
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Севернокорејските војници привремено се повлекоа од бојното поле во Русија откако претрпеа големи загуби, изјави за Скај њуз командант на украинските специјални сили познат по кодното име Пулс. Според него, војниците на Ким Џонг-ун веројатно се обидуваат да научат од грешките направени при првите крвави судири со украинските сили, се грижат за ранетите или чекаат засилување. „Мислам дека наскоро ќе се вратат“, рече Пулс од тајната база во ...
Најмалку еден рудар загина, а 11 се хоспитализирани откако земјотрес го погоди рудникот за јаглен во сопственост на полската компанија ПГГ во Радлин, соопшти денеска групата. Се додава дека земјотресот се случил во текот на ноќта на длабочина од околу 800 метри, пренесува Ројтерс. „Во загрозената зона имаше 29 наши вработени. Единаесет од нив беа пренесени во болница. За жал, еден од нашите колеги, еден од рударите, почина“, изјави извршниот ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 20.01. до 26.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -4 степени, -2 било во Битола и Прилеп, 0 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 во Штип, 2 во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 6 во Скопје-Петровец, Велес, 9 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 38 сантиметри на Попова Шапка, 28 сантиметри во Маврови Анови и ...
Цените на нафтата значително паднаа на светските берзи минатата недела, по четири недели раст, бидејќи американскиот претседател побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари. Доналд Трамп во своето обраќање пред учесниците ...
„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални. Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор“, велат од ВЛЕН. „Откако се најде на црната листа, ...
„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го ...
Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас. „Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер. Голем број Палестинци се собраа за време на викендот, чекајќи да поминат низ седумкилометарскиот ...
Вкупните борбени загуби на руските сили во Украина од 24 февруари 2022 година до денес достигнаа приближно 831.620 луѓе, вклучувајќи 1.430 војници изгубени во последните 24 часа, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук. Другите загуби што ги претрпеа руските сили – според Украинците – во последните 24 часа вклучуваат: 3 тенкови, 12 оклопни борбени возила, 16 артилериски системи, 74 оперативно-тактички беспилотни летала, ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска се огласи и рече дека САД го одбележуваат Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој беше основан од Обединетите нации по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау на 27 јануари 1945 година, најголемиот Нацистички логор на смртта. „Свечено се сеќаваме на шесте милиони Евреи кои беа систематски убивани низ Европа од нацистите и нивните соработници, како ...
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20.00 часот. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На нашата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација. На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена. Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината. Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби. – Фокусиран сум на воената помош. Таа не е запрена – рече вчера ...
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја. Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница. „Знаевме дека ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово. -Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил ...
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата. Конечниот дневен ред ќе се знае утре. Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата. ...
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, ја посети Општина Шуто Оризари, каде што преку средби со граѓаните се запозна со нивните секојдневни проблеми и потреби. На терен, Ѓорѓиевски и Ганиу остварија средба и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и со претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина, Ерџан Демир. Тие разговараа за приоритетите на општината и ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје започнува истрага за можни саботажи на нивните автобуси, откако денеска во населбата Сопиште изгоре еден од украинските автобуси од нивниот возен парк. На местото на настанот присуствуваше директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти. „Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањето на СДСМ, посочувајќи дека партијата нема кредибилитет за таков повик. Според Клековски, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не понел одговорност за трагичниот инцидент со изгорените пациенти во тетовската болница, што ја прави партијата некомпетентна да бара одговорност. „СДСМ, чиј лидер Филипче не понесе одговорност за ...
Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а дел од авионите беа пренасочени кон соседни аеродроми. После 16 часот, не успеаја да слетаат авионите на „Сан експрес“ од Анталија, како и на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Летот од Меминген беше пренасочен кон Приштина, додека авионот од Баден Баден слета во Софија. Исто така, авионот на ...
Еден од украинските автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште. Според сведочењата на очевидци, автобусот, кој се наоѓал во близина на приватни куќи и дрва, започнал да гори од задниот дел. Брзата реакција на патниците овозможила веднаш да го напуштат возилото и нема повредени лица. Од противпожарната бригада веднаш пристигнале на местото на настанот и го изгасиле пожарот, спречувајќи го ...
Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од владејачката коалиција, остро го критикува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, за врските со веледрогеријата која се нарекува „мафија на смртта“. Според Лефков, оваа мафија ја чини државата скапо, а граѓаните ги поставува во опасност со злоупотреби во здравствениот сектор. „Екстра профитите на мафијата на смртта мора да бидат обелоданети од страна на ФЗОМ. Секој ден паѓаат нови ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар е првата општина којашто има подготвено и објавено Граѓански буџет за 2025 година, а по овој урнек се водат и другите општини од државата. За прв подготвен и објавен буџет, Герасимовски доби пофалби од УСАИД на средбата кадешто се дискутираше за сработеното и се анализираа резултатите од 18 месечната соработка. „Во изминатиот период работевме многу за зајакнување на капацитетите на ...
Во синоќешниот напад извршен од Украина, синот напад со дронови доведе до сериозен пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, лоцирана во Рјазан, јави „Киев индепендент“. Министерството за одбрана на Русија потврди дека во текот на ноќта биле пресретнати 121 украински дрон, од кои 37 над Брјанска област, 20 над Рјазанска област и 17 над Курска и Саратовска област. Рафинеријата во Рјазан, која има капацитет да преработува 17 ...
Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар (МНТ), вечерва ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, адаптирана и режирана од страна на Егон Савин. Во оваа значајна премиера, на сцената ќе се појават актерите Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Режисерот Егон Савин, по подолг период, се враќа на сцената на МНТ. Ова е негова ...
Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина. Откако зградата, во која имало и продавници на приземје, се урнала за неколку секунди со огромна бучава, луѓето од околните домови ја известиле итната помош. По известувањето, за краток временски период на адресата биле испратени противпожарни служби, полиција и медицински екипи. Две лица се извлечени од урнатините, а соопштено ...
Фридрих Мерц, лидерот на германската опозиција и парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ (Унија), како и кандидат за иден германски канцелар, најави дека завршувањето на руската војна против Украина ќе биде клучен стратешки приоритет доколку тој стане канцелар, пишува Шпигел. Според извештајот, Мерц ветил континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи дека ставањето крај на руската агресија ќе биде приоритет за неговата влада. Тој нагласи дека Украина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја посети сојузната држава Северна Каролина погодена од зимското невреме, вети помош за настраданите и рече дека размислува за укинување на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА). Пристигнувајќи во Северна Каролина, неговото прво патување откако стана претседател, тој остро ја нападна ФЕМА за нејзиното делување откако ураганот Хелен ја погоди земјата. Агенцијата во изминатите ...
Во емисијата „Мигранти со таленти“ БНР нѐ среќава со Дима Труфкин. Тој е бесарабски Бугарин од Украина, музичар и виртуоз гајдаџија, кој го наоѓа својот дом во Бугарија. Во 2014 година пристигнал во Бугарија за да го заврши своето образование, но љубовта кон бугарската култура и традиции го задржале во земјата засекогаш. Дима не е само изведувач, туку и посветен учител кој ја споделува својата страст кон гајдата со новата генерација музичари. ...
Постигнат е значаен договор меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода. Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на централните институции, односно на Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари. Денес ...