проценам колку ќе ...

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го означи првиот чекор во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Ослободените жени се дел од групата од 33 заложници планирани да бидат ослободени во текот на првата фаза од договорот. Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година резултираше со киднапирање на вкупно 251 лице. Хамас моментално држи 91 затвореник, иако ...

Наскоро и официјално повторно прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Би-би-си. Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови. The Official Melania Meme is live! You can buy $MELANIA now. https://t.co/8FXvlMBhVf ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во деновите откако ќе положи заклетва, за да се закаже директна средба во следните месеци со цел да се стави крај на војната во Украина, известува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори. Изворите рекоа дека претставници на тимот за национална безбедност на Трамп почнале да работат на ...

Околу 90 палестински затвореници се ослободени во замена за тројца израелски заложници кои Хамас му ги предаде на Израел како дел од примирјето со цел да се стави крај на 15-месечната војна во Газа. Затворениците, од кои повеќето беа ослободени во раните утрински часови денеска од затворот Офер во Рамала на окупираниот Западен Брег, беа пречекани со прослави од илјадници луѓе кои вееја палестински знамиња и знамиња на Хамас. Семејствата и ...

Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица. Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на ...

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека. За таа цел било потребно пловно превозно средство ...

Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори. Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври. Премиерот Бенјамин ...

Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. „Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, ...

Моите отношения с новото правителство зависят от това как то ще отстоява националния интерес и как ще работи за това българите да имат много по-добри условия за живот, а страната ни – за развитие. Това заяви президентът Румен Радев, предаде кореспондентът на БГНЕС от Банско. „Много скоро ще разберем дали новите мнозинство и опозиция ще се заемат истински с належащите проблеми на обществото, или ще ни занимават със себе си и със своите интимни си ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушал“ изјави дека „Тик-ток“ треба да се спаси, откако платформата престана да работи во САД во саботата навечер. Трамп претходно рече дека најверојатно ќе ја одложи забраната за „Тик-ток“ за 90 дена, откако ќе ја преземе функцијата утре, на што компанијата се повика во известувањето објавено до корисниците на апликацијата. Платформата во сопственост на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
34%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
50%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
52%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.11
54%
1017
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
61%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
43%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
45%
1015
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
46%
1017
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

179240.41

Цинк

2.56