
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



„Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби, тие се негови заложници и не смеат да се извинат. Очигледно е дека залудни се апелите на ВМРО-ДПМНЕ до СДС да се оттргнат од Артан Груби и да се извинат за криминалот кој го правел, а тие му го овозможиле. СДС месец дена молчи, и избра да го штити Груби, да молчи за неговите криминали и да не се извини за ништо од тоа што го правел“, вели Миле Лефков, пратеник и член ...
Лидерите на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) го поддржаа договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ги повикаа да се вклучат конструктивно во преговорите за следните фази од договорот за да се обезбеди негова целосна имплементација и траен прекин на непријателствата. „Ова е значаен развој што има потенцијал да обезбеди ослободување на сите преостанати заложници, дополнително да ја олесни итно потребната хуманитарна помош и ...
Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство. Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија. ⚡️ Air Defense Forces destroyed 33 out of 50 russian attack UAVs. 9 ...
Симона Ѓорчева, музички менаџер и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на НУ „Охридско лето“. Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според него нејзиниот придонес ќе биде од огромно ...
„Вреди“ се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива. За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование како никогаш досега. Значи, станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиард денари, велат од партијата. Со гордост, како што истакнуваат „Вреди“ ...
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила, соопштуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Според Биноски, кога пристигнала екипата на итната помош ...
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ. „Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на ...
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, изјави дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но до одредена граница. Гренланѓаните не сакаат да бидат Данци. Гренланѓаните не сакаат да бидат Американци“, рече Егеде во интервју за Фокс њуз. Неговите изјави би можеле да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно покажа интерес да ја преземе контролата врз стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров. Данската ...
Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на беспилотни летала е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулча, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт. Романија, која е членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го следат нападот од воздух, пренесува Ројтерс. Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на воздушниот ...
Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кишлица денеска изјави дека земјата е посветена на завршување на војната со Русија и воспоставување праведен мир, но дека нема да го прифати концептот „мир по секоја цена“. „Украина, повеќе од кој било друг, сака мир, но ние нема да прифатиме мир по секоја цена, бидејќи тоа нема да донесе вистински и траен мир“, изјави украински дипломат за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, ...
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 14 години затвор во случај на корупција поврзан со продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат, пренесува Скај Њуз. Пресудата дојде по обвинувањата за земање мито при продажба на земјиште за имотен магнат во вредност од 190 милиони фунти (250 милиони евра). Случајот е поврзан со Фондацијата Ал Кадир, која Кан и неговата сопруга Бушра Биби ја основаа додека тој беше на функцијата. ...
„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски криминал во време кога премиер беше од редовите СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски од СДС, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица. Груби правеше милионски криминал а СДС молчеа за ден повеќе на власт. СДС и ДУИ дозволија криминалот да се прошири во секоја ...
Украинскиот парламент го одобри купувањето на два руски нуклеарни реактори од Бугарија, јавува Euractiv, пренесува БГНЕС. Во четвртокот, комисијата за енергетика на украинскиот парламент гласаше за закон кој наводно има за цел да го подобри деловното опкружување во земјата, но кој исто така содржеше амандман во последен момент со кој се даде зелено светло за купување на два стари руски нуклеарни реактори, за проширување на АЕЦ Хмелницки. ...
Илија Стојанов Минев (15 декември 1917 – 6 јануари 2000) бил бугарски антикомунист и националист. Бил репресиран од комунистичкиот режим, отслужувајќи вкупно 33 години во затвори и концентрациони логори, што го прави политички затвореник со најдолг стаж во светот, кој поминал повеќе години во затвор дури и од носителот на нобеловата награда за мир Нелсон Мандела. Непосредно пред промените од 1989 година, во јануари 1988 година, Минев станал ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа, додавајќи дека подоцна денеска е закажан состанок на кабинетот за безбедност. „Преговарачкиот тим го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се постигнати договори за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението на неговиот кабинет. Кабинетот на премиерот во четвртокот го обвини Хамас ...
Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, објавија кинеските државни новински агенции, додека Пекинг изрази подготвеност да ги подобри односите со новата американска администрација. Хан доаѓа на покана на американската страна, објави кинеската национална телевизија. „Подготвени сме да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата со новата американска влада, ...
„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полски медиуми. „Словачките лидери играат многу опасна игра. Тие ќе продолжат да го прават тоа додека војната не стигне до нивните домови“, рече Зеленски. Неговите изјави доаѓаат во време на растечки спор меѓу Украина и Словачка, откако словачкиот ...
Новоизбраниот министер за надворешни работи на Бугарија и неговиот македонски колега Тимчо Муцунски го одржале првиот телефонски разговор, јавува БГНЕС. Муцунски ова го објави на својот профил на социјалната мрежа Х Тој истакна дека разговорот бил пријателски. „Му честитав за неговото именување и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја зајакнеме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и ...
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изрази уверување дека спроведувањето на прекинот на огнот во Газа ќе почне в недела, на 19 јануари. Неговите коментари дојдоа откако Израел го одложи владиното гласање за договорот и го обвини Хамас дека поставува нови услови. „Уверен сум и целосно очекувам дека имплементацијата ќе започне, како што рековме, в недела (19 јануари)“, рече Блинкен на последната прес-конференција пред промената на ...
Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија. Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата ...
За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во периодот од Бадник до почетокот на оваа седмица биле пријавени 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот. Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15-64 години, 179 кај деца на возраст од 5-14 години, 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија сега е побројна од руската на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск. Според него, украинските вооружени сили броjaт 880.000 војници, додека руските сили во Украина имаат околу 600.000 припадници. Зеленски објасни дека 880.000 украински војници ја бранат целата територија на земјата, додека руските војници главно се концентрирани во одредени ...
Бугарскиот пасош се наоѓа на 15-то место во светот, според својот авторитет и важност, давајќи им слободен пристап, на луѓето што го поседуваат до 178 земји. Ова го покажува традиционалниот годишен индекс на „Хенли Глобал“ (Хенли Глобал Индекс), јавува бугарскиот портал Офњуз. На првата позиција за 2025 година се пасошите на Сингапур, кои овозможуваат безвизно патување во 195 земји. Второто место е за Јапонија – со пристап до 193 земји. Третата ...
Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на ...
Пратеникот на СДСМ, Борче Цветковски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува за различните ставови на премиерот Мицкоски и министерот Филков за партиските смени во Судскиот совет. „Довербата во судството е на најниско ниво, потребни се реформи и обезбедување на независно судство кое ќе работи по слово на Закон, ослободено од било какви влијанија. Но, ...
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден со одговор на новинарско прашање за тоа кој ќе ја добие заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. – Дали е тоа шега? – одговори Бајден на прашањето дали тој или неговиот наследник Доналд Трамп ќе добијат заслуги за договорот, кој може да стави крај на 15-месечниот конфликт во Газа, пренесе „Хил“. Израел и Хамас постигнаа договор во средата за прекин на огнот и ослободување ...
Претседателот на Собрание Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, тој го крши Деловникот, упоро не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница. – Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме за двојни стандарди и начин на ...
Според Жаклина Лазаревска од СДСМ и новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Таа оценува дека политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. „Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила. Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го ...
Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на платата денес извести претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, на протестот за повисоки плати пред Државниот завод за статистика. „Сакам да ве информирам дека во овој момент 988 вработени сè уште немаат добиено плата за декември. ...