
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина. Откако зградата, во која имало и продавници на приземје, се урнала за неколку секунди со огромна бучава, луѓето од околните домови ја известиле итната помош. По известувањето, за краток временски период на адресата биле испратени противпожарни служби, полиција и медицински екипи. Две лица се извлечени од урнатините, а соопштено ...
Фридрих Мерц, лидерот на германската опозиција и парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ (Унија), како и кандидат за иден германски канцелар, најави дека завршувањето на руската војна против Украина ќе биде клучен стратешки приоритет доколку тој стане канцелар, пишува Шпигел. Според извештајот, Мерц ветил континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи дека ставањето крај на руската агресија ќе биде приоритет за неговата влада. Тој нагласи дека Украина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја посети сојузната држава Северна Каролина погодена од зимското невреме, вети помош за настраданите и рече дека размислува за укинување на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА). Пристигнувајќи во Северна Каролина, неговото прво патување откако стана претседател, тој остро ја нападна ФЕМА за нејзиното делување откако ураганот Хелен ја погоди земјата. Агенцијата во изминатите ...
Во емисијата „Мигранти со таленти“ БНР нѐ среќава со Дима Труфкин. Тој е бесарабски Бугарин од Украина, музичар и виртуоз гајдаџија, кој го наоѓа својот дом во Бугарија. Во 2014 година пристигнал во Бугарија за да го заврши своето образование, но љубовта кон бугарската култура и традиции го задржале во земјата засекогаш. Дима не е само изведувач, туку и посветен учител кој ја споделува својата страст кон гајдата со новата генерација музичари. ...
Постигнат е значаен договор меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода. Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на централните институции, односно на Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари. Денес ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, изјави: „Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и ...
Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално, велат од СДСМ. „Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување. Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот ...
Управата за финансиска полиција, до Обвинителството поднесе кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Првопријавенaта во период од 2014 до 2016 година дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за ...
Соединетите Американски Држави уапсија 538 илегални мигранти и депортираа стотици од нив, за време на големата операција спроведена непосредно по почетокот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, соопшти портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит. „Администрацијата на Трамп уапси 538 криминални илегални имигранти“, напиша таа синоќа во порака на мрежата Икс. Додаде дека со армиски авиони биле превезени „стотици“ мигранти. Таа рече дека „во ...
Енди Оглс, републиканец од Тенеси, предложи амандман на американскиот Устав кој ќе му овозможи на Доналд Трамп трет мандат како претседател на САД. Конгресменот Оглс воведе заедничка резолуција за измена на 22-от амандман, со кој во моментов се забранува секој да служи повеќе од два мандата како претседател на Соединетите држави. Неговата нова формулација би му овозможила на претседателот да служи три мандати, под услов само два да бидат ...
Шефот на палестинската милитантна група Хамас на окупираниот Западен Брег, Захер Џабарин, потврди дека Хамас денеска ќе им ги предаде на посредниците имињата на четворицата израелски заложници кои ќе бидат ослободени во втората група како дел од првата фаза од прекинот на огнот. Договорот, во очекување на нивната размена за палестинските затвореници, од кои некои се осудени на доживотен затвор, ќе дојде утре. Тој во интервју за телевизијата Ал ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на Џон Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг. „Многу луѓе го чекаа ова долго време, со децении“, рече Трамп. „Сè ќе биде откриено“. Претседателот побара пенкалото со кое ја потпиша наредбата да му се даде на Роберт Кенеди Џуниор, син на Роберт Кенеди, внук на Џон Ф. Претседателот Џон Ф. ...
Неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта и утрово го погодија подрачјето на јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот на овој земјотрес, кој се случи утринава во 7 часот и 22 минути, се наоѓа на девет километри од Захар и 93 километри од Патра на длабочина од шест километри. Засега нема извештаи за материјална штета или ...
Европската комесарка за старт-ап, истражувања и иновации Екатерина Захариева во петок пристигнува во посета на Софија, јавува БГНЕС. Таа ја избра Бугарија за нејзината прва официјална посета на земја членка на Европската унија за да и честита на новата бугарска влада и да ја изрази подготвеноста на Европската комисија да работи со премиерот Росен Желјазков и неговиот тим за стабилна и просперитетна Бугарија во силна Европа. Захариева и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во Давос, зборувајќи за војната во Украина, ги истакна напорите на неговата администрација да постигне мировен договор меѓу Москва и Киев, нарекувајќи ја војната „апсолутно поле за убивање“, какво што не е видено од Втората светска војна. Трамп беше прашан и дали ќе има мировен договор до следната година. „Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да направи договор“, одговори американскиот претседател. ...
Европратеникот од Европската народна партија (ЕПП) Андреј Ковачев ја определи усвоената резолуција од Европскиот парламент против Русија како „исклучително важна за нашата совест и меморија, во однос на манипулацијата и фалсификувањето на заедничката европска историја од страна на Руската Федерација“. „Гледаме и многу добро знаеме што се случува и во Република Северна Македонија, дека фалсификувањето на историјата води кон омраза и поделба меѓу ...
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за ...
„Македонците велат „тие што зборуваат албански да си одат во Албанија“. Ако дејствуваме на ваков начин некој да си оди во Бугарија а друг во Албанија на кого ќе ја оставиме таа држава?“, реторички праша Али Ахмети лидер на партијата ДУИ во РСМ, пренесува БГНЕС. Тој посочи дека Македонците не треба да се плашат од албанскиот јазик, бидејќи тие не се дојденци во земјата. „Гледам како зборуваат како змии небаре таа земја им припаѓа само на ...
Последната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за понижување на статусот на албанскиот јазик од службен јазик во Законот за заштита на децата претставува отворен напад врз еднаквоста и Охридскиот договор, истакнува Бујар Сопа од ДУИ. Овој потег, вели Сопа, не е само дискриминаторски акт кон албанскиот јазик и Албанците, туку и опасен преседан за иднината на меѓуетничката толеранција и соживот во нашата земја. Оценува ...
Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека се добредојдени. При денешната посета на Куманово, Рокас рече дека и по изборот на новата влада во Бугарија, фокусот на делегацијата на ЕУ во земјата е помош за спроведување на реформите. „Факт е дека имаме нова влада во Бугарија, ги видов пораките со честитки што се разменија, што е многу ...
Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Охрид. „За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е со ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска на панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „во право“ и дека Европа троши премалку за одбрана. „Тој (Трамп) е во право дека проблемот не е во САД. Проблемот е Европа. Делумно поради него, го видовме ова подобрување во однос на трошењето на европската страна на НАТО. Проблем број еден е што ние сè уште не сме на два проценти од БДП ...
Новиот американски државен секретар Марко Рубио вети „непоколеблива поддршка“ за Израел поради кревкиот прекин на огнот во Газа и интервенцијата на израелската војска во Џенин на окупираниот Западен Брег. Државниот секретар вчера разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да „нагласи дека одржувањето на непоколебливата поддршка на САД за Израел е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп“, рече портпаролката на Стејт ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по синоќешниот руски напад врз станбените области и инфраструктурата во Запорожје, повика на зголемен притисок и поголеми санкции врз Москва и побара повеќе системи за противвоздушна одбрана за заштита на украинските градови и оружје за армијата. „Руската армија ноќеска го гранатираше Запорожје со ракети и беспилотни летала. Станува збор за напади врз станбени области и инфраструктура. Засега е познато ...
ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети“. „Овој говор не претставува само деградација на политичката дебата, туку ги потресе чувствата на многу граѓани кои со право вчера ја изразија својата огорченост и одбивност кон ваквото однесување. ДУИ го повикува Влен јасно и веднаш да се дистанцира од ...
Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и Струмица, -2 во Лазарополе, Виница и Тетово, -1 во Крива Паланка, 0 во Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, 1 во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор и Дебар, 2 во Охрид и Велес. Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 47 сантиметри на Попова Шапка, 38 во Маврови Анови, 20 ...
Повеќе од 25.000 домови и деловни објекти останаа без струја бидејќи невреме го погоди северниот дел на Нов Јужен Велс, Австралија, додека главните патишта беа блокирани од паднатите дрвја. Надзорникот Скот Мекленан рече дека дошле повеќе од 140 повици од сопственици на куќи на кои им е потребна помош, пренесува ABC News. Компанијата „Есеншл енерџи“ соопшти дека работи на враќање на струјата, пренесува Танјуг. Во Твид Хедс поради силно невреме е ...
Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година, за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си. Трамп по нејзиното назначување рече: „Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања, и со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на „радикалната левица“ во изминатите четири години се „страшни“ и „не работат“. Во интервју за Фокс њуз, Трамп ја критикуваше политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина и меѓу Израел и Хамас. „Стигнавме ...
„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, се големи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Сведоци сме дека низ историјата на државата, државните авиони биле користени за потребите на владата за патувања на владиниот врв, со цел да безбедно и без дополнителни трошоци да се стигне до посакуваната дестинација. Како држава членка на НАТО доколку сакаме ...